Скопје
5ᴼ /
5ᴼ
Струјата поскапува од јануари, од 2,45 проценти во првиот тарифен блок до 3,84 проценти во четвртиот. Есапот на Регулаторот покажува – за оние кои најмалку трошат, сметките во просек ќе се зголемат за 57 денари месечно. Во првиот блок се 85% од граѓаните. За оние кои трошат најмногу и се во четвртиот блок, сметките ќе пораснат и до 900 денари. Но, поскапува и евтината струја за 2,5 проценти. Поскапувањето на струјата ќе биде нов удар врз ...
Министерството за спорт одговори на барањето на студентите и заедно со Општина Карпош ја реализира најавената инвестиција со која е извршена комплетна санација и реконструкција на просторот за спорт и рекреација во најголемиот државен студентски дом. Со оваа инвестиција, студентите добија современо уредени игралишта за фудбал и кошарка со полипропиленски под, изведени според современи стандарди. Министерот Ристовски ја истакна добрата ...
Висока температура, главоболки, болки во коските и мускулите, пациенти со инфлуенца сè почести во амбулантите на матичните лекари. Докторката Анкица Станоевска вели, ова е очекувана за овој период, но за жал децата пројавуваат потешка симптоматологија. Распустот на учениците е можност за домашна нега, одмор и прошетки на чист воздух, но празниците во овој период-повод за групирања и дружби. Според министерката за образование, учениците нема ...
Измените на Кривичниот законик мора да ја поправат штетата од претходно усвоените во 2023-та, да се спречи правниот вакуум и неказнивоста на делата особено за висока корупција, оценија правниците на дебата во Скопје. Уставниот суд посочи дека оставил рок Собранието да ги донесе измените во редовна постапка, оти решението мора да биде подобро од претходното. Евроамбасадорот Рокас оцени дека катастрофалните измени на Кривичниот законик мора да ...
Владата прогласи кризна состојба на пазарот на електрична енергија. Мерката ќе важи 7 дена од стапувањето во сила. Со оваа одлука на државната ЕСМ и се ставаат на располагање државните резерви на мазут за непречено да се произведува струја. Компанијата нема да плаќа надоместок, но ќе има обврска да доставува извештаи до Владата и до Министерството за финансии. Според информациите, во резервите има повеќе од 10 илјади тони мазут, кои се ...
Стопанствениците од Пелагонискиот регион го поздравуваат законот за работно ангажирање лица од први јануари, но бараат да бидат опфатени и други дејности освен сезонците во угостителството, земјоделството и услужните дејности. Но и да се прошири годишната ангажираност од 180 дена, како и поголем број часови. Министерството за економија и труд е подготвено за новите предлози, но прво да се видат ефектите од законската примена која, главно ...
Подобар квалитет на живот, економска стабилност, институционална сигурност и држава подготвена да одговори на идните предизвици. Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски рече дека Националниот совет за развој ќе продолжи да биде столб на трансформација и двигател на промените што ги заслужува земјата. Националната развојна стратегија нема да остане документ на хартија, туку ќе се преточи во реални политики и мерливи резултати. Таа е ...
На 22.12.2025 во 16:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од ул. „Индира Ганди“ и сервисна улица која ја поврзува со ул. „Вашингтонска“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 16-годишник од Скопје и патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р. А(21) од Скопје. Во незгодата со телесни повреди се здобил Р.А., констатирани во ...
Општина Аеродром воведува нов, транспарентен и целосно анонимен начин преку кој граѓаните ќе можат да дадат оцена и мислење за квалитетот на работењето на Општината, како и за работата на секој вработен поединечно. Целта на оваа иницијатива е директно вклучување на граѓаните во процесот на унапредување на локалната самоуправа, преку идентификување на позитивните практики, како и на областите во кои постои простор за подобрување. На тој начин, ...
Новиот Кривичен законик што се подготвува со години, сè уште не е готов. Измените, пак, кои деновиве се поднесени во Собранието ја разбрануваа јавноста. Оценката е дека се намалуваат максималните казни во споредба со стариот Кривичен законик што важеше до 2023 година, се скратуваат роковите за застарување и се стеснува просторот за гонење корупција. Денеска свое мислење дадоа и претседателот на Уставниот суд, како и европскиот амбасадор ...
