Стабилен раст на воениот буџет, засилена модернизација и продолжување на учеството на мировните операции во 2026-та, најавија од Министерството за одбрана и од Генералштабот, на брифингот со воените аташеа. Македонски војници нема да учествуваат во евентуална НАТО мировна мисија во Украина, дециден Мисајловски. Пред воените аташеи беше презентиран планот за наградба на полигонот Криволак, на кој и наредната година ќе можат да вежбаат ...

Американскиот претседател го назначи Џеф Ландри, гувернер на Луизијана, за специјален пратеник на САД на Гренланд. Во Данска велат дека одлуката на Трамп претставува јасен сигнал дека САД и натаму покажуваат силен интерес за островот. Данска, во чиј состав е Гренланд, повеќепати нагласува дека суверенитетот и територијалниот интегритет на кралството не се предмет на преговори. Арктикот добива се поголемо стратешко, безбедносно и економско ...

Денеска е извршена исплата на средства во вкупен износ од 335.963.096 денари кон 1.211 сточари, согласно Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година. Во однос на корисниците на кои не им се исплатени средства по основ на субвенции за 2023 година, информираме дека е потребно истите да се обратат до Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, со цел да се изврши детална проверка и разгледување ...

Заменик државната обвинителка Анита Тополова- Исајловска ќе ја извршува највисоката обвинителска функција до изборот на наследникот на Коцевски. Таа беше единствен кандидат и доби едногласна поддршка од Советот. При номинацијата за нејзин избор беше истакнато дека Тополова- Исајловска повеќе години работела на заменичкото место, па добро ги познава случувањата и состојбите и може да се справи со предизвиците што ги диктира работниот ангажман. ...

Државните електрани на Македонија побараа од Владата да прогласи кризна состојба на пазарот со струја. Одлука ќе се носи на владината седница поради отежнатата набавка на енергенси, како последица на блокадите на грчките земјоделци. Кризна состојба се бара за да се овозможи Владата да ги отстапи државните резерви со мазут, со цел производство на струја и топлинска енергија сè додека не се реши проблемот со Грција. Министерката за енергетика ...

Синдикатите, работодавачите и Владата на Економско-социјалниот совет се договорија дека ќе се договорат за минималната плата. 600 евра минимална плата и зголемување на сите останати за 6.000 денари побараа ССМ поради, како што велат, зголемените трошоци за живот и најмалата минимална плата во регионот. Работодавачите велат дека компаниите не се во кондиција да го одврзат кесето. Евентуално зголемување е можно доколку има олеснување на ...

Министерството за внатрешни работи ја споделува анализата од Извештајот за процена на корупцијата во Северна Македонија 2025 подготвен од МЦМС, која покажува значајно зголемување на довербата на граѓаните во работата на МВР. Според извештајот, вкупната доверба во Министерството достигнува 50,3%, што е значително повисоко од 33,9% во 2023 година што е јасен индикатор дека мерките за транспарентност, отчетност и професионалност носат резултати. ...

Малопродажните цени на бензините од ноќеска се намалуваат, додека цената на дизел горивото останува непроменета, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Цената на Еуросупер БС-95 се намалува за 1 денар и ќе изнесува 70 денари за литар, а Еуросупер БС-98 исто така поевтинува за 1 денар и ќе се продава по цена од 72 денари за литар. Малопродажната цена на Еуродизел (Д-Е V) не се менува и останува 64,50 денари за литар. Екстра лесното ...

Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) на денешната седница донесе одлука за избор на нов селектор на македонската А репрезентација. За нов селектор е именуван Гоце Седлоски. Членовите на највисокото тело на ФФМ, одлуката за избор на нов селектор на македонската А репрезентација ја донесоа по предлог на Комисијата за избор на селектор, составена од Масар Омерагиќ – претседател на ФФМ, Горан Пандев – директор на ...

На 24 декември 2025 година, во 19 часот, во Мултимедијалниот центар Мала станица ќе биде отворена изложбата на академскиот скулптор Ангел Коруновски под наслов „Лица“. Оваа серија на дела насловени „Лица“ е инспирирана од невидливото – анонимните, занемарените и замолчените поединци кои се движат низ сложеноста на глобализираниот и наметнато корумпиран свет. Преку синтеза на колаж, гест, акција и апстракција, овие дела даваат визуелна форма ...

Во официјална посета на Македонија, шефицата на албанската дипломатија, Елиса Спиропали. На средбата со нејзиниот домаќин, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски потврдени заложбите за членство во Европската Унија, без наметнување на билатерални прашања. Каков е ставот на двајцата министри во однос на барањата од Брисел за реформи, но и за исполнувањето на обврската Македонија да направи уставни измени? Игор ...

