Обвинителството во извештајот за 2024 година регистрира зголемување на бројот на убиства и други кривични дела за околу 10 отсто во сппоредба со претходната година. Зголемен бил обемот на работа на јавните обвинителства во текот на 2024 година, покажува Годишниот извештај за работата на обвинителствата. Во текот на 2024 година основните јавни обвинителства постапувале против вкупно 37.255 сторители од кои новопримени биле пријави против вкупно ...

Министерството за образование и наука објави Конкурс за доделување 50 студентски стипендии за македонско потекло кои живеат во Албанија, Бугарија, Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија, Косово, Турција, Романија, Црна Гора и Грција. Врз основа член 51 од Законот за студентски стандард („Службен весник на Република Македонија” бр. 15/13, 120/13, 41/14, 146/15, 30/16, 178/16, 64/18, 20/19 и „Службен весник на Република Македонија” бр. ...

Пратениците во Европскиот парламент во вторникот побараа забрана за наплатување на мал рачен багаж од страна на авиокомпаниите – предлог кој наиде на остро противење од воздухопловниот сектор. Транспортниот комитет на Европскиот парламент усвои предлог со кој на патниците би им било дозволено да понесат еден личен предмет во кабината – како чанта или ранец – и еден рачен багаж со тежина до седум килограми, без дополнителна наплата. Целта на ...

За Марк Руте, самитот е тест. Генералниот секретар на НАТО не сакаше ништо да остави на случајот; тој работеше кон исходот со месеци и преговараше за секој детаљ со 32-те членки на Алијансата. Кратко пред големиот состанок на Алијансата во Хаг, успехот изгледаше сигурен: договорот дека секоја земја во иднина ќе инвестира пет проценти од својата економска моќ во одбраната. Руте обврската ја нарекува „квантен скок“ – амбициозен, секако, но ...

Премиерот Христијан Мицкоски по усвојувањето на извештајот на Томас Вајц во Комитетот за надворешни работи (АФЕТ) на Европскиот парламент е задоволен што е помината „првата препрека“ и најавува жестока битка во наредните две недели, со оглед на тоа дека извештајот се очекува на пленарна седница да биде ставен меѓу 7 и 11 јули. „Знаеме дека беше жестока борбата за да се помине оваа прва пречка, која што не би требала да постои, ако ги слушате ...

По пауза од две години на културната понуда во Охрид повторно се враќа Првиот професионален Охридски детски хор „Бамбино“ во склоп на проектот „Културата расте со децата“ поддржан од Општина Охрид. Талентирани деца на возраст од 6 до 14 години во просториите на Младинскиот центар во Охрид секоја среда, почнувајќи од 2 јули во периодот од 19:00 до 21:00 часот ќе имаат можност да бидат дел од Охридскиот детски хор „Бамбино“, под уметничко ...

Известувачот на Европскиот парламент за Северна Македонија, Томас Вајц изрази задоволство од политичката поддршка за неговиот извештај за Северна Македонија. Предлогот за додавање на зборот „модерен” или современ пред македонскиот јазик беше отфрлен, но извештајот ќе се гласа на пленарна седница во јули. Во атмосфера на жестоки реакции меѓу македонските и бугарските политичари, Комитетот за надворешни работи (АФЕТ) на Европскиот парламент, ...

Судењето против Зоран Јованов, татко на Васил Јованов – младиот возач кој во јануари годинава ја усмрти 22-годишната Фросина Кулакова на булевар „Партизански Одреди“ – е одложено за 3 септември 2025 година. Рочиштето кое требаше да се одржи денеска не започна поради отсуство на обвинетиот. Како што појасни судијката Снежана Марковска, поканата до Јованов не била уредно доставена, а судот не добил потврда дека тој лично ја примил. 4news.mk ...

Мајката на претепаното четиригодишно девојче од Драчево од страна на нејзиниот татко, објави видео од нападот. Таа предмалку сподели и фотографии на кои се гледаат модринки и раскрвавени рани кај девојчето, за кои вели дека се од друг инцидент, кој не можела да го докаже, затоа што не постоело видео. Зарем вакво детство заслужува едно дете? Без причина, само затоа што има болни умови и не размислуваат во моментот, нашле да покажуваат сила на ...

По повеќе од една година подготовки денеска во Хаг официјално започнува самитот на НАТО. Тоа е првпат од основањето на воената алијанса во 1949 година, Холандија да го организира самитот. Најголемата безбедносна операција досега во Холандија со себе носи многу впечатливи бројки и факти. 1. Претставници Околу 150 достоинственици доаѓаат во Хаг, од шефови на држави и владини лидери до министри од повеќе од четириесет земји. Вкупно доаѓаат ...

Две лица загинаа во Берлин поради невремето што беснее низ главниот град на Германија. Ова го соопштија од противпожарната бригада. Двете жртви биле убиени од паѓање дрвја. Едно лице загинало кога дрво паднало врз автомобил во движење, јави информативната програма Тагесшау. И на друго место во градот, дрво паднало врз автомобил, при што загинала една жена. Неколку лица се повредени, некои потешко. Велосипедист завршил под дрво и е тешко ...

