Скопје
9ᴼ /
9ᴼ
Врз основа на член 36 од Законот за локална самоуправа (,,Сл.весник на РМ“ бр.5/02), член 11, 12 и 306 став 2 од Законот за социјална заштита (,,Сл.весник на РМ” бр.79/09, 36/11, 51/11, 166/12, 15/13, 79/13, 164/13, 187/13, 38/14, 44/14, 116/14, 180/14, 33/15, 72/15, 104/15, 150/15, 173/15, 192/15, 30/16, 163/17 и 51/18), програмата за социјална и здравствена заштита на општина Охрид за 2025 година како и Одлуката за спроведување на мерки за ...
Ве информираме дека сите државни патишта се проодни и безбедни за сообраќај. Сообраќајот се одвива непречено, но поради врнежите од снег се препорачува внимателно возење. Екипите на ЈП Македонија пат се целосно екипирани, ставена е на располагање потребната механизација и работна сила и во континуитет на терен се врши расчистување на снегот. Во соработка со ЈП за државни патишта и Министерство за транспорт се вршат координирани активности ...
Изминатите два дена (19/20.01.2026) како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 1026 издадени платни налози, 150 прекршоци се однесуваат на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење. Лишени од слобода за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик биле пет лица, сите за возење под ...
На 20.01.2026 во 20:10 часот, полициски службеници од Полициското одделение Ростуше го лишија од слобода А.Ј.(49) од село Присојница, општина Маврово и Ростуше, поради сомнение за сторено кривично дело „примање поткуп“ по член 357 од Кривичниот законик. Според пријавеното од Н.А. од село Калиште, општина Врапчиште, А.Ј. – вработен во Основен суд Гостивар, го контактирал неговиот пријател С.М. од Гостивар и му понудил за сума од 100 евра да ...
На 20.01.2026 во 12:35 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишија од слобода Д.Л.(25) од Радовиш. Врз основа на судска наредба извршен е претрес во неговиот дом, при што се пронајдени повеќе различни пакувања со марихуана и дигитална вага со остатоци од марихуана. Лицето е задржано во Полициската станица Радовиш и за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш. По ...
Центарот за управување со кризи апелира до граѓаните да патуваат внимателно во текот на денешниот ден, ако тоа е неопходно, со доволно гориво во резервоарите, а секако и со соодветна зимска опрема за возилата на повисоките места и планинските превои, бидејќи е можно да се формираат навеви од снег и патните правци во одреден временски период да бидат непроодни на повисоките делници. Потсетуваме дека луѓето кои живеат во повисоките места ...
Поради врнежи од снег на патниот правец Гостивар-Кичево преку планинскиот превој Стража од 07.45 часот се воведува забрана за сообраќај за тешки товварни возила. Забрана за камиони има и на планинските превои Ѓавато, Пресека, крак Маврово – Дебар и Струга – ГП Ќафасан, соопштија ЈП Македонијапат и АМСМ. Поради врнежи од снег на патниот правец Гостивар-Кичево преку планинскиот превој Стража од 07.45 часот се воведува забрана за сообраќај ...
Американскиот претседател Доналд Трамп веќе беше на пат кон Светскиот економски форум во Давос, кога претседателскиот авион Ер Форс Уан мораше да се врати на воениот аеродром во близината на Вашингтон. Причината беше мали електрични проблеми на авионот, објасни портпаролката на Трамп. Потоа Трамп се префрли во резервен авион и сега е повторно на пат, со задоцнување од околу два и пол часа. „Средбата во Давос ќе биде многу интересна“, најави ...
Во 08.25 часот укината е забраната за сообраќај на ТМВ на планинскиот превој Ѓавато на патниот правец Битола-Ресен. ЗАБРАНА: Забрана за тешки товарни возила има на планинските превои: Стража, Плетвар, Пресека,Маврово-Дебар-Струга и ГП Ќафасан. СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. ЗИМСКА ОПРЕМА: Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во телевизиско гостување истакна дека перцепцијата на граѓаните за работата на Министерството за внатрешни работи, особено во делот на борбата против корупцијата, бележи двоцифрен пораст, што, како што нагласи, е директен резултат на засилените активности и резултатите што МВР ги остварува во изминатите година и пол до две. Презентирајќи компаративни податоци за кривични дела од областа на ...
