Последниот турнир во ЦЕВ Европската Сребрена лига 2025 македонската женската одбојкарска репрезентација го игра овој викенд односно од 13 до 15 јуни и тоа повторно во Струмица, бидејќи Израл требаше да биде организатор на истиот, па со тоа Македонија ќе биде формален гостин. Нашите одбојкарки досега одиграа четири натпревари со учинок од две победи над Луксембург и Фарски Острови и два порази од фаворитите Швајцарија и Австрија. Овој викенд во ...

За работниците направивме најмногу, мора да знаат дека со социјалдемократијата нивните права и стандард ќе растат. Ова го истакна претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на панел-дискусијата „Прогресивен одговор на кризата на демократијата“, во рамките на втората Меѓународна конференција за демократија и социјална правда, организирана од Институтот „Алексис Ципрас“ во Атина. На панелот, на кој учествуваа професори од неколку светски универзитети ...

Капитенот на Тотенхем, Сон, не е сигурен дека ќе остане во клубот. Кореецот има договор со клубот и за следната сезона. Клубот нема да му стои на патот доколку донесе одлука да го напушти Лондон. „Имам уште една година од договорот. Пред да кажам нешто во овој момент, мислам дека сите треба да почекаме и да видиме што ќе се случи. Но, без разлика каде ќе завршам, секогаш ќе го дадам својот максимум. Тоа никогаш нема да се промени“, рече Сон. ...

Соединетите Американски Држави и Кина тврдат дека во принцип се согласиле за рамка за деескалација на трговските тензии меѓу двете најголеми економии во светот, објави Би-Би-Си. Американскиот министер за трговија, Хауард Лутник, изјави дека договорот треба да доведе до решавање на ограничувањата наметнати на ретките минерали и магнети. Двете страни изјавија дека ќе го однесат планот до своите претседатели, за одобрување. Соопштението дојде по ...

Во бран бомбашки и вооружени напади во југозападна Колумбија беа убиени најмалку седум лица. Двајца полицајци се меѓу убиените, според извештаите на медиумите. Нападите биле насочени кон третиот по големина град во земјата, Кали, и неколку околни градови. Нападите наводно вклучувале автомобили-бомби, мотоцикл-бомби, огнено оружје и наводно беспилотно летало. Колумбиското Министерство за одбрана соопшти дека имало вкупно 19 напади. Локалните ...

Европската комисија денес објави дека го додаде Монако на листата на земји со „висок ризик“ во однос на перењето пари, како и дека ги отстрани Обединетите Арапски Емирати од листата. Европската комисија се согласи со „сивата листа“ на Работната група за финансиски дејствија (FATF), меѓународно тело задолжено за евалуација на активностите на земјите во борбата против перењето пари. Монако е на нивната листа од 2024 година. Текстот ЕУ го додаде ...

Разговорот меѓу САД и Русија за решавање на прашањата во нивните билатерални односи ќе биде преместен од Истанбул во Москва, изјави денес за ТАСС новиот руски амбасадор во Вашингтон. „Сè уште има долг пат за обновување на руско-американските односи“, рече амбасадорот Александар Дарчиев. Според него, зближувањето со Москва го забавуваат таканаречената „длабока држава“ во САД и антируските „јастреби“ во Конгресот. „Можам да потврдам дека во ...

Во вторникот наутро, Грац беше шокиран од веста за масакрот во училиштето, каде што напаѓачот убил 10 лица, а потоа извршил самоубиство, а само неколку часа подоцна имаше нов аларм. Како што пишува „Кронен“, само неколку часа по масовното убиство во училиштето, имитаторите го искористиле пукањето како изговор за да упатат закани. Имено, друга гимназија во Грац добила заканувачки повик во вторникот вечерта, изјави Франц Руф, генерален директор ...

