Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Поради летните одмори се бележи зголемена фреквенција на возила, меѓутоа на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и ...

Американската и украинската делегација утре на разговори во Њујорк за безбедносните гаранции на Киев-потврди Зеленски. Истакна дека сите гледаат многу негативни сигнали од Москва во врска со преговорите и затоа е потребен дополнителен притисок. „Русите нема да го исполнат она што им го ветија на САД и на другите во светот кои инсистираат на запирање на убиствата и на вистинска дипломатија. Мора да извршиме притисок. Мора да ја принудиме Русија ...

Православните верници денеска го слават празникот Успение на Пресвета Богородица, кај народот познат и како Голема Богородица. Еден од најголемите христијански празници кога се одбележува земниот крај на Пресвета Богородица, денот кога таа се вознесе на небото и го предаде својот дух во рацете на спасителот. Затоа, верниците со голема почит и радост го празнуваат овој ден, кој е симбол на надежта за вечен живот. Празникот е и голем соборен ден, ...

Данското МНР го повика највисокиот американски дипломат во земјата на разговори откако националниот радиодифузер објави дека најмалку три лица, Американци со врски со Трамп спроведуваат тајни операции за влијание и преземање на Гренланд. Според радиодифузерот, целта била да се ослабат односите на островот со Данска. Во неколку јавни излагања, претседателот на САД зборуваше дека сака да го купи Гренланд, полуавтономна Данска територија на ...

Нови 11 кандидати за градоначалници избра извршниот одбор на СДСМ на седницата којашто се оддржа попладнево. На претстојните локални избори Оливера Ливриниќ е нивна кандидатка за градоначалничка за Бутел, Маја Хеско за Велес, Миле Атанасов за Гевгелија, Дејан Глинџарски за Делчево, Лазар Петров за Демир Капија. СДСМ на изборите довербата во Конче ќе ја бара Благој Илиев, а во Кратово со кандидатот Влатко Спировски. Кандидати за Кривигаштани се ...

Зголемување на водостојот и подобрување на квалитетот на водата. Ова се предизвиците со кои се соочува Дојранското езеро. Вака смета градоначалникот на Дојран кој ја поздрави одлуката на Владата да се санира хидросистемот „Ѓавато“ најавувајќи дека наскоро ќе се стави и во функција новата пречистителна станица. Ангов повика на поголема соработка меѓу централната и локалната власт кога станува збор за природните езера. За Дојранското цели 5 години ...

За профит или за да се спасат пациентите, постои ли оправданост за интервенциите, за кои за две години на двете приватни клиники биле оперирани речиси 5.000 пациенти, а од државната каса се одлеале 34 милиони евра. Првиот човек на ФЗОМ вели, и досега инспекторите од Фондот правеле контроли, но злоупотреби не биле откриени, а интерната комисија што ја формираше министерот за здравство за да се расветлат сомнежите за непотребните кадиохируршки ...

Програмскиот совет на МРТ ги поканува претставниците на еснафските здруженија и медиумските организации на јавна седница. Седницата ќе се одржи на 4 септември (четврток) со почеток од 11:00 часот во салата за состаноци на МРТ. Седницата ќе биде насочена кон размена на идеи и предлози за унапредување на јавниот сервис, со цел МРТ да продолжи да се развива како независен, модерен и кредибилен јавен сервис во служба на граѓаните. За подобра ...

Соочени со климатските промени, загадувањето и прекумерната експлоатација – Охридското, Дојранското и Преспанското Езеро ја губат својата убавина и биолошка разновидност. На Меѓународниот ден на езерата, стручњаците потсетуваат: Охридското езеро е светско природно наследство под заштита на УНЕСКО, Преспанското е најстарото на Балканот и дом на ретки видови, а Дојранското е вистинска рибна оаза. Наместо гордост, езерата денес испраќаат аларм – ...

Полицијата соопшти дека рано утрово во Кавадарци се случило убиство. По физички напад врз сограѓанин, извршено од три помлади лица, 42-годишниот П.Т. паднал на земја. Откако екипа на Итната помош била повикана, таа констатирала смрт кај лицето, поради повреди на глава. Полицијата ги привела трите лица, кои се сомничат дека се сторители на делото. Во кавадаречкото обвинителство на распит се шест лица и по нивното сослушување, попладне, ...

Одложувањето на носењето на Законот за климатска акција, што трае повеќе од пет години, негативно влијае врз институционалната координација и комуникација во справувањето со климатските промени, утврди Државниот завод за ревизија во најновиот извештај. Ревизорите посочуваат дека државата нема национален план за адаптација, недостасува јасна структурна поставеност, а не е воспоставена ниту единствена база на податоци за емисиите на стакленички ...

