Историски успех за познатиот доктор и алпинист, Сашко Кедев. Тој стана првиот Македонец кој ги искачил сите врвови што се наоѓаат на над 8 илјади метри надморска височина. Кедев утрово беше дел од тимот на експедицијата ЏИ-1, предводен од „Имеџин Непал“ и успешно го искачил врвот Гашербрум 1 во Пакистан. Во тимот бил уште еден кинески и двајца непалски алпинисти. Со тоа, Кедев успеа да ги комплетира сите 14 највисоки врвови во светот, што се на ...

Поради зголемена фреквенција на возила на ГП Табановце за влез и ГП Богородица за излез од државата, времето на чекање е околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира утрово АМСМ. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. АМСМ препорачува ...

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 32 до 39 степени. УВ индексот ќе изнесува 9. Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер ...

Здружението на граѓани „16 март 2025 Кочани“, четири месеци по трагедијата во дискотеката „Пулс“ во која загинаа 62 лица, вечерва ќе го одржи 15-тиот „Марш на ангелите“ – марш на болката и борбата за правда. Маршот почна во 18.05 часот, со собирно место од Паркот на револуцијата. Кривичниот суд вчера соопшти дека е продолжен притворот на обвинетите за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, а Основното јавно обвинителство Скопје ќе го води ...

Министерот за здравство, Азир Алиу денес имаше работна средба со директорот на Управата за електронско здравство, Фикрет Шабани, на која се разговараше за предизвиците во функционирањето на системот Мој Термин и новините кои се планирани во оваа област. „Системот Мој Термин е едно од местата каде што нашите граѓани најмногу ја чувствуваат потребата од брза, достапна, правична и транспарентна услуга. Еден од нашите приоритети е реформа на Мој ...

Вчеравечер (18/19.07.) во периодот од 22.30 до 00.30 часот полициски службеници од СВР Тетово во содејство со претставници од Државна пазарна инспекција, од Управата за јавни приходи, како и од Трудова инспекција, извршија акциска контрола по разни основи во доменот на институционалната надлежност во повеќе угостителски објекти на подрачјето на Полициска станица Тетово. При акциската контрола од аспект на работата на полициските службеници во ...

Се надевам на секој глас од граѓаните на Скопје, вели потпретседателка на СДСМ, Каја Шукова која е кандидат на партијата за прв човек на главниот град. Таа тврди дека во ниту еден момент немала дилема дека треба да се кандидира за оваа функција и ги отфрли наводите дека никој не сакал да ја трча изборната трка во дрес на Социјалдемократите. И додека Шукова вели дека сака функционални јавни претпријатија, чист воздух и здрава животна средина, ...

Гори на повеќе локации во Македонија. Пожарот во Желино времено го затвори автопатот Скопје-Тетово. Сомнежот е дека бил подметнат со запалени гуми, кои намерно биле тркалани по патот. Пожарникарите постојано меѓу пламените јазици на тешко пристапни предели и се прават напори да се стават под контрола. Се гаси и од копно и од воздух, на помош повикани хеликоптери. Во меѓу време, дел од граѓаните спасот од горештините го бараат на високо. На ...

Двајца кандидати за градоначалничкото столче во Град Скопје на двете најголеми политички партии. Орце Ѓоргиевски од ВМРО ДПМНЕ и Каја Шукова од СДСМ, ќе си ги одмерат силите на локални избори наесен. Претседателот на социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, вчера ја соопшти одлуката на извршниот одбор на партијата, за кандидатури за градоначалници за претстојните локални избори. Одлуката се однесува на кандидати за челници на 16 ...

Во изминатото деноноќие изгаснати се 27 пожари на отворен простор, а четири се ставени под контрола. Активни пожари има во село Нивичино, општина Василево, во село Грешница, општина Македонски Брод, меѓу прилепските села Царевиќ и Смолани и во село Виштица, општина Липково. Како што соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК), под контрола е ставен пожарот во општина Велес, кај селата Џидимирци – Крушје – Иванковци, во село Николиќ, општина ...

Утрово за излез од Македонија и влез во соседна Грција се чека и по два часа. Викендот, жешкото време и почетокот на последниот дел од месецот си го направија своето – редици од автомобили, нервозни патници и забавено патување кон летните дестинации. На граничните премини Богородица и Дојран утрово има забележително зголемена фреквенција на возила, со најмногу регистарски таблички од Македонија, Србија, Косово и останатите земји од регионот. Од ...

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 29 до 37 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 37 степени. Под влијание на топла воздушна маса од југ, од утре ...

