Во просториите на Општина Кисела Вода, се одржа протоколарна средба помеѓу градоначалникот и претседател на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски, и новоименуваната амбасадорка на Република Словачка, Ивета Хрицова. На состанокот, како што соопштуваат од општината, се разговараше за можностите за унапредување на соработката на локално ниво, како и за можностите за преземање на европски практики во функционирањето на локалната самоуправа. Градоначалникот ...

Министерството за здравство информира дека целокупната документација и наодите од извештаите на комисиите во врска со работењето на Стоматолошката комора, се доставени до Јавно обвинителство на РСМ за натамошно рагледување и постапување, согласно законските надлежности. Доставени се трите извештаи за работа на комисијата за вршење надзор над законитоста на работата во вршење на јавното овластување на Стоматолошката комора од 25.02.2025 година, ...

Дали Битола ќе стане град на старите? И натаму се намалува бројот на запишани првоодделенчиња. Досега на списокот се наоѓаат дури дваесет проценти помалку во однос на лани. „Во основните училишта во Општина Битола за учебната 2025/26 година, до денес се запишани 636 првачиња. Ланската година беа запишани 767. Точната бројка ќе ја имаме по први септември“, велат од Општина Битола. Родителите мораа да ги запазат законските измени за почитување на ...

Се санираат проблемите со пумпите на хидросистемот „Ѓавато“. Дојранското Езеро е пред нова еколошка катастрофа по повлекување на водата. детектирани се пукнатини на цевки преку кои се полни. Во увид беше и претседателот на владата, Мицкоски. „Излеговме на самата траса од хидросистемот Ѓавато за лично да се увериме и видиме што се случувало повеќе од две децении откако е направен овој хидросистем за да направиме дијагностика по која потоа ќе ...

Вчеравечер во 22:00 часот, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода И.Г.(34) од с.Просениково, струмичко, поради сомнение дека извршил кражба на мопед. Тој бил задржан во полициска станица, а мопедот бил пронајден и вратен на сопственикот. За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по негово целосно документирање, против И.Г. ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштуваат од МВР. ...

Амар Мециновиќ, актуелен пратеник и поранешен член на Советот на Град Скопје, ќе биде кандидат за градоначалник на главниот град од партијата Левица. Приоритети во неговата програма ќе бидат јавниот превоз, јавната чистота, борбата против загадувањето и носењето нов Генерален урбанистички план. „Левица сака да ги обедини сите кои се против ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ“, рече Мециновиќ. Претседателот на Левица, Димитар Апасиев, најави рекордно учество на ...

Од денеска до 11-ти септември граѓаните може да го проверат Избирачкиот список и да поднесат барања за запишување, дополнување или бришење податоци. Државната изборна комисија е должна по барањата и пријавите на граѓаните да одлучи со решение во рок од 24 часа. Политичките партии ќе може да го проверат списокот и да поднесат свои барања до 19-ти септември. Избирачкиот список ќе биде заклучен најдоцна на 26-ти септември, а конечната верзија ќе ...

Утрово врнежите кои траеја повеќе од два часа на подрачјето на ловиштето „Јасен“ конечно помогнаа да се изгасне пожарот што беснееше повеќе од десетина дена, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. Иако врнеше обилен дожд, на одредени делови од пожарната линија сè уште има чадење. „По кревањето на маглата и чадот ќе продолжиме со пешадиски интервенции на жешките точки кои покажуваат знаци на горење. Целиот ...

Фудбалерите на Шкендија го совладаа бугарски Лудогорец со 2-1 во Скопје во првиот натпревар од плејофот за пласман во групната фаза во лига Европа. Лудогорец дојде во водство од својата прва шанса на арената „Тодор Проески“ кога Дерој Дуеарте искористи грешка во одбраната на Шкендија и биеше прецизно во 17 минута. Шкендија беше рамноправен противник во првото полувреме и откако не искористите две – три идеални шанси за гол, го израмни резултатот ...

Најдобриот светски тенисер, Италијанецот Јаник Синер ќе ја почне одбраната на титулата на УС Опен против Чехот Вит Коприва, одлучи денешната жрепка во Њујорк. Рекордерот со 24 освоени грен слем титули, Србинот Новак Ѓоковиќ за прв противник ќе го има домашниот тенисер Лернер Тиен. На женскиот турнир, најдобрата светска тенисерка и бранителка на титулата во Њујорк, Арина Сабаленка од Белорусија ќе стартува на УС Опен против Швајцарката Ребека ...

Изминатото деноноќие, до седум часот утрово, на територија на државава има регистрирано вкупно 27 пожари на отворен простор. Од нив, осум се активни, информираат од Центарот за управување со кризи. Активните пожари се на територија на општините Македонски Брод, Прилеп, Долнени, Росоман, Кичево, Студеничани, Велес, Сопиште. Во „Јасен“ гори мешана шума. На територија на село Беловодица, место викано „Ливада“ и село Лењиште, гори букова шума. ...

