Скопје
14ᴼ /
14ᴼ
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против три лица поради сомненија дека сториле кривично дело – Насилство предвидено во член 386 став 3 во врска со став 3 и став 1 од Кривичниот законик. На 2 јуни, пред пункт на „Водовод“ во населбата Шуто Оризари, осомничените во група ја загрозиле сигурноста и извршиле грубо насилство врз еден оштетен вработен во пунктот. Додека тој го ...
Се раѓаат сè помалку деца, младите бараат подобар живот надвор, населението старее. Наталитетот се намалува, морталитетот расте. Лани се родиле околу 16 илјади новороденчиња, а починале повеќе од 20 илјади луѓе. Власта најави мерки за справување со демографската катастрофа. „Иселувањето е тренд во некои земји, но кај нас аларм“, рече премиерот Мицкоски кој откри и дека се размислува за воведување данок за немажени и неженети граѓани и за ...
Во Скопје отворена Амбасадата на Казахстан во Македонија, со што се одбележа и 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Скопје и Астана. Амбасадорот на Казахстан, Сатибалди Буршаков рече дека сведочиме на историски момент во развојот на односите меѓу двете земји кој претставува значаен чекор кон зајакнување на врските. Соработката се продлабочува во повеќе сектори, енергетиката, здравството и технологијата. Според министерот за ...
Завршено е вештачењето за пожарот во дискотеката „Пулс“. Кривичниот суд пак сè уште нема донесено оценка за обвинителниот акт, изјави државниот обвинител Коцевски. Републичкото обвинителство размислува и дали да се одлучи и по однос на надлежноста-дали ќе остане под кочанското обвинителство или за постапување по жалби ќе се делегира кај колегите во Скопје. Датум за првото рочиште сè уште не е одреден. Кочанскиот суд во Скопје ги прати сите ...
Јавен обвинител од ОЈО за гонење организиран криминал и корупција по спроведена темелна истрага, денеска до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против две лица за кривични дела поврзани со корупција. Со дејствијата опишани во диспозитивот на актот првообвинетиот, директор на ЈЗУ „13 Ноември“ – Скопје, сторил кривично дело – Примање поткуп, а второобвинетиот се товари дека сторил кривично дело – Примање награда за противзаконито ...
Младите во Македонија продолжуваат да ја негуваат оваа повеќевековна традиција. Годинава, својата љубов, под Бистра, ќе ја овековечат Лилјана Михајлоска и Јован Филипоски. За една недела од сега, утрото во Галичник ќе осамне со звукот на зурлите и тапаните, кои ќе го означат почетокот на дводневната галичка свадбена прослава. Минатото, традицијата и идентитетот им се важни на младите, бидејќи тие ја создаваат нивната сегашност и иднина, велат ...
Исклучително е порасната употребата на вода, посебно во доцните попладневни часови. Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје денеска извести дека неконтролирано се наводнуваат градини и обработливи површини, се мијат возила и се надополнуваат базени. Претпријатието упатува молба до граѓаните одговорно и економично да ја користат водата, а доколку забележат нелегален приклучок, да го пријават на 02 3073 010, [email protected] или ...
Кога земјата се соочува со топлотен бран, се вжештуваат телефонските линии во Итната медицинска помош. Во битолската, до 70 интервенции за едно деноноќие. Во период кога температурите се во секојдневен пораст, главно помош бараат хронично билните, лицата со срцеви заболувања, висок крвен притисок и тешко дишење. Зачестени се колапсите. Лекарите апелираат, граѓаните особено да бидат внимателни при внесот на храна и пијалаци, да носат заштита – ...
Овој викенд љубителите на класичната музика ќе имаат можност да уживаат во два исклучителни концерти што ќе се одржат во Музејот на македонската борба за самостојност. Вечерва со почеток во 20:30 часот, ќе се одржи концертот „Оперска приказна од најубавите дела на Верди и Пучини“. На програмата се арии и композиции од двајцата големи маестра, а настапуваат сопранот Марија Наумовска-Бакревски и пијанистот Андреја Наунов. Програмата вклучува дела ...
На годишниот состанок на Конституенцата на ММФ и Светската банка во Луксембург, делегацијата на Северна Македонија, предводена од гувернерот Трајко Славески и министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, одржа низа билатерални средби со високи претставници од двете институции. На средбите беше истакната клучната улога на Народната банка како носител на макроекономската и финансиската стабилност во земјата. Се разговараше за актуелните ...
