Во првите четири дена од месец ноември во сообраќајни несреќи на територија на државата животот го загубија шест лица. Од почетокот на оваа година заклучно со октомври регистрирани се 115 жртви. Во текот на минатата година регистрирани се 142 жртви во сообраќајни несреќи. Тоа не се само бројки – тоа се нечиј син, нечија мајка, сопруг, дете. Нечиј деца остануваат без родители и обратно родители остануваат без своите деца. Овој, без дилема, ...

Денеска (06.11.2025) на регионалниот пат кон с.Тројаци, прилепско, полициски службеници од ОВР Прилеп и РЦ за ГР – Југ го лишија од слобода И.Н.(48) од Прилеп затоа што бил затекнат во патничко возило „фолксваген пасат” со скопски регистарски ознаки, натоварено со нежигосано огневно дрво. Исто така, на регионалниот пат кон с.Тројаци, од слобода е лишен и А.А.(23) од Прилеп поради сомнение за кражба на огревни дрва. Во неговото патничко возило ...

Премиерот Христијан Мицкоски го оцени најновиот извештај на Европската комисија за напредокот на земјата кон Европската Унија како генерално позитивен, но не се согласува со делот каде се наведува дека некои земји се пред Македонија. „Ние сме многу пред Албанија кога ќе се анализира состојбата на државите – кој е спремен, кој не е. Објективно, Црна Гора е прва, потоа сме ние и Србија, а потоа следуваат Албанија, БиХ, Косово“, изјави Мицкоски, ...

Создавањето подобри и побезбедни услови за нашите деца е еден од моите највисоки приоритети. ‎ ‎Денес го посетив објектот „Росица“ на детската градинка „Јасна Ристеска“, каде што направив увид на реконструктивните зафати што се реализираа во текот на изминатиот период. ‎ ‎Реализирани се следните активности: ‎ -реконструкција на подовите во занималните и холот, ‎-целосно молерисување во сите занимални, ходници и хол, ‎-поставени се нови плакари ...

Македонија и Бугарија ги дефинираат активностите и меѓусебните обврски за изградба на меѓуграничниот железнички тунел на Коридорот 8 со Договорот што го потпишаа денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и неговиот бугарски колега Гроздан Караџов, на железничката станица Ѓуешево. Како што јави известувачот на МИА, Договорот за подготовка, изградба и оперативност на тунелот, што ќе биде меѓугранична точка на двете држави ...

На 05.11.2025 во 14:50 часот на булевар „Трета македонска ударна бригада“ во Куманово, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Куманово ја лишија од слобода И.А.(35) од Куманово. При контрола на патниот сообраќај со радар констатирано е дека И.А. управувала патничко возило „бмв“ со брзина од 92 километри на час во населено место каде што дозволената брзина е 40 километри на час. По целосно ...

Во Словенија, на 11 ноември стапува на сила целосна забрана за трајно врзување кучиња. Ова значи дека сопствениците повеќе нема да имаат право да ги држат кучињата на ланец, јаже или било каква друга форма на врзување што го ограничува нивното слободно движење. Новата регулатива предвидува високи казни, а за прекршување на забраната, сопствениците се соочуваат со казна до 1.600 евра. Според новите правила, кучињата мора да имаат ограден простор ...

Пред нас е нова поголема промена на временската состојба. Под влијание на серија на влажни воздушни бранови од Медитеранот, од оваа ноќ па се до вторник (11 ноември) во нашата Република Македонија ќе имаме нови повремени локални врнежи од дожд кои повремено и локално ќе бидат обилни и поројни и проследени со појава на грмежи и со засилен ветер од јужен правец. И во Скопје и околината со оваа серија на влажни воздушни бранови од Медитеранот ќе ...

