Во МКЦ вечер од 20 часот ќе се одржи најновото издание на Инкубатор платформата за млади уметници, на која ќе настапат млади од Скопје танцовиот театар 2, чиј уметнички директор е Рисима Рисимкин. Ќе настапат млади танчари од Катедрата за современ танц при Универзитет „Гоце Делчев“ и дел од учениците од Балетскиот оддел при ДМБУЦ „Илија Николовски Луј“. „Инкубатор – платформа за млади уметници“ се одржува по осми пат во организација на ...

Во иста кошничка со храна, Швајцарците плаќаат 60 проценти повеќе од европскиот просек. Цените во Македонија се најевтини, за 27 пониски, земјава е со најевтини прехранбени производи, покажаваат најновите податоци на Евростат. Храната е најголем товар за домашниот буџет и во Исланд и Норвешка. Но и жителите на Луксенбург мораат длабоко да брцнат во своите џебови. Кошничката во европски рамки е со просек од 11,9% од вкупната потрошувачка во ...

Министерот за спорт Борко Ристовски, заедно со градоначалникот на Општина Тетово, Биљал Касами, денеска официјално го пуштија во употреба реконструираниот спортски центар „Блок 70“, кој претставува современо уреден простор наменет за спорт, рекреација и унапредување на здравите животни навики. Со оваа инвестиција, локалното население, а особено младата популација, добива комплетно уреден спортски комплекс кој опфаќа детско игралиште, ...

Предлогот на Владата за разрешување на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски се очекува да биде ставен на утрешната пленарна седница на Собранието, соопшти претседателот на Собранието Африм Гаши на брифинг со новинарите. Претседателот на собранието Африм Гаши посочи дека сè уште не е пратена покана до Коцевски да се обрати на утрешната седница но, како што посочи, би требало да му биде доставена во текот на денов. Според собранискиот ...

Илјадници демонстранти излегоа на улиците во Сао Паоло како дел од протестите против законот со кој се намалуваат затворските казни за поранешниот претседател Жаир Болсонаро и другите осудени за обид за државен удар. Демонстрациите беа предводени од левичарски политичари, синдикати и социјални движења. Долниот дом на Конгресот на Бразил во среда одобри закон со кој ќе ги скрати затворските казни за сите осудени во врска со немирите на 8 ...

15/12/2025 11:36 - МРТ

Фотографот Стив (Расел Кроу) и професорката Моника (Салма Хајек) се многу вљубени, а нивната врска е толку силна и интензивна што речиси се граничи со болест. Во еден момент тие се во целосен делириум, но во следниот стануваат фрустрирани, подготвени да раскинат. Поради ваквите ситуации, двојката се обидува сериозно да разговара и да ја анализира врската, но разговорите секој пат се претвораат во катастрофа. Тие едноставно не можат да останат ...

Волас Ричи (Бил Мареј) лета за Англија за да го прослави роденденот со својот брат Џејмс (Питер Галагер). Деловните партнери на Џејмс доаѓаат на посета и тој мора да го анимира својот брат со нешто за време на вечерата. На крајот, Волас станува учесник во „театарот на животот“ во кој луѓето ја доживуваат судбината на ликовите во криминалните драми. Проблемите почнуваат кога Волас е погрешно поистоветен со вистински шпион. Тој се вмешува со ...

15/12/2025 11:21 - МРТ

Безмилосниот криминалец Патрик Костер (Шон Бин) и неговиот партнер ја заробуваат младата Џеси Конрад (Скај Мекол Бартусијак) и ја држат за необичен откуп. Костер сака таткото на Џеси, терапевтот Натан (Мајкл Даглас), некако да ја наговори трауматизираната тинејџерка Елизабет (Британи Мерфи) да открие мистериозен код што ќе ги одведе криминалците до скриен скапоцен камен вреден богатство. За жал, можеби ќе биде невозможно да се убеди ...

15/12/2025 11:21 - МРТ

Престануваш да старееш кога ќе наполниш 25 години. Но, проблемот е што ти останува само уште една година живот, ако не можеш да си купиш повеќе време. Богатите се осигуруваат себеси уште децении, додека останатите просат, крадат и се снаоѓаат со секој час што можат да го добијат за да преживеат уште еден ден. Еден млад човек се наоѓа во ситуација каде што добива повеќе време отколку што може да замисли, но е принуден да бега од корумпираната ...

15/12/2025 11:20 - МРТ

Аница Рељиќ, поранешна полициска инспекторка која сега работи во кол-центар, добива повик од Соња Тошиќ, богата самохрана мајка која сака да го дознае идентитетот на лицето кое ѝ се заканува преку телефон. Додека Аница ги истражува заканувачките повици, таа сфаќа дека тие се поврзани со криминална група со која работела додека работела во полицијата. Аница се обидува да ја предупреди Соња, но Соња исчезнува. Затоа поранешната инспекторка ...