Полициски службеници од СВР Тетово и Одделот за внатрешна контрола извршија претрес во домот на полицаец И.А. (53) од с. Шемшево, по судска наредба и сомнежи за злоупотреба на службена положба при пријавување и одјавување на странски државјани. При претресот биле пронајдени 27 празни картони со печат од МВР, куршум, записници, платни налози и лични документи од странци. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок ...
„Македонскиот национален идентитет е историска, општествена и политичка реалност, исто како и идентитетите на другите етнички заедници во нашата земја“, реагираше Советот на амбасадори. По најавите дека македонскиот јазик и идентитет ќе бидат избришани од Извештајот на Европскиот парламент, од Советот порачуваат дека македонскиот идентитет не смее да биде предмет на негирање, условување или политизација во рамките на процесот на пристапување, ...
Во академската 2024/2025 година на додипломски студии во првиот циклус, се запишале 53.535 студенти, што е зголемување за 2.3 проценти во однос на претходната 2023/2024 година, објави Државниот завод за статистика (ДЗС). Над половина од запишаните, 31.734 или 59.3 отсто се студентки. Најголем број студенти, 76.8 проценти, се запишале на државните високообразовни установи, додека 23.2 проценти на приватните високообразовни установи. Како што се ...
Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, оствари средба со амбасадорот на Република Австрија во земјава, Мартин Памер. На средбата, како што соопштуваат од судот, претседателот Костадиновски го информираше амбасадорот за тековните активности и предизвици со кои се соочува Судот, како и за приоритетите во неговиот мандат. Двајцата соговорници изразија заедничко задоволство од досегашната соработка и отворија можност за нејзино ...
Македонски државјанин загина, а друг е тешко повреден во сообраќајна несреќа што утрово се случи на автопатот Нови Сад–Суботица, кај местото Вишњевац. Возилото со македонски таблички излетало од патот и се превртело. Загинал сопатникот Н.А. (39), а возачот А.А. (60) со тешки повреди е хоспитализиран во Суботица. На местото на несреќата увид извршиле сообраќајна полиција и јавен обвинител од Основното јавно обвинителство во Суботица. Од ...
Претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Александар Стефанов и генералниот секретар, Влатко Тасевски, беа во посета на ИХФ во Базел. Во седиштето на светската куќа на ракометот, Стефанов и Тасевски остварија средба со првиот човек на ИХФ, Хасан Мустафа. На средбата се дискутираше за продлабочување на идната соработка помеѓу двете федерации, со фокус на развојот и промоцијата на ракометот во Македонија. Оваа посета претставува уште ...
Американскиот актер Мајкл Медсен, познат по култните улоги во „Reservoir Dogs“, „Kill Bill“ и „Donnie Brasco“, почина вчера на 67-годишна возраст. Тој бил пронајден без знаци на живот во својот дом во Малибу и според претпоставката на властите, починал од срцев удар. Медсен ја започна кариерата во театарската група Steppenwolf во Чикаго, а „пробивот“ на филмскиот великани настапи во 1992 со улогата на Mr. Blonde во „Reservoir Dogs“, во режија на ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари средба со шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Килиан Вал. На средбата, како што соопштуваат од МНР, беше потврдена континуираната и долгогодишна соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје во сите области опфатени со нејзиниот мандат. Беше изразена заедничка поддршка за активностите насочени кон зајакнување на регионалната соработка и зачувување на мирот и ...
Москва-Вашингтон повторно на линија за украинскиот конфликт. Дипломатско решение ДА, но не по цена на остварување на целите на Русија – му порачал Путин на Трамп. Шефот на Белата куќа не е оптимист за брзо завршување на војната. Разорачан е од Путин, по кого следен за разговор е Зеленски. „Ќе разговарам со Зеленски, многу сум разочаран од разговорот што го имав со Путин бидејќи не мислам дека постигнав напредок со него. Многу сум разочаран“, ...
Во текот на летото е важно да внесувате доволно вода и минерали, особено ако сте физички активни. Кога се потите, губите натриум, но и калиум. Треба да внесувате храна која е богата со овој минерал за да немате недостаток во вашиот организам. Недостатокот на калиум може да предизвика слабост, умор, грчеви во мускулите, тешкотии со дишењето и многу други работи. Бананите се одличен извор на калиум, а една банана со средна големина содржи 422 ...
