Скопје
3ᴼ /
3ᴼ
Повеќе од четири недели Гостивар е без чиста вода, а нема ниту еден експерт, ниту еден документ, ниту еден одговорен, обвинија од СДСМ. „Повеќе од четири недели Гостивар е без чиста вода. Повеќе од 4.700 граѓани завршиле во болница. Епидемија на жолтица. И до денес – ниту едно стручно лице од надлежна институција не излезе пред јавноста да каже каква е реалната состојба со водата. Ниту еден официјален документ. Ниту една потпишана експертска ...
Два случаи на семејно насилство се регистрирани во Радовиш и Штип, при што полицијата лишила од слобода две лица. Во Радовиш, на 7 август во 17:25 часот, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Радовиш го лишиле од слобода 51-годишниот З.Р. од Радовиш. Интервенцијата следувала по претходна пријава дека тој агресивно се однесувал кон неговата 51-годишна вонбрачна сопруга. З.Р. бил задржан во Полициската станица Радовиш. За случајот бил ...
Брегалница на најдобар можен начин одговори по поразот од Вардар во првото коло и стигна до првата победа во новата сезона на ПМФЛ. Штипските „сини“ на Градскиот стадион во Штип со убедливи 3:0 го совладаа Арсими во второто коло. Домашниот состав уште од самиот почеток тргна офанзивно, а резултатот беше отворен во 10. минута. За водство на Брегалница погоди Мартин Стојанов, едно од новите засилувања во екипата. Штипјани продолжија со добрата ...
Времето утре ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, информира УХМР. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 22, а максималната ќе достигне од 32 до 39 степени. Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер ...
Македонскиот државјанин кој се повреди на одмор во Кушадаси безбедно е пренесен во Скопје, информира Министерството за здравство. Тој се здобил со сериозна повреда на ’рбетниот мозок е безбедно транспортиран од Турција и примен на Универзитетската клиника за ТОАРИЛУЦ „Пациентот се здобил со повредата при несреќен случај на тобоган, за време на одмор во турското летувалиште Кушадаси. На 23 јули му била извршена хируршка интервенција во локална ...
Три „Ер трактори“ се вклучија во гаснење на пожарот на територијата на општина Сопиште, зад Водно. Дирекцијата за заштита и спасување објави видеа од акцијата. „Дејство на противпожарните авиони на ДЗС,’Еер трактор’ врз пожарот во Општина Сопиште, под јужната страна на планината Водно кај Скопје“, стои во описот на видеата. Директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов, информира дека денеска низ земјата има пет пожари, но дека ниту еден од нив нема ...
Улични продавачи на лубеници и дињи во Свети Николе тврдат дека биле казнети од полицијата со парични казни во износ од по 100 евра. Според нив, станува збор за сума која е превисока во однос на заработката што ја остваруваат од сезонската продажба. Продавачите велат дека во летниот период се обидуваат да заработат со продажба на лубеници и дињи, но посочуваат дека дневниот промет не е секогаш доволен за да ги покрие трошоците, а камоли ...
Постојат датуми кои не се само дел од календарот, туку остануваат засекогаш врежани во колективната меморија на еден народ. 8 Август е еден од тие датуми. Ден кога Македонија се сеќава на своите синови кои, исполнувајќи ја својата должност кон татковината, ги положија своите животи, објави премиерот, Христијан Мицкоски, на 25-годишнината од убиството на војниците кај Карпалак. „Дваесет и пет години подоцна, времето не ја избриша болката, ниту ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, упати порака со почит и сеќавање кон загинатите бранители кај Карпалак, кои на денешен ден пред 25 години ги положија своите животи исполнувајќи ја должноста кон татковината. Филипче порача дека нивната жртва останува дел од нашата колективна меморија и обврска, а Карпалак е потсетник дека мирот и стабилноста се градат со одговорност, а не со поделби. „Денес, на 8 Август, се сеќаваме и оддаваме почит на ...
Денес беше одржана прес-конференција во просториите на ФК Брегалница, каде една од темите беше и соработката со германскиот инвеститор, за што градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов откри повеќе детали околу таа соработка, но и околу финансиската конструкција и како клубот ќе функционира во иднина. „Некако предвреме јавноста мотивирана можеби од одредени политички чинители ја коментираше состојбата во Брегалница. Тоа што е наша цел ...
Отстранувањето на албанскиот јазик од државните табли на граничниот премин Табановце, на територијата на Општина Куманово, претставува директно прекршување на законот и на уставните обврски за употреба на јазиците, велат од ДУИ. „Ова е тешка провокација и јасен доказ за екстремната немоќ на Вреди да ги заштити дури и најосновните права на Албанците. Бараме албанскиот јазик веднаш да биде вратен на државните табли, а надлежните институции ...