Од ова утро 21 Јануари 2026 среда како што најавив во минатите мои метео објави од југозапад во Македонија се прошируваат пообилни врнежи кои се најмногу од снег и токму во Македонија започна формирање, зголемување и проширување на снежната покривка. Токму ова е поради влијанието на циклонската активност во Медитеранот и влажниот воздушен бран кој е поврзан со ладен воздух од север и од североисток на Европскиот Континент. На метеоролошката ...
Горд сум на граѓаните затоа што имаме драстично намалување на бројот на жртви во сообраќајни несреќи во Скопје откако почна пробниот период на “Безбеден град”, рече министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во вечерашното гостување во дневникот на телевизија Сител. “Сакам да им се заблагодарам на граѓаните затоа што докажаа дека без казни успеаја бројот на загинати да го намалат од 11 на два смртни случаи во периодот декември-јануари, ...
Цените на бензините и на дизелот од ноќеска на полноќ ќе се зголемат за 1,5 и за 2 денари, соопшти Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ). Од 21.1.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 72,00 (денари/литар) Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 74,00 (денари/литар) Дизел гориво ...
Европратениците на 20 јануари се согласија да го одложат ратификувањето на клучниот трговски договор со Соединетите Американски Држави по заканите на претседателот Доналд Трамп за нови царини поради Гренланд, соопштија главните политички групи во Европарламентот во Стразбур. Предупредувачкиот удар од Европскиот парламент доаѓа во време кога 27-члениот блок размислува колку силно да возврати ако Трамп продолжи со најавеното против ...
Со победа од 24 наспроти 23 голови македонската ракометна репрезентација ја победи противничката екипа на Романија со што ја заврши групната фаза од Европското првенство. Победеничкиот гол во последната секунда го даде Ненад Костески. Ова беше прва победа на македонската репрезентација на шампионатот, со што во моментов имаат освени три бода, кои ќе донесат пол-позиција пред ждрепката за Светското првенство 2027 година. Пласман во наредната ...
Во случајот со судијата Ристов, осомничен е и поранешниот државен правобранител, кој како адвокат барал пари за да го подмити судијата. Екс државниот правобранител беше приведен во декември, а случајот се најде на листата „матни“ настани кои, според Транспаренси Интернешнл – Македонија, го одбележале месецот. Кривичниот суд му одреди мерка куќен притвор и одземање на пасош на осомничениот судија од Апелацискиот суд Скопје Ѓоко Ристов. Овие ...
Како дел од чествувањата и обичаите поврзани со празникот Свети Јован Крстител, денеска во месноста „Сараиште“ во Охрид се одржа манифестација „Денот на рибарите“. Беше извршено традиционално капење во водите на Охридското Езеро, а на бројните присутни им беше послужена греана ракија, пача и плашици. За забавната програма на настанот беа задолжени естрадeните уметници од „Охридскиот музички еснаф“. Како дел од чествувањата и обичаите ...
Министерството за внатрешни работи, Секторот за сообраќајни работи и Мобилната единица за безбедност на патниот сообраќај веднаш презеде соодветни оперативни мерки и активности по објавено видео на социјалните мрежи на кое се гледа лице кое управува патничко моторно возило со брзина од 293 километри на час на автопатот Скопје–Гевгелија, во близина на Неготино, каде максимално дозволената брзина е 120 км/ч. По преземените дејствија, лицето ...
Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека изминатиов период е забележана појава на фишинг напади кои се изведуваат преку лажни СМС пораки, електронски пораки, веб-страници и пораки на социјалните мрежи. Лажните пораки наводно пристигнуваат од Оддел за моторни возила како известување од системот „Безбеден град“ и во истите е наведен лажен линк преку кој се пренасочуваат граѓаните да извршат уплата за наводен сообраќаен ...
По точно една година од почетокот на вториот мандат на американскиот претседател Доналд Трамп, односите меѓу Германија и САД претрпеа драматични и длабоки промени. Ескалацијата околу Гренланд, која се заканува да го наруши суверенитетот на Данска, сè повеќе го загрозува и партнерството внатре во НАТО. Европски отпор и заострување на трговскиот конфликт Тензиите меѓу европските сојузници и САД секојдневно се продлабочуваат. Трамп неодамна ги ...
