Скопје
27ᴼ /
27ᴼ
Министерот за правда Јетон Шасивари денеска оствари средба со Никол Варнс, вршителка на должноста шеф на Мисијата во Амбасадата на Соединетите Американски Држави, на која беше потврдена силната и континуирана соработка меѓу Министерството за правда и САД како стратешки партнер во спроведувањето на реформите во правосудството. На средбата се разговараше за клучните приоритети на Министерството за правда, со акцент на реформите во ...
Сакам да ја информирам јавноста дека Владата од првиот момент кога беа добиени информациите за состојбата со водоснабдувањето во Гостивар реагираше брзо, координирано и институционално, со единствен приоритет, заштита на здравјето на граѓаните и обезбедување безбедно снабдување со вода. Веднаш беа активирани сите надлежни институции, воспоставена е постојана координација помеѓу Министерството за здравство, Институтот за јавно здравје, ...
„Целосна реконструкција следи насекаде во касарните, но еве овде може да видиме на лице место дека има поголема динамика“ рече министерот за одбрана Владо Мисајловски при денешниот увид во градежните активности кои се изведуваат во Командата за обука и доктрини во касарната „Алексо Демниевски Бауман“ во Велес. Тој посочи дека се вложуваат околу 11 милиони денари за темелна внатрешна реконструкција на оваа зграда што опфаќа промена на врати, ...
СВР Скопје – Единица за насилен криминал – Одделение за крвни и сексуални деликти, до Основното јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава по брза постапка против А.М.(41) и Ј.Р.(34), двајцатa од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „полов напад и силување“ по член 186 од Кривичниот законик. Тие се сомничат дека на 17.07.2026 околу 21:45 часот покрај патот Горно Лисиче- Долно Лисиче со употреба на ...
Полициски службеници од ПС Гостивар во координација со Основното јавно обвинителство Гостивар лишија од слобода три лица во врска со сомненијата за загадување на водата во гостиварскиот водовод. Лишени од слобода се А.А. од с.Здуње – в.д. Директор на ЈП „Комуналец“ Гостивар, В.Д. од с.Форино шеф на „Водовод и канализација и Л.Н. од с.Вруток – технички директор на ЈП „Комуналец“ Гостивар. Надлежните институции продолжуваат да преземаат ...
Во рамки на активностите на Работниот тим (Task Force) за сузбивање на недозволената трговија со дрога, во текот на викендот беа реализирани засилени координирани акции на територијата на целата држава. Во рамки на акцијата беа извршени 13 претреси, 197 прегледи на возила и 295 прегледи на лица, при што од слобода беа лишени 13 лица. Притоа, пронајдени и одземени се 79 пакувања со наркотични материи, како и пиштол „Глок 17“ со муниција. ...
Во текот на изминатиот викенд (18/19.07.2026) како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ државата, од вкупно 1415 издадени платни налози, 298 прекршоци се однесуваат на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење. Лишени од слобода за безобѕирно управување на возило биле 58 лица, од кои седум за возење под дејство на алкохол, 28 ...
Тој денеска заедно со премиерот Христијан Мицкоски престојуваше во работна посета на општина Велес, каде со градоначалникот Марко Колев направија увид на бројни проекти што се реализираат со поддршка на Владата и Министерството. „Со гордост можам да кажам дека Владата преку Програмата за инфраструктурни проекти во општините и преку проектот кој го имаме со Светска банка инвестира околу 9 милиони евра, што е исклучително значајна сума за ...
Лионел Меси е симнат од тронот, а Шпанија по вторпат се закити со титулата светски шампион во фудбал. Иберијците во финалето во Ист Радерфорд сосема заслужено славеа со 1:0 (0:0, 0:0) по продолженија против офанзивно безопасната селекција од Јужна Америка. Со тоа пропадна сонот на Аргентина да ја одбрани титулата. Суперѕвездата Меси во финалето речиси и да немаше влијание врз играта. По натпреварот атмосферата неколкупати стана многу ...
На 19.07.2026 во 22:35 часот во СВР Скопје е пријавено дека на патот ГП Блаце-Скопје има превртено возило “мерцедес” со германски национални ознаки. Веднаш се упатени полициски службеници на местото на настанот и утврдено е дека во возилото има три починати лица ( едно машко и две женски лица). Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Претходно, во 13:40 часот во ПС Бит Пззар, државјанин на Косово пријави дека три лица се исчезнати, ...