Денес во просториите на ФК Брегалница се одржа прес-конференција на која се зборуваше за сите актуелни теми поврзани со штипскиот прволигаш пред вечерашниот меч од 2. коло на ПМФЛ против Арсими од 19 часот. Градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов посочи неколку важни работи за „сините“. Тренерот Кузманов зборуваше околу ростерот и околу екипата. Во тимот владее позитивна атмосферата, се работи и тренира активно, се крои тимот за нови ...
Утре се игра големото дерби на двата ривали за титулата меѓу шампионот Вардар и вицешампионот Шкендија, дуел на „црвено-црните“ од Скопје и „црвено-црните“ од Тетово. Вардар заврши со европските настапи и целосно е фокусиран на домашното првенство и Купот на Македонија, додека пак Шкендија ја очекува реванш каде се надева на позитивен резултат за пласман во плеј-офот на Конференциската лига на УЕФА. Традицијаата вели дека треба да очекува ...
Женскиот фудбалски клуб Кочани и во новата сезона ќе се натпреварува во Првата женска фудбалска лига, но клубот се надева на подобра сезона од ланската, кога заврши на претпоследното место и мораше преку бараж да бара опстанок во елитното друштво. Поранешниот шампион на Македонија минатата сезона го совлада тимот на Билјанини Извори со висок резултат од 7:3 и обезбеди опстанок, но во новата сезона дефинитивно овој клуб ќе сака подобар ...
Ракометниот клуб Делчево по една година пауза се враќа, клубот повторно ќе биде дел од Пионерската женска лига при Ракометната федерација на Македонија. Во сезона 2026/2027 клубот ќе се натпреварува во две категории, девојки родени 2012 и помлади и девојки родени 2014 и помлади. Подготовките ќе започнат на 17 август (понеделник), првиот дел од подготовките ќе се реализираат на отворено на терените на планината Голак, каде ќе се работи на ...
Ракометот во источниот дел од Македонија се шири, со тоа што веќе во неколку гради има активирање на ракометни клубови, тоа што го анализиравме во спортскиот магазин Трибина на М Нет телевизија пред неколку месеци пополека дава резултат со формирање на нови ракометни клубови или реактивирање на клубови кои повторно ќе се натпреваруваат. Првата ракометна лига ќе брои 14 екипи, а како што претходно информиравме дебитат ќе биде тимот на РК Саса ...
СДСМ побара мораториум за изградба на нови комерцијални дата центри кои користат системи со испарување на вода, оценувајќи дека во услови на намалени водни ресурси и недостиг на електрична енергија ваквите инвестиции може да создадат дополнителен притисок врз водоснабдувањето и енергетскиот систем. На прес-конференција, Кети Штерјова од СДСМ рече дека Македонија повеќе увезува струја отколку што произведува и дека во повеќе населени места ...
Штипјанецот Делчо Сандев во својот живот има изгледано над 15 илјади филмови, кои почнал да ги гледа уште од далечната 1959 година. Од тогаш до денес, вели, гледа нон-стоп – американски, германски, француски и италијански филмови. Делчо за секој филм си запишува во тетратка кој е режисерот, кои се глумците и како се вика филмот. Така, низ годините, се собрале илјадници наслови и тетратки полни со филмски белешки. Вели дека ќе продолжи да ...
Состојбата со водата е значително подобрена и последните наоди покажуваат подобрување, но потребно е време таа да биде прогласена за исправна за пиење, изјави директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. Тој посочи дека одлуката ќе ја донесе Агенцијата за храна и ветеринарство кога ќе биде потврдено дека водата ги исполнува потребните услови. „Состојбата со водата е значително подобрена, последните наоди се подобри, но ...
Револтирани граѓани во Штип реагираат бидејќи, според нив, несовесни возачи често поминуваат со автомобили по новото шеталиште „Вано Прќе“, најчесто во вечерните часови. Велат дека поради тоа не се чувствуваат безбедно додека шетаат, бидејќи возилата се движат таму каде што има пешаци. Стравуваат дека, не дај Боже, ако ваквите случаи продолжат, некој може да биде удрен или прегазен. Граѓаните велат дека казните се едно од решенијата за оние ...
