
Скопје
25ᴼ /
25ᴼ



Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до сите македонски граѓани кои се наоѓаат на териториите на земјите од Блискиот Исток да ги следат националните портали за итни случаи и да постапуваат согласно со упатствата на надлежните институции во овие земји. Од Министерството апелираат и македонските граѓани да се воздржат од патувања кон земјите од овој регион, сè до подобрување на безбедносната состојба. Во врска со ...
Топлиот бран од Африка во нашата Република Македонија засилува на интензитет, и со најголем интензитет ќе биде од утре (среда до петок 25/27 јуни). Во овие денови температурите ќе бидат највисоки и ќе се искачуваат во интервалот од 32 до 40 степени. Во Скопје и околината температурата ќе се искачи до околу 39/40 степени. УВ ИНДЕКСОТ ќе има екстремно висока вредност и ќе изнесува коефициент 9. Токму поради ова, апелирам граѓаните без потреба да ...
Иран денеска (23 јуни) соопшти дека ги нападнал американските сили стационирани во катарската воздухопловна база Ал Удеид – пренесе АП. Со објава на државната телевизија е наведено дека тоа е „моќен и успешен одговор на вооружените сили на Иран на американската агресија“. Катар пак, соопшти дека дека го задржува правото да одговори директно, согласно со меѓународното право откако Иран ја погоди американската воена база Ал Удеид во Доха како ...
Муниција произведена во одбранбените претпријатија во Србија, се праќа кон земјите на НАТО во интерес на Украина за обликување комплетни сетови на делови за монтажа – соопшти прес службата на руската Служба за надворешно разузнавање. „Ова му овозможува на Киев формално да прими производи на воената индустрија кои веќе не се српски, туку се монтираат во фабриките за оружје во западните земји. Монтажата и полнењето на муницијата пред сѐ, се врши ...
Во секој еден ден од овие изминати 365 дена, не заборавив во ниту еден момент од каде доаѓам, и со каква чест располагам, и каква одговорост имам да не ги разочарам македонските граѓани. Секој почеток е тежок. Секој нов почеток е уште потежок, затоа што наследуваш веќе стекната состојба и како што народот вели, не почнуваш од нула, туку од минус. И повторно градиш темели, одново поставуваш столбови и ги засилуваш носечките кои дотогаш биле ...
Од викендов на двонеделна рехабилитација во одморалиштето на МВР на Пониква се наоѓа првата група од 45 повредени лица од пожарот во клубот „Пулс“. Со нив работат лекари специјалисти од Клиниката за пластична хирургија од Скопје, како и физиотерапевти од Кочани и Штип, кои им овозможуваат соодветна медицинска нега и физиотерапевтска терапија. „Престојот на повредените им годи. Превентивно носат долги ракави, заштитени се, не излегуваат преку ...
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека за утре е потврдена евакуација на четири лица, односно едно семејство (мајка и три деца). Местата се обезбедени преку израелското министерството за транспорт на Израел, во рамки на организираните летови кои се користат за евакуација на странски државјани од Израел. Летот е планиран од Тел Авив до Атина. „Согласно оваа, како и претходната евакуација реализирана со владин ...
ОВР Кавадарци до Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе кривична пријава против А.А.(26), Ш.А.(30), Е.А.(23), М.А.(22), Р.А.(18) и Г.А.(21), сите од село Марена, кавадаречко, поради постоење основи за сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 и против С.В.(37) со привремен престој во Струмица и А.Ш.(43) од Струмица поради постоење основи за сомнение за сторено кривично дело „прикривање“ по член 261 од Кривичниот ...
Во пресрет на локалните избори наесен партијата Демократска обнова на Македонија (ДОМ) објави дека излегува од досегашната коалиција со СДСМ и во иднина ќе делува независно на македонската политичка сцена. Стратегиската определба на партијата е создавање на нова “Зелена коалиција” во партнерство со граѓански организации. Промените ги донел Централниот одбор на ДОМ, со цел да се постави нова програмска насока ориентирана кон развој на еколошки, ...
Северна Македонија има двојно помалку пожарникари од законски предвидените норми, а се провлекува и проблемот со недостиг на опрема и возила. „Во моментот во земјата имаме помалку од 400 пожарникари во сите единици на противпожарна заштита, иако согласно закон бројот треба да биде поголем од 800“, вели извршната директорка на Заедницата на единиците на локална самоуправа (ЗЕЛС), Душица Перишиќ. Според неа, законот е јасен – на 1.500 жители во ...