Под влијание на влажен бран во следните два дена ќе има повремени локални врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат пообилни (над 25 l/m2 за 24 часа). На планините врнежите ќе бидат од снег и ќе се формира снежна покривка до 15 cm. Поради спуштање на постуден воздух од север, во четврток врнежите од дожд ќе преминуваат во снег и на некои од повисоките места. Од петок ќе има стабилизирање на времето, прогнозираат од УХМР. Во Скопје, денес кон ...
Во редовен сообраќај е пуштен сообраќајниот крак- клучката на автопатската делница Охрид-Кичево, кај селото Подмоље. Како што посочуваат од СВР – Охрид, воспоставен е нормален сообраќај во правецот Охрид-Кичево-Скопје, Охрид-Струга, Струга-Кичево-Скопје и Струга-Охрид и истата е во редовна функција без дополнителни сообраќајни ограничувања. Од полицијата се упатува апел до возачите при користење на тој сообраќаен крак како и на целата ...
Интензивно работиме на рехабилитација на превојот Пресека и очекувам до месец февруари целиот патен правец да биде завршен и да ја подигнеме безбедноста во сообраќајот, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски. Вицепремиерот Николоски, заедно со директорот на ЈП за државни патишта Коце Трајановски, пратеникот Ѓорѓи Сајкоски и градоначалниците од Кичево и Дебрца извршија увид на градежните работи на ...
Денеска на владината седница се разгледува барањето на ЕСМ за прогласување кризна состојба на пазарот со електрична енергија. Се очекува да биде прогласена за да се овозможи трошење на државните резерви на мазут. Ваквиот потег се презема, бидејќи се јавија тешкотии во снабдувањето поради протестите на грчките земјоделци, од каде јагленот се доставува со задоцнување, а има проблеми и со испораката на мазут. На почетокот на месецов, ЕСМ објави ...
Вредноста на јавните набавки во здравството во последната деценија е повеќе од двојно зголемена, додека бројот на компании што добиле тендери пораснал за само 12 отсто, покажува истражување на Центарот за граѓански комуникации за периодот 2015–2024 година. Според анализата, повеќе од половина од набавките им припаднале на само 10 фирми, со склучени договори вредни над една милијарда евра. Две компании – „Алкалоид Конс“ и „Д-р Пановски“ – ...
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата на две нови транши кон Развојната банка за поддршка на домашните компании. Имено, исплатени се транша во вредност од 305 милиони денари и транша од 568 милиони денари, односно вкупно 873 милиони денари или 14,2 милиони евра. Со исплатата на овие транши вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 217,5 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на ...
Во празничниот декемвриски репертоар, во Националната опера и балет вечерва со почеток во 19:30 часот ќе биде изведена оперетата „Лилјакот“ од Јохан Штраус II. Диригент на изведбата е Бисера Чадловска, режијата е на Љупка Јакимовска, сценографијата на Марија Ветероска, костимографијата на Марија Пупучевска, кореограф е Саша Евтимова, хор мајстор е Јасмина Ѓоргеска, а концерт мајстор е Климент Тодороски, светло-дизајн е Милчо Александров. Во ...
Национално собрание на Венецуела одобри предлог-закон против пиратство, со кој се криминализираат дејствија што ја загрозуваат слободата на навигација и трговија по запленувањето нафтени танкери од страна на САД во Карибите. Мерката е со цел да ја заштити економијата и националниот суверенитет. Претседателот Мадуро го поздрави законот, критикувајќи ја политиката на американскиот претседател Трамп. „Целта на законот е да се спроведат светските ...
Српскиот кошаркар во дресот на Денвер, Никола Јокиќ на ноќешниот натпревар против Јута го „запиша“ својот 178 трипл-дабл во кариерата. Тој сега има само три помалку од легендата Оскар Робертсон. Јокиќ реализираше 14 поени и по 13 скокови и асистенции. Денвер ја совлада Јута со 135:112. Најефикасни на дуелот беа Џамал Мареј со 27 поени, Пејтон Вотсон и Кем Џонсон реализираа по 20, а Јонас Валанчунас постигна 12 поени и 11 скокови. На другите ...
Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека согласно податоците од Државниот автоматски мониторинг систем на ден 22.12.2025, среднодневните концентрации на РМ10 се под дефинираниот праг на алармирање од 150 mg/m3 и епизодата со надминување на прагот на алармирање за РМ10 честички е прекината во Скопје и Струмица. Со тоа, мерките и препораките за надминат праг на алармирање се прекинуваат, соопштуваат од ...
