Скопје
27ᴼ /
27ᴼ
Викендов во Македонија (сабота и недела 25/26 јули) времето ќе биде стабилно, суво и сончево со појава на мала до умерена локална облачност. Во сабота 25 јули повремено ќе засилува ветерот од северен правец, а во недела 26 јули особено во западните предели повремено ќе дува засилен ветер од западен правец. Во Скопје и околината исто така викендов ќе имаме стабилно, суво и претежно сончево време со појава на мала до умерена локална облачност. ...
Во рамки на работилницата беа презентирани податоци за состојбата во земјава, предизвиците со кои се соочува системот, европските политики и искуства за подобрување на управувањето со боледувањата. -Целта на работилницата е вклучување на сите засегнати страни во дијалогот и пронаоѓање оптимален баланс меѓу потребата да се намали бирократијата и потребата да засилат контролите на местата каде има ризик од можни злоупотреби на боледувањата и ...
Тоа ќе значи дека во наредниот период ќе продолжиме уште поинтензивно со спроведувањето на мерките за заштита на природното и културното наследство. Како локална самоуправа остануваме целосно посветени на реализација на капиталните еколошки проекти, одговорното урбанистичко планирање, зајакнувањето на системите за заштита на животната средина и доследната имплементација на препораките на УНЕСКО. Заштитата на Охридскиот Регион не е ...
Денеска (24.07.2026) од страна на полициски службеници од Единицата за недозволена трговија и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје по Наредба од Основен кривичен суд Скопје извршен е претрес на дом и други простории кај С.Љ.(51) од Скопје. При претресот пронајдени се пет килограми наркотична дрога марихуана и дигитална вага со остатоци од марихуана. С.Љ. и неговиот син Б.Љ.(19) се лишени од слобода и по целосно документирање на ...
Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека согласно информациите добиени од надлежните органи на Република Грција, на 27.07.2026 (понеделник) е најавен штрајк на царинските службеници на грчките гранични премини Евзони (Богородица), Дојрани (Дојран) и Ники (Меџитлија). Во периодот од 05:00 до 09:00 часот по македонско време (06:00–10:00 часот по грчко време), на наведените гранични премини патничките возила ќе се ...
Според податоците од јавните здравствени установи во Гостивар, во текот на вчерашниот ден (23.07.2026 година) се евидентирани вкупно 197 новопрегледани пациенти, односно лица кои првпат побарале лекарска помош, што покажува намалување во однос на претходниот ден. Во Општа болница „Д-р Ферид Мурад” Гостивар се регистрирани вкупно 117 нови прегледи, од кои 82 на инфективното одделение (без нови хоспитализации и три исписи), 40 на педијатриското ...
ВЕРУВАЛЕ ИЛИ НЕ: Денес 24 јули на Шар Планина, и тоа над Попова Шапка паѓа снег ❄️ Прогнозите мои се остварија. Актуелната состојба со времето за секој град поединечно во Македонија следете ја само на https://slavcometeo.mk/ Пиши и дека температурата на повисоките предели од Шар Планина над 2000 метри се спушти под нулата ВЕРУВАЛЕ ИЛИ НЕ: Денес 24 јули на Шар Планина, и тоа над Попова Шапка паѓа снег ❄️ Прогнозите мои се остварија. ...
Состојбата со шумските пожари во јужна Европа продолжува да се влошува. Шпанија прогласи „вонредна состојба од национално значење“ за два региона. Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, вонредната состојба веднаш стапува во сила за регионот на главниот град Мадрид и за покраината Авила. Со тоа државата може да мобилизира повеќе ресурси и финансиски средства. Во изминатите денови во Шпанија избувнаа бројни пожари. Особено ...
Сирените за воздушни напади повторно се огласија во делови од Јордан во вторникот изутрина (21.07) откако ирански ракети беа насочени кон земјата. „Системот за противвоздушна одбрана во текот на ноќта пресретна и собори три ракети лансирани од територијата на Иран во јорданскиот воздушен простор насочени кон кралството“, соопштија од јорданската војска. Немало повредени, но најновите напади уследија по серија инциденти што во изминатите ...
