
Скопје
18ᴼ /
18ᴼ



Под влијание на плиткиот циклон кој е со центар над Туренско Море, во нашата Република Македонија ќе одржува многу нестабилно време со до петок (20 јуни). Времето ќе биде умерено облачно со сончеви периоди. Во попладневните и вечерните часови ќе се развиваат грмотевични конвективни облачни јадра од кои очекувам појава на поројни врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер во зоната на нестабилност. Поради загрената атмосфера која е исполнета со ...
На плажата Фулонг во Тајван започна Меѓународниот фестивал на уметност со песочни скулптури, каде што вниманието го привлече скулптура висока 2,5 метри инспирирана од популарниот анимиран филм „Тој Стори“, јавува Анадолу. На фестивалот, кој ќе трае до 30 септември, ќе бидат прикажани над 40 уметнички дела изработени од песок, посветени на ликовите од цртаните филмови на „Дизни“ и „Пиксар“, вклучително и Стич, Мики Маус и Тој Стори. Скулптурите ...
На 18.06.2025 во 10.00 часот на патот Прилеп-Крушево, кај место викано „Стопанство“, полициски службеници од ОВР Крушево го лишиле од слобода С.А.(20) од Скопје. При сообраќајна контрола и преземени мерки, полициските службеници констатирале дека С.А. управувал товарно возило „дачиа” со скопски регистарски ознаки со брзина од 121 километри на час на место каде што максималната дозволена брзина е 50 километри на час. Лицето било приведено во ...
Најновите податоци од Евростат, кој го мери индексот на цени, според куповната моќ, за Европската Унија и земјите-кандидатки, потврдува дека цените на храната во Албанија се повисоки од оние во земјите на ЕУ. -За првпат од 2005 година, кога Европската агенција за статистика почна да ги мери податоците, индексот на цените на храната и безалкохолните пијалоци во Албанија лесно го надмина нивото од 100% (100,1%), што значи дека цените на храната ...
Рускиот претседател Владимир Путин тврдеше дека е подготвен „да најде решение“ за неговата војна со Украина и потенцијално да се сретне со украинскиот лидер, дури и кога бројот на жртви од последниот напад на Русија врз Киев се искачи на 28 лица. „Треба да најдеме решение кое не само што ќе стави крај на сегашниот конфликт, туку и ќе создаде услови што ќе спречат повторување на слични ситуации на долг рок“, рече Путин на брифинг за странските ...
Владата на Република Македонија во денешното соопштение најави нов капитален проект со кои ќе бидат поставени фотоволтаични системи на околу педесетина училишта. „Владата континуирано работи на зголемување на енергетската ефикасност и искористувањето на обновливи извори на енергија. За таа цел на 50тина училишта ширум Македонија ќе се постават фотоволтаични системи во текот на летниот период. Министерството за образование и наука склучи договор ...
Брачен пар беше уапсен денеска во Солун, откако полицајците слушнале плач на бебе од балконот на станот на четвртиот кат за време на ноќната патрола. Истрагата утврдила дека родителите го оставиле своето 11-месечно бебе само на балконот во текот на ноќта, додека тие и уште три деца спиеле внатре, со затворена врата од балконот, објави „Катимерини“. Родителите, на возраст од 35 и 36 години, инаку бугарски државјани, беа изведени пред обвинител ...
По преземени мерки и активности, СВР Скопје – Единицата за насилен криминал, до ОЈО Скопје, поднесе кривична пријава по итна постапка по член 131 од Кривичниот законик против лицето Ф.С.(18) од Скопје. Имено, на 17.06.2025 околу 19.50 часот на ул.,,Цветан Димов” во Скопје, по кратка расправија во сообраќајот, настанала физичка пресметка помеѓу лицата Ф.С. и Р.С.(56) од една страна и 14-годишник од Скопје од друга страна, при што биле употребени ...
Иранскиот револуционерен лидер, ајатолахот Али Хамнеи, според државните медиуми, го отфрли барањето на американскиот претседател Доналд Трамп за безусловна капитулација. „Иранскиот народ е решен и ќе се спротивстави и на наметнатата војна и на наметнат мир“, порачал Хамнеи во телевизиско обраќање. Тој остро ги предупреди САД против воена интервенција во конфликтот. Ова би предизвикало „непоправлива штета. Народот нема да ја заборави крвта на ...
31-годишен државјанин на Северна Македонија бил приклештен меѓу бетонски ѕид и тешка градежна машина (радладер) и се здобил со тешки повреди, поради што со итна медицинска хеликоптерска служба бил пренесен во болница. Според полицијата, во понеделникот навечер, на 17 јуни, околу 19 часот, полициска патрола била повикана во едно претпријатие на територија на општината Едт. По пристигнувањето, полициските службеници затекнале тешко повреден ...
