По седницата на Централното претседателство на „Вреди“, одлучено Азир Алиу да биде нивен предлог за нов министер за здравство, а Арбен Фетаи да биде вклучен во партиското раководство и ќе остане вицепремиер за добро владеење. Десетмина од Алијанса веќе се вклучени во органите на „Вреди“. Првиот вицепремиер Меџити верува во менаџерските капацитети на Алиу во водењето на ресорот здравство, иако станува збор за доктор, но по информатички науки. ...

По жестоките руски удари во изминатите три дена, Москва продолжува да таргетира цели во Украина. Соборивме десетици украински дронови на руско тло – возвраќа Русија. И двете страни со обвинувања за тоа кој сака, а кој не, крај на конфликтот. Киев тврди-Путин ја пролонгира војната. „Путин и неговата придружба не планираат да ја завршат војната. Во моментов нема индиции дека сериозно размислуваат за мир или дипломатија. Напротив, постојат многу ...

Почна сослушувањето на претставници на семејствата на 62-те жртви од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. „Сослушувањето на законските застапници на сите жртви во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ почнаа денеска и се одвиваат со предвидената динамика, во обвинителствата во Кочани, Штип и во Скопје, согласно со распоредот кој беше утврден директно со семејствата на жртвите во соработка со организацијата - Поддршка за Кочани“, соопштија ...

Стојанче Ангелов замина од ЦУК и застана на чело на Дирекцијата за заштита и спасување. На негово место во Центар е поставен Мухамед Аљи. Свесен дека е соочен со многу предизвици – недостиг од пилоти, проблеми со сервисирањето на ЕР-тракторите, немањето договори со тимовите за брз одговор, вклучително и со оние за гаснење пожар на отворено. Идејата е ЦУК и ДЗС да се спојат во еден интегриран систем за справување со кризи, за заштита и спасување. ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски оствари работна средба со амбасадорот Канцеларијата на амбасадата на Литванија во Скопје, Н.Е. Вилма Дамбраускиене. На средбата беа потврдени добрите досегашни односи меѓу нашите две земји и посветеноста за натамошно унапредување на соработката на повеќе нивоа. Посебно се разгледа заемната иницијатива на двете земји за потпишување на договор за полициска соработка чии носители ќе бидат двете ...

Руските сили ја нападнаа Украина со речиси илјада ракети и дронови во последните три дена. Изминатата ноќ регистрирани повредени на југот и југоистокот. И Москва обвинува за пресретнати околу 100 беспилотни летала во седум региони. Зеленски со став, Русија ја пролонгира војната. „Од информациите добиени од разузнавачките служби и од податоците од отворени извори можеме да видиме дека Путин и неговата придружба не планираат да ја завршат војната. ...

По 14 неуспешни тендери, нова шанса за хидроелектраните Чебрен и Галиште, кои со години се најавуваат, но никако да се реализираат. Власта планира да ги гради со парите од британскиот заем. Експертите објаснуваат дека станува збор за капитални проекти, кои мора да се изградат за да им служат на идните генерации. Единствениот дилема, вели професорот, е дали ќе имаме доволно луѓе што ќе работат на овој проект или можеби ќе мора да се повикаат и ...

Светската економија и предизвиците со нестабилната трговија по наметнатите царини од американскиот претседател Трамп, во фокусот на 46-от самит на земјите од југоисточна Азија. Лидерите на АСЕАН бараат начини за надминување на економските шокови откако шест од десет азиски земји беа најтешко погодени од високите тарифи на САД. Годинашниот претседавач со самитот, малезискиот министер за надворешни Мохамед Хасан, изрази загриженост поради ...

Денес во просториите на Центарот за управување со кризи (ЦУК) се одржа официјалната церемонија на примопредавање на должноста директор. Новоименуваниот директор, Мухамед Али, изрази благодарност за укажаната доверба и ја нагласи својата заложба за ефективно и ефикасно справување со кризните состојби. „Ќе се работи посветено на унапредување на капацитетите на Центарот, со посебен акцент на меѓуинституционалната соработка, навременото информирање ...

Вчера во 00.23 часот на патот Ресен-Битола, полициски службеници од ОВР Ресен го лишија од слобода Р.Н. (47) од с. Златари, ресенско, информираат од МВР. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „сеат“ со ресенски регистарски ознаки, кое го управувал Р.Н., и по преземени мерки констатирано е дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,89 промили алкохол во крвта. Р.Н. е исклучен од сообраќај и ...

Изборот на судии во Апелацискиот суд за потпретседателот на Собранието од ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски е незаконски, а за претседателот на Судскиот совет, Александар Камбовски вели дека извршил и кривично дело. Трагично или не, но реформи на судството со оваа постава во Судскиот совет не би можел да изведе ниту илузионистот Дејвид Коперфилд, напиша на својот Фејсбук профил Милошоски. Во постапката за избор на судии во скопска Апелација се ...

