На 17.09.2025 во 18:30 часот во Градски гробишта Бутел, полициски службеници од СВР Скопје – Полициската станица Чаир поради сомнение за сторено кривично дело по член 236 од Кривичниот законик ги лишија од слобода О.Ш.(49), М.Ш.(22), Љ.Ф.А.(26) и З.Р.(26), сите од Скопје. Во возилото „пежо“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал З.Р., а останатите се сопатници е пронајдена и одземена бронзена биста со две човечки тела во седечка ...

Секторот за внатрешни работи Куманово во соработка со Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР, до Основното јавно обвинителство Куманово, поднесе кривична пријава против М.П.(43) од Куманово, вработена во МВР – Одделение за управни работи Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ по член 353, против Ф.Т. (29) од Куманово, ...

На 17.09.2025 во 21:15 часот во СВР Велес, 74-годишен маж од општина Чашка пријави дека бил измамен од едно лице за сума од 14.000 евра. Според пријавеното, лицето му се јавило на телефон и му кажало дека неговата ќерка има направено сообраќајна несреќа и дека треба да плати за да ѝ биде направена операција. Како што е пријавено, откако се договориле, парите ги однел на договореното место, по што ја слушнал ќерка си и сфатил дека бил измамен. ...

Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев денес и утре присуствува на регионална конференција на ИНТЕРПОЛ која се одржува во Глобалниот комплекс на иновации на ИНТЕРПОЛ во Сингапур. Директорот Јанев оствари повеќе билатерални средби со високи претставници од азиските држави како и со раководството на Генералниот секретаријат и Извршниот комитет на ИНТЕРПОЛ. „Со соговорниците разговаравме за унапредување на полициската соработка ...

Со децении, повеќето големи американски технолошки компании и инвеститори го избегнуваа Пентагон. Некои беа одвратени од лавиринтот на договорните правила, оставајќи го поголемиот дел од работата на гиганти како „Локид Мартин“ и „РТИКС“. Други имаа проблеми со етичките прашања за производство на оружје и системи за надзор. Сепак, целосната инвазија на Русија во Украина, конфликтот меѓу Израел и Хамас, кој САД и ЕУ го сметаат за терористичка ...

Основниот кривичен суд Скопје ја прогласи за виновна поранешната директорка на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Лидија Димова за кривичното дело злоупотреба на службена положба и овластување и ја осуди на казна затвор од две години. Димова треба да плати и судски паушал од 10 илјади денари и да ги покрие судските трошоци, како и во рок од шест месеци треба да ја надомести и штетата од 22,7 милиони денари на ...

Прес-конференција на членот на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски: „Почитувани, Мојсоска од Левица додека ги напаѓа колегите пратеници за патни трошоци, си инкасирала над 600 илјади денари за 4 години од Левица. Лицемерието на Мојсоска и Левица не престанува, тие се тотално демаскирани. Продаваат скромност и неподмитливост пред народот, а позади нивниот грб ги полнат сопствените џебови. Мојсоска додека во Собрание ги напаѓа колегите зошто ...

Царинските службеници на граничниот премин „Стење“ на македонско-албанската граница, заедно со граничната полиција, спречиле обид за шверц на златен накит во вредност од 346 000 денари (околу 5 600 евра). Како што информираат од Царинската управа, патникот, инаку македонски државјанин, се обидел да го внесе накитот, без да го пријави кај надлежните служби. „Поради сомневање, царинските службеници извршиле детална контрола на возилото со кое ...

Владата преку Министерството за транспорт реализира сет мерки за подобрување на инфраструктурта во општините со што ја подигнува безбедноста во сообраќајот и го унапредува квалитетот на живот. Во меѓувреме креираме и нов Правилник за проектирање и изградба на велосипедска инфраструктура во општините, истакна потпретседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски на конференцијата посветена на подобрување на урабниот транспорт. ...

Руските музичари не беа добредојдени на сцената на натпреварот за песна на Евровизија откако Москва ја започна својата инвазија на Украина во 2022 година, но Русија се осигурува дека тие имаат место каде што ќе го покажат својот талент во програма проткаена со носталгија по Студената војна. Русија го оживува „Интервижн“, натпревар за песни од советската ера, некогаш наменет да и се спротистави на Евровизија. Организаторите велат дека најмалку ...

Денес сме собрани со исклучително важна цел – да потврдиме дека реформите не се само зборови во програма, туку дела што се гледаат и чувствуваат. Нема модерна држава без модерна администрација. Нема напредна економија без функционален јавен сектор. Нема доверба во институциите без професионални, одговорни и мотивирани службеници. Претходната влада ја остави администрацијата демотивирана, со нарушена доверба, со луѓе кои се чувствуваа оставени ...