Илјадници демонстранти ги блокираа автопатите во Израел со барање за прекин на огнот и ослободување на заложниците што сè уште се во Газа. Израелскиот премиер се состана со кабинетот за безбедност, но владата соопшти дека состанокот нема да вклучува дискусија за разговори за прекин на огнот. Од настан организиран од советот на доселеници од Западниот брег во Ерусалим, Нетанјаху порача дека војната почна и ќе заврши во Газа. „Ќе кажам едно, ...

Во организација на Ракометната федерација на Македонија (РФМ), од 28 до 30 август, спортскиот центар „Борис Трајковски“ ќе биде домаќин на Ракометен регионален турнир - Спортско обединување на регионот. Турнирот се одржува со поддршка на Министерството за спорт, а е во организација на РФМ. Горди сме што Македонија е домаќин на првото издание на Ракометен регионален турнир. Нашата цел е преку спортот да изградиме мостови меѓу земјите од регионот, ...

На 81 Меѓународен филмски фестивал во Венеција, денеска ќе се одржи светската премиера на филмот „Мајка“ (Mother) на Теона Стругар Митевска. Филмот, како што соопштуваат од Агенцијата за филм, ќе ја има честа да ја отвори престижната програма „Хоризонти“ на фестивалот, која е посветена на најновите авторски и уметнички тенденции во светската кинематографија. „Мајка“ е инспириран од животот на Мајка Тереза, прикажувајќи ја Каликута во 1948 ...

Со дуелот Велика Британија – Литванија денеска во Тампере, Финска, стартува Европското првенство во кошарка 2025, кое ќе трае до 14 септември. Натпреварите се играат во Тампере, Рига, Лимасол и Катовице, а домаќините автоматски обезбедија пласман. Дебитант е Кипар, додека титулата ја брани Шпанија. На турнирот учествуваат 24 селекции поделени во четири групи, а најдобрите 16 продолжуваат во нокаут фазата. Денес се играат уште: Чешка – ...

По реваншите од плејофот синоќа, пласман во Лигата на шампионите изборија Каират (Казахстан), Бодо-Глимт (Норвешка) и Пафос (Кипар). Така бројот на учесници во новата сезона се искачи на 32, а вечер ќе се дознаат уште четирите преостанати екипи. Во групната фаза веќе се најдоа големите европски клубови како Реал Мадрид, Барселона, Манчестер сити, Ливерпул, Баерн Минхен и Пари Сен Жермен, заедно со останатите шампиони од најсилните лиги. Новата ...

Стапува во сила одлуката на САД со која се зголемуваат тарифите за индискиот извоз до 50 проценти. Нова казнена тарифа од дополнителни 25 проценти беше воведена како одговор на купувањето руска нафта од страна на Индија, покрај претходната тарифа од 25 проценти. Најпогодените категории на производи се текстил, накит, чевли, спортска опрема, мебел и хемикалии. Одлуката за високите царини беше донесена по пет неуспешни рунди преговори меѓу ...

Истекува рокот од 48 часа, Управниот суд треба да се произнесе по тужбата на членот на Државната изборна комисија од ДУИ, Дитмире Шеху. Од Управен соопштија дека отвориле предмет. Шеху до судот поднесе тужба за упатството што го изгласа Комисијата за бројот на општински советници. Таа на седницата побара упатството да се донесе со консензус, повикувајќи се на одредбите од Изборниот законик, но сепак одлуката беше донесена со пет гласа „за“ и ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во интервју за „Политико“ изјави дека Северна Македонија е подготвена да ги спроведе сите неопходни реформи, не само поради барањата на ЕУ, туку и за посилно општество. Тој нагласи дека уставните измени кои ги бара Бугарија нема да се направат без цврсти гаранции од Унијата дека тоа ќе биде последното такво барање. Шефот на дипломатијата додаде дека земјата веќе работи на ...

Денеска во 04:56 часот во ОВР Кавадарци било пријавено дека на заден влез од казино на ул. „Никола Минчев“ во Кавадарци, неколку лица физички нападнале едно лице, кое паднало на земја и на кое му била потребна помош, информираат од МВР. Полициски службеници од ОВР Кавадарци излегле на местото и констатирале дека се работи за лицето П.Т.(43) од Кавадарци, кај кое и покрај укажаната помош, екипа од Итна медицинска помош во 05:15 часот констатирала ...

Центарот за управување со кризи соопшти дека денеска на територијата на државата регистрирани се вкупно четири пожари на отворен простор, од кои еден е изгаснат, додека три пожари се ставени под контрола. Под контрола е ставен пожарот во општина Македонски Брод кај повеќенаменското подрачје Јасен каде горело мешана шума, понатаму пожарот во општина Гевгелија на планината Кожуф, како и во општина Долнени кај селото Долгаец каде горело мешана ...

Американскиот претседател обвинува дека демократите го фаворизираат криминалот, откако силно се спротивставија на заканите за испраќање на националната во Балтимор, Чикаго, Њујорк. Гардистите во моментов парадираат низ улиците во Вашингтон, дел од нив се вооружени. „Републиканците се партија што сака да го запре криминалот. Ние сме против криминалот. Демократите го сакаат криминалот. Не знам зошто“, изјави Доналд Трамп, претседател на САД. Трамп ...