Стојанче Ангелов е именуван за вршител на должноста директор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), откако по договор со премиерот Христијан Мицкоски беше разрешен од позицијата директор на Центарот за управување со кризи (ЦУК). Ангелов најави дека ќе работи на обединување на двете институции – ЦУК и ДЗС – во еден современ и функционален систем за управување со кризи и заштита и спасување, кој ќе биде целосно усогласен со стандардите на ЕУ ...

Поранешниот министер за информатичко општество и администрација Азир Алиу е предлогот на „ВРЕДИ“ за нов министер за здравство. Арбен Фетаи останува вицепремиер за добро владеење. По синоќешниот партиски состанок, од „ВРЕДИ“ информираа дека за ова е веќе известен и премиерот Мицкоски. Алиу е еден од членовите на Алијанса за Албанците кои одлучија да не го следат Таравари и да останат во „ВРЕДИ“. Тој претходно изјави дека излегувањето од Владата ...

Државната ревизија откри сериозни пропусти во процесот на дигитализација на матичните книги, кој трае повеќе од една деценија, а се инвестирани речиси осум и пол милиони евра. Граѓани сè уште добиваат изводи издадени со помош на машина за пишување. За да се забрза процесот, во периодот од 2018-та до 2024-та година биле ангажирани 216 лица со договори за дело. Но, ревизорите утврдиле дека многумина од нив биле ангажирани на други работни задачи, ...

На 27.05.2025 во 00.44 часот полициски службеници од Полициската станица безбедност на патниот сообраќај Пробиштип го лишија од слобода А.Р. (56) од Скопје, информираат од МВР. На регионалниот пат Р-1205 во с. Пишица, пробиштипско, тој управувал патничко возило „фолксваген“ со скопски регистарски ознаки со брзина од 101 километри на час на место каде максимално дозволена брзина е 40 километри на час, во населено место. По целосно документирање ...

Руските сили ја нападнаа Украина со речиси илјада ракети и дронови во последните три дена. Изминатата ноќ регистрирани повредени на југот и југоистокот, соопштија украинските власти. Москва пак обвинува за пресретнати околу 100 беспилотни летала во седум региони. Зеленски став, Русија ја пролонгира војната. „Од информациите добиени од разузнавачките служби и од податоците од отворени извори можеме да видиме дека Путин и неговата придружба не ...

Сообраќајот на државните патишта се одвивa непречено, по претежно суви коловози, информираат од МВР. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ ...

Собранието денеска седници ќе одржи продолженија три пленарни седници - 49-та, 22-та и 41-та. Предлог на закон за изменување на Законот за заштита од вознемирување на работно место, во прво читање е единстената заостаната точка на дневниот ред на 49-та седница. На дневниот ред на 22-ра седница се останати Извештајот на Европската комисија за Република Северна Македонија за 2024-та година, Предлогот за разрешување на членови на Регулаторната ...

Израелските војниците напредувале неколку стотици метри длабоко на територијата во јужен Либан, објавија локалните медиуми. Офанзивата на Израел против милитантните групи продолжува. Тел Авив соопшти дека 170 камиони со храна, лекови и медицински материјали стигнале во Појасот Газа по ригорозна безбедносна инспекција. Хуманитарните организации уверуваат дека е потребно многу повеќе помош за да ги задоволи основните потреби на населението. По ...

Полицијата во Ливерпул уапси 53 годишен маж кој со возило удри во толпа луѓе кои ја славеа титулата на Ливерпул во англиската Премиер лига. Властите велат дека мотивите засега се непознати. „Она што можам да ви кажам е дека веруваме дека ова е изолиран инцидент и во моментов не бараме никој друг во врска со него. Инцидентот не се третира како тероризам“, изјави Џени Симс, заменик-началник на полицијата во Мерсисајд. Повредени се 27 луѓе, од кои ...

Русија ја пролонгира војна, обвинува Зеленски откако Москва изврши голем напад со 355 беспилотни летала врз Украина во ноќта спроти понеделник. Згаснуваат надежите за пробив во напорите за ставање крај на тригодишната војна, Западот се заканува со санкции. „Од информациите добиени од разузнавачките служби и од податоците од отворени извори можеме да видиме дека Путин и неговата придружба не планираат да ја завршат војната. Во моментов нема ...

Обвинители почнуваат со поединечно сослушување на семејствата на жртвите од пожарот во Кочани. Преку исказите ќе можат да си ги остварат своите права како оштетени, да се приклучат на кривичниот прогон и директно да се информираат за текот на истрагата. Од Обвинителството велат дека сè уште е активен повикот до сите останати коишто имаат лични сведоштва за несреќата, информации и докази за работата на клубот „Пулс“, да ги споделат со истрагата. ...

