Воведувањето на седмиот авион во базата на „ВизЕр“ во Скопје е огромно достигнување во развојот на ависообраќајот во Македонија. Веќе имаме преку 2 милиони патници во првите шест месеци, многу нови дестинации и оваа визија продолжуваме да ја развиваме заеднички, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски на промоцијата на новиот седми авион на „ВизЕр“ во Скопје. „Ова е трета најголема база што ...

Владата на Мицкоски денеска преку министерката за финансии, Кочовска го претстави ребалансот на буџетот како „развоен“, а не како „кризен“. Меѓутоа, самата Кочовска призна дека ребалансот е потребен за да се обезбеди редовна исплата на плати, пензии и социјални надоместоци, велат од СДСМ. Со други зборови, додаваат од партијата, без овој ребаланс, државата наскоро нема да има пари ни за основните обврски кон граѓаните. „Ова е директно ...

Најдобрата македонската тенисерка Лина Ѓорческа го заврши настапот на ВТА 125 турнирот во Палермо, откако загуби во првото коло од Ерика Андреева со 2:0 во сетови за 82 минути игра. Двете тенисерки се наоѓаат една до друга на ВТА листата Ѓорческа е на 214. место, додека пак Андреева е 215 место. Натпреварот беше решен во осмиот гем од првиот сет кога при сервис на Ѓорческа беа одиграни 32 поена, а Андреева ја искористи 10-та сет топка. Во ...

Македонскиот одбојкарски шампион Штип УГД со големо засилување за новата сезона во која ќе се оди на одбрана на двојната круна, Александар Љафтов доаѓа во градот под Исарот, како капитално засилување за тимот на Кристиан Ристески. 36-годишниот струмичанец зад себе има фантастична кариера, огромно искуство кое е акумулирано со настапи во повеќе шампионати, покрај настапие во домашното првенство настапувајќи за Работнички и Струмица, ...

Прволигашот Башкими последен ги започна летните подготовки за новата сезона и клубот од Куманово под водство на новиот тренер Гајур Реџеп ќе има една недела за припреми до првиот меч, кога Башкими во рамки на првото коло ќе гостува во Кратово кај Силекс. Клубот му се заблагодари на досегашниот тренер Баже Јанакиевски, а притоа се раздели со неколку фудбалери на кои им се заблагодари за досегашната соработа – Есмин Личина, Борјан пановски, ...

Македонскиот футсал шампион Проект ги започна подготовките за новата сезона, во која тимот од Јосифово ќе има за цел да ја одбрани двојната круна, но притоа фокусот ќе биде насочен кон европските предизвици односно квалификациите за Лигата на шампиони. Клубот го задржа костурот на тимот од ланската сезона, а притоа се засили и со искусниот Александар Коцев, со што квалитетот се подига на поголемо ниво. Минатата сезона Проект без ниту еден ...

Второлигашот Шкупи со нов сопственик и долгови, в среда ќе ги започне подготовките за новата сезона, каде фокусот ќе биде на млади играчи од академијата. Ланскиот прволигаш и поранешен шампион на Македонија зад себе имаше катастрофална сезона, со многу лоши резултати, освоен само еден бод во текот на целиот шампионат, сезона со турболенции и блокади за трансфери од УЕФА. Од клубот посочуваат дека по долг период на работа за стабилизирање на ...

Општина Центар ги повикува младите жители да аплицираат за субвенции за обука и полагање за возачка дозвола Б-категорија. Заклучно со 31 јуни 2026 година се исплатени субвенции во вкупен износ од околу 710.000 денари, а обезбедени се средства за сите заинтересирани до крајот на годината. Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, истакна дека мерката е важна поддршка за младите и нивните семејства, но и за безбедноста во ...

Скопје денес е град во кој ништо не функционира, освен тендерите и личната промоција на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. Ѓубрето не се собира, дивите депонии се преполни, јавниот превоз е во распад, а граѓаните секојдневно се соочуваат со хаос, изјави Кети Штерјова од СДСМ. Наместо решенија за овие проблеми, вели таа, скопјани добија билборд со коњ со пет нозе, „Камен мост“ што личи на вијадукт и белградски храм сред Скопје. „Орце Ѓорѓиевски ...

Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Оливер Миланов, на прес – конференција информира дека и денеска продолжуваат активностите во Гостивар по скандалот со загадената вода за пиење. Гостиварци сѐ уште не смеат да ја користат водата ниту за пиење, ниту за миење, ниту , пак, за било што во извршување на секојдневните активности. Стручни лица на Институтот за јавно здравје земале мостри од водата од резервоарот, од градинки, од ...

