Министерството за спорт ќе биде главен покровител на силниот Меѓународен турнир најавен како големиот спектакл во ММА борби што ќе го организира Македонската ММА федерација на 6 септември годинава во Скопје. На денешната прес-конференција во Министерството за спорт беше истакнато дека еден ваков настан ќе значи голема промоција на боречките спортови и збогатување на спортската понуда. На ММА турнирот во Скопје најавено е учество на неколку ...

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ вечер на седница на Извршниот комитет ќе ја разгледува ситуацијата по излегувањето на Алијанса за Албанците на Таравари од владата. Од партијата негираат дека се разговара за какви било рокади во извршната власт. Но, почнаа обвинувањата меѓу досегашните партнери. Таравари се интересирал за бизниси, за Груби и за Заев, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Меџити од „Вреди“ со остра реторика на социјалните мрежи-Таравари не ја напушти, ...

Израел продолжува со нападите во Појасот Газа. Бомбардирана е болницата Насер во Кан Јунис, еден ден откако милитантната група Хамас реши да го ослободи израелскиот заложник со американско потекло, како чин на добра волја кон администрацијата на Трамп. Израелскиот премиер Нетанјаху го поздрави ослободувањето и вети дека ќе стори се за враќање на преостанатите заложници. „Ова беше постигнато благодарение на нашиот воен и политичкиот притисок што ...

Oд 34 општини со седиште во град, 22 не го исполнуваат стандардот за зеленило од 25 метри квадратни по глава на жител – покажува извештајот на Државниот завод за ревизија. Само осум имаат важечки урбанистички план, повеќето работат со застарени и непостоечки планови. Масовната урбанизација, долгите постапки за донесување на урбанистичките планови, немањето годишни програми за урбано зеленило, неизрекувњето казни кон прекршителите – придонесуваат ...

Вооружени напаѓачи застрелаа кандидатката за градоначалник на владејачката партија во мексиканската држава Веракруз на брегот на Мексиканскиот Залив. Во инцидентот загинаа уште четири лица. Ова е второ убиство на локален кандидат пред изборите закажани на први јуни. Гувернерката на Веракруз рече дека 57 локални кандидати побарале обезбедување понудено од државната и федералната влада. Според властите, организираните криминални групи се обидуваат ...

Возачот Васил Јованов, кој смртоносно ја прегази младата Фросина Кулакова на пешачки премин, поминувајќи на црвено светло, е осуден на 12 години затвор. Тој доби и забрана за управување со моторно возило. Судијката Снежана Марковска рече дека најниската казна за делото за кое се гони Јованов е четири години, а највисоката е 20 години. односи. Во судската сала, беа присутни родителите на загинатата Фросина Кулакова, како и родителите на Васил ...

Евроинтеграцискиот процес на државата, поддршката од Шведска во овој процес, како и реформските процеси во клучните области, беа во фокусот на средбата со министерката за европски прашања на Шведска, Џесика Розенкранц. Муцунски изрази благодарност за континуираната и принципиелна шведска поддршка за процесот на проширување на Европската унија, со посебен акцент на заложбите за целосно пристапување на нашата држава и останатите земји од Западниот ...

Ултиматумот на Европската Унија до рускиот претседател Путин истече, а Москва не даде официјален одговор на предлогот за безусловно 30-дневно примирје кое требаше да стапи на сила на полноќ на 12 мај. „За жал, светот сè уште не доби јасен одговор од Русија на бројните предлози за прекин на огнот. Руското гранатирање и напади продолжуваат. Москва молчеше цел ден во врска со предлогот за директна средба. Многу чудна тишина. На еден или друг начин, ...

Ја паузиравме воената акција и ќе се одмаздиме по свои услови доколку има каков било иден терористички напад врз Индија, истакна премиерот, Моди. Ова е прва изјава на шефот на индиската влада по договорот од саботата меѓу Индија и Пакистан за запирање на сите воени дејствија во рамките на прекинот на огнот постигнат со посредство на САД. Индија нема да толерира никаква нуклеарна уцена. Индија ќе удри прецизно и решително врз терористичките ...

Саемот на книгата, чие 37. издание годинава се одржува од 8 до 14 мај, во арената „Борис Трајковски“ во Скопје, го урна рекордот на посетители. Над 65 издавачи на штандовите со книги организираа околу стотина промоции на дела од домашни и од странски автори, кои беа проследени со голем интерес од македонските читатели. Сепак, главна ѕвезда на ова издание беше германскиот писател на психолошки трилери, Себастијан Фицек, кој предизвика вистинска ...

Ослободениот израелско-американски заложник еден Александар пристигна синоќа во Тел Авив по повеќе од 19 месеци во заробеништво во појасот Газа. Ослободувањето беше прво откако Израел го прекина осумнеделното примирје со Хамас во март и продолжи со жестоки напади врз Газа. „Ова беше постигнато благодарение на нашиот воен притисок и политичкиот притисок што го изврши претседателот Трамп. Ова е добитна комбинација. Денес разговарав со ...

