Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
Клиничката болница Битола влегува во силен инвестициски и модернизациски циклус. Во периодот од 2024 до 2026 година е набавена современа медицинска опрема во вредност од над 30,4 милиони денари, со која се заменуваат апарати стари повеќе од 20 години, за кои веќе не постоеше можност за сервисирање и техничка поддршка, соопшти Министерството за здравство. Од таму велат дека особено значајна е замената на дигесторот на Одделението за патологија ...
Министерството за внатрешни работи доби 496 нови полициски службеници. Во своето обраќање министерот Тошковски истакна дека полициската професија не е само работно место, туку животен избор и повик кој бара храброст, чесност, професионалност и човечност. „Со денешната свечена заклетва не добивате само работно место, туку прифаќате голема одговорност и ја преземате честа да ја носите униформата која граѓаните ја препознаваат како симбол на ...
На денешниот брифинг за медиуми, претседателот на СДСМ, Венко Филипче, предупреди дека животниот стандард ќе продолжи да паѓа и дека граѓаните ги чека тешка есен. Говорејќи за економската и социјалната состојба во државата, Филипче нагласи Владата нема никаков план како да ги заштити граѓаните од новиот ценовен удар што се заканува наесен. „Наместо мерки за заштита на животниот стандард, власта ги остава граѓаните сами да се справуваат со ...
Во мое време немаше труење со вода, ниту епидемија во Гостивар, му одговори претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на Мицкоски по обвинувањата дека додека тој бил министер за здравство, јавноста не била информирана за случаи со неисправна вода за пиење. „Во мое време немаше труење, а немаше ни епидемија во болницата. Имаше ли епидемија во Гостивар? Немаше. Имаше ли труење? Немаше. Мицкоски вчера мавташе со нешто, со некој документ, ама освен ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешниот брифинг за медиуми, порача дека скандалозниот закон за Скопје – Европска престолнина на културата за 2028, не смее да се донесе во ваква форма како што замислила Владата. Тој предупреди дека станува збор за крајно спорен закон и скандалозен обид на Владата да ги заобиколи законите и правилата за јавните набавки. -Ова е скандалозен закон. Со кој памет поднесуваат таков закон? Како може да се ...
Штипскиот фудбалски талент Андреј Велков и официјално ја започна својата авантура во редовите на прволигашот Тиквеш од Кавадарци, откако пред неколку дена беше промовиран како ново засилување на „црвено-белите“. Во клубот не го криеја задоволството од ангажманот на 20-годишниот лев бек, истакнувајќи дека станува збор за млад, амбициозен фудбалер кој има голем потенцијал и желба за напредок. Велков во Кавадарци пристигна како слободен играч, а ...
Со порака за единство, зачувување на верата и почит кон историското наследство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан упати Илинденско послание по повод големиот празник Илинден. Во посланието, поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија потсетува на значењето на празникот, кој ги обединува духовната традиција и историската борба на македонскиот народ за слобода. Архиепископот г. г. Стефан посочува дека ...
Прашан за став по враќањето на пасошот на обвинетиот бизнисмен Борче Марковски, премиерот Христијан Мицкоски, изрази мислење дека станува збор за груба манипулација од јавен обвинител, како што рече, соучесник во овој процес. „Мислам дека тука има груба манипулација од еден локален јавен обвинител во Вишото јавно обвинителство, којшто е соучесник во овој процес и тоа нема така да заврши. Ако сакав да кажам име и презиме, ќе кажев име и ...
Подрачното училиште во селото Крупиште нема да биде затворено, и покрај информациите што се појавија во јавноста. Градоначалникот на Општина Штип, Виктор Паунов, ги демантираше ваквите тврдења, оценувајќи ги како неточни и дезинформации. Иако училиштето е опфатено со оптимизацијата на училишната мрежа, наставата ќе продолжи. Деветте ученици од прво до петто одделение ќе следат настава во една комбинирана паралелка. Според Паунов, училиштето ...
Класјата, лубениците и доматите се трошат како алва на последниот петочен пазарен ден од јули, пред празникот Илинден во Штип. Граѓаните купуваа во големи количини, новите месечни примања добредојдени пред празникот. Велат дека не е скапо и дека цените се достапни за сечии џеб. Кога е во прашање побарувачката, особено задоволни се производителите од штипско и струмичко. Велат од утринава до пладне речиси трезгите се празни Инаку, овој петок ...
