Скопје
12ᴼ /
12ᴼ
Владата на Косово се согласи да издава привремени дозволи за престој во траење од 12 месеци на припадниците на српската заедница кои немаат косовски документи и ги признава личните карти издадени од српските власти, што ќе ги ублажи последиците од целосната имплементација на Законот за странци и возила. Според најновото соопштение на косовските власти, целосната имплементација на Законот за странци и возила ќе почне на 15 март. Врз основа на ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски учествуваше како панелист на Меѓународната конференција посветена на институционалните и клиничките аспекти и решенија по трагичниот пожар во Кочани, на која се разговараше за искуствата, научените лекции и потребата од градење поотпорен систем за справување со вакви трагедии. Во своето излагање, Тошковски се осврна на улогата на Министерство за внатрешни работи во критичните моменти по ...
Трагедијата во Кочани остави длабока рана во нашето општество. Во една ноќ се прекинаа животи, се променија судбини и се отвори болка која ќе остане долго во сеќавањето на нашата држава. Во тие часови, цела Македонија застана. Веста се прошири со брзина која носеше неверување, страв и тага. Секој граѓанин ја почувствува тежината на настанот. Во тие моменти не постоеше ниту политика, ниту поделби. Постоеше само тишина и чувство на длабока ...
„Макпетрол“ смета дека намалувањето на цените од 2,5 денари (со ДДВ) за литар на нафтените деривати од страна на ОКТА не е доволно и не го решава проблемот кој го налага моменталната ситуација. Имајќи предвид дека добавувачот изминатиот период продаваше по многу повисоки цени од малопродажните регулирани цени од страна на РКЕ и остваруваа профити, додека трговците на мало работеа во загуба, но не ги затворија своите продажни објекти, за ...
Малата црна плоча на фасадата на куќата број 99 на авенијата Андраши во Будимпешта потсетува на епизода од ноември 1956 година, кога советските трупи ја нападнале Унгарија и брутално ја потиснале антикомунистичката револуција. Но, некои советски војници одбивале да учествуваат во масакрот на унгарските борци за слобода – и затоа биле застрелани. На соседите во палатата отспротива потсетникот веројатно не им се допаѓа. Егзекуциите се случиле ...
Денеска во 12:05 часот (14.03), од пред Работничкиот дом во Скопје ќе започне големиот работнички протест организиран од Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ). Синдикатите ги повикаа своите членови, работниците и сите граѓани да се приклучат на протестот, со порака дека платите – особено минималната плата – мора да се зголемат. Од ССМ потсетуваат дека, според податоците на УЈП, 160.000 работници живеат со примања под прагот на ...
Денеска беа одбележани 45 години од формирањето на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ при Бирото за јавна безбедност на Министерството за внатрешни работи – една од најреномираните и највисокопрофесионални полициски формации во државата. На настанот се обрати министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, кој истакна дека во изминатите четири и пол децении САЕ „Тигар“ изградила репутација на врвна професионална единица, чија ...
Вчеравечер (12/13.03.2026) во СВР Тетово, неколку професори од Средното медицинско училиште „Никола Штејн“ во Тетово, пријавија дека добиле информации од родители на ученици, дека М.Р. праќал пораки до учениците односно се заканувал оти ќе постави бомби и ќе изврши убиства во училиштето. Веднаш се преземени соодветни мерки и активности од полициски службеници од СВР Тетово и по добиена судска наредба, извршен е претрес во с.Палатица, ...
Министерката за образование Весна Јаневска изјави дека не размислува за повлекување на законот за високо образование и негова доработка. Таа најави дека работната група која го подготвува че се сретне уште еднаш, а потоа ќе биде пуштен во владина постапка. На професорите кои бараат повлекување на законот, министерката им порача дека имаат две можности. „Мала група професори бараат повлекување на законот. Претпоставувам дека тоа е од страв ...
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на растот на БДП оваа и минатата година, изјави: „Изминатата година 2025, како македонска економија забележавме раст на Бруто домашниот производ којшто нè сместува во првите пет во Европа. И сега повторно ќе кажам, од страна на ботовите на опозицијата ќе бидам можеби исмејуван по социјалните медиуми, но тоа се ...
