Скопје
10ᴼ /
10ᴼ
Не сме се разбрале. Обвинението е големо недоразбирање, а заклучоците се избрзани. Вака одбраната на поранешниот директор на скопска Геријатрија, Мухсин Арифи и на неговиот колега, Блерим Амити, одговори на обвинувањата дека неговите клиенти побарале мито од 20 илјади евра за да згрижат тешко болна пациентка. Обвинетите не признаа вина, тврдат – кривично дело не сториле. Обвинителството пак не мисли оти е недоразбирање, дотолку повеќе што дел од ...
Одекна првото училишно ѕвонче повикувајќи ги првачињата на час. Некои со насмевки и возбуда на лицата, други со солзи, носејќи ги тешките ранци итаа кон училниците. Играчките ќе ги заменат со книги. Новите предизвици за првачињата ќе значат и постепено од удобноста на градинките да седнат во училишните клупи, каде што ќе се описменуваат и ќе се подготвуваат за светот на возрасните. Нивните другарчиња од повисоките одделенија се сеќаваат на ...
Над 245.000 основци и средношколци по седум години ги добија новите книги. Учебници се испечатени и за странските јазици, но и за учениците во седмо одделение и средношколците од прва година кои ќе учат по новата концепција. Ќе се доставуваат и во текот на неделава, информираше министерката Јаневска на првиот ден од учебната година. Новина е и вметнувањето на вештачката интелигенција во наставните содржини, ќе се применува од второто полугодие. ...
Лидерот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, оцени дека е потребен сериозен и државнички пристап за деблокирање на европската интеграција на Македонија според него ние како земја практично сме во фаза како преговорите да сме ги напуштиле. И тоа е најлошото нешто што може да ни се случи“, рече Филипче. Тој најави дека неговата партија оваа недела ќе презентира работен документ со јасни политички ставови за понатамошниот тек ...
Водата во Скопје е безбедна за пиење, покажуваат податоците од направените анализи на 170 примероци од 46 мерни места. Секторот за санитарна контрола во периодот од 25.08.2025 до 29.08.2025 зема 170 примероци за физичко-хемиска и 170 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 46 мерни места во Градот Скопје. Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на ...
Синоќа околу 19 часот на ул. „Анкарска“ во Скопје полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Р.Ѓ. од Скопје. Откако му бил даден знак да застане, Р.Ѓ. се дал во бегство, но набргу, по преземени мерки и активности од страна на полициските службеници, бил лишен од слобода. При тоа, Р.Ѓ. фрлил кеса во која имало 100 кесички со марихуана, а при обидот да избега му нанел и телесна повреда на еден ...
За 14,5 милиони евра е зголемена наплатата на приходи во август во споредба со истиот месец минатата година, што претставува рекорден раст на приходите од 8,9 проценти остварени на месечно ниво годинава, информираат од Царинската управа. Притоа, најголем раст од 19,5 проценти е остварен во наплатата на акциза, при што по овој основ во август се собрани приходи од 3,78 милијарди денари. Наплатата на приходи од царина пак, бележи пораст од 7,9 ...
Македонија е на 51-во место на најновото рангирање на Глобалниот индекс за мир 2025-та, што е пад за четири позиции во однос на лани во услови на влошена глобална безбедносна состојба. Најмирни држави во светот се Исланд, Ирска и Нов Зеланд. Најнемирни се Украина и Русија. Од регионот, најдобро рангирана е Словенија на 9-то, Унгарија на 17-то, хрватска на 19-то место. Црна Гора е на 34-то место, а зад нас остануваат Албанија, Босна и ...
Деветте ученици од 6-то до 9-то одделение во прилепскиот Центар за поддршка на учењето ја почнаа учебната година. Сакаат да учат и да се дружат. И мајката на седмоодделенецот Андреј смета дека доволно се работи за развојот на нејзиното дете со попреченост. Во Центарот работат седум едукатори и рехабилитатори, со учениците и со децата што доаѓаат на третмани. Иако засега се задоволуваат потребите, ќе биде неопходно да се зголеми персоналот. ...