На 19.01.2026 во 21:00 часот во Скопје, на територија на Кисела Вода, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишија од слобода А.Г. (37) од Скопје. Полициските службеници на бул. „Борис Трајковски“ запреле патничко возило „шкода“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Г. и при преглед пронајден е пиштол со две рамки за пиштолот со 41 куршуми. По документирање на случајот, против А.Г. ќе биде ...
Претседателот на Бугарија, Румен Радев, поднесе оставка од функцијата. Ова тој го соопшти во вонредно телевизиско обраќање во понеделникот, најавувајќи дека официјално оставката ќе ја достави следниот ден, во вторник. Ваквата вест доаѓа во време на чести коментари во јавноста дека претседателот се подготвува да ја предводи својата партија, со која ќе се кандидира на претстојните предвремени парламентарни избори. За време на својот говор, тој ...
Под влијание на циклонска активност и на влажна воздушна маса од Медитеранот која ќе биде поврзана со ладен воздух од север и од североисток на Европскиот Континент, ноќта вторник кон среда и во среда на 21 Јануари во Македонија од југозапад ќе се прошират врнежи кои ќе бидат најмногу од снег и тие особено во јужните и во западните предели ќе бидат пообилни каде очекувам формирање и проширување на снежната покривка а на високите и на ...
Најмалку 39 лица загинаа, а 152 други се повредени откако брз воз излета од шините и се судри со друг воз што доаѓаше од спротивната насока во јужна Шпанија, објави државната телевизија RTVE во понеделникот, повикувајќи се на полициски извори. Несреќата се случила во недела во 19:45 часот во близина на Адамуз во покраината Кордоба, околу 360 километри од Мадрид. Сообраќањето на повеќе од 200 возови помеѓу Мадрид и јужниот регион Андалузија – ...
Тензиите меѓу САД и Иран остануваат високи додека тврдокорната власт во Техеран ја обновува непријателската реторика и им заканува на антивладините демонстранти со „најстроги казни“, вклучително и потенцијални егзекуции. Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан – претходно сметан од многумина за релативно умерен меѓу иранските владетели – во неделата предупреди дека нападот врз врховниот лидер на земјата, ајатолахот Али Хамнеи, ќе доведе до ...
Парите беа пронајдени во семејниот дом на родителите на судијата. Оваа акција е продолжение на истрагата од декември кога беше уапсен адвокат кој барал пари од осомничено лице за да даде поткуп и да влијае кај апелационен судија. Судија од Апелациониот суд во Скопје е осомничен за „противправно стекнување и прикривање имот“ во истрага што ја води Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција. Станува збор за судија ...
За Северна Македонија се предвидени вкупно 750 милиони евра, доколку Владата успешно се придржува до домашните реформи кои самата ги ветила пред европските институции. До сега од ЕУ во македонскиот буџет се слеале помалку од една третина од предвидените. Ако ја споредиме Северна Македонија со студент кој сака да вклопи во Европската Унија, тогаш европскиот План за раст може да се спореди со стипендија која ја финансира Европската комисија. ...
Европската комисија има контрамерки на располагање доколку американската администрација ги спроведе своите закани и воведе дополнителни царини за поединечни земји-членки на ЕУ, изјави во понеделник портпаролот на Комисијата, Олоф Гил. Но, исто така, тој нагласи дека европските институции се „воздржани“ и се залагаат за консултации. „Имаме средства на располагање и сме подготвени да ги искористиме за да ги заштитиме нашите економски ...
Златото и среброто достигнаа рекордни вредности во понеделник, додека повеќето берзи забележаа откако американскиот претседател Доналд Трамп ги оживеа стравувањата од трговска војна со ЕУ, заканувајќи се на неколку европски земји со царини поради нивното противење на купувањето на Гренланд од САД. Трамп ги разгоре геополитичките тензии овој месец со тоа што инсистира дека Вашингтон ќе ја преземе контролата врз автономниот дански остров, ...
Заменик министерот за образование и наука, Лулзим Алиу денеска преку социјалните мрежи соопшти дека поднел неотповиклива оставка од функцијата. Алиу оставката ја поднел до претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, а ја сподели во објава на својот Фејсбук-профил. Тој посочува дека оставката доаѓа како одраз на негова лична и професионална анализа, нагласувајќи дека ценел дека во овој период е најсоодветно да го продолжи својот придонес во ...