Скопје
16ᴼ /
16ᴼ
До 7:30 часот утринава на територија на државата се регистрирани вкупно 37 пожари на отворен простор, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Од нив пет се активни, три под контрола, а изгаснати се вкупно 29 пожари. Активни пожари има кај селото Нивичино во Општина Василево, во селото Бешиште кај Прилеп, помеѓу селата Церово и Групчин во Општина Желино и два пожари на територија на Македонски Брод – кај селото Грешница и помеѓу селата ...
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На Граничниот премин Табановце за влез и на граничниот премин Богородица за излез од државата се бележи зголемена фреквенција на возила, а времето на чекање е околу 30-40 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. Во периодот од ...
Шумочуварите на Осоговските планини, во месноста Алтн Врв, спречиле обид за подметнување пожар, на тешко пристапен дел, објави директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. На надморска височина од над 2 илјади метри биле пронајдени гуми, суви гранки и запалив материјал – подготвени за потпалување. Ангелов со апел до граѓаните, доколку забележат сомнително однесување кое укажува на намера за предизвикување пожар надвор од ...
Министерот за економија, г. Бесар Дурмиши, денеска оствари средба со официјална делегација од Република Азербејџан, предводена од министерот за економија г. Микаил Џабаров по повод одбележувањето на 30-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу двете земји. „Вашата посета денес не е само дипломатски гест, туку симболичен и суштински момент. Оваа годишнина е повод за сеќавање, но и можност за визија – да ја зацврстиме и ...
Попладнево ДУИ во Мала Речица одржа состанок на централното раководство каде беа разгледани кандидатурите за градоначалници на локалните избори. И официјално, противкандидат на вицепремиерот и министер за животна средина од „Вреди“, Изет Меџити, ќе му биде Бујар Османи од ДУИ, каде ќе трчаат за градоначалничката фотелја на Општина Чаир. Потоа, сигурни кандидати се Бајрам Реџепи за Тетово и за Желино, Емир Сулејмани. Останатите имиња според ...
Точно шест месеци откако Доналд Трамп вторпат ја презеде функцијата претседател на Соединетите Американски Држави. Неговото враќање донесе низа нови и обновени контроверзии, недоразбирања и превирања што ја обележаа домашната и надворешната политика и дополнително го поларизираа американското општество и меѓународната заедница. На домашен фронт, Трамп вети дека ќе ја врати силната американска економија без „бескорисни“ трговски војни, но во ...
На 20.07.2025 во 13.55 часот на ул. „Железничка“ во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода И.Г.(21) од Штип. При контрола на патниот сообраќај, полициски службеници констатирале дека И.Г. управувал патничко возило „пасат“ со штипски регистарски ознаки со брзина од 102 километри на час, на место каде со сообраќаен знак брзината на движење е ограничена на 50 километри на час. Лицето е приведено во полициска станица и по ...
Жешкото време и постојаните температури над 30 степени во подолг период, влијаат на здравјето на велешани, според докторите од службата за итна медицинска помош. Имаат зголемен број на интервенции. Повеќето пациенти се од возрасната категорија на граѓани. Лекарите препорачуваат за хронично болните, редовно да ја примаат терапијата, лековите кои им се препишани. Но и покрај предупредувањата дека од 11 до 17 ч. Не треба да се излегува на отворено, ...
Ќе се реши проблемот со хонорарците во тетовската болница. Министерот за здравство Азир Алиу рече дека трајно ќе се вработат околу 140-те луѓе кои се со договор на дело и кои преку протести бараа вработување на неопределено време. Проблем со персонал има и Брзата помош. Министерот знае дека и таму фалат луѓе, особено во овој период кога траат горештините. Рече дека се работи и на тоа прашање. И Министерството за финансии одговорило позитивно и ...
Девет пожари на отворено во земјава од кои шест се активни, два се ставени под контрола, а еден е целосно изгаснат. Според последните информации активни пожари има во општините Василево, Ресен, Македонски Брод, Прилеп, Желино. Но, секако ситуацијата е непредвидлива и надлежните се постојано на терен и ја следат ситуацијата. Велат дека се гасне и од копно и од воздух. Имајќи го предвид најавеното зголемување на температурите граѓаните да ги ...
