Скопје
11ᴼ /
11ᴼ
Ако во претходните изборни циклуси домашната економија стагнираше, а луѓето во неизвесност очекуваа дали ќе се случат промени, сега состојбата е прилично јасна, смета економскиот аналитичар Синиша Пекевски. Тој не очекува локалните избори да ги одвратат граѓаните од трошење, ниту малите бизниси да останат без приходи. Неопходни ќе бидат вложувања кои носат додадена вредност – велат познавачите. Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците за ...
Кој ќе ја зеде в раце раководната власт во градот Битола? Се „крчка“ списокот на подрачната единица на ДИК со независни кандидати за градоначалници на градот како и предлог советнички листи? Од ДИК за МТВ велат дека процесот за претстојните локални избори е во тек. Засега единствената независна кандидатка за „нов татко“ на градот е Габриела Илиевска од независната граѓанска иницијатива „Поинаку“. Вели дека отсекогаш ја имала поддршката од ...
За да биде целосна услугата недостигаат уште неколкумина. Овие вработени даваат сè од себе за да можат да ги услужат гостите, за да си заминат задоволни и повторно да се вратат. Работници нема, а дневниците секојдневно стануваат сè повисоки. Угостителскиот бизнис во земјава кубури со кадар, а сезоната на летни одмори одминува, масите се полнат. Газдите бараат поддршка и нови мерки од институциите, со кои ќе се создадат услови за младите да ...
Вчера во 19:30 часот во СВР Битола, 88-годишна битолчанка пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 1.000 американски долари, евра и 20.000 денари, информираат од МВР. Според пријавеното, лицето ја контактирало телефонски и ѝ кажало дека нејзиниот син со сопругата предизвикал сообраќајна несреќа, при што се здобиле со тешки телесни повреди и притоа прегазиле осумгодишно дете и дека треба да плати за да не биде пријавен во полиција од ...
1.224 домаќинства од ранливи групи и со ниски примања досега аплицирале за субвенции за набавка на инвертер системи. Јавниот оглас за поддршка преку доделување на правото на купен и вграден инвертер клима-уред важи до 5-ти октомври. Немаат право да аплицираат лица приматели на гарантирана минимална помош и социјални пензии. Парно греењето е најекономична опција за домаќинствата, сметаат граѓаните. Огласот за финансиска поддршка од 1.000 денари ...
Вчера вечер, на улица „Гоце Делчев“ во Кавадарци, полицијата од ОВР Кавадарци лиши од слобода Н.В. (64) од Кавадарци. При контрола на патниот сообраќај, било сопрено патничко возило „Пежо“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Н.В. По извршени проверки, било утврдено дека возачот имал 2,01 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај. Лицето било задржано во полициска станица, а јавен обвинител бил известен. По ...
Ревизорските извештаи постојано откриваат нерегуларности направени во минатото во државните институции. Но, што по нивното објавување? Еден од нив е за трошењата во Министерството за надворешни работи во времето кога министер беше Бујар Османи. Според коалицијата „Вреди“ постојат сериозни сомнежи за злоупотреби на јавни средства. Пред Државната ревизија да обелодени неправилности во МНР, Обвинителството веќе истражувало, но не открило ништо. ...
Продолжуваат нападите со дронови меѓу Киев и Москва во момент кога се засилува дипломатскиот притисок за крај на војната. Зеленски се сретна со делегација од меѓународната парламентарна мрежа „Обединети за Украина“. Лидерите разговараа за безбедносните гаранции и резултатите од неодамнешните состаноци во Вашингтон. Украинскиот претседател ја нагласи важноста на обединетиот глас и заедничката европска позиција. Изрази благодарност за поддршката и ...
Деканот на Градежниот факултет при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, Горан Марковски, е кандидат за градоначалник на Град Скопје на претстојните локални избори, како дел од граѓанската платформа „Независни заедно“. „Проф. д-р Горан Марковски е истакнат интелектуалец и борец за безбедно и убаво Скопје. Заедно да му дадеме шанса на градот, да го водат стручни лица со храбро лидерство и визија за поубав град по мерка на човекот“, истакнуваат ...
На 31-ви август истекува рокот за поднесување барања за субвенции за струја за ранливи категории – информираат од Министерството за енергетика. Со програмата се обезбедува поддршка од 1.000 денари месечно, во траење од 12 месеци, преку директно намалување на сметките за електрична енергија. Право на аплицирање имаат домаќинства со едно или повеќе лица со тешка или длабока интелектуална попреченост, домаќинства со најтешка телесна попреченост, ...