Сезоната на смокви е во полн ек и сега е вистинското време да уживаме во нивниот сладок вкус. Овој плод во форма на круша може да има жолта, зелена, црвена или сива кора, а мекиот и сочен внатрешен дел го прави едно од најубавите летни задоволства. Меѓу најпознатите сорти е „базилика“ – поголема смоква со зелена кора и виолетови ленти, која созрева токму во август. Но, смоквите не се само вкусни – тие се вистинска ризница на здравје. Богати се ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска по повод 1-ви септември, почетокот на новата учебна година, заедно со градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, присуствуваа на настан во ООУ „Киро Глигоров“ во Скопје. На сите првачиња, ученици, наставници и родители, Филипче им посака успешна школска година исполнета со радост и знаење, соопштуваат од партијата. „Посакувам успешна, мирна школска година, мирни денови на сите учениците и ...
Трагедија од огромни размери по земјотресот во Авганистан. Болниците преполни со повредени, бројот на жртви расте, спасувањето оди тешко. Разорниот земјотрес со јачина од 6 степени кој го погоди планинскиот источен регион, остави стотици мртви и над 2.500 повредени. Најпогодена е покраината Кунар. „Речиси целото село е срушено. Деца, млади и стари луѓе се заробени под урнатините. Ни треба помош тука. Сè уште не се извлечени мртвите тела под ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска им посака среќен почеток на новата учебна година на учениците и наставниците, истакнувајќи дека за првпат по седум години сите ученици ќе ги имаат потребните учебници на првиот училишен ден. Тој најави дека покрај редовните предмети, учениците ќе добијат можност да учат и за вештачката интелигенција, со што ќе се отвори пат кон нови знаења и идни предизвици. Исто така, по долг период, повторно се обезбедени ...
Разорен земјотрес со јачина од 6 степени по Рихтер го погоди планинскиот регион Хиндукуш во североисточен Авганистан, при што загинаа најмалку 20 лица, над 100 се повредени, а десетици се водат како исчезнати. Земјотресот, на длабочина од само 8 км, се почувствувал од Кабул до Исламабад. Поради свлечишта, спасувањето е можно само по воздушен пат. Властите предупредуваат дека бројот на жртви ќе расте и побараа итна помош од меѓународни ...
Со почетокот на новата учебна година, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) и Министерството за внатрешни работи ја стартуваа кампањата „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“. Целта е да се зголеми свеста за безбедноста на најмладите учесници во сообраќајот и да се потсети дека одговорноста е заедничка – на возачите, родителите и самите деца. Од РСБСП потсетуваат дека сообраќајната култура и дисциплина се учат ...
Австралиецот Оскар Пјастри во болидот на Мекларен победи на Големата награда на Холандија која денеска се одржа на патеката во Зандворт. Ова беше седма победа на Пјастри оваа сезона и деветта во неговата кариера. Тимскиот колега на Пјастри и конкурент за титулата, Ландо Норис, се откажа во 65-от круг поради технички проблеми. Холанѓанецот Макс Верстапен во Ред Бул беше втор, додека Французинот Исак Хаџар во Рејсинг Булс-Хонда го освои третото ...
Македонскиот фудбалски репрезентативец Бојан Миовски дебитираше вчера за Ренџерс во големото шкотско дерби против Селтик кое заврши без голови, ден откако го комплетираше трансферот во гигантот од Глазгов. Миовски потпиша четиригодишен договор со Ренџерс. Тој се најде во почетниот состав на дербито против Селтик и одигра 73 минути. Македонскиот репрезентативец со трансферот во Ренџерс се врати по едногодишна пауза во шкотското првенство каде ...
Белоруската тенисерка Арина Сабаленка ноќеска ја победи Шпанката Кристина Букша со 6:1, 6:4 во осминафиналето на Отвореното првенство на САД. Мечот траеше 1 час и 14 минути. Дваесет и седумгодишната Белорусинка имаше три аса, две двојни грешки и три реализирани брејк топки од девет шанси. Во четвртфиналето првиот светски рекет ќе се соочи со Маркета Вондрушова (Чешка). Пласман помеѓу осумте најдобри на женскиот дел од УС Опен досега изборија и ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, денеска и утре ќе престојува во Република Словенија, каде што ќе учествува на Бледскиот стратешки форум. Во рамките на форумот, Муцунски ќе се обрати на панел-дискусијата на тема „Нема регион за младите – време е за промени“, соопшти Министерството за надворешни работи и надворешна трговија. Сесијата ќе ги обедини министрите за надворешни работи и младите експерти од регионот, ...
