Вчеравечер во 21.30 часот во Полициското одделение Ростуше било пријавено дека во хотел во Лазарополе едно лице агресивно се однесувало и фрлало разни предмети кон хотелот, оштетувајќи прозор, а потоа физички и со остар предмет го нападнал С.Р.(26) од Скопје. Полициски службеници презеле мерки и активности и констатирале дека се работи за К.Ж.(29) од Скопје, кој бил лишен од слобода. Додека, по извршени проверки било констатирано дека тој бил ...

Руските сили го нападнаа градот Славјанск во регионот Доњецк во Украина, користејќи водени воздушни бомби. Во нападот загина 17-годишно момче, а беа ранети уште тројца, според шефот на регионалната воена администрација на областа. Покрај жртвите, предизвикана е и значителна штета врз цивилната инфраструктура, вклучувајќи приватни куќи, повеќекатни згради, административни згради, производствен погон и автомобили. „Се слушна тресок, потоа следеше ...

Над 600 објекти се на листата за извршување, уривање во Општина Куманово, покажале контролите на општинските инспектори. Меѓу нив и угостителски објекти. Првиот човек на Куманово не одговори колкав број од нив се кафулиња и ресторани. Тој не прецизираше ниту дали ќе го следи примерот на Струмица со ослободување на јавните површини. За извршување на објекти Куманово годинава одвои речиси пет милиони денари. Но поучен од минатото, кумановскиот ...

Детски џагор со децении нема во одморалиштата во источниот регион. Запоставени и руинирани, чекаат решение од секоја власт. Малешево – репрезентативното одморалиште на Беровско Езеро пропаѓа на очиглед на сите. Слична е состојбата и со одморалиштето во Суви Лаки – Беровско. Безуспешни се напорите на локалната власт да ги санира и менаџира објектите. Во тек е утврдување на вредноста на шест детски одморалишта во државата, меѓу кои е и беровското. ...

Вчера во 23.57 часот на регионалниот пат Крушево-Прилеп, на место викано „Врбоечко патче“, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Крушево го лишиле од слобода Р.К.(33) од Крушево. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки било констатирано дека нема возачка дозвола и дека е под дејство на ...

Министерот за правда Игор Филков во Интервју за МИА првата година од мандатот ја оценува како директна борба за враќање на основната функција на Министерството – да служи на правдата и на граѓаните. Реформите вели дека ќе се случат, не поради тоа што некој од надвор така бара, туку затоа што граѓаните го заслужуваат тоа, нагласувајќи дека тоа значи крај на заштитени привилегии и почеток на вистинска правна еднаквост. „Динамиката на спроведување ...

Времето денеска ќе биде сончево и малку посвежо со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 18, а максималната ќе достигне од 26 до 34 степени. Во Скопје, времето ќе биде сончево со слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 34 степени. Времето во наредните денови ќе биде стабилно, претежно сончево и ...

Американските сили ги нападнаа трите главни нуклеарни постројки на Иран. Претседателот Трамп го предупреди Техеран дека ќе се соочи со уште поразорни напади доколку не се согласи на траен мир. Нападите беа спектакуларен воен успех, рече Трамп во телевизиско обраќање од Белата куќа. Додаде дека клучните нуклеарни постројки за збогатување ураниум на Иран се целосно и тотално уништени. „Нашата цел беше уништување на капацитетот за нуклеарно ...

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице кое е осомничено за нанесување телесна повреда согласно член 130 став 2 од Кривичниот законик. Во семејниот дом на улицата “Бутелска”, на 20 јуни, осомничениот 54-годишник, во алкохолизирана состојба, ja навредувал својата сопруга, а потоа и физички ја нападнал, удирајќи ја со чадор по телото и главата. Од многубројните удари оштетената започнала да крвари и да губи свест, па ...

Далеку од градската врева и жештина, повредените од пожарот во Кочани добиваат медицинска нега во адаптираниот комплекс за рехабилитација на Пониква. Под лекарски целодневен надзор ќе добиваат физикална терапија и услуги од физијатар, а ќе може да вежбаат јога и аеробик. Првата група опфаќа 46 мина повредени. Не сакаа да зборуваат пред камерата, но велат дека се задоволни од можноста да се рехабилитираат на планина, а за потребите што ги имаат и ...

Од вечерва ќе се пушти за сообраќај за сите возила делницата од Подмоље до Охрид, како дел од автопатот Кичево –Охрид, инфомрираат од Министерството за транспорт. По тој повод вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и директорот на ЈП за државни патишта Коце Трaјановски, денеска извршија увид во изградбата на оваа делница. Констатирано беше дека изградбата на автопатот се одвива според договорената динамика и покрај бројните ...

