Скопје
31ᴼ /
31ᴼ
Започна Интернационалниот натпревар за млади музичари „Охридски бисери” што се одржува по 25-ти пат со поддршка на Општина Охрид. Млади музичари од државава и Светот ќе ги претстават своите знаења и талент во дисциплините: пијано, виолина и камерна музика. Во изминатите 25 години, на натпреварот учествувале повеќе од 2.500 млади музичари од 36 држави, а дел од жирито биле над 135 врвни музички уметници од 28 земји, што го вбројува овој ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска учествуваше на настанот на високо ниво за превенција на насилството кај младите и на Церемонијата за потпишување на Декларацијата за намери за превенција од насилство кај младите, организиран со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје. На настанот, на кој присуствуваа претставници на Владата, меѓународната заедница, институции, младински и граѓански организации, беше истакната потребата ...
Под влијание на атмосферски фронт од север со поладен воздух на висина, денес вторник 16, и утре среда 17 јуни во Македонија очекувам поголема дестабилизација на времето. Времето ќе биде променливо облачно но топло со сончеви периоди. Локално пак денес вторник 16 јуни, а утре среда 17 јуни на повеќе места во Македонија ќе се развиваат конвективни облачни грмотевични јадра од кои очекувам појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Поради ...
Владата најостро го осудува вандалскиот и недозволив чин на опожарување на возила со дипломатски статус во непосредна близина на Амбасадата на Република Бугарија во Скопје. Ваквите постапки претставуваат напад врз принципите на безбедноста, дипломатските односи и меѓународното право и не смеат да имаат место во демократска држава. Надлежните институции веќе преземаат интензивни мерки за целосно расчистување на случајот и откривање на ...
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски во интервју во централниот дневник на АЛСАТ-М, вели дека претходната Влада на СДСМ и ДУИ потпишала капитулација со прифаќање на бугарските барања, посочувајќи дека оваа Влада нема да попушти на уцените. „Јас испраќам генерално три пораки. Првата порака е дека уставни измени без ВМРО-ДПМНЕ нема. Политичарите од опозицијата можат да бидат мекото ткиво на македонскиот идентитет и државност, и тоа е ...
Изминатиов викенд бевме домаќини на Балканското триатлон првенство Охрид 2026! Повеќе од 350 репрезентативци во различни категории од 17 земји ги одмерија своите сили и покажаа што значи вистинска издржливост и спортска подготвеност. Честитки до сите учесници кои дадоа сè од себе на патеката, а особено до најдобрите на кои Катерина Стојаноска, во име на Градоначалникот на Општина Охрид, им ги додели заслужените награди и признанија. Голема ...
Веднаш по пријавата за пожар на две службени возила сопственост на Амбасадата на Република Бугарија во Скопје денеска (15.06.2026) во 12.13 часот, СВР Скопје презеде интензивни мерки и активности за расчистување на случајот и пронаоѓање на сторителот. Во рамки на преземените активности, во краток временски период е идентификувано и пронајдено лицето за кое постои основано сомнение дека го сторило делото. Станува збор за И.Д. (44) од Скопје, ...
Успешно заврши уште едно издание на турнирот од Јадранската Teqball лига во Охрид, настан кој трета година по ред позитивно ја мапира Македонија на светската текбол мапа. Турнирот беше одличен пример за тоа како спортот, туризмот и локалната заедница можат да функционираат во совршена синергија. На турнирот учествуваа и репрезентативците на Македонија во овој спорт охриѓаните Коста Трифуноски и Димитар Пејчиновски. Димитар освои бронзен ...
По повеќенеделни преговори, Соединетите Американски Држави и Иран постигнаа привремен договор за окончување на војната. Ова беше потврдено, освен од посредникот Пакистан, и од властите во САД и во Иран. Пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф изјави на платформа X дека двете страни се обврзале на моментален и конечен прекин на воените операции на сите фронтови, вклучително и во Либан.Според него, официјалната церемонија на потпишување треба да се ...
На 14.06.2026 во периодот од 16:00 до 24:00 часот на подрачјето на Скопје, Одделението за безбедност на патниот сообраќај и Единицата за полициски станици од општа надлежност при СВР Скопје спроведоа зајакната акциска контрола во сообраќајот. Притоа, беа преземени вкупно 219 мерки, од кои – 66 мерки за управување мотоцикл без кацига, шест мерки за возење со несоодветна категорија, 15 мерки за возење велосипед со помошен мотор без положен ...
