Скопје
9ᴼ /
9ᴼ
На 23.01.2026 година околу 14:00 часот на бул.”Јадранска магистрала” во Скопје од страна на полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје е сопрено патничко возило “пасат” со скопски регистарски ознаки управувано од Д.Б.(31) од Куманово. При преглед на возилото во багажниот простор пронајдени и одземени се повеќе од пет килограми на марихуана. Д.Б. е лишен од слобода и против него ќе биде поднесена кривична пријава ...
СДСМ денеска ќе одржи конгрес за изборниот резултат од локалните избори. Конгресот, како што јавуваат партиски извори ќе биде отчетен и ќе се состои од отворен и затворен дел. Во отворениот дел актуелниот претседател Венко Филипче ќе има поздравен и воведен говор, а потоа следи затворен дел во кој генералниот секретар и шеф на изборниот штаб Александар Саша Димитријевиќ ќе го презентира извештајот за изборите. Планирано е да се гласа и ...
Расте бројот на заболени од рак на грлото на матката. Во 2025 година, на Клиниката за онкологија во Скопје бројот на новодијагностицирани е речиси дуплиран во споредба со претходната. Најновата епидемиолошка статистика на оваа клиника покажува дека лани за првпат со оваа дијагноза се јавиле 122 пациентки, за разлика од 2024, кога имало само 74 пациентки. Овие наоди, денеска (23 јануари) беа соопштени по повод одбележувањето на Неделата за ...
Во текот на следната седмица односно во периодот од Понеделник 26 Јануари до Недела 1 Февруари територијата на целиот Балкан и Македонија ќе биде под влијание на моќен циклонски систем со центар над Џенова. Во ваква ситуацијаво текот на следната седмица често ќе се формираат влажни и големи фронтални бранови кои често ќе условуваат да имаме обилни врнежи од дожд а поради повремен продор на поладен воздух од север на планинските и повисоките ...
На граничниот премин „Блато“ на македонско – албанската граница кај Дебар, минатата година регистрирана е рекордна фреквенција на патници, или над 40 отсто повеќе од претходната година. Во текот на минатата година, на влез и излез регистрирани се вкупно 1.426.336 патници, при што 732.259 се регистрирани на влез во нашата земја, додека 694.107 на излез. Во споредба со претходната година значи зголемување за над 40 отсто. Имено тогаш бројот на ...
Европската Унија предложи санкции против министерот за внатрешни работи на Иран, Ескандер Момени и 14 други високи функционери за нивната улога во насилното задушување на масовните протести што избувнаа кон крајот на декември, покажуваат документите до кои дојде Радио Слободна Европа. Протестите избувнаа на 28 декември поради тешката економска состојба, вклучително и падот на валутата, но брзо се претворија во антирежимски протести, на кои ...
Собранието денеска (23 јануари) во рамките на 65. седница го избра Фатон Сељами од Тетово за нов народен правобранител. За изборот на Сељами гласаа 89 пратеници, шест беа против, а од пратениците што припаѓаат на заедници што не се мнозинство, 28 беа „за“, осум „против“. Сељами е дипломиран правник, магистер по правни науки, со положен правосуден и нотарски испит. Собранието го избира и разрешува народниот правобранител. Тој се избира за ...
СВР Битола, до Основното јавно обвинителство Битола, поднесе кривична пријава против М.Т.(46) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување”, „фалсификување исправa” и „употреба на исправа со невистинита содржина”. Пријавениот, управител во приватна фирма од Новаци, во април и мај 2024 година, со пречекорување на границите на своите службени овластувања, а со намера да ...
Министерството за внатрешни работи – Оддел за гранични работи и миграција ја информира јавноста дека до Министерството за внатрешни работи е доставена најава за одржување на јавен протест од страна на асоцијацијата „Макам-транс“, кој е најавен да започне на 26.01.2026 година од 12:00 часот. Според доставената најава, протестот е планиран да се реализира на следните гранични премини: Деве Баир, Делчево, Ново Село, Дојран, Богородица, ...
Американскиот претседател Доналд Трамп ја повлече поканата до канадскиот премиер Марк Карни да се приклучи на неговиот контроверзен Одбор за мир. Републиканскиот претседател го објави ова во краток пост на неговата онлајн платформа Трут соушал, без да наведе причина. Во четвртокот, на Светскиот економски форум во швајцарскиот алпски град Давос, тој го потпиша основачкиот документ на тоа тело, што критичарите го сметаат за напад врз ...