Потпретседателот Џеј Ди Венс во Лос Анџелес го обиколи повеќеагенцискиот федерален заеднички оперативен центар и се сретна со војници и федерални агенти распоредени во градот од администрацијата на Трамп. Протестите и насилните немири во Лос Анџелес во голема мера се смирија во последните денови, откако беа предизвикани од мерките на претседателот Доналд Трамп против имиграцијата. Венс го обвини гувернерот Гевин Њусом за „загрозување на ...

На 23-ти јуни (понеделник) ќе се одржи концерт на „Баклава“ со почеток во 20:30 часот во Куршумли ан… Групата „Баклава“ слави две децении музичко творештво со специјален концерт на „Скопско лето“. Препознатлива по својот автентичен акустичен звук, Баклава ќе ве прошета низ богатиот и разновиден музички свет создаван во текот на нивната 20-годишна кариера. На концертот ќе бидат изведени песни од сите пет албумски изданија: Баклава, Калемар, Ме ...

Додека во ДИК се очекува распишување на изборите, партиите на големо калкулираат. Математики, интереси, рејтинзи … сè е во игра. Си ги промовираат своите кандидати, но резервирани се кога е во прашање поддршката на кандидати од коалициски партнери или да споделат други комбинации. Опозициската СДСМ ги обелодени имињата на 19 кандидати за градоначалници меѓу нив за три скопски општини. Од таму најавија дека ќе имаат кандидати и за други општини ...

Недостигот од професионални пожарникари за справување со големиот број пожари во летните месеци, се надополнува со сезонски и пожарникари од доброволните противпожарни друштва. Но, за да можат истите да се справат со овие појави, потребно е да бидат соодветно обучени. Доброволното противпожарно друштво „Архангел“ од Битола, неодамна помина тридневна обука за гаснење шумски и пожари на отворено. По топлиот бран изминатиов период, се појавија и ...

Рускиот претседател путин изјави дека е подготвен да се сретне со украинскиот колега Зеленски, но само за време на „последната фаза“ од преговорите за прекин на конфликтот, додавајќи дека пред тоа треба да се заврши многу работа. Путин додаде дека и руската и украинската делегација се согласиле да имаат уште една рунда преговори по 22 јуни. На економскиот форум во Санкт Петербург, Путин ги повтори максималните барања на Русија во војната против ...

Вчера во 10.51 часот на патот Гостивар - Тетово, кај клучка Камењане, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишиле од слобода Б.М.(29) од с.Пирок, тетовско. При сообраќајна контрола и преземени мерки и активности било констатирано дека Б.М. управувал патничко моторно возило „ауди” со германски национални ознаки со брзина од 190 километри на час на место каде што максималната дозволена брзина е ...

Поранешниот играч на Вардар кој двапати со клубот ја освои европската титула, Иван Чупиќ во следните две сезони ќе биде тренер на „црвено-црните“. Тој вчера беше промовиран како нов шеф на стручниот штаб, и доаѓа на местото аргентинскиот стратег Гиљермо Милано, кој се задржа во клубот помалку од една сезона. Чупиќ во периодот од 2016 до 2021 беше дел од клубот. По завршувањето на играчката кариера, Чупиќ беше дел од стручниот штаб во Загреб како ...

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Масар Омерагиќ, оствари средба со претседателот ФИФА, Џани Инфантино во рамки на официјалниот самит на Светската фудбалската Асоцијација во Мајами, САД. На средбата се разговараше за идните правци во развојот на фудбалот во Македонија и поддршката од ФИФА. Претседателот Масар Омерагиќ истакна дека ФФМ нема да инвестира во празни форми, туку во суштина, односно во терени, рефлекторско ...

Израел и Иран продолжуваат со меѓусебните напади. Во изминатата ноќ израелската војска предупреди за претстојна ракетна баража од Иран, активирајќи сирени за воздушен напад низ делови од централен Израел, вклучувајќи го и Тел Авив, како и на западниот брег окупиран од Израел. Истовремено, Израел почна нов бран напади врз локации за складирање и инфраструктура за лансирање ракети во Иран. Претходно, иранскиот министер за надворешни Арагчки, ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини Богородица и Табановце задржувањето од македонска страна е од 30 – 40 минути. На останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација ...

Времето денеска ќе биде сончево и малку посвежо со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 19, а максималната ќе достигне од 25 до 33 степени. Во Скопје, претежно сончево и малку посвежо. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 15, а ...

Земјотрес со Рихтерова локална магнитуда ML2.4 степени е регистриран ноќеска во пограничното епицентрално подрачје со Албанија, на јужниот дел на Охридското Езеро, на околу 120 километри југозападно од Скопје. Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје соопшти дека, според досегашните податоци, земјотресот е почувствуван во Охрид и блиската околина со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка ...