Хрватска ќе нарача 18 хаубици Цезар (Caesar) од Франција за 320 милиони евра како дел од програмата за модернизација на своите вооружени сили, соопшти денеска хрватското Министерство за одбрана. Се очекува нарачката, која е одобрена од Одборот за одбрана на хрватскиот Парламент, официјално да биде потпишана во декември, по формалното одобрение од Владата, соопшти Министерството. Финансирањето ќе биде обезбедено од Програмата за одбранбени ...

Мислам дека не е фер Северна Македонија да се става во истиот кош со Србија и Босна и Херцеговина, кога станува збор за напредокот на европскиот пат, изјави за МИА словенечката европратеничка Ирена Јовева. – Морам да кажам дека Црна Гора и Албанија, а посебно Црна Гора, реално или најреално навистина е најнапред од регионот во однос на реформите и напредокот. Иако не би сакала да испадне дека ја критикувам еврокомесарката Марта Кос или ...

Македонија доби најлош извештај од ЕУ во последните 10 години, оцени лидерот на СДСМ, Венко Филипче, коментирајќи го најновиот извештај на Европската Комисија за напредокот на Македонија кон ЕУ. Регионот, според него, оди сериозно напред, а земјата ризикува да остане слепо црево на Балканот. Младите ја гледаат состојбата и иднината ја бараат надвор, порача Филипче. Сериозен аларм Претседателот на СДСМ смета дека Извештајот на Европската ...

Делегација на Министерството за внатрешни работи, предводена од помошник-министерот во Одделот за граѓански работи, Јован Алтанџиев, учествуваше на Регионалната работилница за хармонизација на законодавството во областа на оружјето и експлозивните материи со европското законодавство, која се одржа во Брисел, во организација на SEESAC и со поддршка на Европската комисија. Целта на работилницата е усогласување на националните прописи со ...

Гоце Тодоровски откри детали од приватниот живот кои наидоа на многу остри критики. Популарниот глумец гостуваше во поткастот на Стефан Лазаров, а многумина беа непријатно изненадени од неговите признанија за неверства и размислувања за односот со сопругата. Најкоментирани се неговите изјави дека имал многу швалерки и дека се гледал со повеќе други жени за време на 50-годишниот брак со сопругата Тања со која има две деца, синот Гоце и ќерката ...

Германија го забрани муслиманското здружение Интерактив и ќе го конфискува неговиот имот, додека претреси се вршат и во две други исламски здруженија, објави денеска Министерството за внатрешни работи. Седум згради беа претресени во Хамбург од раните утрински часови, додека 12 згради поврзани со здруженијата Генерација Ислам и Реалност Ислам беа претресени во Берлин и покраината Хесен како дел од прелиминарните истраги. „Ќе одговориме со полна ...

Поддржувачите на владејачката Српска напредна партија (СНС) денеска се собраа во импровизиран шаторски камп пред Народното собрание во Белград. Во исто време, во близина се собраа граѓани кои ја поддржуваат Дијана Хрка, која штрајкува со глад барајќи гонење на одговорните за трагедијата во Нови Сад. Околу српскиот Парламент е поставен полициски кордон. Од кампот на поддржувачите на владата одекнуваат националистички песни. Граѓаните кои ја ...

Според најновите макроекономски проекции на Народната банка за периодот 2025–2028 година, економијата ќе продолжи со стабилен раст и отпорност, додека инфлацијата постепено ќе се приближува кон историскиот просек. Гувернерот Трајко Славески на денешната прес-конференција изјави дека за 2025 година се очекува раст на економијата од 3,5 отсто, а во периодот 2026–2028 тој би забрзал на околу 4 проценти. „Макроекономската слика за домашната ...

Европската Комисија даде осудувачка оценка за напредокот на Грузија кон приклучувањето кон Европската Унија, обвинувајќи ја за „сериозно демократско уназадување“ што ја остави кавкаската нација како кандидат за членство „само формално“. Во годишниот извештај за напредокот за 10 земји-кандидатки објавен на 4 ноември, комисијата забележува владини репресии врз политичките противници и промена на политиката што се чини дека е наклонета кон Москва, ...