Еден месец помина од јавно објавениот негативен извештај на Државниот завод за ревизија за трошењата во Министерството за надворешни работи во време кога министер беше Бујар Османи, а Обвинителството и судството сѐ уште не презеле никакви мерки, се наведува во соопштението на ВРЕДИ. Од партијата нагласуваат дека ревизорите утврдиле дека над 120 милиони денари (околу 2 милиони евра) се потрошени за организација на ОБСЕ самитот во Скопје без ...
Двајца полицајци се убиени, а трет е ранет на имот околу 300 километри североисточно од Мелбурн. Осомничениот вооружен маж е во бегство, а со него се сопругата и најмалку две деца, кои ги држи како заложници. Инцидентот се случил во утрово, кога полицајците дошле на имот за да извршат претрес поради забраната за поседување оружје. На граѓаните им е наредено да останат во своите домови и да ја избегнуваат областа. Според австралиските медиуми, ...
Полициските службеници од ОВР Кичево вчера го привеле 18-годишниот Ф.Л. од Кичево, откако на булевар „Ослободување“ со автомобил „Цитроен Саксо“ удрил во пешак. Несреќата се случила утрото околу 06:55 часот, кога возилото удрило во 82-годишниот С.Ш. од Кичево, по што возачот првично го напуштил местото, но кратко потоа се вратил без автомобилот. Повредениот пешак со тешки повреди бил пренесен од кичевската болница во Комплексот клиники „Мајка ...
Денеска се навршуваат 115 години од раѓањето на Мајка Тереза, еден од најзначајните ликови на 20-тиот век. Особено се почитува нејзината идеја за основање на католичката заедница „Мисионерки на љубовта“ во Калкута со над пет илјади сестри вклучени во речиси 600 мисии за помош, со училишта, народни кујни, прифатилишта и болници за сиромашни, гладни и оставени во 133 држави во светот. Родена е како Гонџа Агнеза, во Скопје. Папата ја канонизира ...
Со натпреварите во Кавадарци и Куманово беше заокружено третото коло во Првата македонска фудбалска лига. Пелистер славеше над Шкупи со 2-0, благодарение на головите на Ристиќ во 59. и Булатовиќ во 85. минута, обезбедувајќи ја својата втора победа сезонава. Во Куманово, Башкими пред домашната публика беше поуспешен од Тиквеш со 3-1. Двоен стрелец беше Алексовски (36’, 78’), а еднаш погоди Симоновски (47’). Почесниот гол за гостите го постигна ...
Редовното јадење бадеми може да биде клуч за подобро здравје, покажува истражување објавено во списанието „Scientific Reports“. Според анализата на осум клинички студии, дневниот внес од околу 60 грама бадеми – што е една полна рака – значително го намалува оксидативниот стрес и оштетувањето на ДНК, процеси кои се поврзуваат со стареење, воспаленија и појава на хронични болести. Научниците забележале дека колку е поголема количината на бадеми ...
Македонскиот пливач Евгениј Поп Ацев стана петтиот Македонец што го преплива каналот Ла Манш. Огромни честитки до Евгениј Поп Ацев од Македонија, кој денес го заврши своето пливање во Каналот за неверојатно време од 9 часа и 43 минути. Евгениј е 3-кратен светски шампион и е примен во Меѓународната сала на славните за маратонско пливање. Има учествувано на 107 натпревари од светска класа во кариерата што траеше од 2007 до 2021 година. Пред Поп ...
Македонскиот првак Еурофарм Пелистер го продолжи денеска договорот со 21-годишниот среден бек Мирче Калајџиески, кој се обврза на верност со битолскиот клуб до јуни 2029 година. Калајџиески дојде во Битола од словенечкото првенство и се наметна со своите игри, откако мина една и пол сезона во Еурофарм Пелистер 2. Калајџиески со Еурофарм Пелистер 2 избори промоција во Суперлигата за сезоната 2025/26, а од оваа сезона е член на Еурофарм Пелистер и ...
Изобилни дождови зафатија делови од Југоисточна Азија откако тропска бура го зафати Виетнам, поплавувајќи ги улиците во главниот град и уривајќи електрични столбови и дрвја. Виетнамските државни медиуми соопштија дека остатоците од тајфунот Каџики сега се приближува над Лаос. Дожд се прогнозира и во Тајланд. Виетнамската влада планираше да евакуира речиси 600.000 луѓе во провинциите каде што повеќе од 152.000 домови беа во области со висок ...
