
Скопје
29ᴼ /
29ᴼ



Бразилецот Антони, блесна во како позајмен играч во Бетис оваа полусезона, минатата недела се прости со клубот од „Бенито Виљамарин“. Антони се уште е под договор со Манчестер јунајтед, тој се врати на „Олд Трафорд“, но јасно е дека таму нема да биде во новата сезона. Антони, од јануари па до крајот на сезоната, беше еден од клучните играчи на Бетис, со девет гола и пет асистенции во 25 настапи. Беше еден од најзаслужните за пласманот на клубот ...
Њујорк Никс побараа дозвола од Минесота и Хјустон да разговараат со нивните тренери Крис Финч и Име Удока. Тимбервулвс и Рокетс го одбија барањето. Меѓу главните кандидати за замена на неодамна отпуштениот Том Тибодо на клупата на Никс беше тренерот на Далас, Џејсон Кид. Њујорк сè уште не побарал дозвола да разговара со Кид, но познатиот НБА инсајдер Шамс Чаранија синоќа објави дека Маверикс исто така ќе ги одбијат Никс доколку го поднесат ...
Обвинителките Ана Стојковиќ-Димитровска и Жаклина Крстевска во завршните зборови на денешното судење за убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски, побараа доживотен затвор за Љупчо Палевски- Палчо, Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев. „Делата се сторени со умисла, со намера. Жртвите се грабнати на ист начин, загрозени, врзани, во страв. Двете дела се убиства на свиреп начин, за кои е предвидена најтешка ...
Денеска поставуваме сериозно и алармантно прашање: Дали СВР Велес фалсификува службени документи за да ги заштити УМС на ВМРО-ДПМНЕ од одговорност, прашуваат од СДММ. „Откако УМС на ВМРО-ДПМНЕ славеа со пиротехника во момент кога цела Македонија тагува по трагедијата во Кочани скандалот стана уште поголем. УМС објави демек „доказ“ дека го пријавиле настанот и пиротехниката, но дали е валидно и дали станува збор за фалсификат? Нема повратница од ...
Иван Ракитиќ и уште шест поранешни играчи на Севилја: Алехандро Гомез, Лукас Окампос, Алберто Морено, Нико Пареха, Алберто Морено и Хавиер Савиола, се најдоа во средиштето на случај на измама од повеќе милиони долари, пишува шпанскиот „Периодико“. Ракитиќ (37) ќе го заврши договорот со Хајдук на крајот од месецот, но сè уште не одлучил дали ќе ја продолжи кариерата и каде. Споменатиот извор наведува дека Ракитиќ „е вклучен во истрагата за ...
Во свечена церемонија организирана од Министерството за спорт и Владата на Република Македонија, беа доделени Национални признанија на истакнати македонски спортисти кои со своите успеси оставиле длабока трага во историјата на македонскиот спорт. Настанот се одржа во чест на оние кои со години ја претставувале државата на највисоко ниво и ја втемелиле својата улога како спортски амбасадори на Македонија. Признанијата ги врачија министерот за ...
Фрапирани сме од молкот во СДС и кај Венко Филипче, за неговата фирма во Бугарија, џипот купен од фирма која на тендер носела јаглен во ЕСМ и фирмите на Заеви кои инкасирале 9 милиони од истиот тендер, а се поврзано со улицата Гоце Делчев бр. 12 во Петрич, вели Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. „Венко Филипче сега кога е претседател на СДС е сè уште и управител на бугарска фирма. Истата таа бугарска фирма на Филипче дели канцеларија ...
Владата на ВМРО ДПМНЕ срамно, противуставно ја узурпира дипломатијата и ја претвора во продолжена рака на партијата, истакна на прес-конференција Фатон Бејта од комисијата за надворешни работи на СДСМ. Според него, користејќи го парламентарно мнозинство, ВМРО-ДПМНЕ и министерот за надворешни работи Муцунски, прават директно мешање на законодавната во извршната власт, преку политички злоупотреби на Автентичното толкување на член 39 став 3 од ...
Денес не зборуваме само за спорт. Зборуваме за пожртвуваност. Зборуваме за истрајност, за достоинство, за љубов кон татковината. Денес, овде, ја исправуваме државата пред нејзините најгорди амбасадори-спортистите што со години наназад ја носеа Македонија во срцето и на грбот, на терените, арените и подиумите ширум светот, истакна премиерот Христијан Мицкоски по повод доделувањето на националното признание на најуспешните македонски спортисти за ...
Владата на вчерашната седница ги отпочна првите чекори за реализација на Договорот со Велика Британија и веќе е формирано Координативно тело кое ќе ја следи реализацијата на Договорот помеѓу Македонија и Велика Британија, информираше денеска Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт и врски, Александар Николоски. -Членови на координативното тело покрај мене се: Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Министерката ...