Колегиумот на Јавното обвинителство за организиран криминал во Србија на 4 ноември објави дека српскиот претседател Александар Вучиќ се обидел да „врши несоодветно и неовластено влијание врз ова обвинителство“ во јавно појавување претходниот ден. Со оваа изјава, обвинителството реагираше на гостувањето на српскиот претседател во емисијата „Kирилица на Миломир Мариќ“ емитувана на 3 ноември на телевизијата Прва. За време на тоа појавување, Вучиќ ...

До денеска претпладне (5 ноември) до Државната изборна комисија (ДИК) се поднесени 16 приговори за постапката за сумирање и утврдување на резултатите од вториот круг од локалните избори, што се одржа во неделата на 2 ноември. Рокот за поднесување на приговори завршува денеска во 16:30 часот односно 48 часа по објавувањето на првичните резултати од изборите. Приговори поднеле Хаким Рамадани поддржан од Влен (ВРЕДИ) за постапката за сумирање и ...

Од македонското Министерството за образование велат дека се фокусираат на дискусија за квалитетот на образованието, а за облекувањето на учениците како што велат, одлучуваат училиштата преку усвоен дрес код. -Законската регулатива во образованието во Македонија не го ограничува носењето на хиџаб во училиштата и до овој момент не е иницирана дискусија за промена на законите. Облекувањто на учениците и наставниците за време на настава го ...

Додека претседателката на Мексико, Клаудија Шејнбаум, се сретнуваше со граѓани во Мексико Сити, еден маж ненадејно пристапи зад неа и се обиде да ја бакне во образ и да ја допре за градите. Обезбедувањето веднаш интервенираше и го оддалечи напаѓачот. На видеоснимката се гледа како Шејнбаум мирно реагира, велејќи „Не грижете се“, додека го одбива нападот и продолжува да се насмевнува. Претседателката редовно влегува меѓу граѓаните, се ракува и ...

Со преброени над 97 отсто од гласовите, 34-годишниот кандидат обезбеди недостижна предност, објавија неколку американски медиуми, повикувајќи се на податоци од Изборната комисија на Њујорк. Неофицијалните резултати на веб-страницата на Комисијата покажуваат дека Мамдани освоил 50,4 отсто од гласовите, поранешниот демократски гувернер Ендрју Куомо 41,6 отсто, а републиканецот Куртис Слива 7,1 отсто, со помалку од 3 отсто од гласовите што ...

Трагедија синоќа ја потресе БиХ откако најмалку девет лица загинаа во катастрофален пораз во дом за пензионери во Тузла, пренесува „Аваз“. Министерството за внатрешни работи на Тузланскиот кантон потврди дека сите расположиви екипи се испратени на местото на настанот. Пожарникарите сè уште го гаснат пожарот. Околу 22 часот, тој бил пријавен, потврди Полициската управа на МУП на Тузланскиот кантон. Според последните информации, најмалку пет лица ...

Во нашата Република Македонија следува преодно стабилизирање на времето. Веќе од петок (7 ноември) па се до понеделник (10 ноември) нашата Македонија ќе биде под влијание на нов влажен воздушен бран од Медитеранот и истиот ќе условува да имаме нови повремени врнежи од дожд кои локално ќе бидат обилни и поројни и проследени со појава на грмежи како и со засилен јужен ветер. И во Скопје и околината исто така во погоре споменатиот период ќе имаме ...

Европската комисија ги објави извештаите за напредокот на Северна Македонија и другите земји кандидатки во процесот на пристапување во ЕУ. Во кусиот осврт на еврокомесарката за проширување Марта Кос за земјава беше истакнато дека уставните измени остануваат пречка на патот кон ЕУ. „Северна Македонија не презеде одлучни чекори да напредува во процесот на пристапните преговори во изминатата година. Таа мора да ги донесе уставните измени согласно ...