Администрацијата на САД отповикува речиси 30 дипломати од амбасадорски и други високи позиции во амбасадите во светот. Стејт департментот одби да коментира за конкретни бројки или амбасадори кои се засегнати, но ги бранеше промените, нарекувајќи ги „стандарден процес во секоја администрација“. Во Африка се отповикуваат амбасадори од 13 земји. Од Азиско-пацифичкиот регион, се менуваат амбасадори во шест земји. Од европските држави, покрај во ...

Согласно со Изборниот законик, Првиот програмски сервис на Македонската радио телевизија има обврска да обезбеди бесплатно политичко претставување за кандидатите за градоначалници на локалните избори за повторните локални избори во 2026 г. МРТ ги повикува сите кандидати за градоначалници кои ќе учествуваат на повторните локални избори што ќе се одржат на 11.01.2026 г. да го искористат своето право на БЕСПЛАТНО ПОЛИТИЧКО ПРЕТСТАВУВАЊЕ на ...

Машката македонска ракометна репрезентација денеска има собир за претстојните подготовки и настапот на Европското првенство 2026. Селекторот Кирил Лазаров повика 21 играч, а уште седум ракометари се на листата на резерви. Македонскиот национален тим првите денови од подготовките ќе ми мине во Скопје до 26 декември, кога се сели во Хрватска. Таму ќе престојува до 30 декември, а ќе биде одигран и еден контролен дуел со Хрватска. По кусиот одмор ...

Американскиот сенатор Греамза време на посетата на Тел Авив изјави дека ќе го охрабри американскиот претседател Трамп да го ослободи Израел да го заврши Хамас, доколку милитантната група не се разоружа. Посетата доаѓа во време кога САД вршат притисок врз Израел и Хамас да продолжат со новата фаза од прекинот на огнот во Газа, кој стапи на сила на 10 октомври. „Иако го славам прекинот на огнот, тоа беше големо достигнување, враќањето на ...

Драмски театар Скопје ја информира јавноста дека погребот на актерот Лазе Манасковски е денес на Градските гробишта во Бутел. Семејството, роднините, колегите, пријателите и почитувачите ќе се простат од Лазе Манасковски од 11:30 до 12:30 часот во капелата на гробиштата. Македонскиот театарски, филмски и телевизиски актер Лазе Манасковски е роден на 27 март 1958 во Скопје, а почина на 20 декември 2025 во Скопје. Дипломирал на Факултетот за ...

Во изложбениот простор „Мала станица“ во Скопје, утревечер во 19 часот ќе биде отворена изложбата „Лица“ на ликовниот уметник Ангел Коруновски. Станува збор за серија дела што се фокусираат на човекот како поединец во современиот, глобализиран и често корумпиран општествен контекст. Циклусот „Лица“ е инспириран од оние кои најчесто остануваат невидливи – анонимните, занемарените и замолчените луѓе што се движат низ бучавата на модерниот свет. ...

Екипите на Атланта и Чикаго ноќеска одиграа ефикасен натпревар на кој беа постигнати 302 поена. Победа од 152:150 остварија гостите Чикаго. Атланта пропушти да се избори за продолжение откако Треј Јанг промаши. Ова беше четврта победа за „биковите“ на последните пет натпревари. Матас Бузелис со 28 поени беше најефикасен кај победникот, а вкупно 10 играчи имаа двоцифрен број поени. Воедно Бузелис погоди седум тројки од осум обиди. Резултати на ...

22/12/2025 09:52 - МРТ

Перси и Мерилин Џонс организираат голема забава за нивната 25-годишнина од бракот, додека нивната ќерка Тереза го носи своето момче Сајмон дома за да ги запознаат нејзините родители. Џонсови, кои се црни, не знаат дека момчето на нивната ќерка е бел бидејќи Тереза го криела тоа од нив, плашејќи се од нивните предрасуди. Исто така, Тереза и Сајмон планираат да ја објават својата свршувачка, за која нивните родители не знаат ништо. Перси е ...

22/12/2025 09:52 - МРТ

„Рај и земја“ е американски биографска воена драма од 1993 година, напишан и режиран од Оливер Стоун. Ова е третиот и последен филм во трилогијата на Стоун за Виетнамската војна, по „Вод“ (1986) и „Роден на Четврти јули“ (1989). Ле Ли (Хип Ти Ле) живее во мало виетнамско село чие спокојство е нарушено кога избувнува војната. Откако е брутално малтретирана и силувана, Ле Ли решава да избега. Таа заминува за градот, преживувајќи очајни ...