Денеска верските лидери во земјата ќе потпишат декларација против насилен екстремизам. Ова е во организација на македонскиот Центар за меѓународна соработка и комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи. Како што стои во соопштението, овие заедници се меѓу клучните чинители во превенцијата и спречувањето на насилниот екстремизам, бидејќи присуството и активностите со граѓаните кои положуваат доверба кон нив, можат да бидат од ...

Во скопскиот Кривичен суд ќе биде објавена пресудата за Васил Јованов, кој на пешачки премин на „Партизанска“ ја прегази 22-годишната Фросина Кулакова од Неготино. Обвинет е за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот. Максималната казна е 20 години затвор. На последното рочиште Јованов призна вина и изрази каење. Обвинителот како докази за одмерување на видот и висината на казната, пред судот го наведе тоа што за Јованов ...

Во Собранието денеска седници ќе одржат комисиите за образование, наука и спорт, за земјоделство, шумарство и водостопанство, како и Законодавно-правната комисија. На дневен ред на Комисијата за образование, наука и спорт се Предлог-измените на законите за основно образование, средно образование и за високо образование, сите во прво читање. Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе расправа за Предлог-изменување и дополнување на ...

Русија тактизира. Нема одговор за средбата Зеленски – Путин во Истанбул, ниту за барањето за итен 30-дневен прекин на огнот. Зеленски вели дека би сакал да го види Трамп присутен на претстојните разговори меѓу Украина и Русија во Турција. „За жал, светот сè уште не доби јасен одговор од Русија на бројните предлози за прекин на огнот. Руското гранатирање и напади продолжуваат. Москва молчеше цел ден во врска со предлогот за директна средба. Многу ...

СВР Куманово поднесе кривична пријава против М.А.(43) од Куманово и М.И.(41) од с. Липково, општина Липково, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „несовесно работење во службата“ по член 353-в од Кривичниот законик. М.А. – вработена на работно место помлад референт за управни работи во Отсек за управни работи Куманово, на 30.08.2017 примила барање за издавање на патна исправа поднесено од Х.Ј.(50) од Косово, по што во ...

Одлична средба со министерката за надворешни работи на Шведска, Мариа Малмер Стенергард. Во фокусот на разговорите беа билатералната соработка, поддршката за европската интеграција, економските можности, како и актуелните безбедносни и политички предизвици во регионот и Европа. Изразив благодарност за принципиелната поддршка од страна на Шведска за нашата интеграција во ЕУ, како и за солидарноста и помошта по пожарот во Кочани. Ја истакнав и ...

Дали поштарот ѕвони навреме и каде да заѕвониме ние ако пратката не стигне? Граѓаните имаат свој фаворит за доверба. Граѓаните сè уште не си ги знаат правата за рекламација, сметаат во Агенцијата за пошти иако таму има малку поплаки. Регулаторот стои на располагање и објаснување. Во земјава се 29 лиценцирани даватели на поштенски услуги. Во година и половина 4 приватни ја загубиле лиценцата. Агенцијата се бори да ги открие дивите пошти за да ...

Основната плата на полициските службеници не смее да биде под законскиот минималец. Независниот синдикат на протест побара скопските судови да ја следат праксата на колегите од Гостивар и Битола и да го применат Законот за минимална плата. Од Независниот синдикат појаснуваат дека има илјадници тужби против МВР со кои полицајците бараат да им се досуди разликата до минималецот. Од скопска Апелација за МТВ велат дека досега немаат донесено пресуда ...

Имам 47 години и кога би анализирал кој е најтежок ден во мојот живот, тоа беше денот кога се случи несреќата во Кочани, рече премиерот Мицкоски. Се присети како во три часот на полноќ, на вратата затропал човек од обезбедувањето на министерот за внатрешни работи Тошковски и околу 5 часот стигнал во Кочани. Но, и во такви моменти требаше да се носат одлуки, имаше многу жртви, пристигнуваа понуди за помош. Првите пациенти кои беа во најкритична ...

Нулта толеранција за корупцијата, раст на 5 насто и влез во ЕУ, Македонија 2025 не отстапува од оваа визија за земјава. За ова се потребни луѓе, политики и консензус. Корупцијата е рак-рана на општеството – на над 80 отсто од граѓаните им било побарало мито, а над 40 би дале за да завршат некоја работа. Наместо борба за минималец, потребно е да се излезе од замката и да има економска оправданост на зголемување на платите – ова се клучните ...

На 11.05.2025 во 17.10 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода Г.Т.(44) од Кавадарци. Тој, управувајќи возило „голф“ со кавадаречки регистарски ознаки, на регионалниот пат Кавадарци – Дреново, кај место викано Рамниште, изгубил контрола и излетал од патот. Г.Т. бил задржан во полициска станица, а од извршените проверки било констатирано дека го управувал возилото со 2,52 промили алкохол во крвта. Известен бил јавен ...

