Скопје
2ᴼ /
2ᴼ
Повеќе делови од Скопје денеска ќе останат без електрична енергија и вода поради планирани работи и санација на дефекти. Од ЕВН Македонија информираат дека денеска, од 09:00 до 12:15 часот, поради замена на постоечки дрвен столб со ногара, без електрична енергија ќе останат корисниците на Радишани 7, улица 56 во Радишани и Бутел. Од ЈП „Водовод и канализација“ известуваат дека ќе има два прекина во водоснабдувањето. Поради уличен дефект на ...
Општина Чаир продолжува со уредувањето на јавните простори, поставувајќи 20 нови клупи на повеќе локации низ општината, со цел да обезбеди подобри услови за одмор и престој на граѓаните. „Клупите се поставени во Топаана, Гази Баба, на улицата „Емин Дураку“, зад Чаирската џамија, како и во близина на маркетот „Сарај“ во Чаир, со што се збогатува урбаната опрема и се подобрува функционалноста на јавните простори. Поставувањето на урбаната ...
СДСМ обвини дека здравствениот систем во Гостивар не располага со доволно капацитети за справување со епидемијата предизвикана од загадената вода и дека во болницата дежура само еден специјалист инфектолог, четворица специјализанти и дерматолози. Од партијата тврдат дека поради состојбата пациентите од Гостивар се префрлаат на лекување во Тетово и ја обвинуваат Владата за несоодветно справување со кризата. Во соопштението се наведува дека сè ...
Времето утре сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладне во планинските региони ќе има услови за краткотраен дожд и ретка појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 22, а максималната ќе достигне од 33 до 39 степени. Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. ...
ЈП „Водовод и канализација“ информира дека во четврток (6 август) поради санација на улични дефекти ќе има прекин на водоснабдувањето на две локации во Скопје. Поради дефект на водоводна цевка со пречник од 100 милиметри на улицата „Драчевска“ во близина на црквата, без вода од 8:30 часот ќе останат корисниците во Драчево. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување на санацијата. Поради дефект на водоводна цевка со пречник од 80 ...
Како општествено одговорна компанија на која здравјето и квалитетот на животот на нашите сограѓани од цела Македонија ни се приоритет пред профитот, со индигнација ги отфрламе безочните манипулации на опозициската СДСМ, реагира компанијата „Кожувчанка“. „Во име на вистината тврдиме дека учествувавме на јавниот повик на службите на Владата, за набавка на флаширана вода за потребите на Општина Гостивар, при што нашата компанија Кожувчанка од ...
Јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција при ОЈО ГОКК води кривична постапка против полициски службеник од Одделението за безбедност на сообраќајот на патиштата при СВР Скопје, поради постоење основано сомнение дека сторил продолжено кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување. Од досега прибавените докази ...
„Две вести ја покажуваат вистинската слика за здравството под оваа власт. Прво: Пациент морал од свој џеб да плати околу 130.000 евра за биолошка терапија – затоа што државата не му ја обезбедила. Кој одлучува кој ќе добие терапија? Комисија. Без јасни критериуми. Без транспарентност. Второ: Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, најавува дека 456 онколошки пациенти ќе добијат еднократна парична помош. Пријавени биле 1.200. Значи – ...
Секторот Инспекторат на Општина Карпош, во соработка со полициски службеници на Полициска станица Карпош, спроведе вонредни инспекциски надзори во УЗ Злокуќани. Во фокус на контролите беа дивоградбите во овој дел на општината при што, општинскиот градежен инспектор утврди неправилности во делот на бесправно изградени објекти и за истите започна соодветна инспекциска постапка согласно законските надлежности, извести Општина Карпош. Во исто ...
Се поскап станува ручекот, кафето и пијалокот во рестораните. Новите податоци на Државниот завод за статистика покажуваат дека цените во угостителството продолжиле да растат и во изминатиот месец јули. За една година, угостителските услуги се поскапи за 3,2 проценти, а од почетокот на годинава растот е 2,9 проценти. Тоа значи дека граѓаните за кафе, ручек или пијалок денес издвојуваат повеќе пари отколку лани „Цените на угостителските услуги ...
Грижата за здравјето на граѓаните во услови на летните високи температури, е во фокусот на заедничкиот проект „Топлотен бран“, кој Општина Кисела Вода го реализира во соработка со Општинската организација на Црвен крст-Кисела Вода. Проектот се реализира преку Секторот за месна самоуправа при општината. Градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска, заедно со претставници од општинската администрација, тимови на Црвениот крст и медицинско ...