Денот понеделник 20 јули, во Македонија повторно ќе донесе многу топло време и позасилена топлина и тоа поради присуството на топол воздух од југ, односно од Африка. Времето ќе биде сончево а во попладневните и во вечерните часови локално на повеќе места ќе се развиваат конвективни облачни грмотевични јадра од кои очекувам појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално се можни поинтензивни атмосферски процеси и појава на невреме, ...
На 18.07.2026 во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишија од слобода С.Б.(21) и Е.А.(33), двајцата од Скопје, затоа што при извршен претрес од страна на полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје во нивните домови, по добиена судска наредба, биле пронајдени и одземени 58 кесички со бела прашкаста материја и дигитална вага. На ...
Очигледно е дека СДСМ Охрид има сериозен проблем со амнезијата, па нивниот претседател Асен Шајн мора под присила од скопската централа да чита памфлети за теми кои самите тие ги девастираа. Да излезеш денес и да зборуваш за УНЕСКО, урбанистички планови и заштита на Охрид, по сè што направивте, не е само лицемерие туку во најмала рака е потценување на интелигенцијата на охридската јавност. Како да не беше „вчера“ кога министерот за транспорт ...
Позасилена топлина во Македонија предизвикана од продор на топол воздух од југ, односно од Африка ќе имаме и денес недела 19 јули во Македонија. Токму поради ова целата територија на Македонија ќе се наоѓа во жолта предупредувачка фаза. Времето ќе биде сончево и многу топло со појава на мала локална облачност. Сепак, во попладневните часови, особено во централните и во источните предели од Македонија ќе има услови за поретка појава на ...
На 17.07.2026 во 22:00 часот во СВР Тетово е пријавено дека на регионалниот пат за с. Требош, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко возило „голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од С.Г. (25) од с. Требош, кој возилото го управувал без возачка дозвола односно сторил кривично дело по член 297-а од КЗ и е лишен од слобода, и патничко возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Т.С. (80) од с. ...
На 17.07.2026 во Полициската станица Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Д.Р.(19) од с.Батинци, скопско, по претходна пријава дека на 16.07.2026 околу 22:20 часот на подрачјето на Центар, заедно со други малолетни лица од Скопје, физички го нападнале М.Ч.(19) од Скопје. Исто така, полициските службеници од СВР Скопје извршија службен разговор во полициска станица со тројца малолетници, во присуство на родители ...
На 17/18.07.2026 во период од 23:30 до 02:00 часот, полициски службеници од СВР Тетово спроведоа акциска контрола во угостителски објекти на територија на СВР Тетово, при што се пронајдени ножеви и дрога, а приведени се четири лица. При вршење на контрола во угостителски објект во Тетово, при преглед во задната страна од објектот, пронајдени се две кесиња со бела прашкаста материја. При контролата на други објекти, приведени се А.А. (23) од ...
Преговорите за новите европски правила во врска со правата на патниците во воздушниот транспорт повеќекратно беа блокирани. По повеќе од 13 години, реформата на почетокот на неделава ја помина последната пречка – министрите на земјите членки на ЕУ, исто така, дадоа зелено светло за измените. Особено долго имаше несогласувања околу износот на надоместокот и прагот за неговото исплаќање. Земјите членки на ЕУ првично сакаа патниците да имаат ...
Се е поизвесно дека од 22 јули во Македонија ни доаѓа силен продор на свеж воздух од север кој значително ќе ги спушти температурите на воздухот, и тоа за околу 10 степени па и за повеќе од 10 степени во споредба од оние температури кои ќе ги имаме викендов. Исто така околу 24 јули видливи се и обилни врнежи од дожд во Македонија и есенско време, иако сме во срцето на летото. Тогаш во Македонија би можело да наврне големо количество на дожд. ...
Заматена и кафена вода што деновиве тече од чешмите во Гостивар го вклучи алармот кај институциите, особено откако болницата во градот беше преплавена со граѓани кои се пожалиле на дијареја, повраќање, болки во стомакот и покачена температура. Во само неколку дена, повеќе од 1.200 лица побарале лекарска помош. Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) издаде забрана за користење на водата од градскиот водовод сè до добивањето на резултатите ...
Владата на денешната седница ја донесе Одлуката за изменување на Одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба поради можност од нарушување на снабдувањето со нафта и нафтени деривати. Со донесената одлука, рокот на важење на кризната состојба се продолжува од 21 јули до 20 октомври, со што се обезбедува континуитет во институционалното постапување и навремено преземање на мерки доколку дојде до нарушувања во ...