На регионалниот пат Виа Тусколана, во Гротаферата, во близина на Рим, околу 7:15 часот утрово се случи тешка сообраќајна несреќа, во која животот го загуби 19-годишен млад човек. Неговиот автомобил „Мини Минор“ се судри со автобус на јавниот превозник „Котрал“, кој бил полн со патници на своето утринско патување. Според првичните информации, несреќата се случила на рамен дел од патот, непосредно пред мала кривина, на 25-от километар од ...
Кражба на Градскиот стадион во Пехчево, со употребна на физичка сила и погоден алат одземени повеќе предмети. На 07.06.2025 во 15.38 часот во Полициската станица Берово било пријавено дека во периодот од 19.00 часот на 06.06.2025 до 08.15 часот на 07.06.2025 од соблекувалната на Градскиот стадион во Пехчево, со употреба на физичка сила и погоден алат биле одземени повеќе предмети. Извршен бил увид и се преземаат мерки за расчистување на ...
Македонскиот шампион Шкендија за новата сезона го претстави поранешниот младински репрезентативец Имран Фетаи каок ново засилување, со кое се засилува првата зона, а Фетаи со тимот од Тетово стави потпис на договор во должина од три години. 22-годишниот фудбалер е повратник во Тетово, има настапувано и за Гостивар, Беса од Добри Дол и Тиквеш, а во странство беше дел од У-19 тимот на Аполонија од Албанија. Тој игра на централна дефанзивна ...
Следната сезона 2025/2026 во Првата македонска фудбалска лига ќе биде голема борбата да се озбеди опстанокот, бидејќи поради кратењето на лигата од 12 на десет екипи, директно ќе испаднат три екипи, односно тоа ќе бидат екипите кои ќе се пласираат на 12-тото, 11-тото и десеттото место. Дополнително, екипите кои ќе завршат на деветтото место и осмото место ќе играат бараж за опстанок во елитата за сезона 2026/2027. Следната сезона од Втора лига ...
Помошникот на рускиот претседател, Владимир Медински, предложи на генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, да му се испрати учебник по училишна историја за да може да научи дека „во 12 век Украина не постоела“. „Вчера, на пример, генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, зборуваше за потребата Русија повторно да го промени преговарачкиот тим со Украина, бидејќи таму „некој историчар држи предавање за историјата на Украина во 12 век“. Знам дека ...
Мај 2025 година беше вториот најтопол мај досега регистриран во светот, со глобална просечна температура од 15,79 степени Целзиусови, само 0,12 степени под рекордот поставен во мај 2024 година, објави службата за климатски промени „Коперникус“ на ЕУ. Температурата беше за 1,4 степени Целзиусови над проценетиот прединдустриски просек за периодот 1850-1900 година, соопшти агенцијата со седиште во Бон. Исклучително суво време Делови од ...
Помошникот на рускиот претседател Владимир Путин, Владимир Медински, изјави дека Киев ќе изгуби уште повеќе територија ако Украина не се согласи со условите на Русија за завршување на војната. „Невозможно е да се води долга војна со Русија“, изјави Медински за „Волстрит журнал“, наведувајќи ја 21-годишната војна на Русија со Шведска во 18 век како доказ дека земјата победува во долготрајните конфликти, објави „Ројтерс“. Тој рече дека Русија ...
Делегација на Вооружените сили (ВС) на Унгарија, предводена од началникот на Генералштабот на ВС, генерал Габор Беренди престојува во дводневна официјална посета на Армијата на Република Северна Македонија. По приемот со високи воени почести, во Кампот за обука на вода во Охрид, генерал Габор Беренди оствари средба со својот домаќин, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски. На средбата се разговараше за ...
Унгарскиот премиер Виктор Орбан го критикуваше Западот за справувањето со кризата меѓу Русија и Украина, велејќи дека војната можела да се спречи доколку Доналд Трамп бил претседател на Соединетите Американски Држави во тоа време. „Да имаше сериозен претседател, како Доналд Трамп, тој ќе ја спречеше војната“, рече тој во интервју со водителот Бен Шапиро. Зборувајќи за војната во Украина, тој изрази критички став кон справувањето со кризата од ...
Безбедносната служба на Украина (СБУ) објави нови снимки од голема операција со беспилотни летала извршена длабоко на руска територија на 1 јуни. Нападот, наречен „Операција Пајажина“, бил насочен кон руската стратешка авијација и бил извршен со вкупно 117 беспилотни летала, прошверцувани во Русија скриени во камиони. Нападот погодил четири воени воздухопловни бази, оштетувајќи 41 авион, вклучувајќи стратешки бомбардери Ту-95, Ту-22М3 и Ту-160, ...