Додека Израел напредува во операцијата во Газа, Нетанјаху нареди итни преговори за ослободување на сите преостанати заложници и крај на војната под услови прифатливи за Израел, но не се откажува од окупацијата на градот во енклавата и уништувањето на Хамас. „Дадов инструкции веднаш да се почнат преговори за ослободување на сите наши заложници и да се заврши војната под услови прифатливи за Израел. Овие две прашања – поразување на Хамас и ...

Додека преговорите за мир во Украина остануваат заглавени, Трамп постави нов рок од две недели за договор. Зеленски обвинува дека Путин избегнува преговори и не сака мир, па единствениот пат кон крај на војната е притисок врз Москва. Го осуди синоќешниот масовен руски напад со над 600 дронови и ракети на западот на Украина во кој беше погодена и американска фабрика, обвинувајќи ја Русија за намерен удар. „Сигналите од Русија се непристојни. Се ...

Поради пожар во националниот Парк Јасен, регионалниот пат Р1106 Македонски Брод – Скопје затворен е за секаков вид на возила. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќајот на патиштата надвор од градските средини е зголемен. Поради летните одмори, се бележи зголемена фреквенција на возила, на ГП „Табановце“ времето на чекање за влез и излез од државата е околу 15 ...

Скопското обвинителство поведе истрага против едно лице, осомничено за изнуда на околу еден и пол милион денари. Осомничениот во периодот од 15 до 28 јули годинава, со закани се претставувал во име на министер за внатрешни работи и тројца јавни обвинители, барајќи пари од оштетено лице за да избегне наводна судска постапка. Во четири наврати, на различни локации, оштетениот му ги предал бараните пари. Обвинителството утврдило дека станува збор ...

Денеска околу 05:30 часот во Тетово, полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции ги лишиле од слобода Б.З.(65) и И.Р.(67), двајцата од Тетово. При контрола на патничко возило „фолксваген голф” со тетовски регистарски таблички, кое го управувал Б.З., биле пронајдени и одземени 13 кутии со филтри за цигари, 129 штеки разновидни цигари, 14,5 килограми дробен тутун, машинки за полнење на ...

Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, денеска ги потпиша договорите за кофинансирање на 7 проекти со вкупно 18 корисници – општини и организации од граѓанскиот сектор од Македонија. Овие проекти се реализираат во рамки на Програмата за прекугранична соработка меѓу Македонија и Бугарија, преку отворениот повик за инвестициски иницијативи по Приоритет 3: „Интегриран развој на прекуграничниот регион“. Вкупна вредност на јавниот повик ...

Компаниите ќе ги добијат парите од солидарниот данок. До нив е доставен предлог за исплатата да се изврши во две рати, во март в година и март 2027-ма. Премиерот Мицкоски вели дека врз основа на проекција што нема да ја загрози ликвидноста на буџетот, до компаниите е доставена фер понуда за начинот на враќањето на солидарниот данок, воведен од претходната влада. Законот за оваа давачка беше поништен од Уставниот суд. Дека парите ќе им се вратат ...

Меѓународната заедница со остри тонови за протестите во Србија. Властите во Белград мора да ги разјаснат нападите врз демонстрантите, принципите на владеењето на правото мора да се почитуваат, а слободата на собир мора да биде гарантирана, предупреди Берлин. По два дена блокади, судот во Нови Сад денеска не беше под опсада, иако десетици граѓани беа собрани пред зградата. Синоќа на улиците излегоа граѓаните кои се против антивладините блокади, ...

Над 100 илјади тони грозје се очекува од овогодинашниот гроздобер, за 25 милиони килограми повеќе од лани. Ова се должи на поефикасното менаџирање со водата, велат од Земјоделство. Цената е највисока до сега, според направените анализи, според Трипуновски трошоците на лозарите се намалени, а добиваат и зелена нафта и субвенции. И покрај зголемената цена на грозјето лозарите велат дека не е доволна да ги покријат трошоците. Бараат да се почитува ...

Голем пожар во скопската населба Карпош 4 во магацински простор на поранешниот објект на „Макотекс“ веднаш до четирите кули во близина на мостот „Обединети нации“. Според очевидци, по избувнувањето на пожарот имало експлозии. За кратко, огнените јазици се прошириле на сите објекти и се наближиле кон една приватна куќа во близината, која не се запалила со помош од жителите од околината кои помогнале во гаснењето. Противпожарната бригада на Скопје ...