Новите правила за електронска евиденција во земјите од Шенген-зоната сериозно ѝ штетат на домашната економија, драстично ја намалуваат работата на транспортерите и директно го погодуваат транспортниот сектор и челичната индустрија во Македонија. Ова се укажувањата на вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, кој деновиве се почесто предупредува дека последиците може да бидат драматични. Проблемот со транспортерите и новата ...
Бугарија се соочува со нова политичка неизвесност по оставката на претседателот Румен Радев, кој во понеделникот вечерта (19 јануари 2026 година) го објави своето предвремено заминување од функцијата. Иако уставната улога на претседателот е претежно церемонијална, Радев ја претвори во силна политичка платформа и се позиционираше како најпопуларен политичар во државата. Со својата оставка тој де факто го означи почетокот на нов политички ...
На 22.01.2026 во 21.30 часот во село Пирава, валандовско, полициски службеници од СВР Струмица и ОВР Валандово ги лишија од слобода С.Ј.(22) и Г.Т.(29), двајцата од село Пирава. При претрес во домот на С.Ј., извршен со судска наредба, полициските службеници ги затекнале С.Ј. и Г.Т. во момент кога вршеле мерење на марихуана, по што биле пронајдени неколку пакувања со марихуана, 110 семки од канабис и повеќе предмети со остатоци од марихуана. ...
На 19.01.2026 во периодот од 10:30 до 10:55 часот, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово при Регионален центар за Гранични работи Југ ги лишија од слобода М.З.(31), полициски службеник од Неготино, К.Т.(29) и Б.П.(28), двајцата од с.Тимјаник, неготинско. При вршење службени дејствија во атар на с.Копришница, демиркаписко, на место каде што нема концесија за лов, односно забранет е лов, полициските ...
Собранието денеска, со 81 глас „за“ и 19 „против“, го усвои Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за прекршоци по скратена постапка. Со ова се отвора патот за официјален старт на системот за автоматско снимање и санкционирање на сообраќајни прекршоци „Безбеден град“, кој ќе почне да функционира од 1 февруари. По барање на координаторката на „Европски фронт“, Рина Ајдари, гласањето беше спроведено номинално – секој пратеник ...
Европската Унија побара од Соединетите Држави да се однесуваат кон неа со почит. На крајот од вонредниот самит на лидерите на земјите-членки, претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, потсети дека трансатлантската заедница е изградена низ историјата, заснована на заеднички вредности и посветена на просперитетот и безбедноста на нашите народи. „Веруваме дека односите меѓу партнерите и сојузниците треба да се воспостават на срдечен и ...
Украина, Русија и САД треба да одржат трилатерален состанок во Абу Даби во петок, 23 јануари што ќе биде првпат трите земји да се сретнат на иста маса од руската инвазија во 2022 година. Средбата беше потврдена во раните утрински часови во петок, по разговорите во Кремљ меѓу рускиот претседател Владимир Путин, американскиот претставник Стив Виткоф и зетот на Доналд Трамп, Џаред Кушнер. Дипломатскиот советник на Кремљ, Јуриј Ушаков, им рече ...
По бојкотот на работата во ноември поради задоцнетата исплата на платите, вработените во АД „Македонска пошта“ денеска (23 јануари) протестираа низ целата државата. Пробивањето на рокот за исплата и на последната плата го зголеми револтот кај нив и најавија можен штрајк. Претседателот на Синдикалната организација на „Пошта“, Сашо Димитриевски најави дека доколку до средината на следниот месец повторно им доцни платата тие ќе застанат со ...
Р Е Ш Е Н И Е ЗА СВИКУВАЊЕ НА ШЕСТАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД ЈА СВИКУВАМ шестата седница на Советот на општина Охрид на ден 29.01.2026 година ( четврток ) со почеток во 09:00 часот. Седницата ќе се одржи во зградата на општина Охрид. За седницата го предлагам следниот: Д Н Е В Е Н Р Е Д Усвојување на Записникот од 4-та седница Р Е Ш Е Н И Е ЗА СВИКУВАЊЕ НА ШЕСТАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД ЈА СВИКУВАМ шестата ...
На 23.01.2026 во 00:15 часот на ул.„Благоја Тоска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода Д.М.(47) од с.Камењане, тетовско. Полициските службеници запреле патничко возило „хјундаи“ со тетовски регистарски ознаки, кое го управувал Д.М. во спротивна насока на коловозна лента и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,57 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен ...