Со најавениот нов топлотен бран и температурите кои во наредните денови на места ќе достигнат и до 40 степени Целзиусови, расте ризикот од расипување на храната и појава на труење. Високите температури претставуваат опасност и за домашните животни, поради што неопходно е да им се обезбедат доволно свежа вода и безбедна храна. Од Агенцијата за храна и ветеринарство апелираат граѓаните да бидат внимателни при купување, транспорт и чување на ...
Во Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ денеска се одржа свеченост на која беа промовирани 36 питомци од 26. класа и 1 питомец кој дипломираше на Воената академија „Вест Поинт“ во САД, во прв офицерски чин – потпоручник и 16 слушатели од Курсот за стручно оспособување и усовршување за офицери за службите на Армијата во чин –поручник. На денешната свеченост се обрати министерот за одбрана Владо Мисајловски кој на новите офицери во ...
Мицкоски избега од пратеничките прашања затоа што нема одговори, обвини претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешниот брифинг со новинарите, осврнувајќи се на вчерашните случувања во Собранието, каде, како што рече, се случи оркестрирана блокада со која на пратениците од опозицијата им било оневозможено да ги постават предвидените пратенички прашања „Мицкоски избега од пратеничките прашања. Наместо да одговори на прашањата на ...
На брифинг со медиумите претседателот на СДСМ, Венко Филипче, рече дека СДСМ бара одговорност за навредите, заканите и насилството од министерот Иван Стоилковиќ и најави дека партијата ќе поднесе интерпелација. -Има иницијатива за анкетна комисија за Иван Стоилковиќ за тоа што се случи за време на реконструкцијата на Владата. Тука сме потпишани со цел само да се собере доволен број на потписи за да се прифати. Ние ќе поднесеме интерпелација ...
Како Влада сме ориентирани да направиме современо здравство, оваа година имаме рекордно издвојување од над милијарда евра за здравството и потребите на граѓаните за здравствени услуги, изјави премиерот, Христијан Мицкоски, кој денеска беше во посета на Клиничката болница во Битола. „Би сакал да кажам дека здравството е еден од врвните мои лични приоритети, но и приоритети на Владата. За жал, тоа е процес којшто бара време, бара енергија, ...
На денешната средба на министерот за правда Јетон Шасивари со амбасадорот на Република Италија, Паоло Палминтери, се разговаравше за клучните активности од Реформската агенда во правосудството, како и за понатамошно продлабочување на соработката меѓу двете земји. Италија е значаен партнер во процесот на европска интеграција и континуирано дава поддршка за реформите насочени кон посилно владеење на правото, поефикасно правосудство и одлучна ...
Третата суштинска порака на rебалансот е дека економскиот развој мора да оди заедно со заштитата на животниот стандард и со подобри јавни услуги. Социјалните трансфери се зголемуваат за 2 милијарди и 234 милиони денари. Тоа се средства поврзани со социјалните надоместоци, здравствената заштита и обврските кон граѓаните кои не смеат да зависат од дневната политика. Функцијата социјална заштита расте за околу 1 милијарда и 838 милиони денари, ...
Управниот одбор на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија ја одржа 36 седница на која беше усвоен Полугодишниот извештај за работата на Фондот во 2026 година. Директорот на фондот Никола Мемов ги извести членовите на Одборот за активностите што се преземени во изминатиот период и информира дека во пензионерскиот дом Аеродром е оштетен кровот од невремето што го зафати Скопје. Тој додаде дека се преземаат мерки ...
Венко Филипче се обидува да се претстави како најголем заштитник на јавното здравје, додека во периодот кога тој беше министер за здравство, институциите пријавувале бројни случаи на неисправна вода, а Филипче како министер не постапувал, кажа на прес-конференција Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. „Се поставува легитимното прашање. Кој знаел, кој одлучил да не ги информира граѓаните и зошто тие информации останале скриени? ...
Во текот на јули, во просек дневно се регистрираа по околу 15 пожари на отворен простор. Благодарение на навремените интервенции на пожарникарите, како и поддршката од воздухопловните средства на Дирекцијата за заштита и спасување, сите пожари беа успешно ставени под контрола и изгаснати, информира денеска директорот на Дирекцијата, Стојанче Ангелов. Тој кажа и дека врнежите во текот на изминатиот период придонеле за намалување на бројот на ...
ЈП Паркинзи на Општина Центар официјално ја отвори новата канцеларија за грижа за корисници. Во рамки на инвестицијата е изведен целосно нов и модерен ентериер, воведен е современ административен систем за управување со редот на чекање преку автоматско издавање бројчиња, набавени се нови специјализирани скенери за обработка и дигитализација на документацијата и нова информатичка опрема, а инсталирани се и системи за видео надзор и алармна ...