Европските фондови и поволностите коишто се нудат преку нив за општините беа во фокусот на денешната работна посета на заменик-министерката за европски прашања, Викторија Трајков на општините Василево и Босилово. Заменик-министерката за европски прашања, Трајков, заедно со директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Илија Стоилев во општината Василево се сретна со градоначалникот на оваа општина, Славе ...

„Македонско најдобро, македонска гордост, македонска традиција“ – почна кампања за зголемување на домашното производство на земјоделски производи. Надлежните очекуваат да се подобрат квалитетот, пристапот, но и да се поттикнат нови инвестиции. Промовирани и дигитална платформа „македонсконајдобро.мк“, како и мобилната апликација кои треба да овозможат прецизни информации за најблиските продажни места за барани производи. На неа можат да се ...

Преписка меѓу роднините на загинатите во дискотеката „Пулс“ и Владата. Семејствата преку отворено писмо раскажаа за средбата која на 7 јули се одржала со премиерот Мицкоски. Велат дека тој откако ги разгледал барањата за надоместокот на нематеријална штета, наводно им рекол оти ова барање било исто како предлогот на СДСМ, но без да биде ставена цена. Семејствата реагираа дека се соочиле со понижување. „Тоа не беше само навреда, тоа беше газење ...

На 17.07.2025 во 14.21 часот на регионален пат Царев двор-Макази, кај место викано „Ипоз Преспа“, полициски службеници од ОВР Ресен го лишиле од слобода Д.Џ.(75) од Охрид. При контрола на патниот сообраќај со радар, полициските службеници констатирале дека Д.Џ. управувал патничко возило „ауди”со охридски регистарски ознаки со брзина од 126 километри на час на место каде со сообраќаен знак брзината на движење е ограничена на 50 километри на час. ...

Македонската спортска делегација ќе брои вкупно 203 члена, од кои 181 спортист на претстојниот Европски младински олимписки фестивал – ЕМОФ Скопје 2025, кој ќе се одржи од 20 до 26 јули во Скопје, Куманово и Осиек. Нашите претставници ќе се натпреваруваат во сите 15 спортови што се дел од програмата, што претставува историски момент за македонскиот спорт. На денешната прес-конференција, на која официјално беше промовиран македонскиот ...

Лекарските ординации бележат зголемен број на пациенти со стомачни проблеми, вртоглавици, колапси и варирање на крвниот притисок. Лекарите велат дека добар дел од пациентите не се придржуваат кон основните правила за заштита на здравјето на високи температури. Најпогодени се лицата со хронични болести, трудниците, како и оние кои работат на отворено. Колабираната се чести и главно се резултат на наглите температурни промени кога од климатизирани ...

Министерството за здравство информира дека поради прекин во водоснабдувањето во Клиниката за белодробни заболувања кај децата – Козле, веднаш е побарано од Клиниката за детски болести и инфективна времено да ги згрижат пациентите кои ќе имаат потреба од хоспитализација, додека во Козле ќе продолжи третманот на пациенти во дневна болница и амбулантските прегледи. Оваа иницијатива е во насока на обезбедување континуитет во третманот и грижата за ...

Денеска во 10.35 часот во СВР Скопје е пријавено дека на автопатот Куманово - Скопје, во близина на х.Белви, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале товарно моторно возило „ивеко“ со скопски регистарски таблички, управувано од С.Д. (54), патничко моторно возило „ауди“ со скопски регистарски таблички, управувано од Д.Р. (31) и патничко моторно возило „голф“ со кумановски регистарски таблички, управувано од С.А.- соопштија од МВР. Со ...

Европската Унија го одобри 18-тиот пакет санкции против Русија во кој се таргетирани финансискиот и енергетскиот сектор, вклучено и ограничување на цените за извоз на руска нафта. Санкциите, вклучуваат забрана за трансакции со гасоводите „Северен поток“ и таканаречената флота во сенка на Русија. Во меѓувреме, руското МНР предупреди дека земјите што обезбедуваат ракети со долг дострел за Украина ќе се соочат со последици. На фронтот продолжуваат ...

СВР Битола поднесе кривична пријава против Г.П.(29) од село Ангелци, општина Василево, поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „убиство“ во обид, три „тешки кражби“ и едно кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со огнено оружје или распрскувачки материи“. Во периодот од 02.07. до 07.07.2025 во атар на село Крклино, битолско, пријавениот влегол во две викенд куќи, не одзел ништо и причинил материјална ...