Наодите што ги објави Основното јавно обвинителство Гостивар ја соголуваат целата чудовишна димензија на катастрофата. Во системот за вода за пиење со пумпи била внесувана тешко загадена површинска вода од отворен канал, преплавена со фекални бактерии по налог на раководни лица од јавното претпријатие, велат од Левица. „Имало 48 пати повеќе фекални бактерии од максимум дозволеното. Во примерокот од каптираниот извор, каде што не смеело да има ...

Проектот кој со децении претставуваше неопходност и надеж за Скопје, денес забрзано се гради и станува реалност. Пречистителната станица за отпадни води е најголемиот и најсовремен еколошки проект во Македонија, објави градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски. Појасни дека станува збор за комплексен инфраструктурен зафат кој опфаќа изградба на околу 60 објекти и кој ќе донесе историска промена во заштитата на реката Вардар, животната ...

ВЛЕН ја поздравува, како што велат, брзата реакција на надлежните институции и започнувањето на постапките за утврдување одговорност во врска со сериозната состојба во Гостивар. „Секој што, со дејствување или недејствување, придонел за овој скандал, мора да одговара пред правдата. Здравјето на илјадници граѓани на Гостивар беше загрозено како последица на негрижата и лошото владеење, а ова не смее да помине без одговорност, како што се ...

Додека Венко Филипче се обидува да се претстави како авторитет за здравствениот систем, граѓаните многу добро паметат што остави зад себе додека беше министер, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Наместо реформи и подобро здравство, неговиот мандат беше обележан со низа скандали, афери и неодговорени прашања. Од случајот со набавката на вакцините преку посредник, фирма која претходно се занимавала со трговија со тропско овошје, до аферата „Крвави тендери“ ...

Силно невреме синоќа го зафати Дојран. Причинета е материјална штета, а градоначалникот ги повика граѓаните да пријават штети. „Околу 20 часот Стар Дојран беше зафатен од силно невреме проследено со обилни врнежи и силен ветар кое за среќа помина без повредени, само со материјална штета. Би сакал да ве известам дека екипите на ДППД Дојран и доброволна група граѓани,екипите на ЕВН веднаш излегоа на терен и започнаа со расчистување на ...

ВМРО-ОКГ сега знае што значат истрага и доверливост на информациите. Ова доаѓа од партија која секојдневно ја користи доверливоста како изговор за да го заштити својот криминал, велат од СДСМ. Кога Мицкоски сака да му се закани на политичкиот противник, додаваат од партијата, тогаш има „чувство“ и јавно наредува истраги од собраниската говорница и преку медиуми. „Кога треба да се утврди одговорност за труењето на граѓаните во Гостивар, тогаш ...

Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, синоќа на скопскиот аеродром ја пречека претседателката на Република Индија, Друпади Мурму, која пристигна во официјална посета на земјава. Во рамките на посетата се предвидени повеќе средби и активности. „Очекувам тие да ги потврдат одличните билатерални односи и да дадат нов поттик за натамошно унапредување на политичката и економската соработка меѓу двете земји“, рече Муцунски. Според ...

Основното јавно обвинителство Гостивар вечерва донесе наредба за спроведување истражна постапка против три лица за Тешки дела против животната средина и природата предизвикани со дејствија на загадување на вода за пиење. „Осомничените соизвршители, во својство В.Д. директорка на ЈП “Комуналец” – Гостивар, технички раководител на Сектор за технички работи и раководител на Одделението за водовод, канализација и градежни работи во јавното ...

Изгледа СДС не знаат што е истрага и доверливост на информации, со цел постапката да се компромитира. Или, пак, нивните интереси се токму такви, штом толку упорно инсистираат за тоа, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ во кое прашаа зошто се кријат резултатите од анализите за водата во Гостивар. „Јасно е пропишано со закон во која фаза од истрагата, кои информации се споделуваат со пошироката јавност. Но, имајќи предвид дека во ...

Владата, на денешната седница, донесе Одлука со која се определува видот на енергентите, временскиот период, како и начинот на пресметка на акцизата. Намалувањето на акцизите на бензинот и дизелот, велат од Владата, како навремена мерка е насочена кон ублажување на последиците од растот на цените на светските берзи и заштита на животниот стандард на граѓаните. „Со донесената Одлука за намалување на акцизите се овозможува да се амортизира дел ...

Бензините од ноќеска на полноќ ќе поскапат за 3, дизелот за 6 денари, соопшти Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ). Од 21.7.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 90,00 (денари/литар) Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 92,00 (денари/литар) Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ...