САД ја користат трансформацијата на енергетскиот систем во Европа за да го прошират своето геополитичко влијание на Балканот, пишува весникот Келнер Штат-Анцајгер. Со инвестиции во гасоводи, терминали за течен гас и долгорочни договори за снабдување, тие настојуваат да станат главен снабдувач со гас во регионот. Во Брисел расте загриженоста дека Европа на овој начин може да замени една зависност со друга. Весникот наведува дека на маргините ...
На 13.06.2026 во периодот од 17:00 до 23:00 часот, Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи спроведе акциска контрола во сообраќајот на подрачјата на Куманово и Тетово со цел санкционирање на возачи на мопеди, мотоцикли, четирицикли и електрични тротинети кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. При контролата во Куманово изречени се вкупно 43 мерки за сторени сообраќајни ...
Ова лето 2026 ќе биде значително потопло во Македонија и тоа за околу 2 степени ќе биде потопло од повеќе годишниот просек. Ова лето ќе бидеме сведоци на чести и екстремно топли бранови од Африка кои ќе условуваат да имаме екстремно високи температури на воздухот кои во најголем дел ќе надминуваат 35 степени, а во Повардарието, Скопската котлина и во југоисточните предели почесто температурите ќе надминуваат и 40 степени, особено во јули и ...
Бизнис форумот што го одржавме во Истанбул беше одлична можност за зголемување на трговската соработка меѓу Македонија и Турција. На средбите со министерите за трговија и министерот за транспрот договоривме воведување на нова авиолинија од 2 јули, линијата Анкара-Скопје како и железничко карго поврзување меѓу двете земји, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски во гостувањето на ТВ Сител. Тој ...
Македонија за првпат во својата историја истовремено гради повеќе автопатски делници, колку што во моментов не гради никоја од земјите во регионот. Еден од клучните инфраструктурни проекти што започнува е автопатот Скопје-Блаце, со кој државата ќе добие современа автопатска врска со Косово, а индиректно и со Црна Гора и пристаништето Бар. Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски во интервју во вестите не ...
Јавното претпријатие за државни патишта изминатиов период во неколку наврати ја информираше јавноста за измените во функционирањето на системот за наплата на наплатните станици (патарините) кои ноќеска од полноќ (15.06.2026 година) стартуваат и упатуваме последно предупредуваме дека лентите означени за MTAG ќе бидат наменети ИСКЛУЧИВО ЗА КОРИСТЕЊЕ ОД СТРАНА НА КОРИСНИЦИ СО ЕЛЕКТРОНСКИ ТАГОВИ. Во таа насока, упатуваме апел до корисниците на ...
Денеска сме овде да го одбележиме отворањето на овој прекрасен објект, приватна инвестиција целосно. Наша цел и задача како Влада е да поддржуваме приватни иницијативи, посебно кога тие иницијативи имаат цел да го олеснат животот, да бидат додадена вредност и да го зголемат квалитетот на животот на нашите сограѓани, така што ние како Влада апсолутно поддржуваме ваков претприемачки дух. Јас му честитам и на инвеститорот и на сопственикот на ...
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денес оствари билатерална средба со претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, на која беше потврдена традиционално блиската, пријателска и стратешка соработка меѓу двете држави. На средбата беше изразено заедничко задоволство од одличните политички односи, кои се темелат на меѓусебна почит, доверба и искрено пријателство меѓу двата народа. Соговорниците разговараа за можностите за ...
На 13.06.2026 во 16:50 часот во СВР Охрид е пријавено дека С.К. од Охрид во семејниот дом агресивно се однесувал кон неговата мајка. На 13.06.2026 во 23:30 часот во СВР Скопје, 56-годишен маж од Скопје пријавил дека на 13.06.2026 околу 18:00 часот, Б.З.(36) од скопско, партнер на неговата сопруга, со која подолг период не живеат заедно, упатувал закани на неа, него и неговото семејство. Според пријавеното, Б.З. и во изминатиот период ...
Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 17 возачи кои управувале возило без возачка дозвола, од кои четворица малолетници, а двајца биле и под дејство на алкохол. Четири лица во Прилеп (малолетник), две лица во Битола, три лица во Скопје и по едно лице во тетовско, Тетово (малолетник), Гостивар (малолетник), Кавадарци, Неготино (малолетник), Штип, Кочани и Гевгелија. Еден од ...
