Скопје
9ᴼ /
9ᴼ
Податоците на Државниот завод за статистика за сиромаштијата во Македонија за 2024 година не се изненадување туку потврда на длабоката структурна криза на македонскиот економски модел. Стапка на сиромаштија од 21,9 проценти, со речиси 30 проценти сиромашни деца и алармантни 45,8 проценти сиромашни самохрани родители не е резултат на „надворешни шокови“ туку на долгогодишна политика што систематски го потценува трудот и ја префрла цената на ...
Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во ноември 2025 година се зголемени за 0,3 отсто во однос на претходниот месец, соопшти Државниот завод за статистика. Месечниот раст на цените е забележан кај интермедијарните производи, освен енергија, каде што има зголемување од 0,5 отсто, како и кај трајните производи за широка потрошувачка, кои пораснале за 3,0 отсто. На годишно ниво, односно во споредба со ...
Времето утре ќе биде сончево и студено, со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен ветер, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Во Скопје се очекува претежно сончево и студено време, со умерен северен ветер. Прогноза за 1 јануари Минималните температури ќе се движат од -12 до -2 степени, додека максималните ќе бидат од -1 до 7 степени Целзиусови. Времето ќе биде претежно сончево и студено, со слаб до ...
Претседателката на Либерално-демократската партија (ЛДП) и пратеничка во Собранието, Моника Зајкова, остро реагираше на начинот на кој се носи новиот Закон за Судскиот совет, предупредувајќи дека реформите „на брза лента“ не можат да ја вратат довербата во правосудството. Според Зајкова, предложениот закон не носи вистински напредок во процесот на избор на членовите на Судскиот совет, бидејќи конечната одлука повторно ја има Комисијата за ...
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат: · од 08:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од с. Ќојлија. (Општина Петровец) · од 08:30 до 09:30 часот, корисниците од селата: Драчевица и Цветово. (Општина Студеничани) · од 08:55 до 09:55 часот, корисниците од селата: Горно Соње, Долно Соње , Чифлик и Света Петка. (Општина Сопиште) · од 09:00 до 14:00 часот, ...
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска: · поради отстранување дефект на водоводна мрежа со пречник од ф-100 мм на ул. Нобелова крстосница со ул. Хелсинки, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците: Нобелова, Виенска, дел од ул. Хелсинки и дел од ул. Лондонска. (Општина Карпош) · поради изведување приклучок на водоводна мрежа со пречник од ф-100 мм на ул. ...
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вчера вечер во 22 часот и 6 минути регистрира земјотрес чии епицентар потекнува од епицентралното подрачје Пештани-Охрид-Струга, на околу 103 км југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.8. Според досегашните ...
Советот на Општина Македонска Каменица на денешната седница донесе одлука за прогласување тридневна жалост на подрачјето на општината, поради смртта на сограѓанката Симона Каранфиловска, информира градоначалничката Соња Стаменкова. Како денови на жалост се прогласуваат 30 декември 2025, 31 декември 2025 и 1 јануари 2026 година. Во овој период ќе бидат одложени сите настани од забавен карактер поврзани со новогодишните празници, а државните ...
Гоце Седлоски официјално го комплетираше стручниот штаб со кој ќе ја предводи македонската А репрезентација во претстојниот натпреварувачки циклус, јасно ставајќи до знаење дека фокусот ќе биде на стручност, искуство и долгорочна визија. Како негови асистенти ќе работат добро познати имиња од македонскиот фудбал. Во стручниот тим влегуваат Борче Христов, актуелен шеф на стручниот штаб на ФК Тиквеш и директор на Центарот за едукација, Ерхан ...
Утре без струја ќе останат некои од корисниците од општините Петровец, Студеничани, Сопиште и Ѓорче Петров, информира Регионалниот центар за управување со кризи. „Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, на ден 30.12.2025 година ( вторник ) без електрична енергија ќе останат: · од 08:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од с. Ќојлија. (Општина Петровец) · од 08:30 до 09:30 часот, корисниците од ...