Романтична приказна за распространети проблеми на современиот свет - занемарување на основните човечки потреби и емоционална отуѓеност поради бескомпромисна посветеност на кариерата и успехот. Лани Кериган (Анџелина Џоли), новинарка во телевизиска станица во Сиетл, води крајно површен живот, иако мисли дека има сè, како момче-ѕвезда, прекрасен стан и шанса за голема задача на телевизија. Нејзиниот совршен свет почнува да се распаѓа откако ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски денеска ќе биде домаќин на министерката за Европа и надворешни работи на Република Албанија, Елиса Спиропали, која престојува во нашата земја во прва официјална посета. Муцунски и Споропали ќе остварат средба на која ќе се разговара за актуелните политички состојби во двете земји, билатералните односи и соработката, како и за можностите за нивно понатамошно унапредување во ...

Разговорите меѓу американските, европските и украинските претставници во текот на изминатите три дена во Флорида за ставање крај на војната во Украина беа продуктивни и фокусирани на усогласување на ставовите, изјави во недела специјалниот претставник на САД, Стив Виткоф. САД и Украина се фокусирале на четири клучни точки на состанокот: понатамошен развој на планот од 20 точки, мултилатерална рамка за безбедносни гаранции, американска рамка ...

Во Собранието денеска треба да заседаваат Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, Комсиијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање и Законодавно-правната комисија. Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците треба да го разгледа Предлог закон за Судскиот совет на Република Северна Македонија, во второ читање, како и Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за ...

Владата и синдикатите се очекува денеска да седнат на маса, каде ќе се разгледуваат барањата за подобрување на животниот стандард на граѓаните. Во фокусот на разговорите ќе бидат растот на платите, минималната плата, усогласувањето со трошоците за живот како и мерките за заштита на куповната моќ на работниците во услови на зголемени цени. Последната пресметана потрошувачка кошничка за месец декември изнесува 65.492 денари. Пресметка за ...

Стартува кампањата за повторените избори за градоначалник во општините Гостивар, Врапчиште, Маврово-Ростуше и Центар Жупа. Ќе трае до 9-ти јануари на полноќ, гласањето е на 11-ти јануари. Во трка се 5 партии и коалиции и еден независен. Според Избирачкиот список, со право на глас во 4-те општини се нешто повеќе од 128 илјади гласачи. Во 7 избирачки места, во Гостивар и 5 во Маврово-Ростуше има помалку од 10 избирачи, па тие своето право може ...

На седницата на Советот на јавни обвинители нов обид да биде назначен вршител на должност државен јавен обвинител. Во четвртокот беше одложена затоа што на состанокот не се појави еден од членовите. Изборот на в.д. обвинител следува по неотповикливата оставка на досегашниот државен јавен обвинител Љупчо Коцевски, поднесена во вторникот, непосредно пред Собранието да расправа за негово разрешување на предлог на Владата. Истиот ден, парламентот ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 200 м. на патните правци Тетово – Гостивар и Куманово – Страцин. Намалена видливост до 100 м на патниот правец Сарамзалино – Штип, информира АМСМ. Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае ...

Драги Памуков од Куклиш очекува берба од околу 30 тони зелка зимава. Нема можности за производство на домати, краставици во овој период оти пластениците не ги затоплува. Вели дека тоа е голема инвестиција но со помош на државата можно е секоја зима да произведува и овој тип на зеленчук. Агроекспертите тврдат дека струмичкиот регион има услови за одгледување зеленчук преку зима но потребна се дополнителни инвестиции. Д-р Ристо Вучков, вели ...

Поради променети органолептички својства и утврдено присуство на ларви и инсекти, инспектор за храна на Агенцијата за храна и ветеринарство, неделава забрани увоз на киви наменети за индустриска преработка. Станува збор за 22.340 килограми од овој вид овошје, увоз од Република Србија, за која пратка, со органолептички преглед од страна на инспектор за храна, утврдено е дека истата не е безбедна за увоз и за понатамошна преработка. На ...

weather icon

Скопје

5ᴼ / 5ᴼ
1.54
93%
1010
weather icon

Белград

5ᴼ / 3ᴼ
0.0
90%
1010
weather icon

Загреб

8ᴼ / 5ᴼ
1.54
89%
1010
weather icon

Софија

5ᴼ / 3ᴼ
2.57
81%
1010
weather icon

Сараево

7ᴼ / 7ᴼ
2.43
81%
1009
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
1.54
96%
1009
weather icon

Атина

14ᴼ / 11ᴼ
4.12
69%
1009
weather icon

Тирана

9ᴼ / 9ᴼ
2.06
81%
1009
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
1.54
93%
1010
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 3ᴼ
5.66
84%
1010
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 3ᴼ
1.03
90%
1010
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 9ᴼ
1.54
81%
1009
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Цинк

3.29

Алуминиум

3.07

Сребро

2497.79

Паладиум

54077.56

Бакар

11.83

Платина

67484.42

Кобалт

64.04

Родиум

336779.07

Злато

159436.20

Иридиум

215504.98

Рутениум

45750.51

Калај

46.06