Водата во Скопје е безбедна за пиење, покажува најновиот неделен извештај на ЈП „Водовод и канализација. Секторот за санитарна контрола во периодот од 08.12.2025 до 12.12.2025 земал 150 примероци за физичко-хемиска и 150 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 42 мерни места во Градот Скопје. Според добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за ...

Од 12 до 16 часот по локално време, како и попладнево од 18 часот граничниот премин Евзони кон нашата земја повторно ќе биде блокиран од грчките земјоделци, а блокада ќе има и на граничниот премин Ники во периодот од 19 до 23 часот, но само за товарни возила. Земјоделците во Грција продолжуваат со блокадите низ целата земја, откако ја одбија поканата на грчкиот премиер за средба попладнево, а паралелно нивните барања писмено ги испратија до ...

Почнува официјалното украсување на главниот град за претстојните божикни и новогодишни празици. Денеска ќе биде осветлена и големата елка, а стартува и новата манифестација украсуваме по скопски со награди од најубаво украсените домови и дворови. На плоштадот „Македонија“ денеска ќе биде организирано и заедничко вклучување на светилките на елката, а предвидена е и богата програма. Од утре, следуваат секојдневни активности и настани на ...

На Меѓународниот аеродром Скопје денеска официјално ќе биде промовиран првиот лет на авиокомпанијата „Виз Ер“ на релација Скопје – Прага, со што оваа компанија воведува уште една нова дестинација од Скопје. Новата авиолинија беше најавена уште во јули од вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, кој тогаш информираше дека е потпишан договор за воведување пет нови дестинации од скопскиот аеродром. Станува збор за линиите ...

Поранешниот македонски репрезентативец и член на Еурофарм Пелистер, Дејан Манасков, синоќа беше приведен во полициска станица по натпреварот со Охрид на гостински терен. На 14.12.2025 година во 20:20 часот, во СВР Охрид приведен е Д.М.(33) ракометен играч од Скопје, член на ракометен клуб од Битола. Тој, по завршување на ракометен натпревар што се одржа во спортската сала „Биљанини Извори“ во Охрид, при меѓусебното поздравување на играчите, ...

Специјалниот претставник на САД, Виткоф, изјави дека за време на средбата во Берлин за завршување на војната во Украина е постигнат голем напредок. Дебатата продолжува денеска. На разговорите покрај високите американски претставници учествува и украинскиот претседател и германскиот канцелар. Зеленски оцени дека мировниот план мора да биде пофер за Украина бидејќи Русија ја почна војната, но сепак потенцираше дека ниту една страна нема да биде ...

Десничарот Хозе Антонио Каст победи на претседателските избори во Чиле освојувајќи убедливи 58 насто од гласовите против левичарската кандидатка Жанет Хара, која освои 42 процента. Во повеќедецениската кариера, Каст предлагаше изградба на ѕид на границата, испраќање на војската во области со висока стапка на криминал и депортација на сите илегални мигранти. Сепак, порадикалните предлози на Каст веројатно ќе наидат на отпор во поделениот ...

Во Собранието денеска ќе заседава Комисијата за европски прашања на чиј дневен ред е Предлог-законот за дополнување на Законот за јавните патишта во прво читање со европско знаменце. Овластен предлагач е вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Со Предлогот на закон на изменување и дополнување на Законот за јавните патишта се врши негово прецизирање, дополнување и дополнително усогласување со новите европски регулативи со ...

Поради појава на магла се бележи намалена видливост од 50-100 метри на патните правци Неготино – Градско и Неготино – Демир Капија. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози, инфрмира АМСМ. Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година. Интензитетот на ...

Трезорот нема да се затвори на 15-ти декември, толеранција ќе има, а обврските од државната каса тековно ќе се сервисираат, државните институции ќе добијат и К-15. За ова извести премиерот Мицкоски по обвинувањата на опозицијата дека владата ќе стави клуч на трезорот за да скрие финансиска дупка од милијарда евра. Мицкоски појасни дека не станува збор за долгови, туку за организациска мерка со цел да се мотивираат институциите навреме да ги ...

Од нова година сезонското вработување во земјоделството, угостителството и услужните дејности ќе биде брзо и едноставно. Работодавачите очекуваат законот да ја намали сивата економија но и недостигот на работна сила Бизнис заедницата очекува во иднина да се прошири листата на дејности опфатени со овој закон Гласниот синдикат не очекува многу од Законот за сезонско вработување Законот го ограничува сезонскиот ангажман од 120 до 180 дена ...

Намален бројот на сообраќајни несреќи од почетокот на пробниот период на системот „Безбеден град“, велат од Министерството за внатрешни работи. Пробниот период ќе се пролонгира повеќе од првично предвидениот рок од месец и половина, со цел подобрување на системот и на точноста при детекцијата на прекршоците и процесуирањето. Министерот Тошковски вели, се работи на дефинирање на прагот на пречекорување на брзината, ќе се толерираат само ситни ...

