Денешното утро Понеделник 8 Јуни 2026 во Македонија ни донесе топло и ведро време со појава на умерена локална облачност. Немаше некој изразен ветер ова утро во Македонија. На метеоролошката карта можете да ги видите температурите измерени ова утро во Македонија. До четврток 11 Јуни 2026 во Македонија времето ќе ни се задржи топло со летни температури на воздухот кои ќе се искачуваат во интервалот од 26 до 34 степени. Во Скопје температурата ...

На (07.06.2026) во периодот од 14:00 до 20:00 часот, Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи и Одделението за сообраќајно и ескортно обезбедување спроведоа акциска контрола на подрачјето на град Куманово, со цел санкционирање на возачи на електрични тротинети кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. При контролата изречени се вкупно 70 мерки за сторени сообраќајни прекршоци ...

На (07.06.2026) во времето од 13:00 до 19:00 часот на подрачјето на град Скопје, Единицата за безбедност на патниот сообраќај и Единицата за полициски станици од општа надлежност спроведоа зајакната акциска контрола во делот на сообраќајот, при што беа изречени 326 мерки за возачи што не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Од нив, 92 мерки за управување моторцикл без заштитен шлем ( кацига ), девет мерки за несоодветна категорија, ...

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода осум возачи за безобѕирно управување возило, од кои пет возеле без возачка дозвола (четворица во Скопје, и еден во село Горно Јаболчиште, општина Чашка, велешко), тројца под дејство на алкохол (по еден во Прилеп, Валандово и Кавадарци). По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до ...

На 06.06.2026 во 13:00 часот полициски службеници од Полициската станица за Граничен надзор и граничен премин Дојран го лишија од слобода М.У.(46) од Р.Турција, со привремен престој во државата поради тоа што кај место викано „Раскрсница Валандово“ при извршена контрола на патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки кој го управувал истиот приложил на увид фалсификувана меѓународна возачка дозвола. По извршена проверка ...

Во текот на изминатото деноноќие, полициски службеници на повеќе локации низ државата лишија од слобода шест лица кај кои била пронајдена дрога. Денеска (07.06.2026) во 00:15 часот, на улица „107“ во Тетово, полициски службеници ги лишија од слобода А.Ц. (19) и И.А. (50), двајцата од Тетово, кои откако ги виделе полициските службеници, на улицата фрлиле кеса со бела прашкаста материја. Тие се задржани во полициска станица и по документирање ...

На 06.06.2026 во 11:10 часот во Свети Николе полициски службеници од ОВР Свети Николе го лишија од слобода Г.М.(40) од Свети Николе, затоа што при извршен претрес, по претходна судска наредба, во домот се пронајдени и одземени марихуана и семки од канабис. По целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветен поднесок. На 06.06.2026 во 11:10 часот во Свети Николе полициски службеници од ОВР Свети Николе го лишија од ...

Денеска (07.06.2026), полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка по претходно преземени оперативно-тактички мерки, на подрачје на Бит Пазар го лишија од слобода Б.А.С. (40), холандски државјанин. Лицето е барано по меѓународна потерница распишана од Холандија за сторени кривични дела илегална миграција, криумчарење на мигранти и сексуална експлоатација. Б.А.С. е предаден во Полициска станица Бит Пазар за понатамошна ...

На (06.06.2026) полициски службеници од ПС Ѓорче Петров го лишија од слобода Г.А. (43) од с.Шишево, скопско, постапувајќи по пријава околу 16:10 часот од И.Ш. од с.Шишево, дека Г.А. пукал со пиштол кон него на влезот во с. Шишево и му нанел повреда во пределот на увото. Според пријавеното, Г.А. и С.А., двајцата од с.Шишево, го пресретнале пријавителот, по што Г.А. извадил пиштол и пукал кон него. По целосно расчистување на случајот, ќе биде ...

Американски лекар кој се лекуваше од инфекција со ебола во берлинската универзитетска клиника „Шарите“ е отпуштен од болница по успешно завршен третман. Пациентот, 39-годишен државјанин на САД, од 20 мај беше под медицинска грижа во специјалната изолациска единица. Според соопштението на клиниката, тој и неговото петчлено семејство во саботата биле отпуштени од медицинскиот надзор „во добра здравствена состојба“. Директорот на Клиниката за ...

Растечката енергетска и кризата во глобалните синџири во снабдувањето најверојатно нема да се ублажи дури ни ако САД и Иран се повлечат од работ на ескалација. Експертите предупредуваат дека повторното отворање на Ормускиот Теснец и обновата на инфраструктурата може да траат со месеци, па дури и години. Додека иранската војна утре (недела) се приближува до 100-тиот ден, се наметнува утешна, но погрешна претпоставка. Многу носители на ...

Рускиот претседател Владимир Путин го одби предлогот на украинскиот претседател Володимир Зеленски за директна средба, оценувајќи дека не постои „никаква смисла“ во таков разговор. Во обидите за ставање крај на војната во Украина, Зеленски му предложи на Путин лична средба, иницијатива што доби позитивни реакции во Европа. Сепак, Кремљ не покажа интерес за ваков дипломатски чекор. Говорејќи на меѓународен економски форум во Санкт Петербург, ...