Средства во износ од 2.000.000 денари за изработка на идејно решение и почнување активности за изградба на спомен-обележје за починатите во пожарот во Кочани треба да се одбезбедат со Предлог-одлуката за прераспределба на средства помеѓу буџетските корисници на централната власт и помеѓу фондовите за 2025 година, што денеска доби поддршка од матичната собраниска комисија. Со предложената прераспределба на буџетски средства ќе се обезбедат и 600 ...
По преземени мерки и активности, СВР Скопје – Единицата за насилен криминал, до ОЈО Скопје, поднесе кривична пријава по итна постапка по член 131 од Кривичниот законик против лицето Ф.С.(18) од Скопје. Имено, на 17.06.2025 околу 19.50 часот на ул.,,Цветан Димов” во Скопје, по кратка расправија во сообраќајот, настанала физичка пресметка помеѓу лицата Ф.С. и Р.С.(56) од една страна и 14-годишник од Скопје од друга страна, при што биле употребени ...
Денеска (18.06.), претставници на Амбасадата на Сојузна Република Германија го посетија Граничниот премин „Ќафасан“, каде што, меѓу другото имаа средба со раководството на Регионалниот центар за гранични работи Запад на која што, покрај низа теми од граничното работење, се разговараше и околу работата на заедничките контакт центри со соседна Албанија, особено од аспект на нивната материјално-техничката опременост. Дополнително, посебен акцент ...
Денеска (18.06.) во СВР Велес, директорот на Бирото за јавна безбедност при МВР, Александар Јанев, одржа серија работни состаноци со раководството на овој Сектор за внатрешни работи, како и со претставници и одговорни лица од релевантни институции од областа на безбедноста во сообраќајот. Првенствено, работните средби беа фокусирани на унапредување на сообраќајната и општата безбедност во државата и регионот Велес, со посебен аналитички осврт ...
Модерен и иновативен центар за развивање креативни идеи, ќе добијат младите кои беа повредени во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, најави министерот за здравство, Азир Алиу на брифинг со новинарите. Целта на здравствените власти е преку отворањето на овој центар да им понудат помош на повредените, на тој начин што ќе создадат простор за нивна дружба и како што рече, реализација на проекти. Во недостиг на конкретни информации, новиот ...
Оценката на германскиот канцелар за вториот ден од самитот на Г7 звучеше доста охрабрувачки. Според Фридрих Мерц, самитот во Кананаскис, Канада, бил далеку поуспешен отколку што првично мислел – и покрај предвременото заминување на американскиот претседател поради ситуацијата на Блискиот Исток. А кога станува збор за построги западни санкции против Русија, Мерц смета и на наредните денови: „Се враќам во Германија со претпазлив оптимизам дека во ...
Српската криминалистичка полиција ја спроведува својата најголема антикорупциска операција досега, во рамки на која уапси сопственици на над 20 фиктивни компании, објави српската национална телевизија РТС. Полицијата ги уапси сопствениците и директорите на над 20 компании за кои вели дека преку симулирана работа со фиктивни компании се занимаваат „исклучиво со перење пари“, на вредност која се проценува на неколку стотици милиони динари ...
Бранителот на обвинетиот Влатко Кешишев, адвокат Игор Ефремов, денеска во Основен кривичен суд Скопје побара ослободителна пресуда за неговиот клиент во врска со убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, со образложение дека тој не само што не учествувал, туку ниту знаел, ниту имал намера тоа да се случи. Евентуална вина, како што посочи, може да сноси само за грабнувањето на Вања. – Од доставените и изведени материјални докази на кои се ...
Израелските воздухопловни сили со денови вршат еден напад по друг врз Иран. Посебно во визир им се иранските нуклеарни постројки. Израел се сомнева дека режимот во Техеран се обидува да развие нуклеарна бомба. Иранските власти го негираат тоа. Сепак, во последните години и децении, тие ги проширија нуклеарните постројки низ целата земја. Се претпоставува дека има неколку нуклеарни истражувачки комплекси, како и големи подземни објекти каде што ...
Три месеци по трагедијата во дискотеката „Пулс“ сѐ уште има угостителски објекти во Кочани кои работат спротивно на законските прописи и стандарди, загрозувајќи ја безбедноста на граѓаните. За ова алармираше в.д. градоначалникот на Кочани, Венко Крстевски кој поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство за узурпација на јавна површина и бесправна градба. На прес-конференција пред Обвинителството, Крстевски рече дека „на ...
