Скопје
5ᴼ /
5ᴼ
Специјализациите по интерна медицина и хирургија ќе се одвиваат по нови програми. Имплементацијата ќе почне откако ќе се произнесат и другите катедри, најави министерот за здравство, Алиу. 14 годишната примена на моделот на специјализации и субспецијализации, покажала многу недостатоци во третирањето на пациентите затоа се пристапува кон реформирање на програмите. Во многу болници нема општ интернист, на пример, па прегледите ги врши ...
Вкупните кредити во ноември бележат раст од 1,3% на месечно и 12,7% на годишно ниво. Зголемувањето е резултат на повисокото кредитирање и кај корпоративниот сектор и кај домаќинствата, при што нешто поголем придонес има корпоративниот сектор, покажуваат најновите податоци од Народната банка за монетарните движења. Кредитите на корпоративниот сектор се зголемени за 1,5% на месечно и за 14,5% на годишно ниво, главно како резултат на растот на ...
Рускиот претседател Путин денеска ја одржува традиционалната годишна прес-конференција, на којашто што ќе одговара на прашања од граѓани. На настанот „Резултати на годината“, кој Путин го организира во различни формати речиси секоја година од 2001, се очекува да доминираат прашања поврзани со руската економија, нуклеарното оружје и она што Кремљ го нарекува „специјална воена операција“ во Украина. Учесниците на денешниот настан мора да ...
Селекторот на македонската машка ракометна репрезентација, Кирил Лазаров, го објави денеска списокот на ракометари кои ќе им укаже шанса во подготовките за Европското првенство кое во јануари идната година ќе се одржи во Данска, Шведска и Норвешка. Лазаров повика вкупно 21 ракометари, меѓу кои членот на Еурофарм Пелистер, Самоил Ристевски, е единствениот дебитант, додека голманот на германски Битигхајм, Мартин Томовски, е единствениот кој ...
НБА лигата ја објави синоќа идеалната петорка на неодамна завршеното куп натпреварување во кое триумфираа кошаркарите на Њујорк. Во идеалниот тим на НБА купот се најдоа кошаркарите на Њујорк, Џејлен Брансон и Карл-Ентони Таунс, Дирон Фокс од Сан Антонио, словенечкиот репрезентативец и член на Лос Анџелес Лејкерс, Лука Дончиќ, како и играчот на Оклахома Сити Шеј Гилџес-Александер. Идеалниот тим беше избран од медиумски панел составен од 20 ...
Кубанскиот претседател ја осуди наредбата на Трамп за блокада на танкерите за нафта под санкции во и надвор од Венецуела како брутална и ризична воена мерка. Колумбискиот претседател па, изјави дека неговата влада останува скептична кон резултатот од венецуелските избори, но дека нема да поддржи инвазија. Американската војска спроведува кампања во која од септември се уништени 26 бродови за кои се тврди дека превезувале дрога. Во нападите се ...
Изутринава најстудено било во Скопје - Петровец, Битола, Струмица и Берово, каде е измерена минимална температура од-4 степени Целзиусови, а најтопло во Крушево со измерени 4 степени Целзиусови, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Во Тетово, Велес и Демир Капија изутринава се измерени-3, во Скопје – Зајчев Рид, Куманово, Штип, Кавадарци и Прилеп-2, во Претор и Маврови Анови 0, во Крива Паланка, Гевгелија, Виница и Попова ...
Oд изутрината во одделни делови од земјава има појава на магла. На патните правци Неготино-Градско и Неготино-Демир Капија е намена видливоста на 50 до 60 метри, предупредуваат од АМСМ. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државава. ...
Министерот за здравство, Азир Алиу денеска се обрати на јавната расправа на Парламентарната комисија за здравство, посветена на темата „Заштита на децата и младите од штетните влијанија и последиците од пушењето“. „Денес зборуваме за здравјето како темел на модерна, општествена и одржлива економија. Употребата на тутунот и никотински производи останува една од главните причини за превентабилна смрт во светот. Здравствените и економските ...
На 17.12.2025 во 11.40 часот во Струга, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга го лишија од слобода Н.С.(40) од с. Горно Лакочереј, охридско. Тој се сомничи дека на 11.12.2025 измамил 77-годишна жена од струшко село за сума од 8.000 евра. Според пријавеното, на 11.12.2025 тој телефонски ја побарал жената, лажно се претставил и ѝ рекол дека нејзината ќерка прегазила дете на пешачки премин и дека ќе ...
