Скопје
25ᴼ /
25ᴼ
Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, денес ја посети Клиничката болница Тетово, каде во соработка со Министерството за здравство се подготвува проект за замена на системите за греење со еколошки алтернативи во седум објекти. Во разговорот со директорот на болницата, Ерзен Елези, беше истакнато дека оваа активност се спроведува паралелно со пошироката реконструкција на клиниката и претставува дел од националните ...
Денес, градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов, го прими младиот гимназијалец Даниел Христов, кој постигна значаен меѓународен успех освојувајќи бронзен медал на Менделеевата олимпијада по хемија – натпревар што се вбројува меѓу најпрестижните во светот и ги обединува најталентираните ученици од оваа област. На средбата беше истакнато дека овој резултат претставува круна на неговата посветеност, знаење и упорност, но воедно и силна ...
Младиот штипјанец Дамјан Давков освои златен медал на првата Европска математичка олимпијада што се одржа во Вилнус, Литванија. Со овој резултат, Давков го дели првото место во вкупниот пласман со Маргулан Шарел од Казахстан и станува севкупен победник на ова прво издание на олимпијадата. Од Македонија, сребрен медал освои Ивано Божиновски, а бронзен Леонид Тодороски. Во екипниот пласман, Македонија го освои шестото место според бројот на ...
По вчерашните обвинувања од СДСМ кон Владата и Министерството за земјоделство, денеска јавно се огласи министерот Цветан Трипуновски. Тој ги отфрли тврдењата на СДСМ, оценувајќи ги како обид за создавање лажна слика, паника и револт кај земјоделците. Трипуновски потенцира дека Владата работи транспарентно и во соработка со европските институции, обезбедувајќи континуирана финансиска поддршка за земјоделците. Министерот уверува дека средствата ...
Неисчистените канали за наводнување, намалените субвенции и ниските откупни цени ги доведоа оризопроизводителите од кочанско во тешка состојба, вели претседателот на СДСМ, Венко Филипче, кој вчера беше на средба со земјоделците во селото Грдовци. Тој рече дека тие се оставени без решенија и се соочуваат со сериозни егзистенцијални проблеми. Порача Владата да го слушне гласот на земјоделците и да обезбеди најмалку 20 денари дополнителна ...
Штипските матуранти веќе наголемо ги започнаа подготовките за матурската вечер, иако дел од нив се уште се во фаза на избор и планирање. Некои веќе имаат избрано комбинации и внимателно го распределуваат буџетот, кој најчесто се движи од неколку илјади до околу 20.000 денари, зависно од желбите и стилот. Велат дека не мора да се потроши многу за да се изгледа впечатливо, но сепак оваа вечер ја сметаат за посебна и вредна за вложување. Дел од ...
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, во Љубљана оствари официјална средба со претседателот на Собранието на Република Словенија, Зоран Стевановиќ. На средбата беа потврдени одличните односи и стабилното партнерство меѓу Северна Македонија и Словенија, со посебен акцент на потребата од интензивирање на меѓупарламентарната соработка и градење нови мостови на соработка во области од заеднички интерес. Претседателот Стевановиќ ја истакна ...
Левица соопшти дека мајки и трудници сè почесто остануваат без работа и ја повика власта итно да ги прифати предложените измени на Законот за работни односи, кои според партијата треба да обезбедат поголема заштита за бремените жени на работното место. Од партијата посочуваат дека Комисијата за спречување и заштита од дискриминација бележи пораст на предмети поврзани со дискриминација по основ на бременост, раѓање и мајчинство. „Жени по ...
Брисел потврди дека нема никакви неправилности во постапките, ИПАРД средствата повторно се достапни на располагање за земјоделците, соопшти министерот за земјоделство, Цветан Трипуновски. „Дозволете ми да споделам една важна и позитивна вест за македонските земјоделци и за земјоделскиот сектор, денес пристигна официјално известување од страна на ЕК, Генерален Директорат за земјоделство и рурален развој, дека средствата од ИПАРД програмата ...
Македонија заостанува во борбата против рак на грло на матка и е далеку од исполнување на целта за опфат на 70% од жените со скрининг до 2030 година со цел целосно искоренување на смртноста од оваа болест, поставена од Светската здравствена организација. Главна причина за ваквата состојба е што Програмата за скрининг на рак на грло на маткане овозможува доволен опфат на жени за да се постигне навремено откривање и превенција од оваа болест, ...