На 25.05.2025 во периодот од 17.20 до 18.45 часот на магистрален пат Тетово – Гостивар, на наплатна станица Гостивар и на автопатот Тетово-Скопје, кај наплатна станица Желино, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово и Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Гостивар ги лишиле од слобода Н.Н.(55) од Гостивар, А.А.(54) од Охрид и Л.С.(35) од с. Копачиндол, тетовско. Н.Н. управувал ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски заедно со дел од раководството на министерството денеска во Полициското одделение во Жеровјане пушти во употреба нова канцеларија на Управни служби на МВР која ќе ги опслужува жителите на Општините Брвеница и Боговиње. „Денеска се наоѓаме во рамки на Полициско одделение Жеровјане, во кое отвораме нова канцеларија ја управни служби при Министерството за внатрешни работи. Овие управни служби ќе ги ...

Новоизбраниот претседател на Романија, Никусор Дан положи заклетва. 55-годишниот математичар и поранешен градоначалник на Букурешт, убедливо победи во вториот круг на 18-ти мај. Неговиот ривал, екстремно десничарскиот политичар Џорџ Симион ги оспори резултатите пред највисокиот суд, но беше одбиен изминатата недела. Според аналитичари, се ближи крајот на најлошата политичка криза што ја зафати Романија по поништувањето на претходните избори на ...

На подрачјата на сите сектори за внатрешни работи во текот на изминатиот викенд полициските службеници во рамки на интензивните сообраќајни контроли издадоа вкупно 1.343 платни налози, а претежно по преземени мерки по основ на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата (ЗБСП), како и по основ на Законот за возила (ЗВ), информираат од МВР. Според статистичките податоци, специфично за деновите од викендите и натаму најголемиот број изречени ...

Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, денеска се обрати на Третата седница на Националниот совет за евроинтеграции, одржана во Собранието на Република Северна Македонија. Во своето обраќање, министерот ја пренесе клучната порака дека Северна Македонија повеќе не е земја која само ја планира европската интеграција, туку е земја која таа интеграција ја реализира на дело. „Северна Македонија не е повеќе земја што само ја планира ...

Русија го изврши најголемиот напад со дронови врз Украина. Рекордни 355 беспилотни летала биле лансирани врз неколку региони, на удар и Киев. Властите известија за жртви и десетици повредени. Осуда за нападот пристига од Вашингтон. Трамп изјави дека Путин апсолутно полудел, дека ја сака цела Украина, а Зеленски не и прави услуга на својата земја со начинот на којшто зборува. „Не сум задоволен од она што го прави Путин. Не знам што му се случи? ...

На 25.05.2025 во 21.54 часот кај место викано „Монопол“ во Валандово, полициски службеници од ОВР Валандово го лишија од слобода Т.П.(71) од с.Пирава, валандовско. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген голф“ со велешки регистарски ознаки, кое го управувал, и по преземени мерки констатирано е дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,64 промили алкохол во крвта. Тој е исклучен ...

Најголем причинител на аерозагадувањето во Македонија е системот на затоплувањето на домовите, индустриските и јавни објекти, рече премиерот Христијан Мицкоски на надзорната расправа во Собранието, на тема ефектите од аерозагадувањето во Скопје и други градови врз здравјето на луѓето и мерките што се преземаат за заштита на јавното здравје. Во овој контекст, фокусот на владата, меѓу другото ќе биде на воспоставување централизиран систем за ...

weather icon

Скопје

37ᴼ / 37ᴼ
2.57
25%
1013
weather icon

Белград

35ᴼ / 33ᴼ
2.57
36%
1014
weather icon

Загреб

34ᴼ / 33ᴼ
2.06
41%
1013
weather icon

Софија

30ᴼ / 30ᴼ
2.06
29%
1016
weather icon

Сараево

36ᴼ / 36ᴼ
2.66
18%
1013
weather icon

Љубљана

34ᴼ / 33ᴼ
0.89
49%
1014
weather icon

Атина

37ᴼ / 35ᴼ
7.2
21%
1011
weather icon

Тирана

33ᴼ / 33ᴼ
2.57
46%
1015
weather icon

Подгорица

33ᴼ / 33ᴼ
2.06
36%
1015
weather icon

Букурешт

34ᴼ / 32ᴼ
4.12
29%
1014
weather icon

Будимпешта

34ᴼ / 32ᴼ
7.2
29%
1014
weather icon

Истанбул

33ᴼ / 29ᴼ
2.57
42%
1013
Currency

61.535

Currency

53.0265

Currency

72.1226

Currency

34.426

Currency

38.5869

Currency

65.8407

Currency

7.38678

Currency

0.68042

Currency

0.36531

Currency

0.52501

Currency

1.33697

Currency

0.61696

Алуминиум

2.58

Иридиум

142715.99

Кобалт

42.99

Никел

14601.50

Рутениум

21637.45

Калај

32.80

Сребро

1139.77

Злато

106347.80

Бакар

9.81

Паладиум

34176.24

Платина

41304.38

Родиум

174417.80

Цинк

2.65