Денес се асфалтираше новиот паркинг простор во поранешната касарна кој е изграден на СТУ9 АРМ Четврт 3. Вкупната површина на овој паркинг простор е 1550 м2 и се обезбедуваат нови паркинг места во тој дел на градот, извести Општина Битола. „Проектот кој е од вториот владин повик преку Министерството за транспорт предвидуваше и се изведе коловоз, атмосферска канализација, сообраќај и осветлување. Вредноста на договор изнесува 6.256.014,18 ...
Жељко Јоксимовиќ ќе пее на годинашната „Штипска Пастрмалијада“. Општина Штип го откри првото големо музичко име за фестивалот, а концертот е закажан за 19 септември на Градскиот стадион. Организаторите најавуваат вечер исполнета со хитови и одлична атмосфера, со очекувања во Штип да пристигнат посетители од целата држава и од регионот. По успешното минатогодишно издание, годинава се најавува побогата програма, подобра продукција и повеќе ...
Изјава тонови (05.08.2026) Гоце Серафимов Повисока за еден денар ќе биде откупната цена на винското грозје годинава, но приносите се очекува да бидат помали поради пролетните мразеви и невремето што ги погоди лозовите насади. И покрај тоа што квалитетот на грозјето е добар, од асоцијацијата на земјоделци за М-Нет телевизија велат дека годинава нема да имаат род како лани. Според последните најави на новото раководство на министерството за ...
Министерството за финансии информира дека издавањето на државните хартии од вредност коишто од денеска котираат на официјалниот пазар на Македонска берза се дел од планираното задолжување на домашниот пазар согласно усвоениот Буџет и Ребаланс за 2026 година во Собранието. Дополнително издавањето на овие емисии на државни хартии од вредност се транспарентно објавени на веб страницата на Министерството за финансии во календарот на аукции на ...
Сојузот на синдикатите на Македонија упатува апел до сите работодавачи и работници, да ги почитуваат мерките за превенирање на последиците од топлотните бранови. Како што велат тие, треба да се намали, но и да се исклучи работењето на отворено за најтоплите делови од денот, како и да се обезбедат сите средства и мерки за заштита на животот и здравјето на работниците во овие услови. Значењето на животот и здравјето на работинците, во овие ...
Наближува летна Света Петка, а селото Љуботен ги прави последните подготовки за еден од најголемите духовни празници во годината. И годинава, манастирот на Светата преподобна маченичка Параскева ќе ги отвори своите порти за илјадници верници кои ќе дојдат на молитва и поклонение. Прославата започнува на 7 август културно-уметничка програма, а централното чествување е на 8 август со света божествена литургија. Традиционално ќе бидат подготвени ...
Жешките летни денови продолжуваат, а високите температури ги натераа штипјани да бараат најразлични начини за полесно да ја издржат горештината. Додека едни спасот го бараат во ладни пијалаци, сладоледи, сенка и климатизирани простории, други освежувањето го наоѓаат покрај вода или на места каде можат барем накратко да се тргнат од силното сонце. Граѓаните велат дека во најтоплиот период од денот се обидуваат да избегнуваат директна ...
Треба ли и во Македонија да се воведе можност за два дена платено отсуство за жени со силни менструални болки, по примерот на Црна Гора? Aнкетираните граѓани во Штип категорични дека треба. Велат дека кога болките се силни, тешко е да се оди на работа, да се седи осум часа и нормално да се завршат секојдневните обврски. Според нив, вакво право би им помогнало на многу жени кои секој месец се соочуваат со овој проблем. Анкетираните велат дека ...
За помалку од еден месец, цената на дизелот се зголеми од 82,5 на 99,5 денари за литар. Тоа се цели 17 денари повеќе, односно зголемување од 20,6%. Зголемувањето во Северна Македонија е приближно четири пати поголемо од просечното зголемување забележано во земјите на Европската Унија во истиот период, велат од ДУИ. Според партијата, ова поскапување граѓаните ќе го платат повеќекратно. „Дизел од 99,5 денари значи поскап транспорт, поскапа ...
