Скопје
15ᴼ /
15ᴼ
Управниот одбор на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување ја одржа триесет и втората седница. Директорот на Фондот, Никола Мемов ги информира членовите на Одборот за активностите што се остварени по претходната седница. Тој рече дека предвидените активности на Фондот се одвиваат согласно плановите и при тоа нагласи дека процесот на дигитализацијата на архивата се одвива непречено согласно СИАП проектот и се очекува да заврши до 30 ...
Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, денеска одржа работен состанок со градоначалникот на Тетово, Билал Касами. Во фокусот на разговорите беа инвестициите кои Министерството ги реализира во Тетово, вклучувајќи ја реконструкцијата на главниот водовод од Попова Шапка до градот, проширувањето на примарната мрежа во населбата „Вонвардарска“ и изградбата на колектори за атмосферска канализација во Фалише и Дарданија, ...
Сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени. Во Скопје, сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 15 степени. Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, а ...
Со свечена церемонија на поставување камен-темелник, Lidl официјално ја започна изградбата на уште еден маркет во земјава. Овој продажен објект ќе биде лоциран во Гевгелија и е прв маркет на Lidl во оваа општина, како дел од долгорочниот инвестициски план на компанијата во Македонија. Маркетот во Гевгелија ќе се протега на површина од 2.356 квадратни метри, со продажен простор од 1.507 квадратни метри. Дополнителна придобивка за купувачите ќе ...
Нов Марш за ангелите во сабота 28 февруари во Кочани. Маршот започнува во 15:05 часот, од Паркот на револуцијата во Кочани. Родителите на починатите од пожарот во дискотеката Пулс во Кочани ги повикуваат сите да маршираат заедно, за децата за вистината, за правдата. „Маршираме со тивка болка, но со силен глас. Маршираме за оние што не се со нас, а присутни се во секој наш здив. Маршираме затоа што им должиме вистинска правда — не половична, ...
Од месец март стартува смарт сити системот, кои што ќе ги регистрира сите возила во централното градско подрачје во Штип. Според најавите на градоначалникот Јорданов, секоја регистерска табличка ќе биде евидентирана и проверена дали има платено паркинг. Целта е да се спречат злоупотребите и неплаќањето што со години го оптоваруваат сообраќајот. Локалната власт очекува мерката постепено да донесе повеќе ред и повеќе слободни паркинг места во ...
Промовирана книгана „Оригиналниот ракопис од прогласот и останатите печатени огласи на царот Леопол 1 од 1690 год со кој го зема македонскиот народ под своја заштита.“ од авторите Александар Донски и Џони Тодоровски. Во истата е објавено писмо од австрискиот цар Леопол први, во кое тој го земал под заштита македонскиот народ. Оригиналниот ракопис го пронаога авторот Тодоровски, дури во Австрија и со голема љубов и посветеност заедно со Донски ...
По пет години затвор добија тројцата турски државјани кои беа обвинети како помагачи во убиството што во мај минатата година се случи на плоштадот во кафич во Штип. Пресудата беше изречена денеска, а судот утврди дека тие со своите дејствија помогнале во извршувањето на кривичното дело убиство. Во истиот предмет, четвртата обвинета беше осудена на три месеци затвор, но со оглед дека и се засметува времето поминато во притвор, таа практично ја ...
Со заедничка и достоинствена програма ќе се одбележи годишнината од трагичниот настан во дискотеката Пулс во Кочани, во која на 16 Март минатата година животот го загубија 63 лица, а над 200 беа повредени. Настани ќе има три дена од 14 до 16 март 2026 година со што ќе се оддаде почит на загинатите, ќе се изрази поддршка кон повредените но и ќе се искаже искрена благодарност кон сите оние кои несебично помагаа изминатиот период. На самите ...
Блиската соработка на Царинските управи на Македонија и Република Грција носи видливи придобивки за економиите на двете земји, при што двете страни се длабоко посветени кон унапредување на безбедноста и забрзување на протокот на стока преку засилена соработка, размена на искуства и споделување податоци. Проширување на примената на зелените коридори на сите граничните премини, споделување на најдобрите практики и искуства на државната хемиска ...