Од ноќеска се намалуваат малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 за 0,50 денари/литар и на мазутот М-1 НС за 0,314 ден/кг и сега ќе изнесува 40,158 денари/литар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менуваат. Мотор-ен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе чини 75 денари/литар, моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе биде ...
На едно четиричлено семејство ќе му бидат потребни минимум 65.326 денари за да го помине месецот. ССМ ги објави пресметките. Потрошувачката кошница за 630 денари поскапа во споредба со минатиот месец. Според синдикатот со изнајмен стан од 60 квадрати за месец март, таа изнесува околу 80.000 денари. Најмногу чинат храната и пијалоците, 23 682 денари, и за три месеци кај овие производи има најголем раст на цената односно 2.202 денари. Премиерот ...
Естрадата на естрадните уметници, а политиката на политичарите. Немаме намера од случајот со претседателката на антикорупциска Татјана Димитровска да правиме естрада, вели шефот на македонската влада Христијан Мицкоски. Неговиот одговор се однесува на тоа дали пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, ќе поднесат барање за разрешување на првата антикорупционерка која е обвинета за две кривични дела. Во Собранието надлежна комисија за разрешувањето е онаа за ...
Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека во моментов има зголемена фреквенција и проток на патници и возила на Граничниот премин Богородица-Евзони кон Р. Грција, информираат од МВР. Отворени се пет ленти за излез од Р.С. Македонија и пет ленти за влез во Р.С. Македонија. Од страна на МВР се преземаат сите мерки и во функција се ставени сите човечки и технички капацитети за да се забрза протокот на патници, се разбира со ...
Според евиденцијата на охридскиот Меѓуопштински центар за социјална работа во изминатите години постојано расте бројот на пријавени случаи на семејно насилство. Во 2024 – та споредено со претходната година забележано е зголемување за десет проценти, што меѓу другото според експертите е резултат на охрабрувањето на жртвите за соработка со надлежните органи. Најмногу загрижува податокот што децата се индиректни, а во одредени случаи и директни ...
Синдикалната кошница во јули изнесува 65.328 денари – пресмета Сојузот на синдикати. Во однос на претходниот месец е поскапа за 630 денари. Делот кој се однесува на храна и пијалоци овој месец е за 515 денари повисок од претходниот и изнесува 23.682 денари. Од податоците на Синдикалната минимална кошница евидентно е дека, откако завршија активните владините мерки, вредноста на синдикалната минимална кошница за три месеци е зголемена за 2.637,00 ...
По резултатите од изборите за горниот дом, јапонскиот премиер Ишиба Шигеру изјави дека има намера да остане на функцијата. Нагласи дека Владата не може да си дозволи да биде блокирана и додаде дека неговата партија треба да ја исполни својата одговорност како најголема политичка сила во комората. Неговата либерално-демократска партија и Комеито го загуби мнозинството со обезбедување само 47 нови места, значително помалку од 66-те места што ги ...
Водата за пиење во Скопје е безбедна, покажуваат добиените резултати од испитувањата, односно сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр. 183/18). Од ЈП „Водовод и канализација“ во Скопје утрово го објавија неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола, кој е всушност прва ...
В петок во Истанбул, нов круг преговори за иранската нуклеарна програма меѓу Иран и таканаречената европска тројка, Германија, Франција и Обединетото Кралство. Западните земји и Израел долго време го обвинуваат Иран дека има намера да развие нуклеарно оружје, нешто што Техеран постојано го негира, тврдејќи дека нуклеарната програма има исклучиво мирољубиви цели. На 13-ти јуни Израел изврши неочекуван напад врз Иран, кога беа убиени високи воени ...
До 8 часот изутринава на територијата на државата се евидентирани вкупно 22 пожари на отворен простор, од кои четири се активни, три се под контрола, а 15 се изгаснати, информираат од Центарот за управување со кризи. Четири активни пожари се уште беснеат во земјава. Активни се кај село Нивичино во Општина Василево (нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација), кај село Грешница во Општина Македонски Брод (мешана шума и сува трева), ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде ...