Москва-Вашингтон повторно на линија за украинскиот конфликт. Русија не се откажува од целите-му порача Путин на Трамп. Шефот на Белата куќа не е оптимист за брзо завршување на војната. „Беше прилично долг повик. Разговаравме за многу работи, вклучувајќи и за војната со Украина. И не сум среќен поради тоа. Воопшто не постигнав никаков напредок со него“, изјави Доналд Трамп, претседател на САД. „Трамп одново го покрена прашањето за брзо ...
Во Собранието продолжува трет ден расправата за предлог-ребалансот на Буџетот, за кој се предложени над 200 амандмани. Пратениците од власта го бранат ребалансот како одраз на стабилна економска политика со зголемени средства за плати, пензии и капитални инвестиции, додека опозицијата го критикува како покритие за буџетски пропусти и ново задолжување. Заменик-министерот за финансии Николче Јанкуловски истакна дека со ребалансот не се менува ...
Хамас бара гаранции дека новиот предлог за прекин на огнот во Газа поддржан од САД, ќе доведе до крај на војната, додека Израел ги интензивира нападите. Нетанјаху ветува враќање на сите заложници таргетирајќи ги упориштата на терористите. „Преговорите се во тек, премиерот Нетанјаху работи на завршување на кампањата во Газа преку ослободување на заложниците и пораз на Хамас што е можно поскоро. Како и секогаш, пречката лежи кај Хамас, но ние ...
Републиканците во претставничкиот дом на американскиот Конгрес успеаја да го протуркаат големиот закон на Трамп пред крајниот рок што го постави претседателот. Законот кој треба да биде потпишан од шефот на Белата куќа, предвидува значителни даночни намалувања и кратења на трошоците во износ од 4,5 трилиони долари. Со новите даночни олеснувања за богатите и трајно продолжување на даночните намалувања од 2017 година, во просек, милионерите ќе ...
Српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ денеска ќе се сретне со македонскиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски, по што ќе бидат потпишани протоколи за соработка во граничниот сообраќај и воспоставување на One stop системот на граничниот премин „Табановце – Прешево“. Потпишувањето ќе се одржи во Регионалниот центар на граничната полиција кон Македонија – Прешево, соопшти Министерството за внатрешни работи на Србија. Дачиќ и ...
Дебата „Демографски трендови, предизвици и можни решенија“ – Развој на стратешки документи за демографска отпорност, ќе биде одржана денеска во Свечената сала во Владата. Обраќање на настанот ќе има претседателот на Владата Христијан Мицкоски, соопшти владината прес-служба. Пред настанот, предвидено е изјави за медиуми да дадат министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани и националниот координатор за демографија, млади и ...
Вчера во 14 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишиле од слобода Р.И.(45) од Радовиш. Тој околу 13 часот на место викано „Градска река“, атар на Радовиш, користел апарат за заварување и со искрите предизвикал пожар на сува трева, кој брзо се проширил и зафатил нискостеблеста шума. По интервенција на Територијалната противпожарна единица Радовиш пожарот бил изгаснат. Запознаен е јавен обвинител од Основното ...
Во текот на вчерашниот ден во периодот од 16.00 до 22.00 часот спроведена е акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 429 возачи, информираат од МВР. Од нив, 267 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 83 возеле без возачка дозвола, 12 мотоцикли се одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема ...
Бројот на осигуреници во Фондот за здравство расте, додека наталитетот опаѓа, младите се иселуваат. Причината за веселата математика ќе ја бара менаџментот на Фондот. Откако детектирале дека бројките одат обратно пропорционално, ќе проверуваат постојат ли фиктивни осигуреници. Во земјава има 1.820.000 здравствени осигуреници, помалку од половина се осигурани по основ на плата. Но, не само број на жители и осигуреници, обратно пропорционално оди ...
Растот го движи домашната потрошувачка. Неговото забрзување не значи и зголемување на приходите, особено врз основа на ДДВ како клучен фискален приход во даночниот систем на земјава. Од Фискалниот совет препорачуваат усогласување на приходите и расходите за да не се надмине дефинираниот буџетски дефицит од 4 насто со ребалансот на буџетот. Според двете изработени сценарија не се превидува значително зголемување на долгот. Во пресметките не се ...