Почна изборната кампања за повторените локални избори за градоначалници во општините Гостивар, Маврово Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа што ќе се одржат веднаш по новогодишните и божикните празници на 11 јануари 2026 година. Според роковникот за изборни дејствија, изборната кампања за првиот круг на гласањето започнува на 22 декември на полноќ, и трае до 9 јануари, кога започнува молкот пред гласањето. Кандидати за градоначалник на Гостивар ...
Поради појава на магла се бележи намалена видливост до 100 метри на патниот правец Страцин – Кратово, од 30 до 50 метри на патниот правец Скопје – Тетово, од 50 до 100 метри на патните правци Велес – Скопје, Скопје – Велес и Куманово – Скопје. Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози. Од 21:00ч. ГП Евзони е отворен за сите видови сообраќај за влез во Р. Грција. Од 15.11.2025 година започна законската обврска за ...
Американскиот претседател Трамп изјави дека САД „мора да го имаат“ Гренланд по именувањето специјален претставник за островот, тврдејќи дека е клучен за американската национална безбедност. „Ако го погледнете Гренланд нагоре и надолу по брегот, имате руски и кинески бродови насекаде. Ни треба за национална безбедност. Мораме да го имаме. Гренланд е голема работа“, изјави Доналд Трамп, претседател на САД. Данска остро реагираше, нагласувајќи ...
Украинскиот претседател Зеленски потврди дека основните нацрт-документи на мировниот план се подготвени. Планот од 20 точки предвидува безбедносни гаранции меѓу Украина, европските партнери и САД, вклучувајќи билатерален документ кој ќе го разгледа Конгресот на САД. Зеленски е оптимист дека преговорите се блиску до резултат, но нагласи дека Русија мора јасно да покаже подготвеност за крај на агресијата. „Направена е голема работа пред сè на ...
Тензична и насилна ноќ во Тирана, откако протестот на обединетата албанска опозиција пред Владата ескалираше во судири со полицијата. Демонстранти фрлаа молотови коктели и пиротехника. Оштетен е државен имот, а еден полицаец повреден. Лидерот на опозицијата Сали Бериша упати остри пораки кон премиерот Рама, обвинувајќи го за корупција и криминал. Повика на обединета борба за смена на власта и формирање техничка влада. „Да се обединиме што е ...
Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе ја соопшти одлуката за финалната цена за електрична енергија што ќе стапи во сила од 1 јануари 2026-та. Првиот човек на регулаторна Бислимоски не очекува поскапување. Од друга страна, од компанијата за пренос на струја, МЕПСО велат дека со постојаните инвестиции во преносниот систем, снабдувањето со електрична енергија ќе биде стабилно во текот на зимата. Инсталираниот капацитет од обновливи ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Попладне и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд. На планините врнежите ќе преминуваат во снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 3 , а максималната ќе достигне од 5 до 12 степени. Во Скопје, променливо облачно и тивко со појава на магла. Кон крајот на ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова напладне во Собранието ќе има годишно обраќање пред пратениците, второ во нејзиниот мандат. Се очекува шефицата на државата да говори за актуелните случувањата во годината што изминува, како и за очекувањата во следната година во внатрешната и надворешната политика, состојбата во економијата. Ставот на претседателката е дека Балканот е природен дел на Европа, географски, историски и културно. ...
Администрацијата на Трамп го брани делумното објавување на досиејата на Епштајн, додека демократите се жалат на неправда. Заменик-главниот обвинител Тод Бланш, вели дека Министерството за правда објави само дел од досиејата до рокот утврден од Конгресот, со цел да се заштитат жртвите. Обвинителот вети дека администрацијата на Трамп на крајот ќе ја исполни својата обврска пропишана со закон. „Многу е едноставно и многу јасно. Статутот исто ...
Министерот за здравство, Азир Алиу денеска имаше средба со претставници на Независниот синдикат за здравствени работници и административно-технички персонал. Вработувања, медицинска опрема, специјализации во здравени домови, миграција на доктори, предизвици со кадарот во ИМП, унапредување на Мој термин - ова беа дел од темите на денешната средба за кои министерот посочи дека во тек се процеси за нивно унапредување, информираат од ...