Полските пратеници денес гласаат за предлог за недоверба на владата на премиерот Доналд Туск, додека тој настојува повторно да ја преземе иницијативата за неговата проевропска централно-левичарска коалиција по шокантниот пораз на нивниот кандидат на претседателските избори. Туск во телевизиско обраќање на 2 јуни изјави дека ќе побара гласање за недоверба на владата откако неговиот претседателски кандидат, градоначалникот на Варшава, Рафал ...

„Кисела Вода изобилува со талентирани ученици, на што сме исклучително горди! За таа цел, објавен е јавниот повик за доделување на награди на талентирани ученици и спортисти од основните училишта на територијата на Кисела Вода, што претставува еден стимул за нивното понатамошно градење како личности“, велат од Општината. „Имено, се работи за Јавен повик за пријавување на најдобрите основци кои, постигнале одлични резултати на натпреварите во ...

Додека некои знаци веќе сонуваат за патување и резервација на апартмани, припадниците на два хороскопски знака би можеле да имаат посериозни финансиски грижи ова лето. Ѕвездите не им се наклонети во моментов кога станува збор за финансиска стабилност, а неочекуваните трошоци би можеле дополнително да ги комплицираат плановите за одмор. Кои се овие хороскопски знаци? Рак Емоционалните Ракови секогаш го ставаат семејството на прво место и затоа ...

Кевин Дурент, еден од најдобрите играч во НБА бара начин да го напушти Феникс. Дурент има договор и за следната сезона, според кој треба да заработи 55 милиони долари, меѓутоа минимални се шансите да остане во Аризона. Според инсајдерот Зак Лоу, Мајами Хит подготвуваат понуда, се обидуваат да состават вистински пакет за размена за да го доведат Дурант во Флорида. Од друга страна, Дурант наводно ги претпочита Сан Антонио Спарс како прва опција. ...

Кевин Де Брујне (33) ќе стане нов играч на Наполи, објави Фабрицио Романо. Најпознатиот фудбалски инсајдер напиша „here we go“, што значи дека трансферот е завршен и дека се чека само да биде официјализиран. Репрезентативецот на Белгија, како слободен играч бараше нов клуб откако му истече договорот со Манчестер сити, каде што стана еден од најдобрите фудбалери во светот. Се пишуваше дека може да ја продолжи кариерата во МЛС или Саудиска ...

Илон Маск, милијардер и поранешен раководител на Канцеларијата за владина ефикасност во администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, се огласи по бруталната пресметка со Трамп минатата недела, со кого претходно имаше голема љубов. Маск сега целосно се повлече. „Жалам за некои од моите објави за претседателот Доналд Трамп минатата недела. Отидоа предалеку“, напиша тој. Текстот Маск: Жал ми е за некои од моите објави за Трамп, ...

Општина Центар, синоќа го почна караванот „Се гледаме во маало со Горан Герасимовски“ во населбата Капиштец. Герасимовски, како што соопштува Општината, во интерес на транспарентноста и решавање на проблемите на центарци, во следните три недели ќе ги посети жителите и заеднички ќе дискутираат за проектите што се спроведуваат, но и ќе ги сослуша сите проблеми и идеи со кои ќе се креира новата четиригодишна програма за уште поубав Центар. Пред ...

Флоријан Вирц кариерата ќе ја продолжи во Ливерпул. Баер Леверкузен успеа да ја извлече бараната сума од „црвените“ за својот најдобар играч. Трансферот, во кој се вклучени и бонусите ќе изнесува 150 милиони евра. Најталентираниот германски фудбалер во овој момент, 22-годишниот Вирц ќе влезе во историјата. Неговиот излезен трансфер е најголем во историјата на Бундес лигата, во исто време најголем трансфер во историјата на Ливерпул и англиската ...

Фудбалскиот сојуз на Гренланд (КАК), објави дека одбиено е нивното барање за членство во КОНКАКАФ, фудбалската конфедерација што ги обединува земјите од Централна, Северна Америка и Карибите. „Добивме кратко писмо од генералниот секретар Филипе Моџо со кое се одбива нашето барање за приклучување кон КОНКАКАФ како 42-ра земја членка“, изјави претседателот на КАК, Кенет Клајст, во соопштение објавено на Фејсбук. Фудбалскиот сојуз на Гренланд ...

