Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) најостро го осудува инцидентот што се случи на натпреварот од младинските категории (генерации 2009/10) помеѓу екипите на Брегалница и Шкупи, кога група родители на гостинските фудбалери влегоа на теренот и физички нападнаа дел од домашните играчи. Ваквото однесување е целосно неприфатливо и претставува грубо нарушување на спортскиот дух, фер играта и безбедноста на младите фудбалери. Особено загрижува ...

Се заострува реториката, на политичката сцена навреди кон противникот, обвиненија, реакции. Партиите и пред овие избори многу порано ја започнаа кампањата, која официјално стартува за повеќе од еден месец. Комуниколозите со апел да се однесуваат коректно, критиките кои ги споделуваат политичките актери да бидат аргументирани, а не токсични. Во фокусот на изборниот процес и финансирањето на политичките субјекти. Од каде добиваат пари и кој ги ...

Голема акција на Финансиската полиција во општина Липково, Куманово и Желино. Екипи на Финансиската полиција вршат претреси на повеќе локации поврзани со даночно затајување и измама. Според неофицијалните информации, акцијата е резултат на подолга истрага за постоење на организирана криминална група на фирми кои се занимаваат со набавка и продажба на нафтени деривати и кои се сомничат за криминал вреден над седум милиони евра. Известува Марија ...

АМСМ информира дека поради летните одмори, се бележи зголемена фреквенција на возила. На ГП „Табановце“ времето на чекање за излез е околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања при влез или излез од државата. АМСМ препорачува приспособена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и ...

Горивата поскапуваат од полноќ, одлучи Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Донесена е Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,64% во однос на последната одлука од минатиот понеделник. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,00 ден/лит. Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се ...

Голема полициска акција на Финансиската полиција во општина Липково, Куманово и Желино. Екипи на Финансиската полиција вршат претреси на повеќе локации под сомневање за злосторничко здружување, даночно затајување, даночна измама и перење пари и други дела поврзани со финансиски криминал. Акцијата е резултат на подолга истрага за постоење на организирана криминална група на фирми кои се занимаваат со набавка и продажба на нафтени деривати и кои ...

Кинотеката на Македонија ја најавува септемвриската програма, која ќе донесе вистински филмски празник за љубителите на седмата уметност. Овој месец е посветен на антологиските филмови од историјата на светската кинематографија, како и на значајни македонски играни и краткометражни остварувања. На репертоарот ќе се најдат ремек-дела што го обележале златното време на филмот. Посебно место во програмата ќе имаат и македонските краткометражни ...

Министерот за здравство Азир Алиу денеска имаше средба со д-р Сашко Кедев, на која беа разменети информации во врска со наводите дека се вршеле непотребни кардиохируршки интервенции кај пациенти во приватните болници, соопшти Министерството за здравство. Министерот Алиу на средбата потсети дека ќе биде испратен допис со кој сите приватни здравствени установи се задолжени од 15-ти септември да го информираат Министерството, односно Управата за ...

Долго разведениот пар е принуден да го сокрие овој факт од членовите на своето семејство. Секогаш се трудиме да бидеме подобри, поуспешни, поубави на семејните собири, но дали се трудиме толку многу што после години и години разведени повторно се преправаме дека сме во брак? Тоа е свадба на која ќе се собере целото семејство. Дали трикот ќе успее или не, ќе дознаеме на свадбата на годината. Дон и Ели Грифин (Роберт Де Ниро и Дајан Китон) се ...

Вчера напладне, во предворјето на манастирот Св. Наум Охридски, на најјужниот брег од Охридското езеро, пред самиот почеток на поетското читање на интернационалните поети гости на Струшките вечери на поезијата, на Иван Штрпка, овогодишен лауреат на златниот венец на СВП, му беше врачена плакета со почесно членство во Друштвото на писателите на Македонија. При врачувањето на признанието, претседателот на ДПМ, Живко Грозданоски, изјави дека на ...

25/08/2025 09:18 - МРТ

Планот е да се украдат добро чувани и заклучени слики, накит и 2 фаберже јајца. Кит Рипли (Морган Фримен) е пресметлив професионален крадец кој живее по одреден код, за разлика од неговиот поранешен партнер кој погинал бидејќи не го почитувал кодот. Забележувајќи го младиот крадец Габриел (Антонио Бандерас), Кит сфаќа дека добро се снаоѓа по улиците на Њујорк и дека токму тој му е потребен за голем грабеж. Планот е да се украдат добро скриени и ...