Без вода утре ќе останат делови од Карпош и Кисела Вода, информира Регионалниот центар за управување со кризи. „Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека на ден 30.12.2025 година ( вторник ): · поради отстранување дефект на водоводна мрежа со пречник од ф-100 мм на ул. Нобелова крстосница со ул. Хелсинки, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците: Нобелова, Виенска, ...
Традиционално и годинавабеа доделени новогодишни пакетчиња од Општина Битола за штитениците- децата од ЈЗУ Центар за рехабилитација на патологија на вербалната комуникација-Битола. Дедо Мраз предизвика радост кај децата, а од името на Општина Битола празниците им ги честиташе секретарот на општината Борче Димитровски. Во овој Центар кој работи со деца со посебни потреби денеска беше предновогодишно весело. Текстот Новогодишни пакетчиња од ...
Утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне и кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми и ќе има услови за слаб локален снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 0, а максималната ќе достигне од 3 до 11 степени. Во Скопје, претпладне ќе биде сончево, попладне ќе има зголемување на облачноста. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната ...
Од 15:00ч. ГП Евзони (Богородица) и ГП Ники (Меџитлија) се пуштени за сообраќај на сите видови возила, информираат од АМСМ. Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со ...
По успешниот старт на „Новогодишната приказна“, која вчера ја исполни oпштина Кисела Вода со енергија и убаво расположение, вечерва во паркот „Шопен“ продолжува програмата наменета за сите генерации и вкусови, соопштија од општината. Настанот е отворен за сите граѓани, а посетителите ќе имаат можност да уживаат и во празничниот амбиент со новогодишни куќарки, украси и содржини наменети за целото семејство. Втората вечер започнува во 19 часот ...
По поднесено обвинение од Основното јавно обвинителство Кавадарци, Основниот суд во Кавадарци изрече пресуда врз основа на признание на вина со која го огласи за виновен 43-годишниот С.И. за кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 4 (од користољубие) и го осуди на казна доживотен затвор. Обвинетиот на 27 јули годинава од користољубие го лишил од живот својот помлад брат Илија Иванов. На роденденот на жртвата, двајцата браќа започнале ...
„Град Скопје денеска направи значаен чекор во насока на целосна и координирана подготовка за проектот „Европска престолнина на културата – Скопје 2028“. Со потпишувањето на Меморандумот за соработка помеѓу Град Скопје и скопските општини, се воспоставува јасна институционална рамка за партнерска соработка и заедничко дејствување на сите нивоа на локалната самоупр“, соопштија од оваа институција. Овој чин, како што нагласуваат од Град Скопје, ...
Нов булевар на влезот во Штип, нова сообраќајница во централното градско подрачје, два нови моста на реката Брегалница и рехабилитација на тврдината Исар, само дел од големите капитални проекти на Општина Штип предвидени со општинскиот буџет за 2026 година. Како што истакна градоначалникот , Иван Јорданов, проектите ќе придонесат за подобрување на сообраќајната инфраструктура, намалување на метежот и побезбедно и пофункционално движење низ ...
Една милијарда 984 милиони 114 илјади денари изнесува вкупниот буџет на Општина Штип за 2026 година. Како што посочија на денешната седница на своетот, 14 милипони 830 илјади денари се предвидени за програмата Совет на општина, додека за администрација, расходи во изност од 189 милиони денари. Капитални трошоци на општината со 28 милиони 830 денари, а во програмата уредување на градежно земјиште изностот е 114 милиони 750 илјади денари. За ...
На „ѕид на срамот“ ќе бидат објавувани купени, препишани и нестручни магистерски и докторски трудови, истакна денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска, која рече дека на одредени универзитети истите поминуваат на ниво на ученички трудови. Сите ќе бидат јавно достапни преку државната платформа за откривање плагијати, која ќе добие нов софтвер и вештачка интелигенција. Целта е академската заедница и јавноста јавно да ги ...
Министерот за здравство, Азир Алиу заедно со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски денеска ја посетија Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство, каде е извршено реновирање на повеќе простории кои секојдневно ги користат илјадници пациентки. Вкупната инвестиција изнесува над 34 милиони денари. – Гинеколошко-акушерската клиника е место каде што започнуваат нови животи, каде што се носат најтешки одлуки и каде што довербата ...