Филипче и СДС за власт се спремни да го продадат македонскиот јазик, култура и идентитет, обвини Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. „Лековерноста и лојалноста на Филипче и СДС кон бугарските политичари од ден на ден се зголемува, што директно наштетува на македонските позиции и црвени линии. Филипче и СДС немаат проблем со тоа македонскиот јазик да е бугарски дијалект, Македонија да е дел од Бугарската држава, Гоце Делчев, Питу Гули, ...
Министерот за животна средина и просторно планирање Муамет Хоџа, присуствуваше и се обрати на форум на тема „Идентификација на еколошките приоритети на општина Тетово“ во организација на НВО „Мултикултура“ од Тетово, а со поддршка на Фондацијата Отворено Општество – Западен Балкан. На настанот кој обедини претставници на централната власт, локалната самоуправа и граѓанскиот сектор, беше најавено системско унапредување на заштитата на ...
На едно коло до крајот во Првата футсал лига на Македонија останува неизвесно за второто место, три екипи ќе се бодат за четвртото место, а две екипи за седмото место. Во рамки на претпоследното коло беа забележани високи победи, а беа постигнати и голем број на погодоци. Ланскиот шампион Форца со 12:6 славеше над последнопласираниот Балкан, па така тимот од Куманово сега ќе води борба за второто место заедно со Кеги Моби, кој пак загуби од ...
Движењето ЗНАМ се само привезок на ВМРО и си остваруваат само свои интереси, порача претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање. Филипче ги отвфрли како лажни наводите на ЗНАМ дека наводно во СДСМ постои некоординираност околу измените на Законот за Влада. „Повторно дека некаква форма на сервирање информации кои што им одговараат само на ЗНАМ, поради тоа што на анкетите тие практично веќе не постојат. Станува ...
Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, учествуваше на „Kosovо Finance Forum 2026“, каде се обрати на тема „Градење доверба на финансиските пазари во Западен Балкан“. Во своето обраќање, министерот Дурмиши истакна дека довербата е клучен предуслов за инвестиции, економски развој и стабилност, особено во време на динамични економски и геополитички промени. Тој нагласи дека европската интеграција останува стратешка цел на Република ...
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, вели дека има само едно државјанство и тоа е македонско. Негов личен став е дека само македонско државјанство треба да имаат сите избрани или именувани лица, но остава експертите да дадат одговор на овие прашања. „Конкретно јас имам само македонско државјанство и лично мој став е дека треба, посебно оној што работи на ваков тип позиции кои се безбедносен предизвик како што е мојата, сметам дека ...
Министерот за здравство, Азир Алиу денеска се обрати на промоцијата на протоколот за постапување со лица без државјанство, во организација на ОБСЕ (Организација за безбедност и соработка во Европа) и Министерството за внатрешни работи. -Министерството за здравство има значајна улога во целокупната состојба на овие лица, имајќи предвид дека често, нивниот прв допир со институциите не е преку административните шалтери, туку преку здравствениот ...
Британската нафтена и гасна компанија BP објави повеќе од двојно поголем профит во првите деловни резултати по избувнувањето на војната со Иран, благодарение на растот на цените на енергенсите на светскиот пазар. Референтните цени на нафтата нагло пораснаа од почетокот на март, откако нападите доведоа до практично затворање на Ормускиот теснец – клучна поморска рута низ која поминува околу една петтина од светската нафта и течен природен гас. ...
Организаторите на „Струмина Трејл“ излегоа со јавно соопштение преку социјалните мрежи во кое ја информираат спортската и пошироката јавност за најавената изградба на ветерен парк во близина на Штип, проект кој директно ја засега дел од познатата трејл рута. Станува збор за проект кој, како што велат од Струмина Трејл, ќе донесе значителни промени во просторот каде што се одвиваат трките и активностите во придодата, особено на делниците кои ...
Шкендија Арачиново стигна до трите бодови на тешко гостување во Гевгелија славејќи со минимални 0:1. Голманот Антонио Столевски во изјава за М Нет телевизија вели дека мечот во Гевгелија бил многу тежок, но сега им следува полесен меч против Вардар Неготино на домашен терен, по што им доаѓа гостување во Штип против Брегалница, Столевски вели тоа ќе биде меч како финале. 27-то коло носи две дерби пресметки во Струмица меѓу Беласица и ...
