Скопје
27ᴼ /
27ᴼ
Синоќа во село Велгошти се одржа културната манифестација „Ноќ спроти Илинден“ со што официјално започнаа илинденските празнувања. Годинава се навршија и 125 години од формирањето на првата востаничка чета во Велгошти. Пред присутните се обрати Претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиноски. – Денес стоиме на света земја, во Велгошти – место чија историја не се пишуваше со зборови, туку со дело, жртва и неизмерна љубов кон ...
Илинден е еден од најсветлите и најзначајни датуми во македонската историја. Ден што не потсетува на силната борба за слобода, на стремежот кон сопствена држава и на визијата на генерациите кои со храброст и пожртвуваност ги поставија темелите на нашата иднина. Илинденскиот идеал не е само историско наследство, туку трајна обврска да ги чуваме и унапредуваме вредностите врз кои почива македонскиот идентитет, а тоа се единствотото, ...
Звукот на ѕвонење монети денес речиси и не се слуша во Шведска, бидејќи речиси сè се плаќа со картичка – дури и сладолед купен од киоск во соседството. Многу луѓе плаќаат дигитално, а најголемиот дел од трансакциите се извршуваат директно преку мобилен телефон. Во многу продавници тоа е и единствената опција, бидејќи на влезовите стојат натписи: „Не примаме готовина“. Плаќањето мора да биде возможно и без интернет Бјорн Ериксон смета дека тоа ...
ПО МИЛОСТА БОЖЈА, АРХИЕПИСКОП ОХРИДСКИ И МАКЕДОНСКИ, ЗАЕДНО СО СВЕТИОТ АРХИЈЕРЕЈСКИ СИНОД, ПО ПОВОД ИЛИНДЕНСКИТЕ ПРАЗНУВАЊА, ИСПРАЌА МИР И БЛАГОСЛОВ ОД БОГА ДО СВЕШТЕНОСЛУЖИТЕЛИТЕ, ДО МОНАШТВОТО И ДО СИТЕ ЧЕДА НА МАКЕДОНСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА Сети се на старите денови, помисли за годините на поранешните поколенија[1]. Возљубени празникољупци, Денес, со трепет и со духовна радост, го прославуваме Илинден – големиот настан од нашата народна и ...
Денеска (01.08.2026) полициски службеници од СВР Тетово во врска со објавеното видео на социјалните мрежи за пукање на семејна веселба во Добридол, гостиварско, извршија претреси на повеќе локации, при што се приведени шест лица, а едно лице е повикано на службен разговор. При претресите се пронајдени и одземени оружје и муниција. Во 18:00 часот е извршен претрес кај И.С. (21) од село Добридол, а во 18:05 часот, кај А.И.(30) од с.Добридол, ...
Денот сабота 1 август во Македонија ќе биде сончев и многу топол со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен и од североисточен правец. Во Скопје и околината исто така времето ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од источен и од североисточен правец. Наутро температурите во Македонија ќе се спуштаат во интервалот од 11 до 20 степени, а преку денот тие ќе се искачуваат во интервалот од 31 до 38 степени. ...
На денешната седница, Владата донесе одлука за прогласување кризна состојба на целата територија на Македонија, поради зголемените ризици и опасности од пожари на отворен простор и шумски пожари, во времетраење од 30 дена, почнувајќи од 1 август 2026 година. Одлуката е донесена со цел навремено, координирано и ефикасно справување со состојбата на терен, како и максимално мобилизирање на сите расположливи институционални капацитети за заштита ...
Градоначалникот Кирил Пецаков денеска оствари работна средба со градоначалникот на Општина Либражд од Албанија, Мариглен Диша, на која беше разговарано за можностите за продлабочување на соработката меѓу двете општини. На средбата посебен акцент беше ставен на реализацијата на заеднички проекти и можностите за заедничко аплицирање во рамки на претстојниот повик од ИПА III Програмата за прекугранична соработка Македонија – Албанија 2021–2027. ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во Полициската академија во Идризово присуствуваше и се обрати на свечената промоција на новата генерација полициски службеници 2025–2026, со што Министерството за внатрешни работи доби 496 нови полициски службеници. Во своето обраќање министерот Тошковски истакна дека полициската професија не е само работно место, туку животен избор и повик кој бара храброст, чесност, професионалност и ...
На 30.07.2026 во 22:00 часот во село Габрово, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода Б.К..(63) од Струмица, со престој во селото. Полициски службеници го забележале како во неговото дворно место предизвикал пожар, кој се проширил и кон улицата. Од екипа на Територијалната противпожарна единица Струмица пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Лицето било задржано во Полициската станица Струмица, а од извршено ...