Бојан Миовски ја заврши својата прва сезона во Ла Лига со Жирона, сезона што му донесе и големи предизвици, но и исполнување на неколку соништа. Од момче што играло футсал во Штип, до напаѓач во Лигата на шампионите и водечки играч во македонската репрезентација – за Миовски тоа е доказ дека напорната работа се исплаќа, вели во разговор за rg.org. Сепак, неговото деби во елитната шпанска лига не беше лесно. По трансферот од Абердин, каде беше ...
Окружното државно обвинителство во Сплит отвори истрага против 25-годишен хрватски државјанин под сомнение за силување и повеќе кривични дела на детска порнографија. Според соопштението од државното обвинителство, мажот е осомничен дека ги сторил овие кривични дела во 2024 и почетокот на 2025 година во Сплитско-далматинската жупанија. Тој е обвинет за силување согласно член 153 став 1 од Кривичниот законик и повеќе кривични дела детска ...
Ученик од основното училиште „Јован Стерија Поповиќ“ во Нов Белград е однесен во полиција на разговор, објави српски Блиц. Се сомнева дека вчера во училиштето донел список за убивање и нож. Момчето е испрашувано од полицијата по наредба на Вишото јавно обвинителство во Белград, а се вели дека станува збор за ученик во седмо одделение. Сите околности на инцидентот сè уште се утврдуваат, а деталите не се познати. Текстот Ученик од седмо одделение ...
Доколку нуклеарните преговори не успеат и дојде до конфликт со САД, Иран ќе ги нападне американските бази во регионот, изјави денес министерот за одбрана Азиз Насирзаде, неколку дена пред планираната шеста рунда разговори меѓу двете страни за нуклеарната програма на Иран. „Некои претставници од другата страна се закануваат со конфликт ако разговорите не вродат со плод. Ако ни се наметне конфликт сите американски бази се во наш дофат и ние смело ...
Портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, повторно го коментираше одбивањето на Киев да ги врати телата на своите војници и истакна дека ова е „најстрашниот доказ за неговата неонацистичка, дехуманизирана природа“. „Фактот што тие не ги земаат телата на своите војници, верувам, е најстрашниот доказ за нивната неонацистичка дехуманизирана природа“, изјави Захарова за радио „Спутник“. Захарова го привлече ...
Денеска на настан во организација на Министерството за внатрешни работи се одржа промоција на документот „Проценка од закани од сериозен и организиран криминал – СОКТА 2025“. Овој настан организиран со поддршка од ЕУ за зајакнување на борбата против криумчарењето мигранти и трговијата со луѓе за Западен Балкан (EU4FAST), претставува клучен чекор во унапредувањето на националните капацитети за справување со предизвиците поврзани со сериозниот и ...
Добро е СДС уште еднаш призна дека по економскиот пустош кои тие го оставиле, македонската економија бележи раст. По слободниот пад на економијата кои тие го оставија, за нецела година власт на ВМРО-ДПМНЕ, се вратија позитивните трендови на раст на БДП, реагираат од владејачката партија на прес-конференцијата на Кристина Костова потпретседателка на СДСМ. Додаваат дека трето тримесечје по ред, Македонија бележи раст на БДП за 3 или над 3%. ...
Пред голем број на граѓани, претставниците од стопанските комори, здруженија на млади и голем број на заинтересирани граѓани, пратеници и претставници на локалните самоуправи од струмичкиот регион, денес се одржа информативен ден за запознавање на јавноста со мерките од Оперативниот план за вработување. Заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески ги повика сите заинтересирани да аплицираат на некој од трите објавени јавни повици од ...
Манчестер сити потврди уште едно засилување. Дресот на клубот од „Етихад“ ќе го носи и Холанѓанецот Тижани Рејндерс. Сити го потврди трансферот од Милан на својата веб-страница, и иако не открија финансиски детали, медиумите објавија дека Сити ќе плати 70 милиони евра за трансферот на холандскиот репрезентативец, кој потпиша договор до летото 2029 година. „Чест ми е што потпишав за Сити. Горд сум што сум дел од тимот на Пеп Гвардиола, чија ...
Фудбалерите на Чиле забелаа уште еден пораз во квалификациите за пласман на Светското првенство следната година. По поразот од Боливија (2:0), Чилеанците остнаа без шанси за пласман на Мундијалот. Ова е вистинска катастрофа за националниот тим, бидејќи не учествуваа и на претходните две Светски првенства, во Русија 2018 и Катар во 2022 година. Сето тоа се случи откако Чилеанците ја освоија Копа Америка во 2015 и 2016 година. По поразот од ...