Изборната кампања во Косово беше одбележана не само со вообичаената конкуренција меѓу ривалските политички партии, туку и со пропаѓањето на еден од најважните политички сојузи во последните години – оној меѓу премиерот Албин Курти и поранешната претседателка Вјоса Османи. Османи претходно беше политички сојузник на Албин Курти и ја имаше неговата поддршка кога беше избрана за претседателка на земјата од страна на косовскиот парламент во 2021 ...

„Добар ден и од мене би сакал да не се повртoрувам со тоа што досега беше кажано. Би сакал да честитам на тоа што е направено; од една институција која што тонеше во долгови денеска имаме инстиуција која што инвестира во опрема, во реновирање на инфраструктурата. Институција која што генерално се грижи за јавното здравје, за разлика од институција во минатото, а вие сте сведоци за оние ревозирски извештаи коишто се од минатото на која што ...

Денеска (06.06.2026) во 13:00 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода С.Т.(81) од Куманово, поради основи на сомнение дека на улицата “Народна револуција” во Куманово запалил стрниште и сува трева. Пожарот е изгаснат од Територијалната противпожарна единица Куманово, а повредени лица нема. По целосно документирање на случајот против С.Т. ќе биде поднесена соодветна пријава. Денеска (06.06.2026) во 13:00 ...

Лишени од слобода 21 возачи за безобѕирно управување возило, 13 возеле без возачка дозвола, а седуммина под дејство на алкохол Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 21 возачи за безобѕирно управување возило, од кои 13 возеле без возачка дозвола (петмина во Скопје, двајца во тетовско и по еден во Македонска Каменица, Куманово, Гостивар, Кичево, Дебар и Битола), седуммина ...

На 05.06.2026 во 23:50 часот полициски службеници од Полициското одделение Чашка го лишија од слобода И.Н.(54) од село во Општина Чашка, постапувајќи по пријава дека во домот физички ја нападнал неговата 56-годишна сопруга. Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. На 05.06.2026 во 19:30 часот во СВР Велес, 39-годишна велешанка пријави ...

На 05/06.06.2026 во Скопје, на различни локации полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Ѓ.Д.(30) од Велес, Ф.П.(28) од Куманово, И.М.(23), Б.В.(27), А.Б.(27) и А.Ш.(29) сите од Скопје, затоа што кај нив се пронајдени и одземени марихуана, грутчеста материја и прашкаста материја. По целосно документирање на случаите, против нив ќе следуваат соодветни поднесоци. На 05.06.2026 во 23:40 часот, на ул. „Илинденска“ во Тетово, ...

Проектот „Македонска бесконечна трансверзала“ Македонија започна со реализација на иновативен проект, наречен Македонска бесконечна трансверзала, познат и под името „Sammiana“. Оваа мега-планинарска патека ќе опфати повеќе од 2.070 километри низ најзначајните планински масиви, природни реткости и историски локалитети во земјата. Проектот, кој е поддржан од ентузијасти, планинари и здруженија, има за цел да создаде кружна пешачка рута која ќе ...

Огромен луксузен туристички комплекс на заштитениот албански брег, поврзан со Џаред Кушнер, зет на американскиот претседател Доналд Трамп, предизвикува протести во момент кога земјата напредува кон членство во Европската Унија. Багери, бодликава жица и приватно обезбедување кое физички оттурнува демонстранти на песокот – тоа се сцени кои Албанија не сакаше да се појават на насловните страници, само неколку дена по позитивните сигнали од ...

И покрај формално договореното примирје меѓу САД и Иран, во Персискиот Залив повторно дојде до нови воени напади, што дополнително ја зголемува тензијата во регионот. Американската војска соопшти дека извела напади врз ирански радарски позиции, додека Кувајт и Бахреин пријавија непријателски ракетни и беспилотни напади. Според податоците на американската Централна команда за Блискиот Исток, претходно биле соборени четири беспилотни летала ...

Во текот на следната седмица, односно во периодот од Понеделник 8 Јуни до Недела 14 Јуни во Македонија продолжуваат пријатните летни температури на воздухот, како што претходно кажав без најава за екстремно топол бран од Африка. Температурите наутро ќе се спуштаат во интервалот од 11 до 18 степени, додека преку денот тие ќе се искачуваат во интервалот од 26 до 34 степени. Во Скопје и околината во погоре споменатиот период наутро ...

Германскиот канцелар Фридрих Мерц ѝ припиша делумна вина на Европската Унија за тоа што земјите од Западен Балкан сè уште не ѝ се приклучиле на Унијата. „Ако веќе 13 години не сме примиле нови членки, тоа покажува дека пропустите постојат и на страната на Европската Унија. И нив сакаме денес да ги надминеме“, изјави Мерц во петокот во Тиват, Црна Гора, пред почетокот на самитот ЕУ–Западен Балкан. Тој се осврна на заедничкиот предлог на ...