Шефот на дипломатијата Муцунски е во работна посета на Брисел. На средбата со генералниот директор на Директоратот на Европската комисија за проширување и источно соседство, Јан Копман разменети се мислења за спроведувањето на реформската агенда, посветеноста на владата да испорачува видливи резултати од реформските процеси и за планот за раст. Муцунски нагласи дека владата во изминатата година демонстрираше сериозна посветеност во исполнувањето ...
Во момент кога се засилува европската поддршка за Украина, расте и притисокот за крај на војната. Специјалниот пратеник Келог, од Киев нагласи дека се работи напорно на дипломатскиот фронт. Шефот на Белата Куќа вели дека изминатата недела телефонски разговарал со рускиот претседател Путин по средбата со Зеленски и лидерите на НАТО. „Секој разговор што го имам со него е добар разговор. И потоа, за жал, бомба е поставена во Киев или некаде, и ...
Израел жали за жртвите во нападите врз главната болница во јужна Газа во кои загинаа најмалку 20 лица, меѓу кои и новинари. Израелската војска изврши напад врз болницата Насер, а потоа повторно го гранатираше објектот, додека новинарски екипи и спасувачи се упатуваа кон местото на настанот. „Свесни сме за извештаите дека е нанесена штета на цивили, вклучително и новинари. Би сакал да бидам јасен, Израелската одбрана ненамерно ги таргетира ...
Членот на Државната изборна комисија од ДУИ, Дитмире Шеху до Управниот суд поднела тужба за упатството што го изгласа комисијата за бројот на општински советници. Шеху на седницата побара упатството да се донесе со консензус, повикувајќи се на одредбите од Изборниот законик, но сепак одлуката беше донесена со пет гласа „за“ и еден „против“. Управниот суд треба да се произнесе во рок од 48 часа. Владината одлука произлезе од пописот во 2021-та ...
Поради пожар во националниот Парк Јасен, регионалниот пат Р1106 Македонски Брод – Скопје затворен е за секаков вид на возила. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен поради летните одмори, меѓутоа на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува ...
Министерот за здравство, Азир Алиу денеска оствари работна средба со директорката на Клиниката за кардиологија, Даница Петкоска Спирова, а потоа се сретна и со директорот на Клиниката за државна кардиохирургија, Дејан Димитровски. На средбите стана збор за актуелните состојби во овие јавни здравствени установи, како и за можностите за нивно зајакнување и целокупно унапредување на условите во интерес на пациентите и на самите здравствени ...
Во мај годинава евидентирани се 509.960 работници со пресметана и уплатена нето-плата, од кои 374.045 работници или 73,3% од работниците примиле плата под просечната плата, а 135.915 работници или 26,7% од работниците примиле плата над просечната, информираат од Сојузот на синдикати на Македонија. „Загрижува фактот што 169.082 работници, односно 1/3 или 33,1 проценти од работниците примаат плата под 30.000 денари или под 500 евра. Со одбивањето ...
Од државниот буџет за финансирање на кампањата за локалните избори ќе се одвојат 9,7 милиони евра. Од нив, две третини ќе одат за приватните медиуми и интернет портали, односно за платено политичко рекламирање. Јавниот сервис не е во овој пакет. Правните експерти велат дека политичките партии мора да имаат посебни сметки, за институциите да ги следат приливите на средства. Забрането е да се примаат странски донации. Без разлика дали трошат ...
Собранискиот спикер, Африм Гаши, на координација на пратеничките групи им доставил декларација за фер и демократски избори, по што пратениците би гласале на седницата на 12-ти септември за кога се предвидени и пратенички прашања од опозицијата. Нема информација за сценарија подготвени од СДСМ и ДУИ, нема Собранието безбедносни служби, но како што рече собранискиот спикер, има индиции и токму затоа предлага да потпишат документ кој содржи ...
Министерството за животна средина и просторно планирање денес ја започна акцијата за санација на дивата депонија во селото Никуштак, општина Липково. Оваа депонија, идентификувана како една од најопасните во Националниот план за управување со отпад, претставува сериозна закана за здравјето и животната средина, како за жителите на Липково, така и за соседните општини. Честите пожари и постојаното загадување се голема загриженост за граѓаните од ...
Примероците за физичко-хемиска и микробиолошка анализа на вода за пиење од 45 мерни места во Градот Скопје од минатата недела, одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење. „Секторот за санитарна контрола во периодот од 18.08.2025 до 22.08.2025 зема 213 примероци за физичко-хемиска и 213 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 45 мерни места во Градот Скопје. Согласно добиените резултати од ...