Скопје
27ᴼ /
27ᴼ
На ден 08.07.2026 година, до 13:00 часот, регистрирани се вкупно 3 пожари на отворен простор, од кои нема активни пожари, 1 пожар е под контрола, а 2 пожари се изгаснати. Пожар под контрола: 1 Општина Кратово: с. Железница (депонија). Изгаснати пожари: 2 Општина Босилово: с. Старо Балдовци (ниска вегетација, овоштарник и жито); Општина Радовиш: с. Калуѓерица (ниска вегетација и ѓубре). На ден 08.07.2026 година, до 13:00 часот, регистрирани ...
На 07.07.2026 во 22:25 часот во Пробиштип, полициски службеници од ОВР Пробиштип го лишија од слобода Ј.Ј.(40) од Пробиштип, постапувајќи по претходна пријава дека со закани во два наврати од 18-годишна девојка од Пробиштип изнудил да му даде пари. За настанот е известен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава. На 07.07.2026 во 22:25 часот во Пробиштип, полициски службеници од ОВР ...
На 07.07.2026 во 17:25 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Ј.М. (42) од Куманово, по претходна пријава дека тој психички и физички ја малтретирал неговата сопруга, со која е во бракоразводна постапка. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава. На 07.07.2026 во 16:40 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар полициски службеници од СВР ...
Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 28 возачи поради „безобѕирно управување возило“. Од нив, 25 лица управувале возило без возачка дозвола (осум лица во Скопје, четири во Битола, по две лица во Велес, Свети Николе, Тетово и Кичево и по едно лице во Делчево, Кочани, Кавадарци, Неготино и Куманово). Иако имале активна забрана за управување патничко возило, затекнати се како ...
СВР Скопје целосно го расчисти случајот од 30.06.2026 во 21:40 часот во парк во општина Аеродром, кога 12-годишно девојче, беше физички нападнато од малолетнички, а други присутни малолетници снимале со мобилни телефони. Од страна на ОКР Аеродром и Драчево во содејство со ОКР Кисела Вода до ОЈО Скопје е поднесена кривична пријава против две малолетнички за сторено кривично дело „насилство“, предвидено и казниво по чл. 386 од Кривичниот ...
На 07/08.07.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Г.А.(25), М.Р.(23), А.Ф.(36), Љ.М.(18) и 25-годишната С.С., сите од Скопје, затоа што кај нив се пронајдени и одземени кафеава материја, прашкаста материја, марихуана и дробилка со остатоци од марихуана. На 07.07.2026 во 23:10 часот, на различни локации во Битола, полициски службеници од СВР Битола ги лишија од слобода Ф.Ф.(32) и ...
Примирјето меѓу САД и Иран повторно е ставено на сериозен тест: како реакција на нападите врз танкери во Ормускиот Теснец, американската војска нападнала десетици цели во Иран. Покрај тоа, САД повторно ги воведоа санкциите за иранската нафта. Според медиумски извештаи, иранската војска најавила одговор на американските напади. Набргу потоа, армијата на Кувајт, сојузник на Вашингтон во Заливот, пријави непријателско гранатирање. Сирените рано ...
Во Манастирот „Св. Петка“ во село Велгошти вчеравечер беше одбележана 125-годишнината од формирањето на Првата охридска востаничка чета, значаен историски јубилеј посветен на храброста, пожртвуваноста и непокорот на охридските и македонските револуционери. Во име на Општина Охрид, на одбележувањето присуствуваше делегација предводена од претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски, која положи свежо цвеќе во манастирската ...
Бигорскиот манастир ја одбележа својата слава – Рождеството на свети Јован Крстител, со празнично бдение што доби историска тежина поради посетата на гувернерот на Света Гора Атонска, Алкивијадис Стефанис. Неговото прво доаѓање во овој манастир беше оценето како значајно, бидејќи станува збор за прва посета на толку висок претставник на светогорската држава. motika.mk Бигорскиот манастир ја одбележа својата слава – Рождеството на свети ...
Голем шумски пожар избувна синоќа во близина на Порто Палермо. Засега нема информации за повредени лица. Веднаш по добиената пријава за пожарот кај Химара, на терен биле испратени екипи на противпожарната служба кои интервенираат за негово ставање под контрола. Причината за избувнувањето на пожарот се уште не е позната. Надлежните служби ја следат состојбата, а дополнителни информации се очекуваат во текот на денот. vesnik-ilinden.com ...
