Скопје
-1ᴼ /
-1ᴼ
Кривичниот суд, Јавното обвинителство и Адвокатската комора уверуваат дека ќе направат сѐ за судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во која животот го загубија 63 лица, а беа повредени околу 200, да се одвива непречено и ефикасно. Од Кривичниот суд информираат дека ќе бидат преземени засилени безбедносни мерки, вклучително и присуство на лекарска екипа. Оштетените сведоци нема да можат да ја следат постапката до нивното ...
Сѐ повеќе жени трпат насилство, но капацитетите на шелтер центрите не се доволни да се засолнат. Дел од центрите не се функција, а нема ни доволно советувалишта-утврдија ревизорите. Властите нотирале 1260 жртви на семејно насилство во првите девет месеци, а невладиниот сектор 65 повици во октомври на СОС линијата за помош и поддршка. Малолетничка била сексуално злоставувана од својот очув, па немајќи кому друг, ѝ се доверила на својата другарка ...
По девет месеци „чекање“, Парламентот на Црна Гора на 12 ноември усвои одлука за приклучување на Армијата на Црна Гора во активностите на НАТО за воспоставување безбедносна помош и обука за Украина (НСАТУ). За одлуката гласаа 44 пратеници, петмина беа против, а двајца беа воздржани. Одлуката е донесена врз основа на предлогот усвоен од Советот за одбрана и безбедност на 7 февруари. Членовите на Советот се согласија во тоа време дека ...
Прво би сакале јасен и официјален одговор на прашањето колку и какво точно е нашето право на загарантирана културна автономија, и кога и каде – ни изјави Никола Вукобратовиќ, претседател на српското културно друштво „Просвјета“ во Хрватска. Со него разговаравме по досега невиден бран на вербално и физичко насилство врз Србите, барем во овој век. Потсетуваме, во неколку хрватски градови во изминатите денови и овој месец беа организирани напади ...
Во рамки на предвидениот план и програма за работа , денеска четвртоодделенците од ООУ „Христо Узунов“ беа во посета на Општина Охрид. Младите гости и одделенските наставници ги прими градоначалникот Кирил Пецаков во придружба на секретарот, Александар Китески. Тие ги инмформираа учениците за начинот на функционирање и надлежностите на локалната власт, за работата на општинската администрација и Советот на општината. Во пријатна атмосвера ...
Македонските граѓани на прагот на зимата стравуваат од можен ценовен шок за струјата во декември. Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) најавува дека не се очекуваат значајни промени во цената на преносот и дистрибуцијата на електричната енергија. РКЕ ќе ги соопшти новите цени за пренос и дистрибуција Во наредните недели, РКЕ ќе ги објави цените за пренос и дистрибуција на електрична енергија. Претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски, изјави ...
Политиката нема право да се меша во академската слобода, а обврска на членовите на Македонско-бугарската експертска комисија за историски и образовни прашања е да дебатираат и да носат заклучоци засновани на научни методи. Ова го истакна министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, реагирајќи на неодамнешните изјави на бугарскиот копретседавач Ангел Димитров дека Комисијата стагнира во своето работење. Ставот на Тимчо ...
Секогаш сме тука да подадеме рака таму каде што е најпотребно. За таа цел средствата собрани од хуманитарните паркинзи во износ од 150.000 денари ги донираме на нашиот сограѓанин Ивица Попоски кој во моментов води една од најтешките битки. Ивица е посветен сопруг и татко на две деца, и секоја донација, без разлика на износот, значи многу за него и неговото семејство. Доколку сте во можност да помогнете донациите може да се уплатат на: ...
Украинскиот министер за правда, Герман Галушченко, е суспендиран од функцијата по претресите поврзани со сеопфатна истрага за корупција во енергетскиот сектор на земјата, изјави премиерката Јулија Свириденко. Акцијата е преземена за време на вонредниот состанок на кабинетот во среда наутро, изјави Свириденко во соопштението. „Одлучивме да го суспендираме Герман Галушченко од вршење на должноста министер за правда“, рече таа, додавајќи дека ...
На 11.11.2025 во 23:40 часот на ул.„Ј.Јосифовски“ во Ресен, полициски службеници од ОВР Ресен го лишија од слобода А.Г.(40) од с.Јанковец, ресенско. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген“ со ресенски регистарски ознаки, кое го управувал, и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,56 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од ...
Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека од 15 ноември до 15 март, согласно одребите од “Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата“(Сл.весник на Р.М. бр. 169/15, 226/15, 55/16, 11/18, 83/18 и 191/18), и Законот за изменување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата („Службен весник на Република Северна Македонија“бр.70/19, 98/19, 302/20, 122/21, 33/24, 208/24 и 193/25), возилата кои учествуваат во јавен ...
Охрид прави важен чекор кон поодржлива иднина. Под мотото „Чисто е убаво – Селектирај“, Општина Охрид и Ј.П.„Охридски Комуналец“ со поддршка од Шведска преку SALAR International и проектот „Одржливо управување со отпад на локално ниво“ ја започнуваат новата иницијатива за селекција на отпад во туристичкиот и угостителскиот сектор. „Чисто е убаво!“ претставува нова платформа за соработка меѓу институциите, хотелите, угостителските објекти, ...
Лидерите на коалицијата ВЛЕН очекуваат денеска (12.11) да се сретнат со премиерот Христијан Мицкоски за да разговараат за пополнување на позициите прв вицепремиер и министер во ресорот животна среднина, откако нивниот кадар Изет Меџити кој раководеше со двете функции на локалните избори беше избран за градоначалник на Општина Чаир. Вицепремиерот задолжен за добро владеење, Арбен Фетаи, вчера потврди дека Беким Сали е предложен да го замени ...
Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски денеска во видео објава на Фејсбук се осврна на рехабилитацијата на обиколницата кај Крива Паланка која води до соседна Бугарија. Во натписот на видео објавата, министерот вели дека станува збор за многу значаен проект на Коридор 8 кој е продолжение на експресниот пат Страцин – Крива Паланка и патна врска со граничниот премин Деве Баир кој е главна врска со Бугарија. Обиколница ...
Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски синоќа најави дека годинава градот ќе добие новогодишна прослава и украсување како што заслужуваат граѓаните. „Во претходната програма не беа предвидени средства за предновогодишно украсување, но со ребалансот на буџетот кој ќе се усвои во петок, ќе бидат обезбедени средства за украсување на главниот град. Исто така, ќе биде организирана новогодишна прослава која ќе им овозможи на граѓаните ...
Почетоците на германската армија по Втората светска војна Во 1945 година имаше малку нешто што укажуваше дека десет години подоцна Германија повторно ќе има армија. По завршувањето на Втората светска војна, која ја започна нацистичка Германија, земјата беше окупирана, а Вермахтот беше распуштен. Победничките сили – Советскиот Сојуз, САД, Велика Британија и Франција – темелно продолжија со демилитаризација на земјата: за војната никогаш повеќе ...
Турското Министерство за одбрана во вторник објави дека турски воен товарен авион се урнал во близина на границата меѓу Азербејџан и Грузија. Министерството на социјалните мрежи објави дека авионот Ц-130 полетал од Азербејџан и бил на пат кон Турција. „Во нашиот авион што се урна имало 20 лица, вклучувајќи го и екипажот“, соопшти министерството. Турските власти додадоа дека е започната спасувачка операција во соработка со Азербејџан и Грузија. ...
Доделувањето на српско државјанство на руски граѓани, а со тоа и српски пасош, со кој тие можат слободно да патуваат во земјите од Европската Унија, беше споменато како „можен безбедносен ризик“ од страна на ЕУ во најновиот извештај за напредокот на Србија како земја-кандидат. Од вкупно 121 одлука на Владата на Србија за доделување државјанство во 2025 година, речиси две третини се однесуваат на граѓани на Русија. Ова го покажува анализата на ...
Во Коалицијата ВРЕДИ постои согласност местото на Изет Меџити, по неговиот избор за градоначалник на Чаир, да го преземе Беким Сали, изјави денеска вицепремиерот за добро владеење Арбен Фетаи. Тој посочи дека во текот на неделата коалицијата ќе одржи состанок со премиерот Христијан Мицкоски за да се најде заедничко решение околу реконструкцијата на Владата. Фетаи коментираше и за критиките упатени кон министерката за образование Весна Јаневска, ...
Гласините се толку упорни што Кремљ вчера (10.11) се чувствуваше принуден повторно да ги негира. Не, министерот за надворешни работи Сергеј Лавров не падна во немилост, рече портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, повторувајќи го точно она што веќе јавно го изјави во петокот. „Сите овие извештаи се апсолутни лаги што треба да се игнорираат“. Сè е во ред. „И кога повторно ќе има соодветни јавни настани, ќе го видите министерот“. Отсуството на ...