Младата пејачка од Скопје Марија Јаковлеска ја освои првата награда на стручното жири на вечерта на забавна музика на меѓународниот музички фестивал Студентско лето во Маглај, Босна и Херцеговина. 26-годишната Марија до овој голем успех дојде со триумфално исполнение на безвременскиот хит на Селин Дион „The Power of Love“. Понатаму, стручното жири третото место му го додели на уште еден претставник од Македонија – младиот прилепчанец Сергеј ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќајот на патиштата надвор од градските средини е зголемен. Поради летните одмори, се бележи зголемена фреквенција на возила, на ГП Табановце времето на чекање за излез е околу 30-40 минути. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања при влез или излез од државата. Поради пожар во националниот Парк Јасен, ...

45-годишен пожарникар стана четвртата жртва на шумските пожари во Португалија по здобиените повреди за време на борбата со пламените јазици. Во земјата и натаму се активни четири големи пожари во централните и северните делови. Над 2.600 пожарникари се обидуваат да ги стават огнените стихии под контрола. Надлежните издадоа предупредувања за многу висок ризик од пожар во голем број општини во внатрешноста на земјата. Досега изгореле речиси 250 ...

Дел од жителите од Општина Аеродром денеска ќе бидат без струја поради технички зафати во мрежата. -Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, известува дека: поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа на ден 25.08.2025 година (понеделник), без електрична енергија ќе останат: од 08:30 до 15:30 часот, корисниците на улица „Филип Богдански“ во Општина Аеродром и од 09.00 до ...

Најмалку две лица загинаа, десетици се повредени во израелски напад врз главниот јеменски град Сена контролиран од Хутите, како одговор на истреланите касетни бомби кон Израел, првпат по две години. Нетанјаху го потврди, како што рече стратешкиот напад, додавајќи дека Хутите учат на потешкиот начин. „Воздухопловните сили повторно нападнаа стратешки цели во Јемен. Ја нападнаа претседателската палата во срцето на Сана, електраната на градот и ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски е во работна посета на Брисел. Во рамки на посетата, се планирани средби со еврокомесарката за проширување на ЕУ, Марта Кос, како и со генералниот директор на Директоратот на Европската комисија за проширување и источно соседство, Герт Јан Копман. На средбите ќе се разговара за теми поврзани со европската агенда на Северна Македонија, реформската агенда на земјата и ...

Децентрализацијата, во фокусот на Владата. Рамномерно распоредување на финансиски средства, со цел развивање на одржливи општини. На сите градоначалници на располагање ќе им биде т.н. ресурсен центар, кој ќе им обезбеди техничка и експертска поддршка. Изградба на патна инфрастуктура, реконструкција на студентски домови, училишта и градинки се дел од реализираните проекти – дел од отчетот на актуелните градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ, кои се ...

Средства на сите локални самоуправи врз база на проекти за да се мотивираат градоначалниците да креира проекти за потребите на граѓаните. Ресорниот министер Перински вели дека одржливи општини се тоа што и недостига на Македонија и во тоа е неговиот фокус. Втор ден саем за отчет на ВМРО-ДМНЕ. Ги отфрлам пораките на ДУИ кој припаѓаат на минатиот век дека ако тие не се во владата тоа претставува обид за етнички конфликт и етничка поларизација. ДУИ ...

По тримесечна рехабилитација околу 150 млади лица повредени во кочанската дискотека „Пулс“ лекувањето ќе го продолжат во штипската и кочанската болница, вели за МТВ директорката на кочанската болница, Мирчовска. Интензивната медицинска психолошка и физикална поддршка дала резултати и лекарите се задоволни од процесот на заздравување, но лекувањето ќе продолжи. Кај полесно повредени функциите се враќаат во нормала, кај посериозни повредените ...

Директорот на Државниот инспекторат за земјоделство Васе Анакиев, заедно со инспекторски тим, изврши контрола кај повеќе откупувачи на пиперка „Куртова Капија“ во струмичкиот регион. Во контролата беше проверено дали откупувачите имаат јавно истакнати цени и дали се почитуваат правилата за класификација на производот. Согласно утврденото, моменталните откупни цени се: Екстра класа – 50 денари/кг, I класа – 45 денари/кг, I/II класа – 35 ...

По четири години разочарување наместо развој време е да ги вратиме општините на вистинскиот пат-велат од опозициската СДСМ на настанот на кој присуствуваа дел од партиските кандидати за градоначалници. Обвинуваат дека градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ не ги испорачале ветувањата, а власта удрила по џебот на граѓаните. Повеќе плаќаат, помалку добиваат. Според нив поскапеле сметките за комунални услуги, данокот на имот, а нема подобрување на условите ...

