„Зборуе Радио Скопје“ - 81 година откога на 28 декември 1944 година, беше означен почетокот на работата на Македонското радио. Овој датум се смета и за официјален почеток на Македонската радио-телевизија. 20 години подоцна, од студиото во Нерези е емитуван и првиот телевизиски дневник. Оттогаш, со голем ентузијазам, Македонската радио-телевизија ги бележи сите настани, автентично како на филмска лента. Телевизијата ја има и ќе ја има главната ...

Украинскиот претседател Володомир Зеленски преку видео врска одржа срдба со речиси десетици европски земји и Канада, како и високи претставници од Европската комисија и НАТО, пред денешна средба со американскиот претседател Доналд Трамп во Флорида. Лидерите му дале на Зеленски целосна поддршка и ја нагласиле својата посветеност на тесна соработка со САД за постигнување одржлив и праведен мир во Украина. Германскиот канцелар Фридрих Мерц ја ...

Утрото ведро и студено, преку денот времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува засилен до повремено силен ветер од северен правец (над 60 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од -8 до -2, а максималната ќе достигне од 3 до 10 степени. Во Скопје, сончево со мала облачност. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Утрото ведро и студено, преку денот времето ќе ...

Мрзливиот мал бизнисмен (Винс Вон) и неговите двајца соработници (Том Вилкинсон, Дејв Франко) патуваат во Европа за да го склучат најважниот договор во нивниот живот. Но, рутинско деловно патување се расипува на секој можен - и невозможен - начин, вклучувајќи непланирани посети на масовен собир на фетишисти за секс и глобален економски самит. Улоги: Винс Вон, Том Вилкинсон, Дејв Франко Режија: Кен Скот Мрзливиот мал бизнисмен (Винс Вон) и ...

Околу 100-тина пациенти во едно деноноќие бараат помош во Ургентното одделение при Битолската клиничка болница. Од нив една третина се со респираторни проблеми. Нестабилните временски услови во изминатиов период сè почесто се одразуваат врз здравјето на граѓаните, честите осцилации на температурите, влажниот и загаден воздух, најмногу ги погодува хронично болните, повозрасните и децата. Пред клиничката болница во Битола забележавме поголема ...

Двајцата инспектори од кочанското УЈП осомничени во последната истрага за случајот „Пулс“ излегоа од домашен притвор. Судот во Кочани ја прифатил нивната жалба и одлучил да им определи мерки на претпазливост. Со ваквата одлука не се согласува Обвинителството кое најави жалба до апелацискиот суд во Штип. Станува збор за двајцата даночни контролори кои се товарат за примање поткуп. Тие на одговорните во дискотеката „Пулс“ им дојавувале кога ќе ...

Стоп за законите „на брза лента“. Од наредната година, Собранието најавува крај за скратените постапки и повеќе простор за јавноста и експертите да кажат што мислат пред законите да стигнат на гласање. За ова информираше спикерот Гаши, кој рече дека идниот месец ќе се усвои календар за работа и точно ќе се знае одржувањето на пленарните седници. Според него, оваа реформа ќе и овозможи на Владата навреме да ги планира законите, а пратениците ...

Електро, машински, медицински, технолошки стручњаци, занаетчиски профили. Не е ново ако го споменеме проблемот со недостиг од кадри за стопанството, но веќе е итно да се размислува и да се спроведува сериозна стратегија. Образовен концепт, обуки, преквалификации, целосна грижа за пополнување на недостигот од профили без кои нема продуктивност и стопански развој. И на Прилеп му треба стратегија за профитабилни занаетчиски дејности. Дуалното ...

Текстилната индустрија во последните пет години бележи постојан пад. Петнаесеттина текстилни компании годинава ставија клуч на врата, а бројот на вработени од 36 илјади пред пет години, сега е околу 20 илјади. Текстилниот кластер е на став дека државата нема системски пристап кон проблемот и со порастот на платите не сме конкурентни за странските партнери, од кои зависат над 90 насто од текстилните компании фокусирани на лон производство ...

Грчките земјоделци го затворија граничниот премин Евзони кон нашата земја за влез и излез од Грција, па така возила нема да може да поминуваат до 15 часот по македонско време. Втора четиричасовна блокада ќе има од 17 часот. Според информациите граничните премини Ники (Меџитлија) и Дојран, засега се отворени за сообраќај, а не е исклучена можноста и во текот на утрешниот ден повторно да има две четиричасовни блокади на Евозони во истиот период ...

Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе обвинителен предлог против еден 46-годишник за кривично дело – Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста од член 382 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Воедно обвинителството предложи во текот на постапката тој да биде обезбеден со мерка притвор. На 21 декември по полноќ, управувајќи автомобил Фолксваген, обвинетиот не запрел на даден знак од полициски службеници. ...