Претседателот на поделената Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, преку својот адвокат, Aбидин Абдули, вчера поднесе тужба за клевета во Основниот суд Скопје 2 против градоначалникот на Чаир, Изет Меџити. Тужбата доаѓа по изјавите дадени од Меџити во телевизиска емисија на „Лајм“, каде што тој тврдел дека Таравари за време на својот мандат како министер, издал седум лиценци за фабрики за преработка на канабис. Според соопштението, пред ...
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски на собраниската говорница истакна дека опозицијата шири паника и дезинформации меѓу македонските земјоделци. „Во изминатите денови сведочиме на класичен модел на политиканство од страна на опозицијата, наместо дебата, се пласираат лаги и манипулации со цел да се создаде хаос во македонскиот аграр“, истакна министерот. Тој нагласи дека измените во Програмата за директни ...
Четвртфиналето во Купот на Македонија донесе две големи изненадувања, откако второлигашите Охрид и Шкендија Арачиново направи големо изненадување. Во полуфиналето Охрид ќе оди на мегдан со Силекс, додека пак Шкендија Арачиново ќе го чека подобриот од четвртфиналниот дуел меѓу Струга Трим Лум и тетовска Шкендија, кој меч ќе се одигра дури на 18 март, бидејќи шампионот има обврски во Европа. Охрид одигра 1:1 во регуларниот дел против Вардар, а ...
На денешната седница за пратенички прашања претседателот на Владата, Христијан Мицкоски беше прашан за актуелната тема во јавноста со апсењето на поранешниот вицепремиер Артан Груби. Мицкоски посочи дека ја разбира вознемиреноста и револтот на јавноста, па дури и коментари од различни етнички заедници, затоа што на граѓаните, како што рече, уште им е свежо сеќавањето како во минатото власта се договарала со правосудството. „Јас како човек бев ...
Додека граѓаните плаќаат се повисоки сметки за струја и државната ЕСМ тоне во долгови, скандалозното менаџирање со ова енергетско претпријатие под раководство на Лазо Узунчев продолжува, обвинија од Левица. „Најновиот тендер на ЕСМ за увоз на јаглен – во вредност од 7 милиони евра – го доби контроверзна фирма од Косово со криминално минато. Имено, директорот на ЕСМ, Лазо Узунчев, склучи договор за јавна набавка со компанијата „ХИБ Петрол ...
Градоначалникот, Изет Меџити, свечено го пречека во Чаир претседателот на Албанија, Бајрам Бегај кој допатува во тродневна посета на земјата. Меџити му посака добредојде пред општината, нарекувајќи го брат. Албанскиот претседател заедно со делегацијата ќе ја посети џамијата „Мустафа Паша“ и Старата скопска чаршија, кадешто ќе има свечен настан. За утре е превидено, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, да биде домаќинка на Бегај. ...
Полицијата поднесе кривична пријава против поранешниот градоначалник на Кичево, Фатмир Дехари, две други лица и еден правен субјект, за злоупотреби и несовесно работење со што го оштетиле буџетот на општина Кичево за сума од над 1.400.000 денари. „ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Ф.Д.(52) од кичевското село Србица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“, против ...
Кошаркарите на Соколи од Штип имаат во фантастична победничка форма по двете добиени дерби пресметки со Охрид и Мега Баскет, штипскиот тим е на делба на првото место со Бутел, Струмица и Борец Баскет со по 13 бодови. Екипата на Соколи по двете добиени дерби пресметки ќе ја очекува нешто полесен меч со Воднос Санс, тим е кој е на седмото место со десет бодови. Натпреварот ќе се игра на гостински терен, а Соколи цели кон нов триумф со кој би ...
Во текот на вчерашниот ден во Крива Паланка инспектори од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) и Министерството за внатрешни работи (МВР) беа на терен по пријавите за неконтролираното движење на говеда и нанесувањето штети врз приватни имоти и земјоделски површини на територијата на општината и околината. Според информациите од МВР, во 9:35 часот, полициски службеници ја привеле Ј.Ѓ. (27) од село Жидилово, Кривопаланечко, бидејќи ги ...
Полицаец, вработен во Одделението за обезбедување на Собрание, возел без да има положено. Против него е поднесена кривична пријава и одземено му е возилото. „Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против А.Б., поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување со ...