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР, до Основното јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава против А.З.(36) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“ по член 247 од Кривичниот законик. Пријавениот А.З., во периодот од 15.07.2025 до 20.08.2025, со намера да се стекне со противправна имотна корист, со лажно прикажување на факти довел и одржувал во заблуда лице од Скопје ...

Во јули, забележан е годишен пораст од 13 проценти и во вкупните депозити и во вкупната кредитна поддршка. Народната банка денеска соопшти дека зголемувањето кај депозитите во најголем дел се должи на порастот во секторот „домаќинства“, со помал пораст и на депозитите на деловниот сектор, а кај вкупните кредити поради повисоките кредити на двата сектори, со поголем придонес на деловниот сектор. Вкупните депозити на домаќинствата во јули годинава ...

Претпладнево голем пожар зафати бараки на територија на скопската населба Карпош 4, а во моментов пожарот се става под контрола, вели првиот човек на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. Тој вели дека засега нема информации за повредени или настрадани лица, а повеќе возила и екипи од скопската пожарна во моментов се на терен и учествуваат во гаснењето на пожарот. Според одредени информации во медиумите, напомош во гаснење на ...

Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) соопшти дека во изминатите четири години не се евидентирани претставки од пациенти за непотребни медицински интервенции. Од ФЗО нагласуваат дека редовно вршат контроли на јавните и приватните здравствени установи, а по сопствен наод во овој период спровеле девет контроли за приватно наплатени средства. „ФЗО со должно внимание ги следи сите прашања поврзани со квалитетот, безбедноста и законитоста на ...

Летово во Велес нема зголемен број на деца кои имаат вируси и побарале помош од матичните доктори. Деца доаѓаат како пациенти, но со мали знаци на воспаление на грло, но не и со вируси. Ова лето докторите имале со многу помала фреквенција интервенции, отколку претходните години. Или велат имавме мирно лето. Во велешка болница, на Детското одделение има континуирано голем број на пациенти, деца кои имаат цревни вирусни инфекции, не бактериски, ...

Ураганот Ерин повторно се засилува додека се приближува кон средноатлантскиот брег. Силните ветрови што ги носи бурата веќе се чувствуваат на плажите кои беа затворени од Северна Каролина до Њујорк. Голем дел од населението во крајбрежјето е евакуирано поради големите бранови кои се закануваат да ги поплават и пресечат патиштата. Моќната бура денеска ќе го достигне својот врв, а од утре се очекува да ја намали силата. Иако нема директно да го ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова вечерва ќе се обрати и ќе го отвори 64. издание на Струшките вечери на поезијата, коешто се одржува под нејзино покровителство. Во рамките на свеченото отворање на фестивалот ќе бидат одржани „Поетските меридијани“, коишто ќе започнат со претставување на добитникот на Златниот венец на Струшките вечери на поезијата за 2025 година, словачкиот поет Иван Штрпка. На Меѓународното поетско читање на првата ...

Македонската кошаркарска репрезентација со победа го заврши настапот во претквалификациите за пласман на Светското првенство, откако синоќа во Скопје ја совлада Унгарија со 82:75 во завршното коло во групата Б. Избраниците на селекторот Марјан Илиевски заслужено дојдоа до премиерниот триумф и го контролираа резултатот во најголем дел од натпреварот во кој на полувреме заминаа со предност од 45-32, а во 35 минута имаа и највисоки 17 поени ...

Поради пожар во националниот Парк Јасен, регионалниот пат Р1106 Македонски Брод – Скопје затворен е за секаков вид на возила. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќајот на патиштата надвор од градските средини е зголемен. Поради летните одмори, се бележи зголемена фреквенција на возила, на ГП „Табановце“ времето на чекање за влез и излез од државата е околу 15 ...

weather icon

Скопје

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
100%
1015
weather icon

Белград

7ᴼ / 7ᴼ
3.09
95%
1016
weather icon

Загреб

4ᴼ / 2ᴼ
1.54
93%
1018
weather icon

Софија

12ᴼ / 11ᴼ
7.2
67%
1015
weather icon

Сараево

11ᴼ / 11ᴼ
1.36
95%
1015
weather icon

Љубљана

1ᴼ / 1ᴼ
0.1
100%
1019
weather icon

Атина

21ᴼ / 20ᴼ
4.92
80%
1016
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
2.57
77%
1012
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
2.57
94%
1012
weather icon

Букурешт

10ᴼ / 8ᴼ
3.6
94%
1015
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 7ᴼ
1.0
94%
1017
weather icon

Истанбул

16ᴼ / 16ᴼ
1.03
82%
1018
Currency

61.5038

Currency

53.207

Currency

69.9311

Currency

34.4779

Currency

37.8248

Currency

65.9942

Currency

7.46604

Currency

0.65612

Currency

0.34549

Currency

0.52515

Currency

0.59948

Currency

1.25929