На 17.09.2025 во 18:30 часот на ул.„8 Септември” во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија до слобода В.Г.(19) од Битола. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници запреле патничко возило „сеат”со битолски регистарски ознаки, управувано од В.Г., при што е констатирано дека го управувал со брзина од 104 километри на час во населено место каде што брзината е ограничена на 50 километри на час. По документирање на ...

На 17.09.2025 во 17:30 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода двајца малолетници на возраст од 12 години и еден 14-годишник, сите од Скопје. Околу 17.00 часот во угостителски објект на подрачјето на Центар тие одзеле пари и побегнале, но набргу биле пристигнати од двајца вработени во објектот. Притоа, еден од малолетниците им се заканил и се обидел да ги нападне со остар предмет. Парите и ...

На 16.09.2025 во 14:00 часот на наплатна станица „Преод“ на автопатот Скопје-Штип, полициски службеници од ОВР Свети Николе и ОВР Кочани ги лишија од слобода А.М.(26) и Б.Д.(25), двајцата од Кочани: При преглед кај нив и во патничкото возило „сеат“ со винички регистарски ознаки, во кое се превезувале, пронајдени и одземени се бела грутчеста материја и пари во различни апоени. Известен е јавен обвинител и двајцата се изведенни пред судија на ...

На 17.09.2025 во 19:30 часот на Граничен премин Табановце, полициски службеници ги лишија од слобода К.С.Г.(40) и Ј.С.(32), двајцата од Сојузна Република Германија. Претходно, при гранични проверки извршени се и контроли во нивните возила, при што во возилото кампер „фиат капрон“ со швајцарски национлани ознаки, кое го управувал К.С.Г., пронајдени и одземени се марихуана, 36 таблети, 189 капсули и дробилка. Додека, во возилото „фолксваген ...

Европската Унија во среда го откри својот најстрог план досега за притисок врз Израел да ја прекине војната во Појасот Газа, каде што Палестинците се принудени да бегаат од тенкови, беспилотни летала и израелски трупи кои напредуваат подлабоко во крајбрежната енклава разорена од војна. Каја Калас, шефицата за надворешна политика на ЕУ, ги повика 27-те земји-членки да ги зголемат царините за одредени израелски производи и да воведат санкции врз ...

Невообичани ладни утра за овој период од годината со потпросечни температури на воздухот се пред нас, а преку денот ќе имаме многу сонце и ведро време без никаква облачност. Наутро температурите во најголем дел од Македонија ќе се спуштаат под 10 степени, локално и под 5 степени а на високите и на планинските места температурите ќе се спуштаат близу 0 степени, со што е можна појава на слаб мраз и на слана. Токму ова е поради влијанието на ...

Сопругата на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, Јулија изјави дека лабораториската анализа на шверцувани биолошки примероци покажала дека тој бил убиен со труење додека бил затворен во арктичкиот затвор во февруари 2024 година. Навални, најголемиот критичар на претседателот Владимир Путин со години, почина во мистериозни околности додека отслужуваше 19-годишна затворска казна по низа обвиненија што се сметаат за одмазда за неговата ...

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ја предупреди палестинската милитантна организација Хамас да не ги повредува заложниците што ги киднапираше. САД и ЕУ ја прогласија Хамас за терористичка организација. „Ако повредат барем влакно од главата на еден заложник, ќе ги ловиме со поголема сила до крајот на нивниот живот и тој крај ќе дојде многу побрзо отколку што мислат“, го цитираa Нетанјаху, израелските медиуми. Според медиумските извештаи, ...

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, пристигна во Велика Британија на својата втора државна посета, која започна со формален пречек во замокот Виндзор. Посетата е обележана со раскошни церемонии, најстроги безбедносни мерки и протести. Трамп и првата дама Меланија беа пречекани во Виндзор од кралот Чарлс и кралицата Камила. Во поворката со кочии низ кралскиот имот, со нив се возеа принцот Вилијам и принцезата Катерина, ...

По години кратења на својот воен буџет, Данска ќе набави прецизно оружје со долг дострел, за да се спротивстави на заканата што ја претставува Русија за Европа, дури и кога немаше непосреден ризик од напад врз нордиската земја, изјави премиерката Мете Фредериксен. Данска оваа година го зголеми својот воен буџет за да се справи со акутните недостатоци по целосната инвазија на Украина од страна на Русија во 2022 година. „Нема сомнение дека Русија ...

Основното јавно обвинителство Струга денеска поднесе обвинителен предлог против струшкиот градоначалник Рамис Мерко. Тој е осомничен дека од 1 април 2021 година до 27 јуни 2022 година како градоначалник ги пречекорил службените овластувања и склучил договор за изведување на осветлувањето на дел од речното корито на Црн Дрим, без претходно да обезбеди водостопанска согласност од Министерството за животна средина и просторно планирање. „Со тоа ...