100 илјади работници работат без договори и се дел од сивата економија во земјава. Пазарот на трудот, невработеноста, сивата економија, социјалниот дијалог и трудовата реформа се предизвиците со кои се соочува нашето општество. Следната година ќе биде година на трудови реформи со сет законски измени. Според бројот на трудови инспектори и компании еден инспектор може да контролира еден работодавач на пет години. Апелираат дека кадарот треба ...
Од претставка до Уставен суд, до барање поддршка од Брисел за одбрана на слободата и демократијата во Македонија. Социјалдемократите се револтирани од усвоената резолуција на ВМРО-ДПМНЕ со која се гарантира дека нема да влезат мигранти во земјава, но и дека се осудуваат манипулациите на опозицијата. Филипче од Брисел порачува, време е за формирање единствен граѓански фронт за правда, слобода и демократија. За социјалдемократите, усвоената ...
Скопје изутрината се разбуди меѓу десетте најзагадени градови во светот, односно денеска сме на седмото место, но полека и сигурно се приближуваме кон врвот. Концентрацијата на штетните ПМ 10 честички кои продираат длабоко во белите дробови, можат трајно да го оштетат здравјето. Граѓаните се жалат на здравствени проблеми. Екологистите предупредуваат, нема безбедно ниво на загадување. Секое е штетно за човекот во поголема или помала мера. ...
Откако техно сцената во Берлин беше прогласена за нематеријално културно наследство на Германија, Франција сега го направи тоа со електронската музика. Ова е прв чекор кон добивањето заштитен статус од УНЕСКО. Електронската музика има заслужено место во нашето национално нематеријално наследство, изјави француската министерка за култура Рашида Дати, потврдувајќи ја одлуката. Неодамна, министерството создаде ознака за клубовите како „места на ...
На денешното Генерално собрание на Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС), Орце Ѓорѓиевски повторно ја доби довербата да ја води организацијата. Тој им се заблагодари на членовите на Управниот одбор за поддршката, како и на новоизбраните потпретседатели Изет Меџити и Горан Герасимовски. Ѓорѓиевски изрази уверување дека претстојниот мандат ќе биде успешен и ќе остави значаен белег во унапредувањето на локалната самоуправа и ...
Министерот за здравство, Азир Алиу во рамки на работната посета на Република Албанија оствари средба со министерката за здравство и социјална заштита на Албанија, Евис Сала, на која беше реафирмирана успешната билатерална соработка меѓу двете земји и можностите за понатамошно нејзино продлабочување во областа на здравството. „Со Република Албанија имаме воспоставено успешна соработка, а со министерката Сала заеднички се залагаме за ...
На 17.12.2025 во 20:05 часот на крстосница од ул. „Народен Фронт“ и ул. „Коле Подлешки“ во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишија од слобода А.М.(35) од Кавадарци. Претходно, тој со патничко возило „форд“ со велешки регистарски ознаки удрило во паркирано патничко возило „сузуки“ со кавадаречки регистарски ознаки, паркирано од Т.А.(55) од Кавадарци. При преземање мерки во врска со незгодата, констатирано е дека А.М. го ...
По масакрот на плажата Бонди со 15 жртви, Австралија воведува построги закони, казни и правила за визи против ширење омраза. Додека земјата се збогува со жртвите, премиерот Албанезе порача дека земјата мора да остане обединета и безбедна за сите граѓани. „Терористичкото злосторство во кое загинаа 15 невини луѓе, вклучувајќи ја и десетгодишната Матилда, која ја погребуваат денеска, беше напад врз нашата еврејска заедница, но и врз ...
Генералното собрание на Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС) денеска во Скопје ќе ја одржи конститутивната седница. Како што информираат од институцијата, конституирањето на ова тело се одржува во согласност со Статутот на ЗЕЛС, во рок од три месеци по спроведувањето на локалните избори. Делегатите на оваа седница ќе ги изберат членовите на Управниот одбор на ЗЕЛС и на Надзорниот одбор. Во рамки на овој настан, членовите на ...
Доделувањето на Оскарите, еден од најзначајните глобални медиумски настани, од 2029 година ќе се пресели од телевизијата Еј-Би-Си на дигиталната платформа Јутјуб, соопшти Американската академија за филмски уметности и науки. Еј-Би-Си ќе продолжи да ја пренесува церемонијата до 2028 година, кога ќе се одржи јубилејното 100-то доделување на Оскарите. Во периодот од 2029 до 2033 година, Јутјуб ќе ги поседува ексклузивните права за пренос во ...