Одговорноста и одговори од надлежните институции за истрагата и вистината да излезе на виделина, побараа родителите на настраданите во дискотеката Пулс во Кочани. И овој пат на марш на ангелите упатија порака за брзо расчистување на случајот, да нема сомневање за обиди за задскиравање на доказите. Ако институциите доследно не ја извршат својата должност ќе испратат порака дека животот на настраданите не значи ништо – велат семејствата кои ги ...

Подрачните одделенија на ДИК се подготвени за увидот во Избирачкиот список кој ќе трае 20 дена. Секој ден од 8 до 20 часот граѓаните ќе можат да дојдат во просториите и да си направат проверка. Го посетивме одделението во Центар што ги покрива истоимената општина и Аеродром. Од таму не информираа дека последните години доаѓаат само повозрасните бидејќи помладата популација електронски си се проверува. Дел од нив велат дека со години се запишани ...

Работиме за секој човек и ветената програма во најголем дел е остварена рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер, Христијан Мицкоски на саемот „Отчет за четиригодишната работа на градоначалниците“. Ниту една функција не е загарантирана ниту вечна, посочи тој и со тоа најави смени во партиските функции, но и реконструкција на владата веднаш по локалните избори. Ќе се менуваме, надоградуваме и усовршуваме врз основа на потребите и барањата на ...

На 21.08.2025 во 20:20 часот во село Горно Оризари, велешко, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Е.Л.(46) од селото, постапувајќи по претходна пријава дека во селото со запалка запалил сува трева на отворен простор, по што настанал пожар. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Велес, а повредени лица нема. Е.Л. бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по целосно ...

На 21.08.2025 во 14:40 часот во СВР Тетово, 79-годишна тетовчанка пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 16.000 евра и 10.700 швајцарски франци. Според пријавеното, лицето ја контактирало телефонски, се претставило како лекар и ѝ кажало дека нејзината ќерка предизвикала сообраќајна несреќа, при што се здобила со тешки телесни повреди и дека треба да плати за неопходната операција. Како што е пријавено, таа парите ги фрлила од ...

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јуни годинава изнесува 45.468 денари и е повисока за 8,4 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика (ДЗС). Зголемувањето се должи, пред сѐ, на порастот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Образование за 14,7 проценти, Дејности на здравствена и социјална заштита за 12,7 проценти и Рударство и вадење камен за 12,2 проценти. Намалување на просечната ...

Почнаа да се санираат дефектите на потопните пумпи и цевководите од бунарското подрачје на хидросистемот „Ѓавато“. На тој начин се очекува да се зголеми дотурот на вода до Дојранското Езеро. Во моментов работат само две од вкупно десет. Премиерот Мицкоски најави дека ќе бидат оспособени дополнителни четири пумпи. Паралелно екипи на РЕК Битола ќе санираат и две потисни пумпи кои ја туркаат водата низ 22 километарскиот цевковод до езерото, кажа ...

Со мнозинство гласови ДИК го донесе упатството за бројот на советници во општините и во градот Скопје. Против гласаше Дитмире Шеху од ДУИ. Смета дека овој документ не може да се донесе врз основа на одлуката на Владата од септември минатата година со која е намален бројот на советници во 14 општини, а се темели на пописот од 2021 година. „Законот за локална самоуправа не и дава право ниту на Владата, ниту на ДИК да го одреди бројот на советници. ...

weather icon

Скопје

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
100%
1015
weather icon

Белград

7ᴼ / 7ᴼ
3.09
95%
1016
weather icon

Загреб

4ᴼ / 2ᴼ
1.54
93%
1018
weather icon

Софија

12ᴼ / 11ᴼ
7.2
67%
1015
weather icon

Сараево

11ᴼ / 11ᴼ
1.36
95%
1015
weather icon

Љубљана

1ᴼ / 1ᴼ
0.1
100%
1019
weather icon

Атина

21ᴼ / 20ᴼ
4.92
80%
1016
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
2.57
77%
1012
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
2.57
94%
1012
weather icon

Букурешт

10ᴼ / 8ᴼ
3.6
94%
1015
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 7ᴼ
1.0
94%
1017
weather icon

Истанбул

16ᴼ / 16ᴼ
1.03
82%
1018
Currency

61.5038

Currency

53.207

Currency

69.9311

Currency

34.4779

Currency

37.8248

Currency

65.9942

Currency

7.46604

Currency

0.65612

Currency

0.34549

Currency

0.52515

Currency

0.59948

Currency

1.25929