Вардар го доби „вечното“ дерби против Пелистер во ПМФЛ со 1-2 во Битола. Крајот на мечот на „Петар Милошевски“ понуди нов момент кој предизвика реакции, бидејќи Вардар победи со гол од белата точка. Димитар Данев тргна во продор, имаше дуел со влечење со Петар Петковски, а откако влезе во шеснаесетникот асот на пелистерци со лизгачки старт го сопре крилото. Судијата Александар Грујоски без размислување покажа на белата точка, иако Петковски ...
Вардар експресно се врати на врвот на прволигашката табела откако „црвено-црните“ излегоа како победници од вечното дерби против Пелистер, славејќи во Битола со 1-2. По мирното прво полувреме, сите возбудувања се случија во вторите 45 минути, во кои Вардар на крајот со голот од пенал на Закариќ стигна до посакуваната победа. Во првото полувреме навивачите во Битола беа сведоци на само две шанси, двете за гостите во почетните десет минути, ...