Христина Младенов, позната како Христина Пан, не ја криеше тешката битка која ја војуваше нејзината мала ќеркичка. Со голема верба во Бог, поддршка од семејството и сила, малата Тара успеа да го победи ракот и по две години лекување конечно победнички заѕвони на ѕвончето во Детската клиника во Скопје. Видеото од овој среќен момент Христина го сподели на социјалните мрежи. View this post on Instagram A post shared by Hristina Pan (@hristinapan) ...
Шест лидери од Групата седум (Г7) разговараа за војната на Русија во Украина и конфликтот меѓу Израел и Иран, но не успеаја да постигнат големи договори за тие и многу други важни прашања, затворајќи го самитот што се обиде да покаже како овој клуб на богати земји може да продолжи да ја обликува глобалната политика и покрај предвременото заминување на американскиот претседател Доналд Трамп. На домаќинот на состанокот, канадскиот премиер Марк ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вчера и денес во Загреб учествува на министерска конференција во рамки на Салцбуршкиот форум кој е централно-европска владина платформа за мултилатерален дијалог и соработка за прашања во врска со внатрешната безбедност во која Македонија е дел од групата пријатели на оваа платформа. Министерот Тошковски се обрати на сесијата „Прекугранична соработка во справувањето со нелегалната миграција и ...
Измамниците фалсификуваат документи за да поднесат лажни барања до осигурениците за илјадници евра со ново оружје: компјутерски програми кои работат со вештачка интелигенција (АИ). На пример, измамниците создаваат лажна лекарска потврда која покажува дека празникот не може да се одржи, сметката за непостоечки градинарски сет што е оштетена или сметката за скршени дизајнерски очила е одеднаш многу повисока. „Измама со лажни документи отсекогаш ...
Деветгодишно момче загина во Антверпен откако во него удрил полициски автомобил. Се уште не е јасно како можела да се случи несреќата. Според белгиската телевизија ВРТ, несреќата се случила во близина на училиште. Полицијата била „на пат на задача по приоритет“, потврдија од полицијата за ВРТ. Според радиодифузерот, тоа значи дека возилото во принцип имало вклучено сирена и трепкачки светла. Итната помош се обидела да го реанимира момчето, но ...
Ве информираме дека во недела, на 22.06.2025 година, на реката Радика, во организација на Македонската риболовна федерација, ќе се одржат две кола од Државната мушичарска лига на Македонија. 📍 Локации и термини на натпреварите: 🕖 Прво коло: од 07:00 до 11:00 часот ▶️ Од влив на Мала Река до 300 метри над Скудрински мост 🕐 Второ коло: од 13:00 до 16:00 часот ▶️ Од Криви Мост надолу до Сенечки Ливади ⚠️Поради одржување на натпреварите, на ...
Вулканот Левотоби Лаки-Лаки, лоциран во источниот дел на Нуса Тенгара во Индонезија, еруптираше вчера, исфрлајќи пепел до 11 километри надморска височина, јавува Анадолу. Сместен на туристичкиот остров Флорес, овој вулкан доби зголемување на нивото на тревога на највисокото – четврто ниво – уште во понеделникот, според Центарот за вулканологија и ублажување на геолошки опасности на Индонезија. Јоханес Коли Соривутун, од набљудувачката станица ...
Утрово автоматски е исклучен Термоблокот 2 во РЕК Битола од електроенергетскиот систем, откако се активирал заштитниот механизам поради зголемена температура и пожар на дрвени елементи во близина на ормарот за електронско управување, соопшти АД ЕСМ. Од компанијата информираат дека веднаш по инцидентот реагирале надлежните служби на РЕК Битола, следејќи ги оперативните протоколи, бидејќи постои сомнеж за потенцијална саботажа. За настанот е ...
Дел од родителите на починатите во трагедијата во Кочани се жалат дека извесен период на социјалните мрежи добиваат пораки со закани и недолични содржини, а дел од тие пораки и јавно ги објавија. Со случајот е запознат и секторот за внатрешни работи. Оттаму информираат дека секторот за компјутерски криминал во МВР нема добиено пријава, а по допрен глас од добиени информации од јавноста, интензивно презема дејствија за испитување на наводите и ...
На 17.06.2025 во 23.41 часот во Штип и во 19.54 часот во Берово, полициски службеници од СВР Штип и од ОВР Берово ги лишиле од слобода Х.П.(32) од Штип и В.П.(39) од Пехчево. Околу 23.00 на ул.„Маршал Тито“ во Штип, Х.П. со патничко возило „фиат“ со штипски регистарски ознаки, кое го управувал, удрил во паркирано патничко возило „рено“ со штипски регистарски ознаки, паркирано од В.Н.(63) од Штип. При преземање мерки во врска со незгодата, ...