Секторот за внатрешни работи Скопје ги известува граѓаните дека поради одржување на Европските младински игри Скопје 2025 во кајак на реката Треска-кањон Матка, ќе биде воведен посебен сообраќаен режим во тој дел од градот Скопје и тоа во понеделник, вторник и среда од 08 до 14 часот, а во четврток од 08 до 16.30 часот. Се апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите на полициските службеници, со цел да се обезбеди безбедно одвивање на ...
Претежно сончево и многу топло време најавува Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за денеска. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и југозападен правец. Минималните температури ќе се движат во интервал од 10 до 19 Целзиусови степени, додека максималните ќе се искачат од 31 до 40 степени. Времето во Скопје ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен југозападен ветер. Температурите ќе се движат од минимални 17 до максимални 40 ...
Кривичниот суд го одобри обвинението против поранешните директори на Клиниката за радиотерапија и онкологија, Нино Васев и Нахад Нухи, за злоупотреби, измама и проневера во службата од 2018 до 2022 година. Според обвинението, тие незаконски набавувале лекови, ги прикривале преку фиктивни тендери и присвојувале дел од терапијата, со што го оштетиле буџетот за речиси 36 милиони евра. Васев е обвинет и во друг предмет за несовесно лекување на ...
Полициски службеници од СВР Скопје синоќа и денеска во периодот од 19.00 до 02.30 часот на подрачје на Центар извршија акциска контрола во угостителски објекти во координација и соработка со Државниот пазарен инспекторат. Во рамки на контролата на 12 угостителски објекти, четири лица беа лишени од слобода врз основ на чл. 215 став 3 и 236 став 1 од КЗ на РСМ, а беа приведени и други девет лица од кои шестмина малолетници. Покрај ова евидентирани ...
Денеска во утринските часови, по претходно повикана помош за спасување на лице кое се наоѓа на непристапен планински предел на планината Баба, битолско, хеликоптерот „Агуста бел 212“ на Хеликоптерската единица за полициски намени при МВР, веднаш по применото барање за помош, полета и се упати на спасувачка мисија на планина Баба. Хеликоптерот на Министерството за внатрешни работи се упати за извршување на зададената задача со тројца припадници ...
Повторно оган во Желино. Продолжи справувањето со пожарот на планината Жеден каде сите индиции укажуваат дека е подметнат. И камерата на МТВ ги регистрираше запалените гуми. Жителите на Желино се многу претпазливи. Раскажуваат дека стравувале од пожарот, иако и натаму сакаат да веруваат дека огнот не е подметнат од човек. Според Ангелов, екипите кои се активирани кај Желино успеале да го пресечат огнот и да не дозволат да се прошири кон селото ...
Откако Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција поднесе обвинение против претседателката на Антикорупциска, Татјана Димитровска за оддавање службена тајна во предметот „Адитив“, но оти дозволила друг во нејзино име да полага за да добие безбедносен сертификат, правници коментираат дека Димитровска треба да поднесе оставка, или да се поведе постапка за нејзино разрешување. Експертите предупредуваат дека ако има сомнеж дека во ...
Софија молчи за заедничка резолуција со Бугарија во Европскиот парламент со кој се зацементираат посебноста на македонскиот идентитет и јазик. Оваа резолуција се очекува да го откочи евроинтегративниот пат на земјава, вели заменик-министерката за европски прашања Викторија Трајков. Македонија ќе чека на Софија по летните одмори да се изјасни дали ја прифаќа иницијативата за заедничка резолуција. Засега нема потреба да се расправа во Собранието ...
Прилепската противпожарна единица од пожари штити најголема територија во земјава. Ама ќе почека на потребните пожарникари. Огласот за петмесечно времено ангажирање на 30 нови заштитници од огнените стихии е пролонгиран до среда. На барањето за 30 нови, се јавиле пет-шест кандидати. Прилепската единица се бори со пожарите, но и со застарената опрема и потребата од нови заштитници од огнените стихии. Граѓаните веднаш го детектираат проблемот. А ...