Американскиот претседател Трамп, во своето обраќање до нацијата по првата година од мандатот, рече дека го наследил хаосот во земјата од својот претходник, Бајден, но дека постигнал повеќе отколку што некој можел да замисли. Се пофали со економските успеси на неговата администрација, како и со напорите за запирање на протокот на нелегална миграција. „Пред 11 месеци наследив хаос, сега го чистам. По само една година, постигнавме повеќе отколку ...
Европските лидери во Брисел одлучуваат за финансирањето на Украина. На самитот учествува и претседателот Зеленски, кој бара поддршка за заем од замрзнатите руски средства што ЕУ реши да ги блокира сè додека Москва не ја прекине војната и не ја надомести штетата на соседот. Тој ги повика сојузниците да ја зголемат помошта и порача дека Русија испраќа сигнали оти планира продолжување на војната и следната година. „Повторно слушнавме од Москва ...
Намалена видливост поради магла до 100 метри има на патниот правец Неготино-Демир Капија. На останатите државни патишта, сообраќајот се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Од Автомото сојузот на Македонија потсетуваат дека во сила е законската обврска за ...
Нова категорија билети за Светското првенство 2026, наменета за најлојалните навивачи, воведе денеска Меѓународната фудбалска асоцијација (ФИФА). ФИФА одлучи да конвертира дел од билетите – приближно 10 проценти од вкупниот капацитет – од во моментов најприфатливата категорија („ниво на вредност“) во нова категорија наречена „ниво на влез“. Билетите во оваа категорија ќе имаат иста цена за сите натпревари на сите национални селекции на ...
Советот на јавни обвинители денеска ќе го потполни местото на Коцевски. Ќе се бира вршител на функцијата државен обвинител од редот на обвинителите во државното Јавно обвинителството. Со констатирање на оставката на Љупчо Коцевски започнува процедурата за избор на неговиот наследник. Според Законот за јавни обвинители изборот се врши најдоцна два месеца пред истекот на мандатот на актуелниот, односно веднаш по празнењето на местото, како во ...
На Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје денеска ќе се одржи конференција на тема: „Достоинствена работа – вистинскиот пат кон праведно општество“. На конференција ќе се обратат заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески, раководителот на Катедрата по трудово и социјално право на Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје проф. д – р Лазар Јовевски, претседателката на Организација на работодавачи на Македонија, Владанка ...
Во галеријата на Македонскиот културен центар во Истанбул, на 19 декември (петок) во 20:00 часот, ќе биде отворена изложбата „Поема на атомите“ на македонскиот уметник Благојче Петровски. Изложбата претставува духовно и визуелно истражување инспирирано од мислата на Руми и од иконописната традиција. Преку минималистички композиции, симболички знаци и внимателно користење на златната површина, Петровски создава тивок, но моќен сликарски јазик ...
Во Македонскиот културен центар во Истанбул, на 19 декември (петок) со почеток во 19:00 часот, ќе се одржи концерт на МАКБРАС квартет тромбони, еден од најистакнатите македонски камерни ансамбли. Концертот ќе биде реализиран со пијано придружба на Маријана Николoвска. На репертоарот ќе биде изведена програма со дела од Давид Фердинанд, Семи Нестико, Благој Цанев, Џорџ Гершвин, Франсоа Гуин, Лени Нихаус, Георг Лохман, Астор Пјацола и Бил ...
Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) денеска соопшти дека во функција е нов веб портал за квалитет на воздухот, на кој може да се пристапи преку постоечката адреса https://air.moepp.gov.mk. Податоците од сите мониторинг станици како и досега може да ги гледате во реално време. Новитет е тоа што се споредуваат со новиот индекс, кој е во согласност со Европскиот индекс за квалитет на воздух кој започна со примена од 4 ...
Добро е кога Западниот Балкан е во оптиката на Европската Унија и тоа е охрабрувачки и за граѓаните од регионот, затоа што на тој начин се покажува интересот за нашата заедничка иднина, изјави вечерва премиерот Христијан Мицкоски при пристигнувањето на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Брисел. „Ние како држава тоа го заслуживме многу одамна бидејќи нашиот пат започна уште пред 25 години, но поради, би рекол, вештачки причини ние сè уште не можеме ...