Под слоганот „Доаѓа времето на Македонија! Ги градиме темелите на промените“ во 20 часот ќе се одржи настан по повод една година од Владата, на којшто отчет за сработеното ќе даде премиерот Христијан Мицкоски. Во пресрет на отчетот, премиерот најави дека е сработено многу, но дека „најдоброто допрва доаѓа“. Опозицискиот СДСМ, пак, за време на викендот организираше трибина наречена „Македонија понижена – една година Влада“, на којашто партиски ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп, денес изјави дека никој не треба да ги зголемува цените на нафтата и нагласи дека ја следи ситуацијата, а апелираше и до Министерството за енергетика на САД да продолжи со потрагата по сопствени нафтени ресурси. „Сите, држете ги цените на нафтата ниски. Јас ве гледам! Не сфаќате дека она што го правите му користи на непријателот. Не го правете тоа“, напиша Трамп на мрежата Truth Social, со големи букви. Во ...
Институтот за јавно здравје на Република Северна Македонија упати јавен апел за почитување на мерките за заштита од високи температури, по најавата на УХМР за пораст на температурите од 24 до 27 јуни 2025 година. Според прогнозите, се очекува многу топло време кое може да влијае на здравјето на општата популација, особено на ранливите категории граѓани. Препораки за работодавачите: Ранливи категории се сметаат лицата кои работат на отворено или ...
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,00 % во однос на одлуката од 20.06.2025 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 6,182%, кај дизелот за ...
Со богата програма и низа активности од едукативен, спортски и културен карактер денеска во Охрид беше одбележан Денот на Охридското Езеро. Програмата беше реализирана со цел да се истакне важноста на заштитата на овој природен бисер и да се подигне јавната свест за потребата од негово одржливо користење. Во организација на Регионален зелен центар, на брод во водите на Охридското Езеро се одржа панел-дискусијата на тема „Дали навистина ги ...
Утринскиот шпиц денес е тивок, и покрај фактот што неколку патишта се затворени поради самитот на НАТО. Во најпрометното време, имаше сообраќаен метеж од повеќе од 200 километри. Rijkswaterstaat очекуваше густ утрински шпиц, бидејќи поголем сообраќај на пренасочените патишта ќе доведе до повеќе дефекти и несреќи. Според Rijkswaterstaat, густиот шпиц може да предизвика сообраќаен метеж до 500 километри на националните автопати. Тоа воопшто не ...
Остварив работна средба со Амбасадорката на Литванија во Република Македонија, Н. Е. Вилма Дамбраускиене. На средбата стана збор за начинот на функционирање на локалната власт, капиталните проекти, а акцент се стави на туризмот како главна економска дејност во Охрид. Беше истакнато дека на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“ постојано се воведуваат нови дирекни авио линии кон бројни светски дестинации, а градов станува попристапен ...
Рачно ткаени килими и теписи, собрани еден по еден од различни региони на Турција, се послани на полињата во областа Дошемеалти во Анталија, јавува Анадолу. Во Дошемеалти, област позната по килими што рачно се ткаени на оригинални разбои и се бојосуваат со природни бои добиени од растенија, летото донесува поинаква живост. Килимите и теписите собрани од различни делови на Анадолија се перат, сушат и потоа се поправаат. Теписите и килимите се ...
Драматични воздушни снимки од остров во Грција, пожарот е надвор од контрола. Евакуација на населението во тек. Пожарникарите сè уште се борат со пламените јазици за да ги стават под контрола пожарите што избувнаа вчера околу пладне на островот Хиос. Нешто пред 9 часот утрово, преку системот 112 беше испратена предупредувачка порака за областа Дафнон, додека нешто порано, околу 6 часот, беше наредена евакуација на населението од зоната за одмор ...
Потрошувачите во Германија се уште поскептични во врска со нивната економска состојба отколку што беа пред една година. Во анкета спроведена од Boston Consulting Group (BCG), 62 проценти од луѓето во Германија рекле дека ја гледаат економската состојба како негативна. Тоа е десет проценти повеќе од минатата година. Уште поскептични проценки имаше во Европа, на пример во Франција и Велика Британија – со над 70 проценти во секоја од овие две ...