Опозициската СДСМ прашува зошто се кријат резултатите од анализите на водата во Гостивар? „Кој уште верува во институции под контрола на Мицкоски? Гостивар мора да ја знае вистината. Кој уште верува во институции кои ги контролираат ВМРО-ОКГ и Христијан Мицкоски? Дали постои човек кој сериозно верува во Мицкоски? Дали граѓаните треба да веруваат во обвинителство за кое пред неколку дена Европската комисија објави извештај во кој јасно се ...

Времето утре ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Во попладневните и вечерните часови ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирано невреме со појава на град. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од северозападен правец, информира УХМР. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 32 до 37 степени. Во Скопје, ...

Пради посетата на претседателката на Индија на Охрид, од денеска до 22 јули во Охрид ќе се преземаат засилени безбедносни мерки и посебен режим на сообраќај, извести СВР Охрид. „Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид, од денеска интензивно презема мерки за сообраќајно обезбедување, контрола и регулирање на сообраќајот, пред сѐ по булеварот „Туристичка“, но и по другите патишта и сообраќајници каде не е дозволено запирање ...

Од вчерашниот ден се забележува почетно намалување на бројот на новопрегледани пациенти со симптоми на гастроентероколит, односно пациенти кои првпат побарале лекарска помош, информира Министерството за здравство за епидемиолошката состојба на подрачјето на Гостивар. Кумулативно, во Општа болница Гостивар досега се евидентирани 1.554 пациенти, а во Здравствен дом Гостивар 1.392 пациенти. Четирите лица, кои беа хоспитализирани веќе се пуштени ...

Мојата последна порака е дека оваа ситуација треба да нè обедини сите гостиварци и не смее да се злоупотребува, туку сите заедно да ја надминеме што е можно полесно и побрзо, изјави градоначалникот на Општина Гостивар, Валбон Лимани. Тој денеска на прес-конференција изјави дека по прогласувањето на епидемијата во Гостивар веќе е активиран Кризниот штаб. „На мој предлог го активиравме Кризниот штаб по прогласувањето на епидемијата, кој ќе биде ...

Додека илјадници жители на Гостивар се соочуваат со здравствени последици, а водата од градскиот водовод не е безбедна за никаква употреба – Мицкоски настапува како премиер на туѓа држава, велат од Левица. Наместо итна мобилизација на сите расположливи капацитети, додаваат од партијата, тој ладнокрвно соопштува дека Владата го завршила својот дел во поглед на нејзината надлежност, по што санацијата ја препушта на локалниот Водовод чиј ...

Министерот за правда, Јетон Шасивари, и заменик на министерот за правда, Ален Деребан остварија работна средба со претседателката на Основниот кривичен суд Скопје, Даниела Димовска, како и со судиите-поротници, на која се разговараше за нивните барања и предизвиците со кои се соочуваат во вршењето на својата функција, со посебен акцент на висината на надоместоците. На средбата беше истакнато дека судиите-поротници имаат значајна улога во ...

Нема да има селективност, ќе се санкционира секој доколку се утврди одговорност за случајот со водата во Гостивар, изјави портпаролката на Владата, Марија Митева. Таа кажа дека Владата од првиот момент кога биле добиени информациите за состојбата со водоснабдувањето во Гостивар реагирала брзо, координирано и институционално. „Веднаш беа активирани сите надлежни институции, воспоставена е постојана координација помеѓу Министерството за ...

Гостиварската полиција ги уапси директорката на Јавното претпријатие „Комуналец“ во Гостивар, Артана Асани, техничкиот директор Леон Нуредини и раководителот на секторот водовод Валедин Дервиши откога во градот 3.100 лица побараа медицинска помош поради стомачни тегоби, дијареа и температура. Тројцата се приведени во рамки на предистражната постапка што е поведена поради сомневања за загадување на водата за пиење во градскиот водовод. ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
93%
1028
weather icon

Белград

5ᴼ / 3ᴼ
1.03
75%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
1.03
70%
1029
weather icon

Софија

1ᴼ / 0ᴼ
2.06
88%
1029
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.73
94%
1030
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 5ᴼ
3.09
82%
1029
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.68
66%
1027
weather icon

Тирана

12ᴼ / 8ᴼ
1.54
75%
1024
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
2.06
81%
1025
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 3ᴼ
3.6
61%
1032
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 2ᴼ
0.45
73%
1030
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 7ᴼ
3.6
73%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Калај

46.54

Кобалт

33.53

Платина

49319.25

Родиум

295786.87

Рутениум

61086.42

Злато

130856.75

Паладиум

32279.35

Сребро

1670.34

Иридиум

315077.32

Цинк

3.76

Алуминиум

3.07

Бакар

12.58