Современа ендоскопска технологија на Универзитетската клиника за урологија Во рамки на посетата беа презентирани и демонстрирани најновите флексибилни уретероскопи од нова генерација – технологија која овозможува третман и на сложени камења во бубрезите и уретерот без хируршки рез. Предностите за пациентите се значајни: Универзитетската клиника за урологија изрази интерес за воведување на оваа опрема, со цел пациентите во Северна ...
Во изминатите две години ја зајакнавме меѓународната позиција на македонската полиција, градејќи силни партнерства со Европол, Интерпол, SELEC и бројни безбедносни институции ширум светот. Имаме 31% повеќе меѓународни предмети и разменети информации, реализиравме бројни заеднички операции против организираниот криминал, недозволената трговија со дрога и оружје, криумчарењето мигранти и трговијата со луѓе, а значително го зголемивме и бројот ...
Завршена е реконструкција на железничката обиколница Скопје, пругата од Драчево до Илинден со што се овозможува пренасочување на товарните возови надвор од Скопје. Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски и диркторот на ЈП Железница Инфраструктура Синиша Ивановски, направија увид до реконструираната пруга каде се изврши и тест возење. По оваа делница ќе се одвива исклучиво товарниот железнички сообраќај, ...
Европскиот Парламент ги изгласа новите европски права на патниците во воздушниот сообраќај. Големо мнозинство од 646 европратеници гласаа за реформата, која, меѓу другото, предвидува дека родителите во иднина ќе можат да резервираат бесплатно места до своите деца во авионите и дека цените на билетите мора јасно да бидат прикажани. Правилата во врска со надоместокот за доцнење на летовите треба да останат во суштина непроменети. Сега, ...
Договорот за нивна набавка е потпишан со турската државна компанија MKE (Компанија за машинско индустриско производство) и предвидува испорака на шест топовски системи од 105 милиметри, како и соодветна муниција. Албанија купи шест артилериски системи „Боран“ од Турција, со што стана третата земја во светот што купува ваков систем, по Македонија и Бангладеш, објави турскиот медиум „Улу Савунма“. Договорот за нивна набавка е потпишан со ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска оствари работна средба со постојаната координаторка на Обединетите нации во Република Северна Македонија, Рита Колумбија, на која се разговараше за унапредување на соработката во областа на превенцијата и справувањето со родово базираното насилство. Во фокусот на разговорите беше потребата од силна меѓуинституционална координација и континуирано унапредување на механизмите за ...
На ден 07.07.2026 година, до 13:00 часот, регистрирани се вкупно 6 пожари на отворен простор, од кои 1 пожар е активен, а 5 пожари се изгаснати. Активни: 1 Општина Крушево – атар на с. Бучин (ниска вегетација) Изгаснати: 5 Општина Теарце – с. Непроштено (ниска вегетација) Општина Карбинци – атар на с. Карбинци (запалени дрва) Општина Струга 1 – с. Ложани (депонија) Општина Струга 2 – с. Подгорци (ниска вегетација и жито) Општина Куманово – ...
Сега во аптеките се достапни Enoxaparin, Nadroparin и Rivaroxaban со полесен пристап и пониски трошоци за граѓаните. 💊 Enoxaparin и Nadroparin — досега достапни само преку рефундација, сега директно во аптека, препишани од специјалист. Партиципацијата изнесува 160–240 ден. во зависнот од дозажа и пакувања (наспроти цена од 1.160–2.700 ден.) Еден бренд е целосно без доплата (другите два се со доплата). По барање на граѓаните Фонд за ...
На 06.07.2026 во 19:00 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес ја лишија од слобода 30-годишната Т.Д. од Велес, затоа што во домот со остар предмет му нанела убодна рана на нејзиниот 37-годишен вонбрачен сопруг. Повредениот бил пренесен во Општата болница во Велес за укажување лекарска помош, а Т.Д. била приведена и задржана во полициска станица. Од страна на полициски службеници предметот бил пронајден и одземен, известен е ...
Министерството за внатрешни работи ги известува сите ученици кои сакаат да аплицираат на јавниот повик за прием во Средното полициско училиште, потребните документи да ги достават во оригинал или копија заверена на нотар. Апликантите кои учеле прва и втора година во средните училишта ширум државата, не треба да се отпишуваат од истите во процесот на аплицирање и селекција. Со примените кандидати (родител, старател, законски застапник) ...