Општина Охрид продолжува со реализација на проекти насочени кон подобрување на условите за живеење и унапредување на комуналната инфраструктура. Во тек се работни активности за доизградба на атмосферски канал на улица АСНОМ во станбениот комплекс „Бејбунар“. Проектот опфаќа изведба на цевковод ПЕФ 630, во должина од 400 метри, со вкупна вредност од 4.353.247 денари. Активностите ги изведува ЈП „Нискоградба“ по налог на Општина Охрид, со ...
Денеска (17.07.2026) околу 08:00 часот, полициските службеници од РЦГР Север, постапувајќи согласно Оперативниот план за спречување на криумчарење преку државната граница, на подрачјето на с. Танушевци, поточно на граничната линија помеѓу с. Танушевци и с. Мијак, забележале лица како вршат претовар и размена на стока во товарно возило „фолксваген“ со косовски национални ознаки и товарно возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки. Веднаш се ...
Центар за управување со кризи: Информација за пожари на отворен простор до 13:00 часот На ден 17.07.2026 година, до 13:00 часот, регистрирани се вкупно 3 пожари на отворен простор, од кои активен е 1 пожар, а изгаснати се 2 пожари. Активни: 1 Општина Врапчиште: с. Врапчиште (ниска вегетација) Изгаснати: 2 Општина Струмица: с. Добрејци (ниска вегетација, ѓубре) Општина Кратово: с. Железница (депонија) Центар за управување со кризи: ...
На 17.07.2026 во 00:40 часот на улица „Хаџи Косте“ во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода С.Ќ.(23) од Велес, постапувајќи по претходна пријава и објавено видео на социјалните мрежи дека на игралиште во Велес управувал мотоцикл без регистарски ознаки. По преземени мерки и извршени проверки, констатирано е и дека мотоциклот го управувал пред да се стекне со право на управување. За настанот е известен јавен обвинител, а ...
За време на овој викенд (сабота и недела 18/19 јули) во Македонија ќе имаме краткотрајно интензивирање на топлината, и покрај ова изразен топлотен бран и екстремно високи температури на воздухот во Македонија нема да имаме. Времето ќе биде сончево со појава на мала до умерена локална облачност, а ќе дува и слаб до умерен ветер од западен и од северозападен правец кој повремено ќе засилува на интензитет. Наутро температурите ќе се спуштаат во ...
Американскиот претседател Доналд Трамп повторно ја доведе во прашање безбедноста на изборниот систем, нешто повеќе од три месеци пред изборите за Конгресот на САД. Во обраќање до нацијата, Трамп ја обвини Кина за голем обид за влијание врз американските избори. Според него, Пекинг во 2020 година го извршил „веројатно најголемиот грабеж на изборни податоци во историјата“. Трамп изјави дека „ова губење на податоци претставува невиден кошмар за ...
Во Хаг е седиштето на два големи меѓународни судови кои може да се помешаат. Од едната страна таму се наоѓа Меѓународниот суд на правдата на Обединетите нации (МСП), кој решава спорови меѓу држави и е сместен во историската Палата на мирот. Од другата страна е Меѓународниот кривичен суд (МКС), кој од 2002 година пред лицето на правдата изведува лица одговорни за воени злосторства и се наоѓа во многу посовремена зграда од стакло и бетон. Во ...
На пригоден настан што на пладне се одржа во ЦК „Григор Прличев“ во Охрид, беа одбележани 80 години од раѓањето на познатиот македонски писател, драматург, афорист и сатиричар Иван Карадак. Настанот е дел од годишната програма за култура на Општина Охрид, а пред присутните се обрати Претседателот на Совет, Перчо Божиноски. – Имам исклучителна чест и одговорност денес во име на градоначалникот Кирил Пецаков да ве поздравам на овој убав јубилеј ...
Гоце Наумовски поднесе неотповиклива оставка од функцијата судија во Уставниот суд,само пет месеци по неговиот избор. Оставката е доставена до Собранието, а како што пренесуваат дел од медиумите, како причини Наумовски навел лични и професионални околности. Ова е втора оставка на професор од Правниот факултет „Јустинијан Први“ од Уставниот суд во период пократок од една година, по повлекувањето на Јадранка Дабовиќ-Анастасовска во декември ...