Социјалдемократскиот сојуз и оние кои моментално ја претставуваат партијата и во случајот со Ново Село покажуваат тотална дезориентираност, едноставно не знаат каде тераат. Денес нивниот претставник од Ново Село, кој Венко Филипче го нарекува дете или воопшто учесниците во случајот во Ново Село во панична прес-конференција ги нарече деца, јавно призна дека е насилник и осуденик, реагира ВМРО-ДПМНЕ по изјавата на Ефимов. „Тој практично со ...
Трпезно грозје Афус и Кардинал веќе два петока по ред се продава на штипскиот пазар. Насадено во село Лесковица и, како што велат производителите, природно одгледано. Ова грозје стасува рано, па уште по Петровден може да се јаде, а ќе го има се до Божик. Слатко е и сочно, а по Богородица, велат лозарите, уште повеќе стасува и добива поголема блажина. Од тезгата на тетка Маре на пазарот, граѓаните купуваат во големи количини, а се враќаат и ...
Решени да ги остават нивите, да ја продадат механизацијата и да си заминат во странство. Вака дел од земјоделците од штипско ја искажуваат тежината со која се соочуваат поради доцнењето на субвенциите и се повисоките трошоци за производство. Велат дека со ваква сметка, пченицата и јачменот веќе не им носат сигурна заработка. Некои размислуваат следната сезона воопшто да не сеат, а други велат дека земјоделството повеќе не им остава доволно за ...
На колена и со силна молитва, Македонија денеска ја празнува светата предподобна маченица Параскева, позната како летна Света Петка, силната застапница на сите христијани. Со шарени китки, болисек и пресни погачи, граѓаните уште рано наутро ги посетија цркваите во Штип и штипско. Св. Петка е жива, таа и денес правни безброј чуда, помага на луѓето и ги исцелува болните и немкните. Инаку, Св. Параскева денеска се празнува на секаде низ земјава. ...
Килограм ајварски пипер по 100 денари, модар патлиџан од 20 50 денари парче, килограм морков 60 денари. Ако на ова се додае зејтин, дрва и работа, ајварот годинава станува луксуз за дел граѓаните во Штип. Додека едни велат дека поисплатливо е да се купи тегла ајвар од маркетите откоку да се прави дома, други решени да прават под било која цени, бидејќи домашното според нив е нјавкусно. Граѓаните велат дека зимница ќе прават само оние кои ...
Социјалдемократската младина (СДММ) бара Јавното обвинителство веднаш да отвори истрага поради, како што тврди, неовластено изнесување и објавување податоци од документи на Полициската станица Струмица, поврзани со настаните во Ново Село. На прес-конференција, Христијан Ефтимов од СДММ обвини дека ВМРО на прес-конференција објавило податоци од полициски документи до кои, според него, партијата немала право на пристап и кои се воделе како ...
Делегација на Левица предводена од советникот Боби Илиевски, денес положи цвеќе на спомен-обележјето кај Карпалак, оддавајќи почит на десеттемина македонски бранители кои пред 25 години ги загубија животите во масакрот кај Карпалак. На 8 август 2001 година, припадниците на македонските безбедносни сили беа нападнати во кукавичка заседа поставена од припадници на УЧК. Во нападот беа убиени Нане Наумоски, Сашо Китаноски, Горан Миноски, Ердован ...
Се навршуваат речиси шест месеци откако на црната кутија на ДУИ, Артан Груби, му беше определен куќен притвор во случајот „Лотарија“, а од обвинение сè уште нема ни трага ни глас, велат од Влен преку соопштение. „На 22 август истекува максималниот рок за оваа мерка, а Обвинителството и натаму оди со полжавски чекори. Дали Артан Груби ја отворил устата, пропеал и токму затоа целиот случај се развлекува? Во меѓувреме, прашина фаќа и прашањето ...
Кај повеќе од 240 луѓе низ Европа годинава е потврдено дека се заразени со вирусот Западен Нил, според неделниот извештај што во петокот го објави Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ЕЦДЦ). ЕЦДЦ наведува дека 139 случаи се регистрирани во Италија, а 61 во Грција. Другите случаи на зараза се регистрирани во Шпанија, каде што има 17, додека во Македонија според последните информации, регистрирани се вкупно 20 случаи. Романија ...
ВМРО-ДПМНЕ денеска упати обвинувања кон лидерот на СДСМ, Венко Филипче, за лицата со кои се појавил за време на неодамнешните случувања во Ново Село, тврдејќи дека меѓу нив има лица со правосилни пресуди за насилство и кривични дела поврзани со наркотични средства. Од владејачката партија реагираат на тоа што Филипче овие лица ги нарекол „деца на Македонија“ и тврдат дека СДСМ се обидел да предизвика инцидент и од него да извлече политичка ...