За врсничкото насилство врз шестоодделенка во Ѓорче Петров, малтретирана од три соученички, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски изјави дека на разговор се повикани 14 лица, меѓу кои и родителите на вмешаните ученици. Тој увери дека полицијата постојано има фокус и на ваков тип насилство, иако јавноста во изминатиот период беше повеќе насочена кон семејното насилство. „Во врска со конкретниот случај запознаен сум дека се води ...
Додека го блокира европскиот пат, половина ВМРО, вклучително и најблиски соработници на премиерот имаат бугарски пасоши, тврди лидерот на СДСМ, Венко Филипче. Тој, исто така, кажа дека Мицкоски ја негира реалноста кога вели дека не знае за изјавите на известувачот Вајц. „Премиерот Христијан Мицкоски многу сака да ја негира реалноста, да ја прикаже поинаку, ама очигледно е дека не може. Вели дека не знае за изјавите на известувачот и ...
Утре во Гевгелија ќе се одигра финалето од футсал Купот на Македонија меѓу екипите на Проект и Кеги Моби, ова ќе биде соочување на Проект кој е нов шампион на Македонија и сака обединување на двете титули односно покрај освојувањето на шампионската титула, сега да се освои и Куп титулата. Проект оваа сезона е единствениот тим кој нема ниту пораз, ниту реми, едноставно игра во победничка форма и засега нема тим кој може да го запре. Кеги Моби ...
Денес се одржа Четвртата седница на Советот за реформа на јавната администрација, со која претседаваше претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, на која беа разгледани и усвоени повеќе значајни точки од дневниот ред, меѓу кои Годишниот извештај за 2025 година за следење на имплементацијата на Стратегијата за реформа на јавната администрација (2023–2030) со Акцискиот план, како и Извештајот за јавната администрација согласно препораките од ...
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, учествуваше на високопрофилен панел насловен „Social Engines of Sus-tainable Resource Management: Gender Equality, Intergenerational Justice, and why Extractive Legacies Matter“, каде испрати силни пораки за праведна, инклузивна и одржлива енергетска трансформација. Панелот се одржа во рамки на UNECE Resource Management Week 2026 што се одржува во Женева. Во своето ...
Реми со четири погодоци за делба на бодовите – дербито во Македонска Каменица меѓу Саса и Истатов заврши без победник откако двете екипи одиграа 2:2, во рамки на 27. коло на Првата женска фудбалска лига. Гостинот го отвори резултатот за водство од 0:1, а потоа „рударките“ го свртеа резултатот за водство од 2:1. До крајот на мечот Истатов успеа да го израмни резултатот на конечните 2:2. Лидерот и нов шампион Скопје без проблеми славеше против ...
Професорката по македонски јазик, Татјана Алексиќ, со јавен статус реагира по случајот со малтретирањето на шестоодделенка во скопско Ѓорче Петров од страна на нејзини врснички, предупредувајќи дека општеството „систематски моделира генерации на психопати“. Во објавата на социјалните мрежи, Алексиќ порача дека на училиштата им е потребна итна и масовна поддршка од стручни кадри – образовни асистенти, социјални работници, педагози, психолози, ...
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска се обрати на бизнис конференцијата за сајбер безбедност во организација на Македонски Телеком, посветена на новата регулатива за безбедност на мрежни и информациски системи и предизвиците во заштитата на дигиталната инфраструктура. Во своето обраќање, министерот истакна дека сајбер безбедноста повеќе не може да се третира како техничко прашање, туку како клучен фактор за ...
Движењето ЗНАМ за Наша Македонија денеска обвини дека во СДСМ постои сериозна некоординираност и внатрешен раскол, посочувајќи дека партијата во рок од неколку часа испратила спротивставени пораки во врска со измените на Законот за Влада и можниот однос кон работата на Собранието. Од ЗНАМ оценуваат дека јавноста наместо јасен став добила контрадикторни изјави од врвот на СДСМ, што според нив покажува дека во партијата нема усогласеност околу ...
Делегација на Партија за движење на Турците (ТХП), предводена од претседателот Енес Ибрахим, во рамките на посетата на Измир оствари средби со здруженија на иселеници од Македонија. „На средбите беше нагласено значењето на иселениците како силен мост помеѓу двете земји, при што беа разменети мислења за предизвиците со кои тие се соочуваат. Посебно внимание беше посветено на прашањето за добивање државјанство, каде што многу апликанти, и ...