Денеска заедно со амбасадорот на Европската Унија, Михалис Рокас и постојаниот претставник на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), Армен Григоријан, го посетивме локалитетот „Маркова Нога“, каде во тек се активности за воспоставување на новиот граничен премин меѓу Македонија и Грција. Министерството за внатрешни работи во целост ги вложува своите капацитети во реализацијата на овој стратешки проект, преку реконструкција и ...

Голема гордост за Македонија! Младиот Македон постигна извонреден успех на натпреварот „Mathematics Olympiads for Elementary and Middle Schools“, каде што најпрво освои златен медал во екипна конкуренција. Покрај тимскиот успех, тој го постигна и највисокиот индивидуален резултат меѓу сите учесници на натпреварот. Како круна на неговото извонредно достигнување, Македон беше награден со престижната George Lenchner Medal, признание кое се ...

Германскиот канцелар Фридрих Мерц ѝ припиша делумна вина на Европската Унија за тоа што земјите од Западен Балкан сè уште не ѝ се приклучиле на Унијата. „Ако веќе 13 години не сме примиле нови членки, тоа покажува дека пропустите постојат и на страната на Европската Унија. И нив сакаме денес да ги надминеме“, изјави Мерц во петокот во Тиват, Црна Гора, пред почетокот на самитот ЕУ–Западен Балкан. Тој се осврна на заедничкиот предлог на ...

10-тото јубилејно издание на „Охрид трчаТ“ деновиве повторно ќе го претвори нашиот град во центар на спортот и рекреацијата. Оваа спортска манифестација низ годините прерасна во препознатлив бренд и една од најмасовните во Македонија. Годинава се очекуваат над 2.700 натпреварувачи од 30 држави, што уште еднаш ја потврдува меѓународната препознатливост на настанот и неговото значење за туристичкиот, спортскиот и економскиот развој на нашиот ...

Пo заедничкиот документ на Германија и Франција, со кој се предлага постепена интеграција и забрзано проширување на ЕУ кон Западен Балкан, премиерот Христијан Мицкоски оствари одделни средби со германскиот канцелар Фридрих Мерц и со францускиот претседател Емануел Макрон, во рамките на Самитот ЕУ–Западен Балкан во Тиват. Во објави на социјалните мрежи, Мицкоски информираше дека имал „пријателски и срдечни средби“, на кои биле разменети ...

Северна Македонија е избрана за членка на Економскиот и социјален совет на Обединетите нации (ЕСОСОК) за мандатниот период 2027–2029, со поддршка од 174 земји членки. Изборот, класифициран како значаен дипломатски пресврт, претставува прво членство на Македонијаво едно од главните тела на ОН од стекнувањето независност. Гласањето се одржа во седиштето на Обединетите нации во Њујорк, каде кандидатурата на Македонија доби широка меѓународна ...

Единственото нешто што треба да го направи Северна Македонија е да ги впише Бугарите во Уставот, за да почне преговори со ЕУ, изјави бугарскиот премиер Румен Радев пред почетокот на самитот ЕУ- Западен Балкан кој се одржува во црногорскиот град Тиват. „Подготвени сме да помогнеме на секоја земја што аплицира за членство, особено на нашите браќа од Северна Македонија. Чекаме тие конечно да ја исполнат преговарачката рамка. Имаме консензус од ...

weather icon

Скопје

31ᴼ / 31ᴼ
1.51
25%
1019
weather icon

Белград

32ᴼ / 31ᴼ
2.68
46%
1020
weather icon

Загреб

33ᴼ / 33ᴼ
2.82
41%
1020
weather icon

Софија

27ᴼ / 27ᴼ
3.69
41%
1022
weather icon

Сараево

31ᴼ / 31ᴼ
2.58
31%
1020
weather icon

Љубљана

34ᴼ / 33ᴼ
1.34
47%
1020
weather icon

Атина

29ᴼ / 27ᴼ
7.15
32%
1019
weather icon

Тирана

30ᴼ / 30ᴼ
3.61
41%
1020
weather icon

Подгорица

31ᴼ / 31ᴼ
4.06
36%
1020
weather icon

Букурешт

30ᴼ / 30ᴼ
2.24
36%
1021
weather icon

Будимпешта

35ᴼ / 32ᴼ
2.24
36%
1019
weather icon

Истанбул

25ᴼ / 24ᴼ
6.58
54%
1020
Currency

61.6417

Currency

53.7211

Currency

71.0707

Currency

37.6717

Currency

37.9349

Currency

66.5663

Currency

7.93737

Currency

0.73503

Currency

0.33311

Currency

0.52522

Currency

1.15679

Currency

0.56962

Паладиум

39866.93

Бакар

12.73

Кобалт

45.39

Цинк

0.00

Рутениум

48965.59

Платина

53498.84

Алуминиум

3.40

Иридиум

253540.09

Родиум

257205.97

Злато

133769.08

Сребро

2087.39

Калај

53.45