Украина ќе биде што е можно поподготвена за разговори со Русија за завршување на војната, уверува украинскиот претседател. Според Зеленски, Путин сè уште се обидува да ги избегне преговорите. Во меѓувреме Киев призна дека силите на Москва влегла во клучниот регион Днепар, а напредувањето е прв напад од голем обем во индустриска провинција. „Оваа недела ќе има контакти со Турција, со земјите од Заливот, со земјите од Европа, кои можат да послужат ...

Димал Баша е избран за претседател на косовското Собрание по 58 обиди и повеќе од четири месеци институционална криза, со 73 гласа „за“, 30 против и тројца воздржани. Клучна поддршка доби од дел од Демократската партија на Косово и Алијансата за иднината на Косово, додека „против“ беа неколку други партии. Во својот говор, Баша ја истакна важноста на демократијата, независноста на Косово и повика на соработка, развој и заштита на територијата. ...

На 25.08.2025 околу 19:00 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници ги лишиле од слобода О.Ј.(32) од Унгарија и А.Б.(37) од Србија. При гранична проверка и контрола во возилото „тојота“ со унгарска национална ознака, кое го управувал О.Ј, а сопатници биле А.Б. и уште едно лице од Унгарија, во личниот багаж на О.Ј. биле пронајдени и одземени неколку пакувања со бела прашкаста материја, едно шише со бела ...

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против Г.Т. (54) од Делчево поради основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“, соопштуваат од МВР. Според пријавата, Г.Т. како овластено службено лице и градоначалник на Општина Делчево, на 01.08.2018 донел незаконска одлука за вработување на административен службеник по јавен оглас од 25.06.2018. Избраниот ...

Се намалува побарувачката на огревно дрво иако цените не варираат многу. Последниве години дури 30 проценти од домаќинствата побарале други енергенси кои ќе ги греат в зима. Причините се бараат во иселувањето, климатските промени и еколошките фактори. Ветеното огревно дрво граѓаните ќе го добијат навреме. Граѓаните бараат економичност во загревањето на животниот простор. Во втор план е разликата во цени. И со намалена потрошувачка на огревното ...

ВРЕДИ во Обвинителството поднесе пријава за Бујар Османи за организирање на Самитот на ОБСЕ. Велат, ревизорите утврдија дека се потрошени околу два милиони евра без соодветна документација, без евиденција за испорачаните стоки и услуги. Османи вели, ниту Обвинителството за организиран криминал, ниту Антикорупциска не откри нелегалности во организирањето на Самитот. Истрагата тогаш ја иницирал самиот Османи како министер за надворешни работи. И ...

Енормно растат цените на становите во Скопје, дел од граѓаните не можат да си дозволат ниту сопствен стан. Народната банка иницира категоризација на кредитите. Ќе го олеснува пристапот за кредитирање на оние што за првпат купуваат дом, се разгледува и мерката за враќање на данокот за додадена вредност. На овој начин ќе им се овозможи на младите брачни двојки и луѓето побрзо да дојдат до сопствени живеалишта. Ќе има и казни за злоупотреба на ...

Нема да има застој во работа на Собранието при носење на законите со Бадентерово мнозинство-уверуваат од владејачката коалиција. Изет Меџити од ВРЕДИ оценува дека нема многу спорни прашања. Тој е оптимист, ќе се најдат можности да се надминат недоразбирањата со албанската опозиција за клучните законски решенија. Не може без ДУИ да се донесат правила за избори-дециден е потпретседателот на партијата Османи. Според него и во најтешките времиња во ...

weather icon

Скопје

10ᴼ / 10ᴼ
0.51
100%
1014
weather icon

Белград

7ᴼ / 7ᴼ
3.6
95%
1015
weather icon

Загреб

4ᴼ / 3ᴼ
1.54
94%
1018
weather icon

Софија

12ᴼ / 10ᴼ
2.57
69%
1016
weather icon

Сараево

11ᴼ / 11ᴼ
1.43
97%
1015
weather icon

Љубљана

1ᴼ / 1ᴼ
0.28
97%
1018
weather icon

Атина

20ᴼ / 17ᴼ
5.14
86%
1015
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
3.09
82%
1012
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
0.51
94%
1012
weather icon

Букурешт

10ᴼ / 8ᴼ
2.57
92%
1015
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 4ᴼ
1.03
92%
1017
weather icon

Истанбул

14ᴼ / 13ᴼ
2.06
94%
1018
Currency

61.5038

Currency

53.207

Currency

69.9311

Currency

34.4779

Currency

37.8248

Currency

65.9942

Currency

7.46604

Currency

0.65612

Currency

0.34549

Currency

0.52515

Currency

0.59948

Currency

1.25929