Расказот „Службен пат до Тирана“, под шифра „Патникот“, е избран за најдобар на годинешниот конкурс „Живко Чинго“. Комисијата во состав: проф. д-р Димитар Пандев, претседател, Славе Ѓорѓо Димоски, член и проф. д-р Иван Џепароски, член, во својот извештај истакна: „Најдобриот расказ „Службен пат до Тирана“ восхитува, но и изненадува со антрополошко-етичкиот пристап, ретко присутен во најновата македонска литература, со ведрата емпатија кон ...
Во јули и август Струга е преполна со туристи. Мостовите над Црн Дрим се претворени во скокалници, на градските плажи место се зафаќа уште рано претпладне, а за ручек и вечера слободна маса покрај реката – тешко се наоѓа. Во чаршијата се мешаат јазици и култури, улиците се претесни за автомобилите со странски регистарски таблички, а хотелите, апартманите, рестораните и продавниците го живеат најдинамичниот дел од годината. Во тие „пет минути“ ...
Македонскиот мотоциклист Петар Мијалков настапи на патеката каде се возат најзначајните светски трки. Тој беше дел од ексклузивниот настан на култната „Misano World Circuit Marco Simoncelli“ во Италија, по добиената официјална покана од главните италијански увозници на брендот Michelin, со цел тестирање на нивните најнови тркачки пневматици. Ваквиот повик во светот на мотоспортот претставува сериозно признание и ретка можност. За домашната ...
За време на средбата, беше разговарано за унапредувањето на процесот на европска интеграција и важноста на добрите односи меѓу заедниците како еден од основните столбови за градење демократско и одржливо општество. Посебно внимание беше посветено на активното вклучување на младите во одлучувачките процеси и создавањето еднакви можности за сите граѓани, како основа за градење инклузивно општество. Министерот Ферати и амбасадорот Рокас ...
Франција начелно е добро подготвена за шумски пожари. Земјата располага со дванаесет противпожарни авиони „Канадер“ и осум „Даш“, покрај изнајмени авиони и хеликоптери. Но, во моментов има потреба од флотата на многу различни места ширум земјата во исто време. Со недели владее сѐ поголема суша, во период на неколку топлотни бранови и температури што понекогаш надминуваат 40 степени Целзиусови. Вегетацијата е исушена, а разорниот пожар во ...
На ден 30.07.2026 година, до 19:00 часот, на територијата на државата се регистрирани вкупно 10 пожари на отворен простор, од кои 3 се активни, нема пожари под контрола, а 7 пожари се изгаснати. Активни пожари: Општина Желино: с. Горна Лешница (сува трева и мешана шума); Општина Валандово: с. Удово, покрај р. Вардар (ниска вегетација); Општина Долнени: с. Црнилиште – с. Стровија (сува трева и ѓубре). Под контрола: Нема. Изгаснати пожари: ...
Еден месец по формирањето на Работниот тим (Task Force) за сузбивање на недозволената трговија со дрога, Министерството за внатрешни работи бележи значајни резултати во борбата против организираниот нарко-криминал. Засилената координација, побрзата размена на информации и заедничкото дејствување на организациските единици овозможија поефикасно откривање и сузбивање на криминалните структури кои се занимаваат со недозволена трговија со дрога. ...
Денеска во Софија се одржа првиот состанок на работната група на Македонија и Бугарија, посветен на подготовка и реализација на изградбата на заедничкиот прекуграничен железнички тунел на Коридор 8. Согласно Договорот, со работна група претседаваа замениците министри за транспорт на двете земји. Од наша страна претседаваше заменик министерката за транспорт Калтрина Зеколи Шаќири, а од страна на Бугарија, заменик министерката Цвета Тимева. ...
На 29.07.2026 во 21:26 часот на автопат А1, кај клучка Смоквица, гевгелиско, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Гевгелија го лишија од слобода Ж.Д.(29) од Гевгелија. При контрола на патниот сообраќај со радар, полициските службеници констатирале дека Ж.Д. управува патничко возило „бмв“ со гевгелиски регистарски ознаки со брзина од 204 километри на час, на место каде со сообраќаен знак брзината на движење е ограничена на 120 километри ...