Денеска во Кочани ќе се одржи 35-от „Марш на ангелите“ организиран од „Здружението на граѓани 16-ти Март 2025“ и родителите на починатите во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Бараат праведно судење за пожарот во кочанската дискотека во која животот го загубија 63 лица, целосно проширување на истрагата, утврдување индивидуална одговорност и јавно објаснување зошто одредени лица не се опфатени со постапката. Родителите на загинатите во трагедијата ...

Повластената стапка на ДДВ од 5% за новоизградени станови ќе важи и по 1 јануари 2026 година. Ова го предвидуваат измените и дополнувањата на Законот за данок на додадена вредност што беа усвоени во Собранието. Согласно измените на Законот, рокот на примена на повластената стапка од 5% на првиот промет на станбени згради и станови во оној дел во кој тие се користат за станбени цели и кој ќе се изврши во рок до пет години по изградбата се ...

„Граѓаните да бидат спокојни, нема потреба од стравувања. Државната каса е полна“, смирува премиерот Мицкоски. Тој додаде, оваа година е вратена една еврообврзница подигната од претходните влади. Секоја следна година ќе достасува нова. Вкупно 6 милијарди евра треба да врати Владата во 4-годишниот мандат, по основ на земени еврообврзници од владите на СДСМ и ДУИ – вели Мицкоски. Премиерот најави и нови инвестиции. Со три компании веќе се ...

Следува период на стабилно, но студено време, со ниски утрински температури кои насекаде ќе бидат под нулата. Особено студено ќе биде во првите денови од следната седмица, кога на одделни места температурите ќе се спуштат и до -10 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен правец (над 60 km/h). Во ...

На 26.12.2025 во 01:45 часот во Свети Николе, полициски службеници од ОВР Свети Николе го лишија од слобода Б.М.(52) од с. Горобинци, светиниколско. При сообраќајна контрола на ул. „Крсте Мисирков“ во Свети Николе е сопрено патничко возило „фолксваген голф“ со светиниколски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,97 промили алкохол во крвта. На 26.12.2025 ...

Во моментов околу 35 дечиња коишто се соочуваат со некаква болест или се на болничко лекување не можат да следат настава со физичко присуство, па наставата ја следат онлајн. Со воведувањето на формално образование се обезбедува континуитет на воспитно – образовниот процес на учениците кои се на болничко лекување повеќе од три недели. Зависно од здравствената состојба, учениците можат да се вклучат онлајн на наставата во својот клас, да се ...

На 27 декември, сабота, со почеток во 20 часот, во Кинотеката ќе се одржи Вечер на новоприбрани архивски материјали, во која ќе бидат прикажани дел од филмовите набавени во 2025 година преку откуп на материјал или меѓу-архивска размена. Проекцијата на оние филмски материјали кои намаат звук ќе бидат прикажани со музичка придружба во живо на ИВЛ. Една од основните дејности на Кинотеката, поточно на Филмскиот архив (односно Одделението за ...

Според „Трансфермаркт“, на претстојното Светско првенство во 2026 година само Англија и Франција имаат репрезентации со вредност над една милијарда евра. На клупско ниво, пак, седум екипи ја надминуваат оваа граница. Највреден клуб е Реал Мадрид со 1,38 милијарди евра, пред сè поради играчите како Килијан Мбапе, Џуд Белингам, Винисиус и Федерико Валверде. Втор е Арсенал со вредност од 1,29 милијарди евра, а потоа следуваат Манчестер Сити, ...

Синоќа во 20:18 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода Ф.С.(39) од Куманово. при гранични проверки и контрола во возилото „фиат“ со швајцарски национални ознаки, кое го управувал, биле пронајдени и одземени 271 монети со различни големини и форми, кои потекнуваат од различни временски периоди. Лицето е задржано во Полициска станица и за настанот е известен јавен обвинител. По целосно ...

Денвер по продолжение ја совлада Минесота во последниот натпревар од божиќната програма во НБА. Никола Јокиќ блесна со 56 поени, 15 скокови и 16 асистенции, станувајќи првиот кошаркар со најмалку 55 поени и по 15 скокови и асистенции на еден меч. ЛА Лејкерс загуби дома од Хјустон со 119:96, иако Леброн Џејмс го одигра својот 20-ти натпревар на Божик. Во останатите средби, Њујорк го победи Кливленд со 126:124, Сан Антонио славеше кај Оклахома ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп, соопшти дека американската војска извршила моќни напади врз Исламска држава во северозападна Нигерија, тврдејќи дека групата убивала невини христијани. „Претходно ги предупредив овие терористи дека ако не го спречат колењето на христијаните, ќе има пекол за плаќање, а вечерва имаше“, напиша Трамп на социјалните мрежи. Нападите биле спроведени во координација со нигериските власти, кои истакнаа дека станува ...