Територијата на Македонија на ден петок 24 јули ќе биде зафатена од влажна и значително поладна воздушна маса од север која ќе услови да имаме повремени врнежи од дожд и невообичаено свежо, па дури и ладно време за третата декада на месец јули. Локално врнежите ќе бидат пообилни и ќе има услови за нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и со засилен ветер. Локално во Македонија ќе наврнат над 10/15 литри на метар квадратен дожд. Ќе ...
Европската комисија му изрече казни во вкупен износ од 890 милиони евра на американскиот технолошки гигант Гугл поради прекршување на правилата за конкуренција. Случајот се однесува на фаворизирање на сопствените услуги во резултатите од пребарувањето, како и на ограничувања што компанијата им ги наметнувала на развивачите на апликации за Андроид во комуникацијата со нивните корисници. Гугл ја оцени одлуката како „неправедна“. Еврокомесарката ...
Одделението за инспекциски надзор при Општина Охрид ги известува граѓаните дека во периодот од 27.07.2026 година, (понеделник) до 31.07.2026 година (петок) од страна на општина Охрид, ќе се спроведе административно отстранување на нелегално изградени гаражи, вкупно 10 на предметната катастарска парцела К.П.11022/20 К.О.Охрид 2 земјиште во сопственост на РСМ. Поради тоа сите подвижни и неподвижни предмети кои се наоѓаат во десетте гаражи, ...
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) изрече 30 парични казни и 12 забрани за работа по 70 вонредни инспекциски контроли спроведени во Гостиварско поради проблемите со водата и важечката забрана за нејзина употреба. При контролите биле откриени повеќе неправилности, а уништени се и 18 килограми небезбедна храна. Колку се почитува забраната за употреба на водата? Кафулињата, пицериите, пекарниците, слаткарниците и другите оператори со ...
Денеска (23.07.2026) во 16:21 часот, на автопатот Скопје–Тетово, кај клучка Кондово, полициските службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи на МВР лишија од слобода возач-почетник, кој управувал патничко возило „Фолксваген Артеон“ со скопски регистарски ознаки со брзина од 211 километри на час, што е повеќе од двојно над максимално дозволената брзина за возач-почетник на ...
Американската војска во текот на ноќта ги продолжи своите напади врз Иран. Цел била воена инфраструктура во земјата, соопшти надлежната регионална команда ЦЕНТКОМ преку социјалната мрежа X. Според соопштението, нападите биле насочени кон тоа „дополнително да се ослаби способноста на Иран да им се заканува на цивилните морнари и трговските бродови во водите на регионот“. Ова беше дванаесетта последователна ноќ во која САД ја напаѓаат ...
Под влијание на влажна и на значително поладна воздушна маса од север, во петок 24 јули во Македонија ќе има повремени врнежи од дожд кои локално ќе бидат пообилни и поројни и проследени со грмежи како и со засилен ветер. Локално ќе наврнат над 10/15 литри на метар квадратен дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец кој повремено и локално ќе достигнува брзина од 50 до 60 км/час. Во Скопје и околината исто така во петок 24 ...
Најавите за можни реформи на пензискиот систем, вклучително ипромени во вториот пензиски столб и зголемување на старосната граница за пензионирање, отворија широка јавна дебата. Експертите порачуваат дека реформите на пензискиот систем се неопходни, но не смеат да се носат без темелни анализи и долгорочни пресметки. Додека државниот врв отвора дебата за иднината на вториот пензиски столб и можни промени на старосната граница за пензионирање, ...
Во Општа болница „Д-р Ферид Мурад” – Гостивар се регистрирани 60 нови прегледи на инфективното одделение, 37 нови прегледи на педијатриското одделение и 11 прегледи во Ургентниот центар, односно вкупно 108 нови прегледи. На инфективното одделение се примени 2 нови пациенти на болничко лекување, додека на педијатриското одделение нема нови хоспитализации. Во Здравствениот дом Гостивар се регистрирани 87 прегледи во дежурна служба и 17 ...
Редок метеоролошки феномен ја погоди Северна Македонија во вторникот (21 јули), кога оркански ветер со брзина до 134 километри на час предизвика голем пустош во повеќе делови од земјата. Последното невреме зад себе остави искорнати дрвја, оштетени покриви, уништени возила и домови, а беа повредени и десетици граѓани. Според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), станува збор за исклучително редок феномен за овие простори. УХМР, ...