Вчера во 17.00 часот во Кичево, полициски службеници од надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево ги лишиле од слобода Е.П.(30) и А.П.(60) од Кичево. При претрес во нивниот дом, извршен по наредба од Основен суд Кичево, во куќата биле пронајдени и одземени една ќесичка со бела прашкаста материја и вага. Додека, во шахта пред домот биле пронајдени и одземени 51 помали пакувања со прашкаста материја и две поголеми најлонски ...

На платото пред музичкиот салон „Do Re Mi“, напладне ќе биде промовирана книгата „Rock N‘ Beat“ од Михајло Грбевски – Мишко. Изданието ќе го претстават новинарите Тони Димков и Ненад Георгиевски, а настап на настанот ќе има Јаков Дренковски. Од 21 часот вечер во Сули ан ќе се одржи концерт „Хаус музика – 40 години љубов, ритам и еднаквост“ со настап на диџеите Јулијана Милутиновиќ, Зија Вишко и Зоки Бејбе. Поводот за концертот се 40 години од ...

Соединетите Американски Држави не ги поддржаа неодамнешните израелски напади во Сирија. Ние сме во дипломатски контакт со двете страни на највисоко ниво, како за решавање на сегашната криза, така и за постигнување траен договор меѓу двете суверени држави, велат од Стејт департментот. „Претседателот Трамп ја изложи својата јасна визија за просперитетен Блиски Исток и стабилна Сирија во мир со себе и со своите соседи. Мирот меѓу соседите, ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и ...

Белата куќа објави дека претседателот Трамп бил прегледан поради оток во нозете и дека му е дијагностицирана хронична венска инсуфициенција. Портпаролката Каролин Ливит сподели белешка од лекарката на Трамп во која детално е опишан прегледот. „Претседателот беше подложен на сеопфатен преглед, вклучувајќи дијагностички васкуларни студии. Беа извршени билатерални доплер ултразвуци на вени на долните екстремитети и открија хронична венска ...

Премиерот Христијан Мицкоски, министерот за одбрана Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, денеска во касарната „Мирче Ацев“ во Прилеп, ќе присуствуваат на промоцијата на артилериската батерија составена од шест хаубици 105 mm, „Боран“ и друга придружна опрема. Оваа набавка, како што информира Министерството за одбрана, е во рамки на процесот за модернизација и опремување на Армијата од ...

Русија ги предупреди земјите што обезбедуваат ракети со долг дострел за Украина, дека ќе се соочат со последици. Секоја потенцијална употреба од страна на Украина на германски ракети „таурус“ би значела дека германските војници се директно вклучени во планирањето и спроведувањето на воени операции против нашата земја, вели портпаролката на руското МНР. „Првите ракети соборени од нашите системи за воздушна одбрана ќе ни овозможат брзо да утврдиме ...

Пожар на огромна површина ги зафати атарите на селата Мршевци, Ајватовци и Миладиновци во скопски Илинден. Покрај нискостеблеста, беше зафатена и борова шума, но пожарникарите, месното население и полицијата ја ставија под контрола огнената стихија. Од густиот чад намалена беше видливоста на автопатот Скопје-Куманово, истиот и затворен за сообраќај.Се случила и сообраќајна незгода. Од топлината искреле и дел од далноводите за струја. И жителите ...

weather icon

Скопје

16ᴼ / 16ᴼ
0.51
72%
1011
weather icon

Белград

9ᴼ / 8ᴼ
3.09
92%
1015
weather icon

Загреб

4ᴼ / 4ᴼ
1.03
100%
1017
weather icon

Софија

15ᴼ / 14ᴼ
2.57
62%
1012
weather icon

Сараево

13ᴼ / 13ᴼ
1.45
85%
1013
weather icon

Љубљана

12ᴼ / 10ᴼ
1.03
69%
1016
weather icon

Атина

18ᴼ / 15ᴼ
0.0
89%
1014
weather icon

Тирана

17ᴼ / 17ᴼ
1.54
68%
1011
weather icon

Подгорица

14ᴼ / 14ᴼ
0.0
94%
1011
weather icon

Букурешт

11ᴼ / 11ᴼ
4.12
94%
1013
weather icon

Будимпешта

13ᴼ / 11ᴼ
2.06
76%
1016
weather icon

Истанбул

20ᴼ / 20ᴼ
2.06
52%
1015
Currency

61.5038

Currency

53.207

Currency

69.9311

Currency

34.4779

Currency

37.8248

Currency

65.9942

Currency

7.46604

Currency

0.65612

Currency

0.34549

Currency

0.52515

Currency

1.25929

Currency

0.59948