В сабота, на 21 јуни почнува 46. издание на Фестивалот Скопско лето, во организација на Дирекцијата за култура и уметност. Фестивалот ќе се отвори со два извонредни настани кои ја најавуваат богатата програма на ова културно лето во главниот град. Свеченото отворање започнува во 19 часот, во Музејот на град Скопје, со отворање на изложбата „Зона Фобија“ од уметникот Томе Аџиевски – моќна визуелна постановка што симболично ја отвора уметничката ...

Вкупните кредити бележат раст од 12,1 процент на годишна основа, а вкупните депозити раст од 12,2 проценти, покажуваат податоците на Народната банка. Во мај, вкупните кредити се зголемени за 1,1 процент на месечно ниво, поради зголеменото кредитирање на двата сектора, со поголем придонес на секторот „домаќинства“, а вкупните депозити бележат раст од 1,4 проценти на месечно ниво којшто се должи на повисоките депозити во двата сектора со поизразен ...

Министерството за спорт продолжува со реализација на капитални инвестиции во спортската инфраструктура низ цела држава. Министерот за спорт Борко Ристовски, заедно со вицепремиерот Љупчо Димовски и со градоначалникот на Кратово, Тодорче Николовски, денеска свечено го пуштија во употреба новиот, целосно реконструиран спортски центар. Овој современо уреден спортски комплекс во Кратово, во кој Министерството за спорт инвестираше 4.7 милиони денари, ...

Не мирува тлото на Блискиот Исток. Експлозии одново одекнуваат во Израел и Иран. Техеран повторно удри во Бершеба, израелските сили возвратија во северозападен Иран. Тел Авив решен да оди докрај да ја уништи иранската нуклеарна програма, со или без помош на САД. „Реков дека ќе го промениме лицето на Блискиот Исток, сега велам-го менуваме лицето на светот. Решен сум да ги постигнеме сите наши цели. Одлуката на Трамп дали сака да се придружи е ...

На 19.06.2025 на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода М.С.(22), С.С.(21) и 17-годишник, сите од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“. Тие се сомничат дека околу 19.00 часот во с.Трубарево, скопско, со возило го пресретнале В.Д.(42) од Скопје, по што едниот од нив физички и со тврд предмет го нападнал и му го одзел мобилниот телефон, по што тројцата со ...

Дали Зоран Давитков е лицето коешто го уништило ранецот во кој бил пиштолот со кој се убиени Вања и Панче? Одговор на ова прашање ќе треба да даде обвинителството, по чиј налог техничарот вработен во Народната банка е приведен во полициска станица. Токму ова лице беше посочено од обвинетиот Велибор Манев кој во завршен збор пред судот рече дека Палевски побарал од Давитков, кој бил член на партијата „Десна“ да се ослободи од т.н. пакет, а по ...

„Проект“ без план, без документација, без јасни рокови – но со веќе позната цена од 2 милијарди евра. За пругата на Коридорот 10, која ја најави Мицкоски, не постои ниту еден лист хартија, но веќе се знае колку ќе чини“, обвинуваат од Социјалдемократскиот сојуз. Според нив, ВМРО-ДПМНЕ го подготвува најголемиот тендерски криминал во поновата историја. СДС е партија против градба на железница, болници и други капитални проекти, велат од ...

weather icon

Скопје

13ᴼ / 13ᴼ
1.03
72%
1013
weather icon

Белград

16ᴼ / 14ᴼ
1.03
82%
1011
weather icon

Загреб

15ᴼ / 15ᴼ
1.54
88%
1012
weather icon

Софија

18ᴼ / 14ᴼ
0.0
64%
1014
weather icon

Сараево

20ᴼ / 20ᴼ
0.19
62%
1012
weather icon

Љубљана

15ᴼ / 14ᴼ
1.54
96%
1013
weather icon

Атина

26ᴼ / 24ᴼ
2.06
59%
1009
weather icon

Тирана

17ᴼ / 17ᴼ
2.06
82%
1011
weather icon

Подгорица

20ᴼ / 20ᴼ
0.51
64%
1011
weather icon

Букурешт

20ᴼ / 18ᴼ
1.03
67%
1013
weather icon

Будимпешта

20ᴼ / 17ᴼ
1.54
75%
1011
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 24ᴼ
6.69
73%
1009
Currency

61.56

Currency

53.9255

Currency

71.0129

Currency

34.6401

Currency

38.8779

Currency

66.3798

Currency

7.48918

Currency

0.67074

Currency

0.35821

Currency

0.52499

Currency

1.32622

Currency

0.61636

Алуминиум

2.58

Иридиум

153653.48

Кобалт

42.99

Никел

14774.00

Рутениум

26299.31

Калај

32.94

Сребро

1171.45

Злато

105915.12

Бакар

8.81

Паладиум

37873.58

Платина

40856.15

Родиум

225055.23

Цинк

2.77