Повеќе од 40 луѓе загинаа во напад на болница во Судан минатата сабота, објави Светската здравствена организација (СЗО). Меѓу жртвите има шест деца и пет здравствени работници. Нападот беше во близина на линијата на фронтот меѓу суданската армија и паравоената група Сили за брза поддршка (РСФ) во јужната држава Западен Кордофан. Двете партии се борат за власт во Судан од 2023 година. Директорот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус ги повика ...

Денеска официјално започнува самитот на НАТО. Шефовите на влади, вклучително и претседателот Трамп, ќе дојдат во Хаг во наредните часови. Утре е најважниот ден, бидејќи 32-та шефови на влади и шефови на држави ќе се сретнат во Северноатлантскиот совет. Но, денес на програмата се и неколку важни состаноци. Генералниот секретар Руте ќе одржи говор на Јавниот форум околу 10:00 часот. Во текот на овие два дена шефови на влади, министри, експерти и ...

Самитот на НАТО беше официјално отворен со интервју со генералниот секретар Руте во Јавниот форум. Руте ги пречека сите во Хаг, а потоа одговараше на прашања на граѓани од различни земји на НАТО. Руте во своите одговори ги допре најважните теми на самитот и постојано потенцираше колку е силна и обединета алијансата, но и дека треба да се потрошат многу повеќе пари за одбраната. Според Руте, земјите од НАТО не треба да се грижат дали САД ќе ...

Од денеска сум во дводневна работна посета на Франција каде е придвидено да остварам низа економски и политички средби на кои ќе се разговара за унапредување на билатералните односи и економската соработка меѓу двете земји, како и можните инфраструктурни проекти Утрово во Париз имав одличен состанок Брис Рокфеј, Директор за Континентална Европа во Министерство за Европа и за надворешни работи. Продолжуваме со многу интензивна агенда во интерес ...

Додека Комисијата за заштита на конкуренцијата одлучува дали ќе ги казни маркетите за картелско здружување, не се знае дали и како потрошувачите ќе добијат отштета што пазареле по договорени цени. Колективни тужби не се предвидени, а и да ги има би било претешко да се докаже штетата од маркетите, смета Организацијата на потрошувачи. Комисијата за заштита на конкуренцијата се уште не знае дали ќе ги казни маркетите „осомничени“ за картелско ...

На 24.06.2025 во 04.00 часот во с.Слепче, демирхисарско, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи при ОВР Демир Хисар го лишиле од слобода В.П.(67) од с.Слепче. При претрес во неговиот дом и помошни простории во селото, извршен со наредба од Основен суд Битола, биле пронајдени еден пиштол, три пушки, 143 куршуми различен калибар,рамки за куршуми, документи и други предмети за кои постои сомнение дека ...

Упатувам искрени честитки до сите наши сограѓани од заедницата на Балканските Египќани по повод 24 јуни – Меѓународниот ден на Балканските Египќани. Нека овој празник биде потсетник дека различностите не прават посилни и побогати. Вашата традиција и култура се важен дел од духот на Охрид и се вградени цврсто во мултикултурниот мозаик на македонското општество. И во иднина, како и до сега, да продолжиме да го негуваме нашето пријателство и ...

Денеска на средба со раководството на Факултетот за безбедност – Скопје разговаравме за продлабочување на партнерството меѓу академската заедница и Министерството за внатрешни работи, насочено кон јакнење на институционалните капацитети и унапредување на полициската професија. Со новиот Закон за внатрешни работи ќе се овозможи законска основа за вработување на студенти од високообразовни институции со кои МВР има потпишано договор за соработка. ...

Во 2024 година значително е намален бројот на случаи во кои биле користени посебни истражни мерки – од 87 случаи во 2023 на само 35. Но, бројките покажуваат дека мерките биле далеку поопфатни и поефикасни. Според најновиот извештај на Јавното обвинителство, со мерките биле опфатени 363 лица со утврден идентитет, 8 лица со неутврден идентитет, како и 163 предмети на кривично дело, што претставува зголемување за 75% кај предметите во однос на ...

Во текот на минатата недела, царинските службеници открија неколку обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани цигари, фалсификувана стока, дрон, регистарска табличка и документи за камп-приколка. Во два одделни случаи на граничните премини Богородица и Дојран запленети се 22 штеки цигари без акцизни маркички. Во првиот случај запленети се 12 штеки цигари при контрола на камион-цистерна кој се пријавил за влез во државава ...

На 23.06.2025 во 19.50 часот во Пробиштип, полициски службеници од Полициската станица Пробиштип ги лишиле од слобода Ј.Ј.(39) и П.Ј.(68), двајцата од Пробиштип. При претрес во нивниот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени бела грутчеста материја, куршуми со калибар 7,62 мм и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна ...

Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска треба да започне судскиот процес против Зоран Јованов, татко на Васил Јованов, кој во јануари годинава ја усмрти 22-годишната Фросина Кулакова на булевар „Партизански Одреди“ во Скопје. Обвинителството го товари Зоран Јованов за кривично дело предизвикување општа опасност, со образложение дека во подолг временски период – од ноември 2022 до јануари 2025 година – му дозволувал на својот син да управува ...

Денес Европскиот парламент во Комитетот за надворешни работи со широко мнозинство го усвои извештајот за напредокот на Македонија. Предлогот беше донесен од европратеникот и известувач за Македонија, Томас Вајц. Тој во својата изјава кажуваа дека е горд на упорната работа и одржување на добриот моментум. – Денес го усвоивме првиот извештај за Македонија од 2022 година во Комитетот за надворешни работи. Горд сум на целата напорна работа што беше ...

Израел и Иран денес официјално потврдија дека го прифатиле договорот за примирје предложен од американскиот претседател Доналд Трамп, со цел да се стави крај на 12-дневната израелско-иранска војна. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека неговата земја се согласила на прекин на огнот со Иран во координација со американскиот претседател Трамп. „Израел ќе одговори силно на секое кршење на прекинот на огнот“, рече Нетанјаху. Нетанјаху ...

Европскиот совет за плаќања (ЕПС) ги впиша првите четири банки од нашата земја – станува збор за три големи и една средна банка – во регистарот на учесници во шемата за кредитни трансфери на СЕПА. Овој важен чекор е резултат на успешно поднесени барања од страна на овие банки, а со тоа официјално започнува и членувањето на нашата земја во СЕПА. Овие банки ќе започнат со вршење на кредитните трансфери во СЕПА од 6 октомври 2025 година. Се ...

Зголемувањето на издатоците за одбрана во Европа е главното барање на американскиот претседател Доналд Трамп уште од првиот ден. Оваа цел стана потенцијално прифатлива за речиси сите земји-членки на НАТО благодарение на моќта на убедување на генералниот секретар Марк Руте, особено откако Германија, најголемата европска економија, застана зад таквата цел. Функционери на НАТО за ДВ наведуваат дека Трамп треба да постигне победа, но и „да се ...

Американскиот претседател Доналд Трамп објави на својата социјална мрежа Truth Social дека е договорено примирје меѓу Израел и Иран. „ЧЕСТИТКИ НА СИТЕ! Израел и Иран целосно се согласија дека ќе има целосен и апсолутен ПРЕКИН НА ОГАНОТ (за приближно 6 часа од сега, кога Израел и Иран ќе ги завршат своите тековни, последни мисии!)… Официјално, Иран ќе започне ПРЕКИН НА ОГАНОТ и по 12 часот Израел ќе се придружи на ПРЕКИНОТ НА ОГАНОТ, а по 24 ...

Неговото Блаженство г. Јован Х, Патријарх Антиохијски на целиот Исток Ваше Блаженство, Со неизмерна болка и длабока душевна тага ја примивме веста за ужасниот терористички напад кој се случи на 22. 06. 2025 г, во храмот „Свети Илија“ во Дамаск, во кој животот го загубија многубројни православни христијани. Сторениот стравотен злочин ги потресе не само христијаните во светот, туку и сите луѓе со љубов и добра волја. Осудувајќи го ваквиот ...

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до сите македонски граѓани кои се наоѓаат на териториите на земјите од Блискиот Исток да ги следат националните портали за итни случаи и да постапуваат согласно со упатствата на надлежните институции во овие земји. Од Министерството апелираат и македонските граѓани да се воздржат од патувања кон земјите од овој регион, сè до подобрување на безбедносната состојба. Во врска со ...

weather icon

Скопје

31ᴼ / 31ᴼ
2.06
29%
1016
weather icon

Белград

31ᴼ / 29ᴼ
2.57
44%
1016
weather icon

Загреб

30ᴼ / 30ᴼ
0.51
45%
1017
weather icon

Софија

26ᴼ / 26ᴼ
2.57
36%
1018
weather icon

Сараево

30ᴼ / 30ᴼ
3.03
23%
1016
weather icon

Љубљана

26ᴼ / 26ᴼ
0.29
76%
1019
weather icon

Атина

31ᴼ / 30ᴼ
7.72
35%
1013
weather icon

Тирана

27ᴼ / 27ᴼ
2.06
47%
1015
weather icon

Подгорица

36ᴼ / 36ᴼ
0.51
20%
1014
weather icon

Букурешт

32ᴼ / 30ᴼ
1.54
34%
1018
weather icon

Будимпешта

32ᴼ / 29ᴼ
4.12
41%
1018
weather icon

Истанбул

27ᴼ / 26ᴼ
8.75
100%
1017
Currency

61.5

Currency

52.8334

Currency

71.0408

Currency

34.4801

Currency

38.4145

Currency

65.3538

Currency

7.35687

Currency

0.66541

Currency

0.35742

Currency

0.52499

Currency

1.29923

Currency

0.60326