Украина ја обвини Русија дека со повеќе од 100 дронови нападнала неколку региони и покрај ултиматумот, Москва да прифати 30 – дневен прекин на огнот. Откако Путин го повика Киев на преговори без предуслови на 15 мај, Зеленски порача дека е подготвен лично да се состане со шефот на Кремљ. „Овој четврток на 15 мај ќе бидам во Турција и очекувам Путин да дојде, лично. И се надевам дека овој пат Путин нема да бара изговори зошто не може да стигне. ...

Еден ипол метар растојание помеѓу учениците, забрана за употреба на мобилни телефони во просториите, полагање на испитот во амфитеатри. На неколку недели пред одржувањето на државната матурата, Министерството за образование со ригорозни правила за денот на испитот, со цел да спречи ново масовно препишување. Дали ќе се случи ланското сценарио кога на Вибер групите се споделуваше тестот по англиски, зависи од свеста на сите инволвирани во ...

Во Владата нема место за соработници на ДУИ. Директна порака до Таравари од неговите партнери ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ, ВРЕДИ. И без него владината коалиција е стабилна, а парламентарното мнозинство е двотретинско – велат партиите на власт. Премиерот Мицкоски веќе го најави пиењето последно кафе со Таравари и му посака здравје, иако не очекувал дека ќе се врати во прегратките на ДУИ. Интегративците, пак, остануваат на ставот за предвремени парламентарни ...

Во рамки на вчерашните (11.05.2025) активности на полициските службеници од сите осум сектори за внатрешни работи при БЈБ на МВР, во врска со засилените сообраќајни контроли за почитување на сообраќајните правила и прописи на патиштата низ државава, беа издадени 968 платни налози. Од нив, поради непочитување на пропишаната брзина на движење беа изречени 636 платни налози, а за неправилно паркирање 57. Санкционирани се и 29 прекршоци заради ...

Во Скопје се одржува Самитот „Македонија 2025“, на кој присуствуваат преку 500 економски експерти, директори на тинк-тенкови, поранешни и сегашни премиери и министри од земјава и од странство. На првиот панел говореше премиерот Мицкоски, кој рече дека визијата за домашната економија е нулта толеранција на корупцијата, пет насто економски раст годишно, пристап до Европската унија и ефикасна јавна администрација. Александра Велинова известува. ...

Годинава мала ќе биде понудата на праски, кајсии, цреши, овошје кое најмногу се одгледува во велешко-кавадаречко-неготинскиот регион. Мразот и снегот кои во два наврати пролетва, крајот на март и почетокот на април го зафатија ова подрачје го уништија родот до 80 отсто. Некаде во пониските делови е и 100 отсто а тоа што преживеало е од повисоките краеви, каде овошките во тој период не беа расцветани. Тоа ќе предизвика повисоки цени на пазарите, ...

Во Основниот суд во Тетово во тек се завршните зборови за случајот модуларна болница. За овој случај во кој им се суди по вторпат на поранешните директори на тетовската болница Флорим Бесими, Артан Етеми како и за правното лица Клиничка болница Тетово се очекува да биде донесена втора пресуда. Сите се товарат за тешки дела против општата сигурност. Со повторното судење не се бара одговорност за настанувањето на пожарот, туку за последиците кои ...

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,21% во однос на одлуката од 05.05.2025 година. Според новите цени, се намалува цената на дизелот, а се зголемува цената на бензините. Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 73,50 (денари/литар) Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – ...

МВР-билтен

21 минута - МИА
weather icon

Скопје

22ᴼ / 22ᴼ
1.54
60%
1016
weather icon

Белград

24ᴼ / 23ᴼ
2.57
65%
1014
weather icon

Загреб

24ᴼ / 21ᴼ
2.57
73%
1014
weather icon

Софија

18ᴼ / 18ᴼ
0.0
68%
1017
weather icon

Сараево

24ᴼ / 24ᴼ
1.9
55%
1013
weather icon

Љубљана

21ᴼ / 20ᴼ
0.82
84%
1015
weather icon

Атина

31ᴼ / 29ᴼ
3.6
35%
1012
weather icon

Тирана

21ᴼ / 21ᴼ
0.51
68%
1015
weather icon

Подгорица

23ᴼ / 23ᴼ
0.0
60%
1015
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 23ᴼ
1.54
56%
1012
weather icon

Будимпешта

26ᴼ / 23ᴼ
1.03
56%
1013
weather icon

Истанбул

25ᴼ / 25ᴼ
2.57
53%
1013
Currency

61.535

Currency

53.0609

Currency

72.1226

Currency

34.426

Currency

38.5869

Currency

65.8407

Currency

7.38678

Currency

0.68042

Currency

0.36531

Currency

0.52501

Currency

1.33697

Currency

0.61696

Алуминиум

2.58

Иридиум

142715.99

Кобалт

42.99

Никел

14740.00

Рутениум

21637.45

Калај

32.82

Сребро

1153.86

Злато

106738.29

Бакар

9.83

Паладиум

33886.89

Платина

42069.96

Родиум

174417.80

Цинк

2.69