Српскиот претседател Александар Вучиќ денес ќе ја посети Украина, што е прва посета на лидерот на земјата која одржува срдечни односи со Москва од почетокот на војната во февруари 2022 година, објави претседателството во соопштение. „Претседателот на Република Србија ќе ја посети Украина еден ден во среда, 11 јуни, каде што ќе учествува на самитот Украина-Југоисточна Европа“, објави српското претседателство. Српскиот шеф на државата не ја ...

Батериските системи ќе направат заштеди и профити кај сопствениците на фотонапонски електрани, кои сега се соочуваат со загуби поради преголемото производство на електрична енергија во исто време Летото е на прагот, производството на електрична енергија од сонце веќе се засилува, а цените преку ден паѓаат. Разговараме со Тодор Анѓушев, управител на компанијата ЕМС, во рамките на ФЕРОИНВЕСТ. Според Анѓушев, сега веќе никој нема дилема дека ...

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска преку социјалните мрежи го повика градоначалникот на Ѓорче Петров на ТВ дуел. „Во меѓувреме да ти го разбијам интервјуто со факти: ‘Аце рекол: Ги демантирам ставовите на градоначалничката на Град Скопје за наводна изградба на хемиска фабрика на територија на општина Ѓорче Петров’ не се тоа ставови Аце туку факти, еве секој во Македонија кај тебе на веб страна може да ги види па и ти. Аце рекол: ...

Бразил и Еквадор обезбедија пласман на Светското првенство. Ова е епилогот од одиграните натпревари во јужноамериканската зона. Бразил, на дебито на карло Анчелоти пред домашната публика го победи Парагвај со 1:0. Маките на Анчелоти ги скрати неговиот играч од Реал Мадрид, Винисисус Жуниор во 44.минута. Во спектакуларна атмосфера, Винисиус постигна гол по изборедниот пробив и додавањето од новиот играч на Манчестер јунајтед, Матеус Куња. На две ...

Александар Коларов, поранешен репрезентативец на Србија, нема тренерско искуство во сениорскиот фудбал, но во сезоната 2025/26 ќе биде прв асистент на Кристијан Киву, новоизбраниот тренер на Интер. „Коларов ќе биде новиот втор тренер на Интер како главен асистент на Кристијан Киву“, изјави италијанскиот новинар Фабрицио Романо во вторник вечерта. ⚫️ Aleksandar Kolarov will be new second coach at Inter as main assistant for manager Cristian ...

Шефот на германската служба за надворешно разузнавање, Бруно Кал, предупреди дека Германија има „конкретни“ разузнавачки докази дека Русија планира напад врз територијата на НАТО за да ја тестира клучната клаузула во алијансата – Член 5, кој гарантира заемна одбрана. Во ретко интервју за германскиот подкаст „Table Briefings“, Кал рече дека руското раководство повеќе не верува дека НАТО ќе застане на страната на своите членки и дека Москва би ...

„Алијансата за Албанците со загриженост го следи долготрајниот процес за изготвување и усвојување на Законот за правична и соодветна застапеност во државните и јавните институции. Изјавата на премиерот Христијан Мицкоски, дека законот прво ќе помине низ Владата, а потоа ќе биде испратен на мислење до Венецијанската комисија, пред да се изгласа во Собранието, предизвикува длабока загриженост за намерните одложувања и тактиките на блокирање од ...

Во последното деноноќие, вчера во пределот на преспанскиот дел од Национален парк Галичица, беа пронајдени една артилериска граната 75 mm и рачна бомба, при што од страна на Дирекцијата за заштита и спасување е интервенирано за безбедно отстранување неексплодирани убојни средства (НУС) од минатите војни, извести ДЗС. Дирекцијата за заштита апелира до граѓаните, при прошетки во природата во случај кога ќе пронајдат неексплодирани убојни ...

