Венко Филипче е последниот што има кредибилитет да зборува за состојбите во здравството. СДС нема право да зборува за здравството, СДС за нивните 7 години власт направи скандали кои граѓаните ги плаќаа со своите животи, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на обвинувања на лидерот на СДСМ дека здравствениот систем е во колапс. „Граѓаните добро паметат во каква состојба го остави здравствениот систем по неговиот мандат со наталожени проблеми, недостиг на ...

Премиерот, Христијан Мицкоски, денеска беше во Кавадарци каде што беше пуштен во употреба реконструираниот Градски базен. „Повторно сме во Кавадарци. Минатиот пат кога бев тука пред десетина дена почнувавме проект, сега пуштаме во употреба проект. Овој спортско-рекреативен центар мислам дека има регионално значење и е добар, да не речам, одличен. Од целосно запуштен објект, којшто сведочеше на едно лошо време, денеска гледаме како добива ...

Министерот за правда, Јетон Шасивари, оствари средба со постојаната координаторка на Обединетите нации во Република Северна Македонија, Рита Колумбија и Марко Вујачиќ од Канцеларијата на UNOPS на која беа разгледани приоритетите во реформата на правосудството и следните чекори за модернизација и унапредување на системот. Посебно внимание беше посветено на експертската поддршка што Обединетите нации ја обезбедуваат во реформските процеси, ...

Почна казнувањето на возачите на електрични тротинети кои не ги почитуваат новите законски правила. За само неколку дена издадени се 12 парични казни за различни сообраќајни прекршоци. Најголем дел од нив се за возење на површини каде што не е дозволено движење на електрични тротинети. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, три казни се издадени за управување без заштитен шлем, прекршок за кој е предвидена глоба од 50 ...

Речиси 50.000 денари изнесува просечната плата во Македонија, тврдат од Државниот завод за статистика. Според нивните податоци, во мај просечната нето-плата била 49.544 денари, што е за 8,2 проценти повеќе од истиот месец лани. Но, граѓаните во Штип велат дека сликата од нивното секојдневие е друга – платите тешко стигнуваат за сите трошоци. Велат дека сe е поскапо, а новите поскапувања на храната, сметките и горивата уште повеќе го ...

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице поради основано сомнение дека сторил кривично дело – Загрозување со опасно орудие при тепачка или караница според член 133 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот 30-годишник со нож се заканувал на двајца сопружници во чија фирма работел, барајќи да му ги исплатат последните неисплатени дневници. На 21 јули попладне, кога мажот и жената со нивниот ...

Додека Гостивар се соочува со масовно заболување предизвикано во услови на контаминиран водоснабдителен систем, Владата на ДПМНЕ се обидува својата законска, здравствена и морална обврска да ја спакува во пластично шише, велат од Левица и истакнуваат дека флашираната вода во ограничени количества не може да ги покрие поттребите Партијата бара итна целосна мобилизација на државните капацитети – цистерни и домашна достава на исправна вода, ...

Општина Гостивар ги повикува граѓаните да се информираат само од официјални соопштенија, а не од лажни информации на социјалните мрежи. „Општина Гостивар, Кризниот штаб на централно и локално ниво, како и ЈП „Водовод и канализација – Скопје“, интензивно работат на терен за нормализирање на состојбата со водоводниот систем. Ги повикуваме граѓаните, за текот на процесот, да се информираат исклучиво преку официјалните соопштенија на надлежните ...

Изградбата на основното училиште „Крсте Мисирков“ во Ченто влегува во својата завршна фаза, објави градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски. „Она што го затекнавме е навистина охрабрувачко. Градежните работи се одвиваат според предвидената динамика и проектот влегува во својата завршна фаза. Паралелно со изградбата, во финална фаза е и постапката за набавка на нов училишен инвентар, со што учениците ќе добијат современо опремени ...

Страшното невреме, проследено со силен ветер со оркански удари, остави тешки последици низ градот, но и во срцето на Скопје, во Градскиот парк. Паднаа голем број дрвја, а беше оштетена и урбаната опрема. Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, објави дека по вчерашната голема акција за расчистување, денес почнува садењето на 60 нови садници јавор и јасен. „Тие ќе донесат повеќе сенка, почист воздух и нов живот во зелената структура ...

Благој Сарафимов од вчера и официјално е назначен за командир на Полициската станица од општа надлежност при СВР Штип, крунисувајќи професионална кариера долга 27 години во Министерството за внатрешни работи. Својата служба ја започнал како полициски службеник – водич на безбедносен реон во сообраќајната полиција. Во текот на кариерата извршувал повеќе одговорни функции, меѓу кои инспектор за недозволена трговија со дрога, виш инспектор во ...