Нов бран инвестиции По најавите дека американските компании „Аптив“ и „Дура“, кои работат во индустриската зона „Бунарџик“ во Скопје, планираат да го напуштат македонскиот пазар, премиерот Христијан Мицкоски изјави дека нема простор за загриженост. „Ќе има компании, и домашни и странски, што ќе се отвораат, ќе има и такви што ќе се затвораат.Тоа не треба да се сфаќа како крај на светот“, рече Мицкоски при посетата на компанијата „Костал“ во ...
Денеска (11.11.2025) од страна на полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје по претходно добиени оперативни сознанија на ул. „Христо Татарчев“ извршено е легитимирање и преглед на С.М. од Скопје. При извршениот преглед пронајдена е марихуана, дигитална вага и поголема сума на пари, а при преглед на патничкото возило „фолксваген“ со скопски регистарски ознаки сопственост на С.М. пронајдена е поголелема ...
На 10.11.2025 полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш ги лишија од слобода М.Б.(40) од село Габревци, Љ.М.(64) од село Долни Липовиќ, М.Д.(50) од село Габревци, В.Р.(52) од село Ракитец, М.М.(67) од село Ракитец, С.Р.(34) од село Ракитец, Г.Р.(69) од село Ракитец, В.И.(48) од село Ракитец, В.Н.(72) од село Долни Липовиќ, Г.К.(51) од село Дедино и Ј.Б.(47) од село Габревци, сите во општина Конче. Лишените од слобода, заедно со Ј.П.(46) ...
Обвинителството со засилени капацитети – 15 обвинители ќе го водат случајот Следната недела започнува судскиот процес за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски најави дека предметот ќе го застапуваат околу 15 обвинители, со веќе утврден план за нивната координација. Во јуни беше поднесено обвинение против 34 физички и три правни лица, кои се гонат за тешки дела против општата сигурност. Меѓу ...
Истрагата за полициските службеници, во врска со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, беше предвидено да заврши до крајот на септември годинава, меѓутоа имаше објективни околности околу сослушување на одредени сведоци, со тоа што најверојатно на почетокот на наредниот месец ќе се донесе и јавнообвинителска одлука, изјави републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски, прашан до каде се другите истраги и предистраги за пожарот во дискотеката ...
Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 23-годишна жена со престојувалиште во Ржаничино, која е осомничена за – Запуштање и малтретирање на дете од член 201 став 1 од Кривичниот законик. На 9 ноември во вечерните часови, таа грубо ја запоставила својата мајчинска должност за грижа и воспитување, го запуштила и малтретирала својот 6-месечен син. Изнервирана затоа што бебето плачело, почнала да ...
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против Н.А., вработен во Полициската станица од општа надлежност Аеродром при СВР Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“, предвидено и казниво по член 236 став 4 во врска со став 1 точка 1 и член 22 „соизвршителство“ од ...
Кога во 2015 година беше постигнат Парискиот договор, течеа солзи, шефовите на држави се ракуваа, а учесниците на Конференцијата на ОН за климатски промени КОП21 го поздравија со овации. Тоа беше клучен момент во политиката за климата. За првпат речиси 200 нации усвоија обврзувачки договор за ограничување на глобалното затоплување на значително под 2 степени Целзиусови и во идеален случај – под 1,5 степени Целзиусови. Научниците прагот од 1,5°C ...
Под влијание на висок воздушен притисок (Антициклон) и на стабилна и сува воздушна маса од утре (среда 12 ноември) па се до крајот на оваа недела во нашата Република Македонија времето ќе биде стабилно, суво и сончево со појава на мала до умерена локална облачност. Ќе биде претежно тивко а наутро ќе биде и значително поладно поради разведрувањето со температури кои на повеќе места ќе се спуштаат до околу или за неколку степени под нулата па ...
На поранешниот претседател на Франција, Никола Саркози, му е дозволено да го напушти затворот по приближно три неделиж, тој ќе замине во куќен притвор. Судот во Париз постави строги услови, меѓу другото, на Саркози му е забрането да се сретне со сегашниот министер за правда, Жералд Дарманин, и да ја напушти Франција. Се очекува конзервативниот политичар да го напушти затворот Санте во Париз подоцна попладнево. Тој учествуваше на судското ...