Од Центарот за управување со кризи информираат дека во последното деноноќие регистрирани се вкупно 9 пожари на отворен простор, од кои активен е 1, под контрола се 2 пожари, а изгаснати се 6. Пожарот на падините на планината Огражден е ставен под контрола. Екипи на територијалната противпожарна единица од Струмица заедно со доброволците од противпожарното друштво „Рис“ и два Ер-трактори на дирекцијата за заштита и спасување од вчера на терен ...

Центарот за управување со кризи соопшти дека денеска до 13 часот се регистрирани два пожари на отворен простор, од кои еден е активен, а друг е ставен под контрола. Активен е пожарот во нива во селото Србица во Општина Кичево, а под контрола е пожарот во селото Бајково во Општина Ново Село, со кој е зафатена ниска вегетација и мешана шума. Центарот за управување со кризи соопшти дека денеска до 13 часот се регистрирани два пожари на ...

До 18 часот попладнево во државата се регистрирани вкупно пет пожари на отворен простор, од кои еден е активен, еден е ставен под контрола, а три се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Активен е пожарот во општина Старо Нагоричане, во атарот на селото Канарево, каде гори ниска вегетација. Под контрола е пожарот во општина Ново Село, кај селото Бајково, кој зафатил ниска вегетација и мешана шума. Според ЦУК, изгаснати се ...