Во текот на денешната посета на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство – Скопје, претседателот на Владата, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања се осврна и на последните статистички податоци за сиромаштијата во земјата. „Што се однесува до стапката на сиромаштија, сакам да кажам дека во 2024 е подобра од 2023 и е најдобра од 2020 па наваму. Ако во 2020 стапката на сиромаштија била 23%, во 2023 година била 22,2%, ...
Денеска беше потпишано продолжување на договорот за партнерство меѓу Владата на Република Северна Македонија и Канцеларијата на Обединетите нации за проектни услуги (УНОПС) за ремедијација на малата депонија контаминирана со линдан лоцирана во поранешната фабрика ОХИС во Скопје. Со договорот повторно се потврдува заедничката посветеност на националните институции и меѓународните партнери за решавање на едно од најкомплексните еколошки жаришта ...
Започна реконструкцијата на училишната спортска сала во основнотo училиште „Страшо Пинџур“ во село Карбинци. Станува збор за реконструкција која опфаќа промена на стариот под, со што салата ќе биде целосно модернизирана. Финансиските средства во висина од над четири милиони денари се обезбедени од страна на МОН. Како што истакна градоначалникот, Виктор Паунов, се очекува активностите на терен да завршат по празниците. „Овде започнуваме со ...
Шест дечиња се вратиле во основно образование во ООУ „Старшо Пинџур“ во Општина Карбинци во ова прво полугодие. Повратници има од Германија, Австралија, но и од соседните општини. Првото полугодие го завршуваат околу 400 ученици, бројка која не е драстично променета изминатата една деценија. „Крајот на првото полугодие ќе го завршат 400 ученика, но позитивно е што имаме прилив на шест дечиња, додека четири деца си заминале. Имаме дечиња што ...
Пратеникот од Левица, Димитар Апасиев, на собраниска седница го критикуваше предложениот закон за судството оценувајќи дека станува збор за козметички, а не за суштински промени, кои нема да ја искоренат корупцијата во правосудството. „Како што велеше често на предавањата почитуваната професорка, која што го спомна патем и овој закон во годинешното обраќање, правен илузионизам е да сметаме дека ние со промена на законот ќе ја промениме и ...
Кошаркарите на Соколи со победа ја затворија 2025 година, откако кошаркарите на штипскиот клуб со 74:62 славеа во 11. коло на Првата кошаркарска лига и со тоа се затвори есенскиот дел од шампионатот. Овој триумф е исклучително важен за штипјани, кој ги носи на ефект од осум победи и два порази, а со тоа и делба на првото место на табелата во групата Б со екипата на Струмица ФМП. По двете одиграни четврти тимот од Штип водеше со 39:25, а до ...
„Дали граѓаните забележаа дека ВМРО и нивните соработници, коалициони партнери, петтоколонаши од ЗНАМ и останати не демантираат ниту едно соопштение на СДСМ? Освен примената на препишувачката, ресавската, ќаци-школа во рамки на СНС кампањата „copy-paste“, диригирана од нивната централа, со сензационалистички таблоидни наслови како „Шокантно разоткривање“, тие не даваат одговори на поставените прашања. Овие наслови што ВМРО ги користи за ...
Kога почнувавме со овој проект пред неколку месеци имаше луѓе коишто можеби не веруваат дека за така кратко време ќе се сработи сето ова и ќе се стави во функција онака како што денеска изгледа. Исто така, и тогаш се поставуваа прашања дали функционалноста на самиот објект ќе продолжи и покрај реконструкцијата. Како што можеме да заклучиме дека не само што продолжи, туку оваа година имаме повеќе родени бебиња од претходната година, така што ...
Собранието го донесе Предлог Законот за Судски совет со 73 гласови ,, за” и 1 ,, воздржан“, информираат од Министерството за правда. Овој закон, како што појаснуваат, ја поставува основата за силен, независен и транспарентен Судски совет, со цел да ја зајакнеме довербата на граѓаните во судството. „Клучни новини: Јавност во постапката за разрешување на претседател на Советот. Прецизирање на критериумите за избор на „истакнат правник“. Јавна ...