Поради изведување на градежни работи за санација на дефект на канализационата мрежа, од денес 07.07.2026 година (вторник) до 13.07.2026 година (понеделник) ќе биде затворен за сообраќај дел од улицата „Свети Климентов Универзитет“ во стариот дел на градот. Ги замолуваме жителите и туристите да го почитуваат привремениот сообраќаен режим и поставената сообраќајна сигнализација, како и да користат алтернативни сообраќајни приоди. Поради ...
Започнуваме со најкрупната реформа – имплементација на новиот Национален едношалтерски систем. Од една точка ќе се даваат услуги од 15 институции за поефикасни постапки за увоз, извоз и транзит на стока. Националниот Едношалтерски Систем претставува еден од најзначајните проекти за дигитализација и модернизација на постапките со увозот, извозот и транзитот на стоки. Неговата цел е да обезбеди единствена електронска платформа преку која ...
Во изминатите две години покажавме дека со професионална, одлучна и неселективна работа можат да се постигнат конкретни резултати. Денес криминалитетот во државата е на најниско ниво во последните 20 години, а вкупниот криминалитет е намален за 30%. Истовремено, ја зголемивме ефикасноста во откривањето на кривичните дела и нивните сторители на 69%. Во борбата против организираниот криминал сузбивме над 30 организирани криминални групи, а ...
Нафтен танкер бил погоден во Ормускиот теснец од „непознат проектил“, соопшти рано во вторник британската Служба за поморски трговски операции (УКМТО). Бродот бил погоден „на левата страна, што предизвикало пожар, додека пловел кон југ“, соопшти УКМТО. Инцидентот се случил источно од Лимах, Оман. Танкерот бил нападнат откако ги игнорирал предупредувањата, објави иранската државна телевизија, без директно да преземе одговорност за нападот. ...
Марк Руте на неговата последна посета во Вашингтон кон крајот на јуни дојде добро подготвен. Кога Доналд Трамп почна со поплаки за европските сојузници и нивната неподготвеност да ги поддржат САД за време на војната против Иран, генералниот секретар на НАТО не штедеше на пофалби. И покажа кон големи паноа украсени со златни наслови, едното насловено како: „Билионот на Трамп“. Пред камерите, Руте беше во полна форма. „Сакам да ви покажам што ...
На ден 06.07.2026 година, до 20:00 часот, регистрирани се вкупно 14 пожари на отворен простор, од кои 2 се активни, а 12 се изгаснати. Активни пожари (2): Општина Кичево – во близина на Стадионот во Кичево (стрниште и сува трева); Општина Битола – кај Тунелот на обиколницата. Изгаснати пожари (12): Општина Демир Капија – с. Прждево (2 куќи, помошен објект, сува трева и нискостеблеста шума); Општина Ѓорче Петров – с. Волково, кај Лепенец ...
Во турската престолнина сѐ е подготвено за самитот на НАТО. Завршена е и работата на воениот мегакомплекс „Ај Јилдиз“, познат и како „турскиот Пентагон“. Безбедносните мерки се подигнати на највисоко ниво. Забрането е движење на тешки камиони и градежни машини, како и демонстрации и јавни собири. Се отстранува сè што би можело да го наруши посакуваниот имиџ на градот. Се одведуваат кучињата скитници, просјаците се бркаат од улиците, а долж ...
Политичките партии и натаму не можат да постигнат согласност за новиот Изборен законик, а најголемите разлики остануваат околу начинот на гласање на дијаспората. Претседателот на Собранието Африм Гаши ја поддржа можноста за електронско гласање, доколку се обезбедат сигурна идентификација на гласачите и тајност на гласањето. Во меѓувреме, СДСМ предупредува на можни злоупотреби, додека ВМРО-ДПМНЕ ја обвинува опозицијата за блокирање на ...
На 05.07.2026 во 17:30 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода С.А.(34) и И.Х.(39), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“, односно затоа што на 05,07,2026 околу 16.00 часот, предизвикале пожар во напуштен објект на бул. „Македонија“ во Скопје, при што еден пожарникар се здобил со повреди, а две противпожарни ...
На ден 06.07.2026 година, до 13:00 часот, регистрирани се вкупно 6 пожари на отворен простор, од кои 1 пожар е активен, а 5 пожари се изгаснати. Активен пожар (1): Општина Куманово – м.в. Пармакови Ниви (сува трева). Изгаснати пожари (5): Општина Демир Капија – с. Прждево (2 куќи, помошен објект, сува трева и нискостеблеста шума). Општина Ѓорче Петров – с. Волково, кај Лепенец (депонија). Општина Новаци – с. Новаци (сува трева). Општина Дебар ...