Утре започнува новата сезона 2026/2027 во Првата македонска фудбалска лига со натпреварот во Кавадарци меѓу Тиквеш и Арсими. Ова ќе биде 35. сезона во Првата македонска фудбалска лига, а елитното друштво сега ќе брои десет, наместо 12 екипи. Во однос на самите пропозиции последните две екипи испаѓаат директно во Втора лига, а пак осмиот тим ќе игра бараж за опстанок во Прва лига против третиот тим од второлигашката конкуренција. Како главни ...

Пречистителната станица за отпадни води во Скопје е проект што го започна СДСМ. Постапката почна во декември 2019 година. Тендерот беше распишан во 2020 година, а финансирањето од над 200 милиони евра преку ЕБОР, ЕИБ и грант од Европската Унија беше обезбедено во времето на СДСМ. Договорот за изградба беше потпишан во април 2023 година. Што направи градоначалничката Данела Арсовска кога ја презеде општината? Постапката ја закочија, велат од ...

Во изминатите две години Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ презеде конкретни чекори за реформа на јавната администрација, со цел да создаде професионален, ефикасен и модерен јавен сектор кој ќе работи во интерес на граѓаните, истакна на прес-конференција Емил Спасовски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. Еден од најважните резултати, според него, е усвојувањето на трите системски закони, како што е Законот за административни службеници, Законот за ...

СДС, ДУИ и Таравари повторно покажаа дека имаат двојни аршини. Кога нивниот градоначалник на Гостивар, Валбон Лимани, вели дека не чувствува никаква одговорност за скандалот со водата, тие не кажуваат ниту еден збор, истакна на прес-конференција Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. „Истите тие кои секојдневно зборуваат за одговорност и бараат оставки, денес молчат и го штитат својот кандидат. Очигледно, за СДС, ДУИ и Таравари ...

Реми со по еден гол на пријателскиот натпревар меѓу третолигашот Победа Валандово и второлигашот Осогово од Кочани, откако двете екипи одиграа 1:1. Ова беше меч со цел да се увиди како оди подигањето на формата по стартот на летните подготовки, да им се даде шанса на сите играчи, но и да се виде како оди вклопувањето на новите засилувања во тимот. Столе Наков постигна гол за третолигашот од Валандово, а пак за „жетварите“ од Кочани стрелец ...

Македонскиот шампион Вардар загуби на домашен терен во Скопје од Рига со резултат од 2:3 во рамки на второто квалификациско коло во Конференциската лига на УЕФА, со што Рига носи предност на реваншот во Летонија. Поразот доаѓа на денот на 79. роденден на Вардар, а за „црвено-црните“ ова беше нов европски пораз на домашен терен, откако претходно македонскиот шампион загуби и од КуПС во првото квалификациско коло во Лигата на шампиони. Вардар ...

Натпреварите од Втората македонска фудбалска лига во живо ќе може да се следат на М Нет телевизија и во сезона 2026/2027 со што продолжува успешната соработка со Фудбалската федерација на Македонија. Како и во изминатите пет сезони, од 15 август на М Нет телевизија ќе стартува шестата сезона на реализација на директни преноси од фудбалските стадиони низ Македонија каде ќе се игра второлигашки фудбал. Соработката на М Нет телевизија и ФФМ беше ...

Второлигашот Детонит Плачковица ги започна подготовки за новата сезона откако вчера на Градскиот стадион во Радовиш шефот на стручниот штаб Горан Здравков ја имаше првата прозивка. Штипскиот стратег ќе има освежен ростер за новата сезона со неколку млади играчи, но и неколку искусни имиња кои доаѓаат во тимот од Радовиш. Нови имиња се Махир Ајрули кој доаѓа од редовите на Каменица Саса, потоа Бранимир Иванов од Брегалница, како и Филип ...

Арбен Таравари е во спротивност со своите изјави. Додека еднаш се појави пред граѓаните на Гостивар и ја обвини тогашната влада дека ги „труе“ граѓаните со негрижа и неактивност, за време на неговиот мандат излезе и рече дека го решава проблемот со водата во Гостивар „за следните 100 години“, велат од „Вреди“. Денес, кога, како што додаваат, одговорноста паѓа на администрацијата што ја водеше, Таравари не само што не исполни ниту едно од ...

ЈП „Комунален сервис“ – Валандово ја извести јавноста дека, согласно добиените резултати од извршените анализи од Институтот за јавно здравје – Скопје, во водата за пиење од градскиот водовод во Валандово е утврдено зголемено ниво на арсен. Поради наведеното, се препорачува водата од градскиот водовод во Валандово да не се користи за пиење сѐ до добивање на нови резултати кои ќе ја потврдат нејзина исправност. „Водата може да се користи ...