Европската Унија останува целосно посветена на европската перспектива на Северна Македонија и нема никакво сомневање дека земјата се смета за идна членка на Унијата, порача евроамбасадорот Михалис Рокас на седницата на Националниот совет за евроинтеграција, посветена на клучните аспекти на процесот на европска интеграција. Тој нагласи дека напредокот кон членството воЕУ зависи од спроведувањето на реформите, владеењето на правото и ...
Ребалансот на Буџетот за 2026 година не е последица на проблеми со јавните финансии, туку претставува развоен документ со кој се обезбедуваат дополнителни средства за капитални инвестиции, поддршка на граѓаните и натамошен економски раст в о услови на зголемена неизвесност на светските пазари, геополитички ризици и ценовни притисоци, истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во интервју за Плусинфо. Владата преку ребалансот ...
Според податоците од јавните здравствени установи во Гостивар, во текот на вчерашниот ден (20.07.2026 година) продолжува трендот на намалување на бројот на новопрегледани пациенти, односно лица кои првпат побарале лекарска помош поради симптоми на гастроентеритис. Во Општа болница Гостивар се регистрирани 111 нови прегледи на инфективното одделение, 65 нови прегледи на педијатриското одделение и 7 прегледи во Ургентниот центар, односно вкупно ...
Владата на денешната 195 седница, на предлог на Управувачки комитет во состав на министерот за одбрана Владо Мисајловски, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, министерот за здравство Сашо Клековски, министерот за транспорт Александар Николоски и директорот на Дирекција за заштита и спасување Стојанче Ангелов, како и надворешните членови министерот за животна ...
Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека полициските службеници се присутни на терен и постапуваат по сите пријави поврзани со последиците од невремето, во координација со останатите надлежни институции. Се преземаат мерки за обезбедување на безбедноста на граѓаните, расчистување на последиците и непречено одвивање на сообраќајот и другите јавни функции. Невремето предизвика најголеми последици на подрачјето на СВР ...
ТАВ Македонија, дел од ТАВ Аеродроми и Групацијата АДП, ја поздравува одлуката на Визер да постави седми авион на Меѓународниот Аеродром Скопје, што означува уште една важна пресвртница во долгогодишното партнерство меѓу аеродромскиот оператор и авиокомпанијата, а воедно дополнително ја зајакнува поврзаноста на Македонија со Европа. Додавањето на седмиот авион претставува значаен чекор во континуираниот развој на Меѓународниот Аеродром Скопје ...
На прес-конференцијата, Директорката на ДИЖС Гиновска ги соопшти наодите од увидот на инспекторатот. Таа нагласи: “На ден 16.07.2026 година, по барање на Основното Јавно Обвинителство од Гостивар за посочена локација од страна на ДИЖС беше издадена наредба да се изврши вонреден инспекциски надзор каде преку државните инспектори за животна средина , координирано со претставници на крим полиција,АХВ,Центар за јавно здравје Скопје и Тетово и ...
Воведувањето на 7- от авион во базата на Визер во Скопје е огромно достигнување во развојот на ависообраќајот во Македонија. Веќе имаме преку 2 милиони патници во првите шест месеци, многу нови дестинации и оваа визија продолжуваме да ја развиваме заеднички, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски на промоцијата на новиот 7-ми авион на Визер во Скопје. „Ова е трета најголема база што Визер ...
Американската армија ноќеска (20/21.07) изврши нов бран напади врз Иран. Бомбардирањето, кое започна во 22:00 часот по средноевропско време, имаше за цел да ги ослабне воените капацитети на Иран за напади врз трговски бродови во Ормускиот Теснец. Ова го соопшти Централната команда на САД (CENTCOM), надлежна за регионот, на платформата X. Цел на нападите биле воени објекти, меѓу кои системи за воздушна одбрана, командни центри и лансирни рампи ...
На (20.07.2026) во 08:40 часот на автопат Велес-Скопје од страна на полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи на МВР лишен од слобода е возач на товарно возило “волво” со прилепски регистарски ознаки, кој вршел вонгабаритен превоз на работна машина (дигалка со ширина 275 см) без одобрение за вонреден превоз а при извршен алкотест утврдено е присуство на алкохол од ...
Со состанокот претседаваше министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, а присуствуваше и министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски. Пред членовите на Националното координативно тело беа презентирани измените на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство, изготвени од работната група формирана за подготовка на законските ...