Американската влада привремено ќе дозволи купување руска нафта во наредните 30 дена, со цел да се амортизира ударот од наглиот раст на светските цени на енергенсите. Мерката се однесува исклучиво на руска сурова нафта и нафтени деривати што веќе се натоварени на бродови и се наоѓаат на море, соопшти американското Министерство за финансии. Според министерот за финансии Скот Бесент, одлуката претставува „ограничена и краткорочна мерка“ ...
По последното поскапување на дизелот за 14,5 денари и на бензините за пет денари за литар, премиерот Христијан Мицкоски најави корекција на цените. „Очекувам за 2,5 денари да бидат намалени нафтата и нафтените деривати“, изјави Мицкоски, по најавата од компанијата „Окта“, која соопшти дека од денеска (13.03) до крајот на март ќе одобри попуст на компаниите коишто соработуваат со околу 45 до 50 долари по тон. Како што вели Мицкоски, тоа ќе ...
Уставниот суд е пред клучна одлука – ќе ја заштити ли уставно гарантираната самостојност на Јавното обвинителство или ќе дозволи да се наруши принципот на поделба и контрола на власта? Ова се наведува во реакцијата на јавните обвинители по завчерашната дискусија во Уставниот суд, кога поради поделено гласање на уставните судии, тие не успеаја да заземат конкретен став дали да се поведе постапка за оценување на Законот за изменување на ...
Денеска во Кочани започнавме со реализација три големи проекти во вредност од околу 3,5 милиони евра, кои што ќе значат многу за градот и за целата општина, изјави денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. -Драго ми е што денеска сме во Кочани за да започнеме три големи проекти кои што ќе значат многу за градот, за целата општина. почнуваме со реализација на влезниот булевар кој што е некаде проценета вредност од ...
Премиерот Христијан Мицкоски објави дека во духот на овие вредности, вечерта ја поминале во топла атмосфера, разговарајќи, градејќи пријателства и потврдувајќи дека почитта и соживотот се темел на нашето општество. Владата вечерва организираше ифтарска вечера, момент на заедништво, почит и духовна поврзаност. На ифтарската вечера присуствуваше целиот државен врв, министри, верските лидери. Премиерот Христијан Мицкоски објави дека во духот на ...
Голем американски авион за полнење гориво се урна во Ирак по очигледен судир со друг авион, а француски војник бил убиен во регионот Курдистан во земјата, додека двенеделната американско-израелска војна против Иран продолжи да се прелева преку регионалните граници. Централната команда на САД, која е одговорна за американските сили на Блискиот Исток, доцна на 12 март соопшти дека авион за полнење гориво KC-135 се урнал во западен Ирак, што ...
На 12.03.2026 во 21:10 часот полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишија од слобода Д.Р.(30) од с.Марино, скопско. При извршен претрес, по наредба од Основен кривичен суд Скопје, полициските службеници извршија претрес во домот на Д.Р., при што биле пронајдени и одземени марихуана и дигитална вага. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава. На 12.03.2026 во 21:10 часот ...
Во текот на вчерашниот ден (12.03.2026 година) во периодот од 14:00 до 21:00 часот, Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи спроведе акциска контрола на подрачјето на СВР Охрид – ОВР Струга со цел санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. При контролата изречени се вкупно 57 мерки за сторени сообраќајни прекршоци. Од нив четири за измината важност на ...
Од избувнувањето на војната во Иран на 28 февруари, по американско-израелските напади врз различни цели во земјата, многу контакти во Иран не беа достапни, ниту преку телефон, ниту преку интернет. Статистиката од лондонската организација за следење на интернет НетБлокс покажува дека интернет конекцијата е на само околу еден процент од нормалното ниво од крајот на минатиот месец. До некои контакти сè уште може да се дојде преку апликации како ...
На 12.03.2026 во 02:00 часот во Демир Капија, полициски службеници од ОВР Неготино лишиле од слобода 39-годишник од Демир Капија, постапувајќи по претходна пријава дека во домот му се заканувал на неговиот 57-годишен татко и кршел предмети. При преземање мерки било констатирано дека бил под дејство на алкохол, односно кај него биле измерени 1,95 промили алкохол во крвта. На 11.03.2026 во 17:30 часот, полициски службеници од СВР Куманово го ...