Денеска околу 17:00 часот пријавена е сообраќајна незгода помеѓу две патнички возила на патот А1 Прилеп – Росоман во близина на с. Радобил. Од несреќата пет лица се здобиле со повреди, од кои три се пренесени во болница во Прилеп, а две во болница во Кавадарци, а лекар констатирал смрт кај две лица. Од 18:00 часот сообраќајот е се одвива по една коловозна лента со наизменично пропуштање на возилата. Со детали соодветно ќе ја известиме јавноста ...

Поранешниот американски потпретседател Дик Чејни почина на 84-годишна возраст, објавија американските медиуми во вторник, 4 ноември, повикувајќи се на соопштение од неговото семејство. Чејни беше 46-ти потпретседател, кој служеше за време на републиканскиот претседател Џорџ В. Буш во два мандата помеѓу 2001 и 2009 година. Тој беше помошник во Белата куќа и во мандатот на Ричард Никсон, шеф на кабинетот во времето на Џералд Форд, секретар за ...

Наследник на Изет Меџити, кој доби градоначалнички мандат на општина Чаир, ќе биде Беким Сали, потврди денеска на прес-конференција портпаролот на ВРЕДИ Дритон Сулејмани. – Ние веќе функционираме како ВРЕДИ и досегашните министри кои беа министри на ВРЕДИ а не на одделни политички партии, така и ќе продолжиме. Како што има најавено Меџити негов наследник на позицијата прв вицепремиер ќе биде Беким Сали, додека за министер за животна средина и ...

Израел ги префрли телата на 45 Палестинци во Појасот Газа, во вторник (4 ноември)потврди портпаролката на Меѓународниот комитет на Црвениот крст (МКЦК), велејќи дека тие помогнале во предавањето на вработените во властите контролирани од Хамас. Хамас е прогласена за терористичка организација од САД и ЕУ. Портпаролката рече дека ова следува еден ден по предавањето на останките на тројца израелски заложници. Израел и Хамас се согласиле за ...

Денеска (04.11.2025) во 10:00 часот на Граничен премин Меѓународен аеродром Скопје, на излез од државата, полициски службеници ги лишија од слобода Г.М. и К.М., двајцата од Република Турција. При гранични проверки и контрола било констатирано дека визите за Обединетото кралство, кои ги приложиле на увид, биле фалсификувани. Лицата се задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна ...

Повик

5 дена - МРТ
weather icon

Скопје

-1ᴼ / -1ᴼ
0.51
93%
1020
weather icon

Белград

4ᴼ / 3ᴼ
1.03
95%
1020
weather icon

Загреб

3ᴼ / 2ᴼ
2.06
93%
1019
weather icon

Софија

3ᴼ / 0ᴼ
1.54
67%
1021
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
0.69
96%
1020
weather icon

Љубљана

3ᴼ / 2ᴼ
0.51
99%
1019
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
3.09
80%
1016
weather icon

Тирана

1ᴼ / 1ᴼ
2.06
87%
1016
weather icon

Подгорица

1ᴼ / 1ᴼ
2.06
100%
1017
weather icon

Букурешт

3ᴼ / 2ᴼ
2.06
92%
1020
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 4ᴼ
1.03
93%
1020
weather icon

Истанбул

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
100%
1017
Currency

61.55

Currency

52.5458

Currency

70.3067

Currency

34.805

Currency

38.1047

Currency

66.0411

Currency

7.46486

Currency

0.65133

Currency

0.33317

Currency

0.52447

Currency

1.22957

Currency

0.58675

Цинк

3.04

Родиум

258813.51

Калај

43.93

Иридиум

145787.60

Злато

139515.92

Кобалт

58.42

Сребро

2159.30

Бакар

11.02

Алуминиум

2.95

Паладиум

54591.97

Рутениум

29192.88

Платина

64478.87