На 13.12. и 14.12.2025, полициски службеници од СВР Куманово во содејство со инспектори од Државниот пазарен инспекторат и Државниот инспекторат за труд извршија контрола на четири угостителски објекти на подрачјето на Куманово, соопштија од МВР. При контролата, извршено е легитимирање на 74 лица, а во два објекта се затекнати малолетници после 24:00 часот. Притоа, во еден од нив од слобода е лишена С.В.(45), која го изнајмила просторот, ...

Поради одрон, утрово од 6:30 часот сообраќајот на регионалниот пат Р1301 Охрид – Свети Наум, на делницата меѓу селото Трпејца и Свети Наум, се одвива по една коловозна лента, информираат од Автомото сојузот на Македонија (АМСМ). Од АМСМ апелираат до сите учесници во сообраќајот внимателно да управуваат со своите возила и да ја прилагодат брзината на движење, сè додека не заврши расчистувањето на одронот и не се нормализира сообраќајот. ...

Денеска претежно сончево и стабилно време во целата земја. Утрото на повеќе места почна со појава на магла и зголемена облачност, особено во котлините, но во текот на денот се очекува разведрување. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Утринските температури се ниски и се движат од минус 4 до 3 степени, додека дневните ќе пораснат и ќе достигнат од 10 до 15 степени. Во Скопје, делови од котлината утрово се зафатени со магла, но во ...

На 12.12.2025 година во 19:55 часот, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје во координација со ОКП при БЈБ ги лишија од слобода М.М. (36) и 29 годишната К.М., двајцата од Скопје. По претходно добиена судска наредба, извршен е претрес во домот на К.М. на подрачјето на Карпош, при што се пронајдени и одземени амфетамин, екстази, марихуана и дигитална вага. По целосно документирање на случајот, против ...

Тринаесетгодишната Нела Манческа со песната „Miracle“, со која ја претставуваше Македонија на „Јуниор Евросонг“, го заврши натпреварот на високото седмо место, освојувајќи вкупно 141 поен. Конечниот пласман беше одреден од комбинираните гласови на стручните жири-комисии и публиката, при што Македонија оствари одличен резултат кај жирито, пласирајќи се меѓу првите пет земји според нивното гласање. Во жири-гласањето, Македонија доби 12 поени од ...

Годинава одминува со битката против сивата економија, зголемувањето на продуктивноста, надминувањето на проблемот со работната рака. Стопанството, а и прилепското, зависно од извозот и увозот, бара да се заштити македонското, домашно производство. Законот за работно ангажира ќе помогне, но стратегијата на заштита мора да биде поинтензивна, рака под рака со борбата со сивата економија. Градежништвото смета дека има видлив позитивен напредок. ...

Борбите меѓу Тајланд и Камбоџа продолжуваат и покрај изјавата на Трамп дека е договорен прекин на огнот. Бангкок соопшти дека примирје е можно само ако Камбоџа ги повлече силите и ги отстрани мините од границата. Пном Пен, пак, тврди – се бори за својот суверенитет. Судирите кои го прекршија примирјето раселија 700 илјади луѓе, предизвикаа над 20 жртви и стотици повредени. Конфликтот е дел од долгогодишниот граничен спор, кој повторно ...

Се подобрува ситуацијата во сојузната држава Вашингтон по историските поплави што го зафатија северозападот од земјата. Водата постепено се повлекува, но властите повикуваат на внимателност бидејќи водостојот на реките и натаму се високи, а ситуацијата останува динамична и непредвидлива. Поројните дождови предизвикаа евакуации, поплавија цели заедници и предизвикаа драматични спасувања од покривите и возилата. Поради тешките услови беше ...

weather icon

Скопје

4ᴼ / 4ᴼ
0.51
93%
1010
weather icon

Белград

4ᴼ / 3ᴼ
0.0
100%
1010
weather icon

Загреб

8ᴼ / 5ᴼ
1.03
91%
1010
weather icon

Софија

3ᴼ / 2ᴼ
1.54
81%
1011
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
1.68
83%
1010
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
0.0
97%
1009
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
4.12
71%
1009
weather icon

Тирана

8ᴼ / 8ᴼ
2.06
87%
1010
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
0.0
93%
1010
weather icon

Букурешт

3ᴼ / 2ᴼ
5.14
85%
1011
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 3ᴼ
2.06
91%
1011
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 9ᴼ
2.06
81%
1010
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Калај

46.06

Иридиум

215504.98

Бакар

11.83

Сребро

2497.79

Паладиум

54077.56

Кобалт

64.04

Злато

159436.20

Платина

67484.42

Родиум

336779.07

Рутениум

45750.51

Цинк

3.29

Алуминиум

3.07