За пациентите со хронично бубрежно заболување, изборот на центар за дијализа е една од најважните одлуки што директно влијае врз нивното здравје, квалитетот на живот и секојдневното чувство на сигурност. Токму затоа, Нефро Плус претставува современ центар кој нуди врвна медицинска грижа, најсовремени услови и комплетна поддршка за пациентите – без никакви дополнителни трошоци. Она што многумина не го знаат е дека Нефро Плус има склучен ...
Територијата на Македонија на ден четврток 30 јули ќе се наоѓа под влијание на топол и сув бран од југ, односно од Африка и истиот ќе услови да имаме сончево и многу топло време со појава на мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Наутро температурите во Македонија ќе се спуштаат во интервалот од 11 до 21 степен, а максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 31 до 39 степени. Во Скопје и ...
Денеска (29.07.2026), во периодот од 07.00 до 12.00 часот, спроведена е акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоците поврзани со непропуштање возила со првенство на минување. При контролата преземени се вкупно 43 мерки за овој вид сообраќаен прекршок. За време на акцијата санкционирани се и 123 други видови сообраќајни прекршоци. Министерството за внатрешни работи продолжува со засилените ...
На 29.07.2026 во 01:30 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар ги лишија од слобода Г.Ј.(44) од село Топлица и А.А.(46) од селото Чегране поради основано сомневање дека сториле кривично дело „мачење животни“. Претходниот ден околу 23:45 часот на влез во селото Топлица, полициски службеници од Полициското одделение Галате затекнале група граѓани и кучиња со видливи повреди и крварења од борба. Според пријавеното, лицата претходно се ...
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, денеска, одговарајќи на новинарско прашање во однос на обвинувањата од страна на опозицијата дека Владата ништо не направила во врска со Гостивар, изјави: „Видете, тоа го поставува прашање или обвинувањата ги адресира човекот на којшто живи луѓе му гореа во модуларната болница во Тетово. Човекот којшто ќе остане забележан како рекордер по бројот на починати за време ...
По извршените анализи на ЈЗУ „Центар за јавно здравје Охрид“ од изворите во селата Елшани и Велестово, донесено е решение со кое се забранува водата да се користи за пиење. Лабораториските анализи покажеле присуство на Е.coli и Колиформни бактерии. Се задолжуваат месните заедници во Елшани и Велестово да постават јасно и видливо предупредување дека ВОДАТА НЕ Е ЗА ПИЕЊЕ. По извршените анализи на ЈЗУ „Центар за јавно здравје Охрид“ од изворите ...
Со особена чест ве поканувам заедно и достоинствено да го одбележиме 2-ри Август – Денот на Републиката. Илинден е повеќе од празник. Тој е вечен потсетник на храброста, достоинството и непокорот на македонскиот народ, но и наша обврска да ги чуваме вредностите што ни ги оставија илинденците. Нека е за многу години големиот празник и нека им е вечен споменот на големите херои! Со особена чест ве поканувам заедно и достоинствено да го ...
Малку соседни земји на Украина се толку погодени од руските воздушни напади како Романија. Од февруари 2022 година, 34 руски беспилотни летала и неколку руски ракети го нарушиле романскиот воздушен простор. Повеќето инциденти, вкупно 19, се регистрирани во текот на тековнава 2026 година. Во повеќе наврати руски дронови експлодирале над или на романска територија. Најтешкиот инцидент се случи на 29 мај 2026 година: тој ден руски дрон удри во ...
Силен земјотрес со јачина од 7,1 степени го потресе островот Кјушу во југозападниот дел на Јапонија. Според првичните извештаи, повредени се десетици лица. Како што објави јапонската телевизија НХК, противпожарните служби примиле голем број повици за итна помош. Јапонската премиерка Санае Такаичи изјави дека има извештаи за повредени лица, урнати згради и пожари. Во околу 48.000 домаќинства во префектурата Кумамото, која е најтешко погодена, ...
Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека изминатиов период е забележана појава на фишинг напади кои се изведуваат преку лажни СМС пораки, електронски пораки, веб-страници, мобилни апликации и пораки на социјалните мрежи. Лажните пораки наводно пристигнуваат од Оддел за моторни возила како известување од системот „Безбеден град“ и во истите е наведен лажен линк преку кој се пренасочуваат граѓаните да извршат уплата за ...
Во текот на вчерашниот ден (27.07.2026) во периодот од 17.00 до 22.00 часот спроведена е акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли и лесни електрични возила, при што санкционирани се 178 возачи. Од нив, 156 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 13 возачи се лишени од слобода поради сторено кривично дело по член 297-а од Кривичниот ...