Во текот на изминатото деноноќие, полициски службеници на повеќе локации низ државата лишија од слобода седум лица кај кои била пронајдена дрога. На 14.06.2026 во 01:05 часот кај месноста „Мороишки мост“ во близина на Струга, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при ОВР Струга го лишија од слобода Ј.О.(39) од Струга. При извршена контрола и преглед кај него била пронајдена и одземена марихуана. На 13.06.2026 ...
На 13.06.2026 во 20:00 часот на автопат Скопје – Гевгелија, кај село Милетково, гевгелиско, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Гевгелија го лишија од слобода И.Р.(21) од село Батинци, општина Студеничани. При контрола на патниот сообраќај со радар, полициските службеници констатирале дека И.Р. управувал патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки со брзина од 244 километри на час на место каде со сообраќаен знак брзината на ...
На 13.06.2026 во 17:50 часот на подрачјето на Шуто Оризари во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишија од слобода К.К.(24) од Скопје. Имено, на 12.06.2026 во 17:00 часот во СВР Скопје, вработен во Градските гробишта Бутел пријави дека го забележал К.К. како со метален предмет оштетил 11 гробни места и побегнал од местото. По преземени мерки тој е пронајден и приведен во полициска станица. По ...
Околу 200 демонстранти денеска урнаа делови од метална ограда со бодликава жица околу градилиште на луксузно одморалиште на јадранскиот брег на Албанија, што е најнов знак за растечкиот јавен гнев поради изградбата во еколошки чувствителни области. Жителите на селото Рјол, кај Велипоја, во регион со песочни плажи и борови шуми во северна Албанија, протестираа против проектот за луксузно одморалиште, тврдејќи дека земјиштето е во нивна ...
Под влијание на атмосферски фронт од север со поладен воздух на висина во Вторник и во Среда 16/17 Јуни 2026 во Македонија во попладневните часови ќе дојде до ново поголемо дестабилизирање на атмосферата и формирање на фронтални и нестабилни влажни бранови. Ќе се развиваат конвективни облачни грмотевични јадра од кои на повеќе места во Македонија очекувам појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Поради загреаната атмосфера исполнета со ...
Англиската фудбалска репрезентација стана жртва на кражба непосредно пред пристигнувањето во својот камп за Светското првенство во Канзас Сити. Како што извести Би-Би-Си, провалени биле возила што ја превезувале опремата до тренинг-теренот „Swope Soccer Village”. Сè уште не е познато што сѐ е украдено, но се претпоставува дека меѓу нив има топки и фудбалски копачки. Се очекува репрезентацијата, предводена од селекторот Томас Тухел, да ...
Исполнивме уште една важна цел за нашите сограѓани. Комплетно го асфалтиравме патот кој ги поврзува селата Лескоец и Велгошти. Жителите од овие две населени места сега имаат директна поврзаност со што им се олеснува секојдневието. Наш приоритет останува рамномерниот развој на целата територија на Општина Охрид. Инвестираме подеднакво во секое маало, во секое село и во секоја урбана заедница. Продолжуваме со уште повеќе работа! Исполнивме ...
Во Швајцарија се отвори жестока дебата за воведување горна граница од десет милиони жители, за што граѓаните ќе гласаат на референдум. Покрај „референдумот против Законот за цивилна служба“, швајцарските гласачи ќе одлучуваат и за народната иницијатива „Не за Швајцарија со десет милиони жители“. Федералниот совет ја донесе одлуката гласањето да се одржи на 14 јуни. Суштинското прашање е: колку луѓе треба да живеат во Швајцарија? Со оваа ...
Што се случува со Доналд Трамп? Во неделите пред неговиот 80-ти роденден, кој ќе го прослави на 14 јуни, американскиот претседател се однесуваше забележливо тивко. Во неговиот втор мандат, распоредот на Белата куќа досега беше преполн со јавни настапи, на кои тој долго зборува пред камери и микрофони и се впушта во монолози. Но во моментов, во Белата куќа многу работи се одвиваат зад затворени врати. За американскиот претседател работите не ...
Во текот на изминатото деноноќие, полициски службеници на повеќе локации низ државата лишија од слобода 12 лица кај кои била пронајдена дрога. На 12.06.2026 во 21:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија ги лишија од слобода С.К.(21), К.П.(20) и А.С.(21), сите од Гевгелија. Тие биле затекнати како во патничко возило „мерцедес“ со гевгелиски регистарски ознаки употребуваат марихуана, а кога им пристапиле ...