Под влијание на моќен циклонски систем со центар над Џенова и на голем влажен воздушен бран кој ќе биде поврзан токму со овој моќен циклон од Џенова во недела навечер 25 Јануари и во текот на ноќта кон понеделник 26 Јануари во Македонија ќе имаме пообилни врнежи од дожд проследени со засилен до повремено силен ветер од јужен правец (Повремено и локално со брзина од над 60 км/час). На планините пак над 1100/1200 метри надморска височина ќе ...
Русија го потврди своето учество во денешните преговори со Украина во Абу Даби за прв пат, по разговорите меѓу американскиот специјален претставник Стив Виткоф и рускиот претседател Владимир Путин во Кремљ. Руската делегација ќе ја предводи шефот на воената разузнавачка служба ГРУ, Игор Костјуков, изјави советникот за надворешна политика на Путин, Јуриј Ушаков, според новинските агенции од Москва. Пред тоа, украинскиот претседател Володимир ...
Утврдениот камп во Манзе, мало село во централна Албанија во близина на главниот град Тирана, претставува дом за околу 3.000 членови на Народната муџахединска организација на Иран (ПМОИ), позната и како Муџахедин-е-Калк (МЕК). Тие се наоѓаат во Албанија од 2013 година, кога албанската влада се согласи да ги прими по барање на САД и Обединетите нации Станува збор за исламска политичка опозициска група со социјалистички идеи, основана во 1965 ...
Излезе од печат првата разгледница „Поздрав од Преспа“ посветена на областа Преспа, содржи 8 фотографии за овој крај значаен придонес во зачувувањето и промоцијата на македонското културно наследство, која е авторско дело на Никола Ѓурѓај, инаку претседател на македонското друштво “Илинден“-Тирана и уредник на Македонски весник “Илинден”. Ова издание е отпечатено со финансиска поддршка на семејство Ѓурѓај. Разгледницата ќе биде дистрибуирана ...
Данската премиерка Мете Фредериксен изјави дека НАТО е целосно свесен за ставот на Кралството Данска: дека за сите политички прашања – безбедноста, инвестициите и економијата – може да се преговара, но не и за „нашиот суверенитет“. „Бев информирана дека тоа не е случај. И, секако, само Данска и Гренланд можат да донесуваат одлуки за прашања што се однесуваат на Данска и Гренланд“, истакна данската премиерка во изјава објавена во четврток, по ...
Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека ќе се откаже од воведување казнени царини за вкупно осум европски земји. На неговата платформа Трут соушл, Трамп пиша дека постигнал договор со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, во врска со рамката за можен иден договор за Гренланд. Трамп буквално пиша дека „врз основа на многу продуктивна средба со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, создадовме рамка за иден договор во однос на ...
Сеопфатна регионална проценка на хидроморфолошките услови на реките низ Балканот открива забрзано и сериозно влошување на состојбата на последните недопрени водни текови во Европа. Според анализата, процентот на речиси природни реки се намалил од 30 проценти во 2012 година на само 23 проценти во 2025 година – загуба од 2.450 речни километри. Реките во Албанија бележат најбрза деградација во регионот, пред сè поради интензивниот развој на ...
Четвртото гласање за недоверба против Европската комисија под претседателство на Урсула фон дер Лајен не успеа. Јасно мнозинство во Европскиот парламент во Стразбур го отфрли предлогот за недоверба поднесен од членови на десничарските групи. За да успее предлогот, потребно беше двотретинско мнозинство од дадените гласови. 390 пратеници гласаа против предлогот, 165 беа „за“, а десет беа воздржани. Во последните три гласања во јули и октомври, ...
Чест ми е што остварив средба со амбасадорот на Република Турција (Туркије), Н.Е. Фатих Улусој и почесниот конзул во Охрид, Абдураман Бајрактар, кои ми упатија искрени честитки за новиот мандат и ја потврдија подготвеноста за продолжување на нашата соработка во повеќе сфери на општественото живеење. Исто така, ми претставува чест што во посета на Општина Охрид беше и амбасадорот на Кралството Шпанија, Н.Е. Рафаел Сориано Ортиз, со кого ...
Во текот на третата недела од 2026 година – од 12 до 18 јануари, во државава биле пријавени 2.062 случаи на групни пријави за заболени од грип – заболувања слични на грипот, 11,2 отсто помалку во споредба со претходната недела. Бројот на пријавени лица оваа недела споредено со третата недела од минатата сезона е зголемен за 46,0 отсто, а во споредба со бројот за третата недела од типичната епидемиска крива, моделирана од последните 15 ...