Министерството за здравство информира дека епидемиолошката состојба во Гостивар бележи значително подобрување и континуиран пад на бројот на пациенти кои побарале медицинска помош. Во текот на вчерашниот ден, во Општата болница и во Здравствениот дом во Гостивар биле извршени вкупно 36 прегледи, што е за 37 помалку во споредба со претходниот ден, кога биле регистрирани 73 прегледи. Во моментов, во болницата се хоспитализирани четири пациенти. ...
Просечната каматна стапка на вкупните депозити на годишна основа бележи намалување од 0,03 п.п., при што во јуни таа изнесува 2,17%, а просечната каматна стапка на вкупните кредити бележи годишен пад од 0,36 п.п. и изнесува 4,67%, соопшти Народната банка. Во јуни 2026 година, просечната каматна стапка на вкупните кредити изнесува 4,67% и е намалена на месечна и на годишна основа за 0,02 п.п. и 0,36 п.п., соодветно. Просечната каматна стапка ...
Второлигашот Детонит Плачковица од Радовиш утре ќе го одигра првиот контролен меч преку кој штипскиот стратег Горан Здравков ќе има можност да провери како оди подигањето на формата. Радовишани подигањето на формата ќе го проверуваат против струмичка Беласица, а контролниот натпревар ќе биде одигра на Градскиот стадион во Радовиш со почеток од 17:45 часот. Детонит Плачковица досега се засили со неколку играчи меѓу кои Филип Димоски, Бранимир ...
Суперлигашите се подготвуваат за новата сезона во кошаркарската елита на Македонија преку засилувања во сопствените редови, но и со ангажман на нови тренери. КК Маџари објави дека Марјан Илиевски е нов тренер, кој ќе го води овој суперлигаш во сезона 2026/2027. Илиевски, кој и еден од коосновачите на клубот и идеолог на овој проект ќе го води Маџари во историското деби во АБА 2 лигата. Клубот објави дека наскоро ќе објават повеќе информации ...
Третолигашот Карбинци на 12 август ќе ги започне подготовките за новата сезона, а во која сезона влегува со истата управа со можност за дополнување, а клубот останува под општина Карбинци. Клубот ќе се потпре на ростерот од минатата сезона, со можност да им се даде шанса и за млади заинтересирани играчи, кои сакаат да се докажуваат во третолигашката конкуренција. Карбинци во изминатите сезони се покажа како клуб кој успешно опстојува и ...
Заклучно со 30 јули 2026 година, во државата се потврдени вкупно 13 случаи на западнонилска треска, соопшти Министерството за здравство. На Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби се хоспитализирани 10 пациенти со потврдена инфекција, од кои тројца се во критична здравствена состојба. Поради актуелната епидемиолошка состојба и врз основа на стручната проценка на ризик, Министерството за здравство го задолжи Центарот ...
Второлигашите продолжуваат со одигрување на пријателски натпревари низ која ја проверуваат формата. Тетекс беше подобар на тестот со ланскиот прволигаш Брера Струмица, откако „штофарите“ триумфираа со резултат од 0:2. Следен контролен натпревар за Брера Струмица ќе биде против Кожуф, меч кој ќе се одигра утре од 17:30 часот на СЦ „Пандев“. Ланскиот второлигаш Шкупи го одигра првиот контролен натпревар, а на истиот триумфираше со резултат од ...
Вицешампионот Шкендија обезбеди следна фаза односно пласман во третото коло на Конференциската лига на УЕФА откако преку пресврт го доби словенечки Браво со резултат од 3:1, со што тетовскиот тим со вкупен резултат од 4:3 ги продолжува европските настапи. Шкендија под водство на Артим Положани одлично го отворија мечот, но во 17. минута Браво преку Станковиќ погоди за водстов од 0:1. Во 36. минута тимот од Словенија си постигна автогол за ...
Изјавата на градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, за ДУП Ј-05 „Барутана“ не ги расчисти дилемите околу овој спорен план, туку само потврди дека локалната власт останува решена да ја турка урбанизацијата на падините на Водно и покрај силниот отпор од јавноста. Нацрт-планот беше изгласан со гласовите на советниците на СДСМ и ДПМНЕ, додека Левица беше против, истакнуваат од Левица. Според нив, тврдењето дека планот е прифатлив ...