На 16.09.2025 на регионален пат помеѓу селата Сарај и Петралинци, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода С.В.(59) од село Дабиле, струмичко. Тој се сомничи дека околу 19:00 часот подметнал пожар на арско ѓубре во нива помеѓу селата Дабиле и Петралинци, сопственост на В.С.. Од екипа на Територијалната противпожарна единица Струмица пожарот е изгаснат, а повредени лица нема. С.В. е задржан во Полициската станица ...

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, ја најави иницијативата за побрзо прекинување на целиот европски увоз на нафта и гас од Русија, по разговорите со американскиот претседател Доналд Трамп. „Руската воена економија го финансира крвопролевањето во Украина и се одржува со приходите од продажбата на фосилни горива“, напиша Фон дер Лајен на социјалните мрежи. За да се заврши ова, Европската комисија ќе предложи да се ...

Ако има еден збор што ви паѓа на ум кога ќе чуете „државна посета“, тоа веројатно е „протокол“. Особено кога станува збор за Виндзорската куќа, чиј истоимен замок е местото каде што кралот Чарлс Трети ќе го угости американскиот претседател Доналд Трамп за време на неговата втора државна посета на Обединетото Кралство. Поради реновирање, овојпат позлатените сали на Бакингемската палата се затворени. Вообичаено, на американските претседатели кои ...

Поради брз продор на ладен воздух од север, утре и задутре (среда и четврток 17/18 септември) во нашата Република Македонија ќе дува засилен, повремено силен ветер од северен правец (повремено и локално со брзина од над 60 км/час). Времето ќе биде претежно стабилно и суво, а само утре (среда 17 септември) ќе има малку повеќе облачност и ќе има услови за сосема слаб локален дожд. И во Скопје и околината во погоре споменатиот период ќе дува ...

Европската Унија (ЕУ) останува загрижена за владеењето на правото во земјите-кандидатки, иако има опиплив напредок во оваа област, изјави европската комесарка за проширување Марта Кос на 16 септември. „Продолжува мешањето во судските постапки, притисокот врз службените лица кои истражуваат корупција и политизацијата на медиумските регулаторни тела, што е неприфатливо“, рече Кос пред новинарите на конференцијата на Советот за општи работи на ЕУ, ...

Институтот за јавно здравје изврши вонредно испитување во засегнатото подрачје и во неделата (14.09.25) беа земени примероци, мостри од страна на професионален експертски тим од ИЈЗ за испитување на радиоактивност во вода, почва и воздух како и примероци за испитување на тешки метали во почва, земја и испитување на тешки метали во вода. „Во текот на вчерашниот ден (15.09.25) ИЈЗ извести дека според резултатите и направените анализи, во земените ...

Во Шпанија проектот за електрични автобуси без возач во јавниот превоз за првпат започна во главниот град Мадрид, известува Анадолу. Првото тест-возење на електрични автобуси без возач се одржа во паркинг-зоната Каса де Кампо во градот, како дел од проектот што го започна автономната влада на Мадрид за поддршка на нови еколошки и одржливи мерки за јавен превоз за време на „Европската недела на мобилност“, што се одржува од 16 до 22 септември. ...

Убиената Росица Коцева од Велес, во Основното јавно обвинителство во Велес, неколку дена пред да биде убиена дала исказ во која ја опишала последната средба со насилниот Илија Стефановски. Таа изјавила дека кога сакала да излезе од неговото возило тој и се заканил со зборовите: „Или ќе бидеш моја, или ќе бидеш мртва“. Кога пристигнале во Скопје тој продолжил да ја малтретира Коцева, ја удирал по телото, па и се заканувал. Како што е познато во ...

weather icon

Скопје

11ᴼ / 11ᴼ
2.57
76%
1023
weather icon

Белград

6ᴼ / 6ᴼ
2.06
82%
1024
weather icon

Загреб

8ᴼ / 3ᴼ
1.03
78%
1024
weather icon

Софија

8ᴼ / 8ᴼ
1.54
93%
1023
weather icon

Сараево

11ᴼ / 11ᴼ
1.92
77%
1024
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 2ᴼ
0.51
86%
1024
weather icon

Атина

17ᴼ / 15ᴼ
7.72
84%
1017
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
0.0
87%
1019
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
2.57
62%
1021
weather icon

Букурешт

11ᴼ / 9ᴼ
1.03
82%
1025
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 7ᴼ
1.79
80%
1025
weather icon

Истанбул

15ᴼ / 15ᴼ
4.12
94%
1020
Currency

61.53

Currency

53.5432

Currency

69.8134

Currency

34.869

Currency

37.9335

Currency

66.0382

Currency

7.50983

Currency

0.65819

Currency

0.34762

Currency

0.52431

Currency

0.60355

Currency

1.27209