Министерството за образование и наука на сите наставници и стручни соработници, на учениците и нивните семејства им посакува успешна учебна година. Со добро здравје и силна посветеност кон учењето и работата, да ги остварат личните обврски и цели. Ги охрабруваме учениците со љубопитност да чекорат по патот на знаењето, кое е најмоќната алатка за успех што секој може да ја понесе со себе низ животот. Да бидат истрајни во справувањето со ...
Украинскиот претседател потсети дека рокот од двете недели што Трамп и го даде на Русија се троши. Доаѓа време кога Кремљ треба да биде подготвен за вистински преговори и состанок на ниво на лидери-додава Зеленски. Очекува сојузниците да извршат поголем притисок врз Путин за да се стави крај на војната. „Очекуваме дека никој нема да толерира влечење на војната. Сметаме на силна позиција од САД, Европа и земјите од Г20. Оваа војна само ...
Министерот за европски прашања на Република Северна Македонија, Орхан Муртезани, на 1 и 2 септември 2025 година ќе учествува на неформалниот Состанок на Министрите за европски прашања што се одржува во Копенхаген, во рамките на Данското претседавање со Советот на Европската Унија. На состанокот, Министрите на земјите членки на ЕУ, заедно со колегите од Западен Балкан, Украина, Молдавија и Турција, ќе разменат мислења за значењето на Копенхашките ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, поради летните одмори се бележи зголемена фреквенција на возила. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со ...
За 245.000 ученици денеска почнува новата учебна година, од нив 17.250 за прв пат ќе седнат во училишните клупи и ќе го почнат образованиот процес. Речиси 1.400 образовани асистенти ќе бидат ангажирани во основните училишта, 130 во средните. Министерката Јаневска очекува успешен старт и повисок квалитет на наставниот процес во споредба со изминатите години. Втора учебна година која почнува со учебници за сите ученици во основното и средното ...
Кинескиот лидер Си Џинпинг на самитот на Шангајската организација за соработка во Тјанџин ја претстави Кина како сила за глобална економска стабилност и вети 280 милиони долари помош за земјите членки, како и формирање Банка за развој, во време кога САД водат царинска војна и ја намалуваат странската помош. „Треба да ја искористиме силата на нашите мега-пазари и економската комплементарност меѓу земјите-членки и да го подобриме олеснувањето на ...
90 проценти од учебниците се веќе дистрибуирани во училиштата, останатите ќе бидат доставени во наредните денови. Од Министерството за образование велат дека по 7 години ќе има учебници и за странските јазици, а 7 одделенците и учениците во прва година средно ќе учат и по нова програма. Речиси 1.400 образовани асистенти ќе бидат ангажирани во основните училишта, 130 во средните. Министерката најави дека ќе продолжува да работат на концептот ...
Паднати дрва, оштетени возила, запалени бандери, скинати кабли е сликата по силното невреме што го зафати Скопје, но и делови од Македонија. Граѓаните сведочат паѓаа и лимови од кров, добро е што никој не бил повреден. Телефонот во ЦУК постојано ѕвонел. Имало 50 пријави од граѓани за над 30 паднати дрвја, од кои дел паднале и врз возила, куќи, делови од згради. Сите пријави се проследени до надлежните служби, кои интервенираат по приоритет за ...
И натаму се нижат сообраќајните прекршоци, несреќи во кои и жртви. Голем процент Македонци важат за лоши учесници во сообраќајот. Според професор Јошевски, доминантен фактор за сообраќајните незгоди е човечкиот, односно неговото однесување. Граѓани посочија дека очекуваат промени со кои ќе бидат побезбедни на патиштата низ земјава. Бројот на несреќните и жртвите во сообраќајот скоро идентични како лани. „Сообраќајните незгоди на подрачјето на ...
На бројот за Итни повици 112, 50 пријави за материјални штети од вчерашното невреме со силен ветер во Скопје. Во различни делови на градот, паднати дрвја, оштетени моторни возила, скинати кабли на ЕВН, настрешници и кровови и други материјални оштетувања на приватна сопственост. На две локации имаше и пожари. Полициски службеници, ангажирани за физичко обезбедување на меѓународниот ракометен турнир во салата „Борис Трајковски“, заедно со екипа ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно, претпладне со локален дожд и грмежи претежно во источните делови. Ќе дува умерен повремено засилен западен, а во источните делови северозападен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20, а максималната ќе достигне од 24 до 30 степени Целзиусови. Во Скопје ќе биде променливо облачно, во раните претпладневни часови со услови за повремен дожд. Ќе дува умерен северозападен ветер. ...