Премиерот, Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања, одговарајќи за концесиите за канабис и акцијата која се спроведува, истакна дека истата се спроведува подолг период и правдата ќе си дојде на свое место, а опозицијата ја мачи тоа што доаѓа време за одговорност за сите вклучени лица, па им работи меморијата кој што потпишал или направил, воедно посочи дека факт е дека фирма од која се запленија 30 тони има ...
Во сабота се игра големото дерби на двете водечки екипи меѓу Охрид и Шкендија Арачиново, соочување на лидерот и второпласираниот тим од 17. коло на Втора лига. Дерби на две екипи кои испишаа историја пласирајќи се во полуфиналето во Купот на Македонија, откако Охрид го исфрли освојувачот Вардар во Купот, а пак Шкендија Арачиново преку Работнички стигна во полуфиналето. Двете екипи сега се насочуваат на предизвиците во шампионатот, каде веќе ...
Ракометарите на Текстилец од Штип елиминирани во Купот на Македонија откако убедливо загубија на гостувањето во Богданци, каде беа елиминирани од фаворитот Младост со резултат од 36:22. Штипјани не можеа да парират на домаќинот кој во првенството цели кон враќање во Суперлигата. Радовиш по серијата порази во Суперлигата успеа потешко од очекуваното да слави над прволигашот Јехона во Гостивар со 36:37 и да стигне до група фаза од Купот. После ...
Љупчо Пренџов, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, се обрати денес од собраниската говорница на 86 седница на Собранието за пратенички прашања, каде постави три пратенички прашања, од кои две беа поставени до претседателот на Владата, во врска со актуелните случувања за Артан Груби, за што тој истакна и дека никој од опозицијата не се осмели да го постави тоа прашање, како и за фабриките со марихуана, за кои треба да се утврди дали и колку е правен ...
Во сабота на програмата се натпреварите од 17. коло на Втората македонска фудбалска лига, а од истите на М Нет телевизија и на спортскиот канал М Нет Спорт ќе можете да следите два натпревари во живо. На М Нет телевизија ќе го следите во живо натпреварот од Радовиш каде Детонит Плачковица ќе се соочи со Тетекс. Натпреварот ќе биде исклучително важен и за двете екипи бидејќи со освојување на трите бодови ќе имаат важен чекор напред кон ...
Делегација предводена од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, членови на политички партии, семејството денес оддадоа почит во помен на трагично загубените животи во авионската несреќа пред 22 година, кога загина тогашниот македонски претседател, Борис Трајковски. „Борис Трајковски останува запаметен како претседател во време на тешки државни предизвици, човек кој со смиреност и одговорност ја водеше Македонија низ период на сериозни ...
Општина Центар ги повикува сите правни субјекти и сопственици на угостителски објекти навремено да ја проверат и подготват целокупната документација за поставената урбана опрема на јавните површини. Инспекциската служба на Општина Центар, спроведува интензивни теренски контроли за утврдување дали терасите, настрешниците, шанковите, перголите, параваните, застаклените конструкции и другата урбана опрема се поставени со важечко одобрение и ...
Министерот за правда Игор Филков одговарајќи на пратеничко прашање на Дијана Тоска од ДУИ во врска со петицијата на студентите на правните факултети за полагање на правосуден испит на албански јазик рече дека Уставот и законите мора да важат за сите. „Во моментов, можност за полагање на друг јазик освен на македонскиот јазик, не постои, затоа што правосудниот испит е стручен испит, не е управна постапка, а тоа на вас ви е многу добро познато. ...
Министерството за дигитална трансформација успешно ја заокружи првата етапа од соработката со Академијата за е-управување (e-Governance Academy – EGA), во рамки на иницијативата „EU Support to Western Balkans Cybersecurity Capacity Building“, финансирана од Европската Унија. Министерот за дигитална трансформација, Андоновски, во своето обраќање истакна дека проектот претставува силен пример за тоа како партнерството со ЕУ носи конкретни ...
Мене ми е жал што не ја научивте лекцијата, и удирате повторно по група на луѓе кои што за време на транзицијата некои ваши претходници во СДСМ ги оставија на улица, а денеска се пензионери, и голем дел од нив со времето станаа транзициони херои, ограбувајќи го народниот имот, а стотици илјади луѓе тогаш останаа на улица како технолошки вишок. И за жал, пред доаѓање на оваа Влада, нивните пензии беа, би рекол, катастрофални. А со доаѓањето на ...