Според Министерството за здравство, 22 лица биле убиени во самоубиствен напад во христијанска црква во главниот град на Сирија, Дамаск. Уште 63 лица биле повредени во експлозијата во црквата Мар Елијас. Ова беше прв напад од ваков вид во Сирија по повеќе години. Првично, ниедна група не ја презеде одговорноста, но според Министерството за внатрешни работи, сторителот припаѓал на терористичката група на таканаречената Исламска држава (ИС), која ...
Територијата на нашата Република Македонија од денес (понеделник 23 јуни па се до петок 27 јуни) ќе биде под влијание на засилен топол бран од Африка и истиот ќе услови многу топло и сончево време со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Што се однесува до температурите тие ќе бидат многу високи, а особено високи температури ќр имаме од среда до петок кога максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од ...
Одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да изврши напад врз Иран претставува и опасност и можност за рускиот претседател Владимир Путин: Нападите го погодија стратешкиот партнер на Москва, но може да отворат потенцијална врата за дипломатската важност на Русија. По американските напади на клучните јазли на иранскиот нуклеарен комплекс, Техеран се свртува кон Москва. Иранскиот министер за надворешни работи Абас Аракчи во неделата ...
Во областа на Ормутскиот теснец се регистрираат сериозни пречки на GPS сигналот, што создава голема главоболка за сите бродови што минуваат низ овој важен теснец. Иако слични пречки се пријавени уште од почетокот на израелско-иранската војна, денот по нападот на САД врз нуклеарните постројки на Иран, GPS блокирањето дополнително се интензивираше. Овие податоци доаѓаат во екот на најавите на иранските власти дека како одмазда целосно ќе го ...
Експерт за пластична хирургија утре ќе ги посети повредените од пожарот од Кочани кои се на рехабилитација во Пониква за да види какви потреби имаат и како ќе може да им се помогне – најави денеска (22 јуни) министерот за здравство, Азир Алиу. „Таму 45 граѓани се дел од таа програма во Пониква. Имаме пет вработени, двајца лекари и три медицински сестри. Имаме програма која е во тек од сабота. Денеска на пример таму температурата е фантастична ...
Премиерот, Христијан Мицкоски тврди дека деновиве добил „вознемирувачки информации за една силна активност на одредени политичари во Брисел“. „Очекувам силна порака од Европскиот парламент за македонскиот идентитет и за македонскиот јазик. Успеавме да го амортизираме ударот, којшто повторно некој сакаше да го нанесе врз македонскиот идентитет и јазик“, истакна Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања при пуштањето во употреба на ...
До 11-ти или 12-ти јули ќе биде пуштена во употреба делницата од Врбјани до Охрид, со прекин кај Ботун, каде што појасни има големи косини кои треба да се санираат, со што, првите 40 километри од автопатот Кичево-Охрид ќе бидат пуштени во употреба следниот месец, најави вечерва за Тв Сител директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Коце Трајановски. – Граѓаните, туристите, сите оние кои доаѓаат, возат, во Охрид или се враќаат оттаму ...
На 22.06.2025 година во 04.35 часот во водите на Охридското езеро, полициски службеници од полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“, од слобода го лишија албанскиот државјанин К.С.(47). Поради постоење основи на сомнение за „Илегално преминување на државната граница“ и „Незаконит риболов“, него, судија на претходна постапка при основниот суд во Охрид, му одреди мерка „Краткотраен притвор’. При вршење патролни контролни активности ...
Рускиот претседател Владимир Путин денес изјави дека е потребно Украина да се врати во државата во која земјата ја прогласи својата независност – неутрален и неврзан статус на држава која нема нуклеарно оружје. „Неопходно е да се вратиме таму каде што започна украинската државност, имено на она што беше напишано во Декларацијата за независност“, рече Путин во интервју за Скај њуз Арабија, кое беше емитувано во саботата, пренесува ТАСС. Властите ...
По денешното повторно затворање на воздушниот простор на Израел и аеродромот „Бен Гурион“ во Тел Авив, сите летови кон и од Израел беа откажани. Се очекува обновување на летовите во текот на денот, во зависност од безбедносната состојба, велат од македонското МНР. „Согласно информациите добиени од Амбасадата на Република Северна Македонија во Тел Авив, во моментов вкупно 11 македонски државјани чекаат евакуација со лет од Тел Авив. Истата би ...