По масовното труење во Гостивар, каде илјадници граѓани пиеја загадена вода со недели, сега и во Валандово водата од градскиот водовод не е безбедна за пиење, велат од СДСМ. „Лабораториските анализи покажаа зголемено ниво на арсен. ЈП „Комунален сервис“ Валандово и Институтот за јавно здравје ги предупредија граѓаните да не ја користат водата за пиење. Ова повеќе не е локален проблем туку е системски проблем на цела држава. Проблем на еден ...

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува со реализација на конкретни политики кои носат подобар животен стандард, посилна социјална заштита и долгорочен развој на државата, истакнуваат од партијата на власт. Како дел од реформите во социјалниот сектор, како што посочуваат, потпишан е нов Колективен договор со кој платите на вработените во центрите за социјална работа се зголемуваат за 20 проценти. Со ова, додаваат од таму, се исправа ...

Наместо јасни одговори и преземање одговорност за скандалот со водата во Гостивар, јавноста е сведок на двојните аршини од страна на СДС, ДУИ и Таравари кога станува збор за нивниот кандидат Валбон Лимани, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Воедно, Лимани јавно изјави дека не чувствува никаква одговорност, а оние што секојдневно зборуваат за отчетност, СДС, ДУИ и Таравари остануваат неми. Наместо да побараат одговорност од својот кандидат, избираат да ...

Владата на ВМРО-ОКГ повторно ја примени класичната техника: кога нема одговори и кога треба да се сноси одговорност, се отвора фронт против оние кои зборуваат вистина, реагираат од СДСМ. Наместо, како што велат од оваа партија, Владата да објасни зошто институциите молчеле додека граѓаните на Гостивар пиеле загадена вода, наместо да каже зошто епидемијата беше прогласена со задоцнување и зошто илјадници луѓе се отруени, министерот за ...

Вардар не успеа да обезбеди позитивен резултат на првиот натпревар од второто квалификациско коло во Конференциската лига, откако вечерва на арената „Тодор Проески“ беше поразен од летонскиот претставник Рига со 2:3. И покрај поразот, „црвено-црните“ покажаа карактер и до самиот крај останаа во игра за поволен исход. Македонскиот претставник одлично го отвори натпреварот и прв стигна до водство. Во 28. минута Диего Кастањеда ја затресе ...

МЗТ Скопје Аеродром по пауза од 25 години повторно ќе биде дел од европските клупски натпреварувања под капата на ФИБА. Настапот во ФИБА Еврокупот претставува ново поглавје за најтрофејниот македонски кошаркарски клуб, кој покрај амбициите на меѓународната сцена, не се откажува од главната цел – продолжување на доминацијата во домашното првенство и Купот. Извршниот директор Филип Ѓоревски истакнува дека враќањето во Европа било една од ...

Во момент кога Гостивар се соочува со една од најтешките здравствени катастрофи, министерот Клековски не најде за потребно да се извини за институционалниот пропуст, да ја преземе одговорноста или да одговори како системот и институциите под негова надлежност дозволил подолго време да не го заприметат и идентификуваат проблемот. Наместо тоа, одлучи да им држи лекции на докторите и да ги обвинува дека зборуваат за лајкови и кликови, велат од ...

Општина Чаир испрати помош со вода за пиење за граѓаните на Гостивар. „Како одговор на отежнатата состојба со снабдувањето со вода за пиење во Гостивар, Општина Чаир испрати количина вода за пиење со цел да им помогне на граѓаните погодени од актуелната состојба“, соопштија од Општината. Додаваат дека помошта претставува придонес во справувањето со тековните потреби на жителите. Во соопштението се додава дека Општина Чаир останува во ...

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието и во источните делови, информира УХМР. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 19, а максималната ќе достигне од 27 до 34 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
1.54
87%
1028
weather icon

Белград

5ᴼ / 0ᴼ
2.06
81%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
1.03
73%
1029
weather icon

Софија

0ᴼ / 0ᴼ
2.57
89%
1029
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.68
94%
1030
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 5ᴼ
3.09
83%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.24
64%
1027
weather icon

Тирана

12ᴼ / 9ᴼ
2.06
76%
1024
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
81%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
3.6
60%
1031
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 2ᴼ
0.544
74%
1030
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
4.12
87%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Родиум

295786.87

Алуминиум

3.07

Сребро

1670.34

Рутениум

61086.42

Злато

130856.75

Иридиум

315077.32

Цинк

3.76

Паладиум

32279.35

Калај

46.54

Бакар

12.58

Кобалт

33.53

Платина

49319.25