Поддршката за реформите во правосудството и зајакнувањето на владеењето на правото беа дел од темите на разговор на средбата меѓу министерот за правда Јетон Шасивари и амбасадорот на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Н.Е. Метју Лосон. Во изминатиот период, преку заедничките иницијативи и реализираните проекти, се обезбедува поддршка за модернизација на правосудниот систем, зајакнување на институционалните капацитети и ...
„На 3 август 2026 година, автобус на „Дурмо Турс“ се запали на автопатот Тетово–Гостивар. Патниците овојпат успеале да го напуштат возилото и била избегната нова трагедија. Но, безбедноста на луѓето не смее да зависи од среќата, брзината на евакуацијата или од тоа дали пламенот ќе се прошири неколку минути порано или подоцна“, велат од партијата Левица. „Кога гори автобус на превозник чие име е нераскинливо врзано со Ласкарци, државата нема ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на промоцијата на новиот тркачки болид на македонскиот трофеен автомобилист Игор „Иџе“ Стефановски. „Ми беше чест да бидам дел од овој посебен момент и да дадам поддршка на еден од најголемите амбасадори на македонскиот автомобилизам. Му посакувам многу здравје, безбедни трки, уште повеќе победи и трофеи, а македонското знаме да продолжи гордо да се развева на победничките подиуми ширум ...
Министерот за правда Јетон Шасивари денеска оствари работна средба со амбасадорот на Република Турција во земјава, Фатих Улусој, на која беше потврдена заедничката определба за натамошно унапредување на билатералната соработка во областа на правосудството и поддршка на реформските процеси. Се разговараше за реформите во правосудството, размената на искуства и добри практики, како и реализацијата на нови студиски посети, специјализирани обуки ...
Град Скопје и Општина Гази Баба ги известуваат граѓаните дека в четврток, во периодот од 08:00 до 16:00 часот, ЈП ЖРСМ Инфраструктура – Скопје ќе изведува работи за санација на патниот премин на улица „Перо Наков“, во непосредна близина на Железничката станица Маџари. „За време на изведувањето на работите, сообраќајот на улица „Перо Наков“, на делот каде што се наоѓа патниот премин (преминот преку пругите), ќе биде целосно во прекин. Работите ...
„СДС и Филипче се обидуваат да собираат политички поени на темата вода во Гостивар, а со години не кажаа ниту збор за случаите на небезбедна вода кои биле евидентирани додека токму тие ја водеа државата. Деновиве објавивме документи, кои јасно покажуваат дека надлежните институции во нивно време располагале со информации за небезбедна вода во повеќе населени места. Но, наместо решенија и транспарентност, граѓаните добија молк“, вели Валентин ...
Брегалница в сабота го игра првиот домашен меч како повратник во Првата македонска фудбалска лига, во рамки на второто коло во единствениот меч под рефлектори за оваа рунда „сините“ ќе се соочат со Арсими од Чегране. Штип е подготвен за прволигашки фудбал, билетите за мечот меѓу Брегалница и Арсими ќе се продават по цена од 100 денари на влезот на стадионот на денот на натпреварот, а на располагање за верната публика ќе биде новата трибината ...
„Водата во Гостивар се уште е опасна, официјално се потврди присуство на бактеријата Pseudomonas aeruginosa. Над 50 населени места во земјава имаат загадена вода, тендер патриотите Мицкоски и Клековски ја отруја цела Македонија. И наместо одговорност за овој тотален колапс на здравството, владата на Мицкоски продолжува со импровизации кои го загрозуваат здравјето на луѓето и бизнис зделки на грбот на народот“, вели Симона Цветаноски – членка ...
Општина Центар информира дека во ООУ „11 Октомври” се финализира уредувањето на новиот простор наменет за библиотека-медијатека. Учениците од септември ќе имаат современа библиотека, место каде што ќе можат да го поминуваат своето слободно време, да позајмуваат книги, да читаат и да разменуваат идеи. „Ова е само еден во низата проекти на кои работиме летово со цел подобрување на условите во кои нашите деца се образуваат воспитуваат. Ова ...
Општина Карпош на почетокот на новата учебна година ќе ги пречека најмладите ученици кои годинава за првпат ќе седнат во училишните клупи, обезбедувајќи им ранче и основен училишен прибор. Оваа активност се реализира согласно годишната програма на Одделението за образование, за која од Буџетот на Општина Карпош се издвоени 1.000.000 денари. По повод почетокот на учебната година, градоначалникот Сотир Лукровски, ќе ги посети основните училишта ...