Денеска во 11:00 часот во Музејот на македонската борба, министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска ќе учествува на конференција посветена на формалното образование за ученици на подолго болничко лекување, што како системско решение за прв пат се воведе во учебната 2025-2026 година, а претставува резултат на соработката помеѓу Министерството за образование и наука, Министерството за здравство и САНО – Здружение за поддршка ...

Во кругот на Министерството за внатрешни работи денеска ќе бидат промовирани новите 120 службени возила на македонската полиција. Тие ќе бидат наменети за потребите на униформираната полиција, како дел од континуираните напори за унапредување на материјално-техничките капацитети на Министерството за внатрешни работи. Од МВР информираат дека ќе бидат распределени во полициските организациски единици низ државата и ќе придонесат за поефикасно ...

Украинскиот претседател Зеленски изјави дека телефонските разговори со американските претставници Виткоф и Кушнер донеле „нови идеи“ за постигнување мир меѓу Украина и Русија. Тој оцени дека има напредок во дипломатските напори, иако остануваат чувствителни прашања. „Навлеговме во многу детали, има добри идеи кои ги дискутиравме. Имаме некои нови идеи во однос на форматите, состаноците и, секако, времето за тоа како да се постигне вистински ...

Намалена видливост поради магла од 50 м. до 100 м. на планинскиот премин Ѓавато и Крушево. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози, информира АМСМ. Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини ...

Утрото ќе биде облачно, во крајните југозападни делови ќе има услови за слаби врнежи од дожд и снег. Во текот на денот времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, попладне наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне 6 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Попладне облачноста ќе се намали. Ќе ...

Казни за лекарите ќе има доколку ги надминат квотите за препишување на антибиотици и анксиолитици, предупредуваат од Фондот за здравство. Минатата година за 23% е зголемена употребата на антибиотикот Сумамед кој треба да биде последна линија на лекување. Преку Е-рецептот којшто ќе профункционира наредната година, ќе се знае за која болест кој лек бил даден, и дали дозирањето е соодветно. Одливот на здравствени работници беше од внатрешноста ...

„Знам дека сакате да зборувате и за убави работи. Веројатно, тоа се случува за мала група луѓе околу власта, меѓутоа не и за целата држава и за сите граѓани. Што и да прашам вие ќе ја дефокусирате јавноста, не одговарате на вистинската ситуација во земјава.“ Од собраниската говорница Филипче му се обрати на премиерот Мицкоски. Го праша за поскапувањето на струјата, за невложување во енергетскиот систем. Доби одговор: Социјалдемократите сакаат ...

Се зголемува бројот на деца со респираторни инфекции. Грипот почнува да ги полни ординациите и болниците. Над 150 прегледи дневно во Институтот за белодробни заболувања – Козле. Во моментов хоспитализирани се околу 60 деца, најмалиот меѓу нив има 2 месеца, а најмалиот што е на кислородна поддршка е со неполна година. Лекарите нагласуваат дека загадениот воздух дополнително ги оптоварува дишните патишта на децата. Апелираат особено овој период ...

weather icon

Скопје

23ᴼ / 23ᴼ
1.03
33%
1003
weather icon

Белград

21ᴼ / 20ᴼ
3.13
38%
1002
weather icon

Загреб

17ᴼ / 16ᴼ
1.03
52%
1001
weather icon

Софија

19ᴼ / 19ᴼ
2.57
17%
1006
weather icon

Сараево

21ᴼ / 21ᴼ
1.15
43%
1005
weather icon

Љубљана

10ᴼ / 9ᴼ
3.09
95%
1001
weather icon

Атина

23ᴼ / 20ᴼ
3.13
59%
1003
weather icon

Тирана

20ᴼ / 20ᴼ
3.6
52%
1006
weather icon

Подгорица

21ᴼ / 21ᴼ
4.63
40%
1005
weather icon

Букурешт

19ᴼ / 17ᴼ
3.13
45%
1005
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 19ᴼ
5.66
29%
1002
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 16ᴼ
5.66
48%
1005
Currency

61.635

Currency

52.6135

Currency

71.1795

Currency

38.1626

Currency

38.3837

Currency

67.3039

Currency

7.74807

Currency

0.70936

Currency

0.33312

Currency

0.52509

Currency

1.15814

Currency

0.54978

Калај

55.99

Кобалт

45.39

Злато

151413.64

Иридиум

253540.09

Рутениум

51376.89

Бакар

13.22

Паладиум

47550.95

Цинк

0.00

Платина

68577.54

Родиум

320703.70

Алуминиум

3.64

Сребро

2812.48