Шакира моментално е на својата светска турнеја „Las mujeres ya no lloran“, која вклучуваше турнеја низ САД, но таа остави зад себе и еден посебен и незаборавен момент. Шакира ја изведуваше својата хит песна Waka Waka пред 65.000 луѓе на стадионот „Camping World“ во Орландо, Флорида, кога доживеа моден гаф. Како што може да се види на снимката што стана вирална, здолништето на пејачката се скинало одзади поради движење на колковите, откривајќи ...

Џенифер Лопез (55) минатата недела настапи на World Pride Music фестивалот во Вашингтон, каде што повторно ја покажа својата склоност кон драматични и провокативни модни комбинации. Но, додека некои беа воодушевени, дел од публиката не штедеше критики. Пејачката на сцената смени неколку впечатливи комбинации, меѓу кои највпечатлив беше сребрениот боди обложен со стотици светкави кристали. Луксузниот дизајн на модната куќа „The Blonds“ имаше ...

Одморалиштето Пониква станува рехабилитациски центар за сите повредени граѓани од трагедијата во Кочани. Владата на вчерашната седница донесе одлука и го задолжи Министерството за внатрешни работи да го стави одморалиштето Пониква кое има 27 соби и 56 легла на располагање на Министерството за здравство за лекување на пациентите кои имаат потреба од дополнителна медицинска услуга во период од 10 јуни до 20 август. Дополнително, тим на лекари ќе ...

Првиот училишен ден по долгиот викенд. Потоа започнува ужасот: некои деца се преправаат дека се мртви, други очајно им се јавуваат на своите родители додека бегаат од напаѓачот: „Мамо, бегам за да го спасам мојот живот“. Најмалку десет ученици и наставници чекаат залудно… „Сцените што досега ги поврзувавме со Америка ќе бидат длабоко врежани во колективната меморија на Австрија: деца кои трчаат за својот живот, хеликоптери на брза помош ...

Сите очи ќе бидат насочени кон Венеција подоцна овој месец, каде што финансискиот могул Џеф Безос треба да се ожени со својата свршеница Лорен Санчез. Италијанскиот град очекува раскошна демонстрација на богатство од славната двојка. Но, и покрај огромното богатство на двојката и нивните славни гости, откриено е дека ова ќе биде „срамежлива и изненадувачки скромна прослава“. Со помалку од 200 гости, дел од она што се очекуваше, и вкупни трошоци ...

weather icon

Скопје

24ᴼ / 24ᴼ
5.66
38%
1019
weather icon

Белград

21ᴼ / 19ᴼ
4.12
46%
1020
weather icon

Загреб

21ᴼ / 21ᴼ
2.06
49%
1022
weather icon

Софија

21ᴼ / 21ᴼ
2.57
30%
1019
weather icon

Сараево

17ᴼ / 17ᴼ
2.99
74%
1018
weather icon

Љубљана

23ᴼ / 23ᴼ
5.14
56%
1023
weather icon

Атина

27ᴼ / 26ᴼ
4.63
50%
1014
weather icon

Тирана

24ᴼ / 24ᴼ
2.57
65%
1017
weather icon

Подгорица

24ᴼ / 24ᴼ
1.54
65%
1018
weather icon

Букурешт

20ᴼ / 18ᴼ
3.6
56%
1018
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 18ᴼ
5.14
38%
1022
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 22ᴼ
6.69
73%
1015
Currency

61.535

Currency

53.3801

Currency

72.0238

Currency

34.5911

Currency

38.9854

Currency

65.43

Currency

7.43017

Currency

0.68478

Currency

0.36749

Currency

0.52453

Currency

1.34652

Currency

0.61651

Алуминиум

2.52

Иридиум

142688.65

Кобалт

42.99

Никел

14846.50

Рутениум

21637.45

Калај

32.34

Сребро

1158.54

Злато

108349.81

Бакар

9.76

Паладиум

33502.38

Платина

40478.26

Родиум

176025.34

Цинк

2.60