Во врска со објавен Јавен повик за доделување стипендии на ученици од основните и средните училишта на подрачјето на Општина Охрид за учебната 2025/2026 година и стипендии за редовни студенти од општина Охрид запишани на додипломски студии во I година на државните универзитети во Република Македонија и на државните универзитети во други земји за академската 2025/2026 година кои живеат во потешки социјални услови, Општина Охрид ги објавува ...
Општина Пустец реализира еколошка акција со цел чиста и здрава животна средина, како дополнителен услов за зголемување на бројот на туристите кои ја посетуваат областа Преспа. Веќе стана традиција ние како локална власт во соработка со комуналното претпријатие, да организираме акции за чистење на територијата на нашата преубава општина. Со тоа испраќаме порака за важноста на чистата околина, како за жителите така и за туристите кои се ...
Реализираме огромен инвестициски циклус од неколку милијарди евра во развој и модернизација на коридорите во Македонија. Работиме на изградба и модернизација на автопатски делници, инвестираме во изградба на брза пруга на Коридор 10 и железничко поврзување на Исток, а со подршка на Светска банка работиме на модернизација на граничните премини со Албанија и Бугарија, се обрати заменик претседателот на Владата, Александар Николоски во рамки на ...
Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 12 возачи, од кои седум за управување возило без возачка дозвола, три за возење и покрај тоа што имале активна забрана за управување возило и по еден за возење под дејство на алкохол и со брзина поголема од дозволената. Од седумте лишени за возење без возачка дозвола, тројца се малолетници. Еден малолетник од тетовско управувал возило, ...
Вчера, (11.03.2026) во просториите на Министерството за внатрешни работи од страна на Претседателот на Националната комисија за мало и лесно оружје Горанче Савовски и Шефот на Одделот за сигурност и поддршка на заедниците при Мисијата на ОБСЕ Едвард Андерсон беа доделени сертификати на учесниците на Сертифицирана програма за обука за неутрализација и деактивација на мало и лесно оружје. Обуката се спроведуваше како активност во рамките на ...
Досега се реализирани четири организирани летови за евакуација на граѓани од регионот на Блискиот Исток, при што се превезени вкупно 458 патници. Надлежните институции информираат дека сите граѓани се безбедни и успешно транспортирани, а активностите за поддршка и помош продолжуваат и понатаму. Од институциите посочуваат дека остануваат на целосно располагање за поддршка на државјаните и внимателно ја следат состојбата, со цел навремено да ...
Во Собрание на Република Северна Македонија денеска се одржа комеморативна седница во пресрет на годишнината од трагедијата во Кочани, на која беше оддадена почит на жртвите и беше споделена тагата со нивните најблиски. Во името на присутните и на македонските граѓани, претседателот на Собранието Африм Гаши изрази длабоко сочувство, емпатија и разбирање кон семејствата на настраданите, нагласувајќи дека институциите остануваат подготвени да ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД „победиле“ во војната против Иран, но дека нивните сили ќе продолжат да напаѓаат сè додека работата не биде завршена, додека Техеран погоди најмалку шест брода во регионот и најави понатамошни напади. „Никогаш не сакате да кажете дека сте победиле прерано. Ние победивме“, рече Трамп на митинг во Кентаки во среда. Трамп и Белата куќа издадоа различни изјави во последните денови, од ...
Во услови на нагло зголемените цени на горивата поради иранската криза, Соединетите Американски Држави се приклучуваат кон Германија и уште неколку држави со одлука да ослободат дел од своите стратешки резерви на нафта. Како што соопшти американскиот министер за енергетика, Крис Рајт, од следната недела ќе започне постепено пуштање на вкупно 172 милиони барели нафта на пазарот. Претседателот Доналд Трамп потврди дека мерката е неопходна за ...
Заменик претседателот на Владата, Александар Николоски во своето обраќање на глобалниот форум ”Trasforming Transportation 2026“ што се одржува во Вашингтон во организација на Светска банка, го потенцира значењето на коридорите и инвестициите што се реализираат. На својот фејсбук профил тој објави: ” На економскиот форум во Вашингтон во своето обраќање ја потенцирав важноста на геостратешката позиција на Македонија каде што се вкрстуваат ...