
Скопје
20ᴼ /
20ᴼ



Во март 2025 година се очекува да завршат работите на хидроцентралата, која во јули почна да се гради непосредно под браната Кнежево, виталниот дел на хидросистемот „Злетовица“. Деновиве кога отидовме на терен, работниците работеа на видливата градба, која ќе биде една од планираните шест хидроцентрали на системот важен за над 100.000 жители. ХЕЦ Б, како што објаснува директорот Златко Стојановски, ќе ги процесира водите неопходни за ...
Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека американското поседување и контрола на Гренланд е неопходност, но Европската унија нема коментар за тоа. Иако огромното мнозинство жители на Гренлан се граѓани на ЕУ, дипломатската служба на ЕУ, позната како Европска служба за надворешни работи (ЕЕАС), даде само кратки одговори на прашањата на Политико. „Можам да ви понудам брз одговор: не коментираме коментари“, рече Ануар Ел Ануни, ...
Дуа Липа и ѕвездата на „Фантастични ѕверови“, Калум Тарнер наводно се вериле за време на божиќните празници откако актерот „клекнал на колена и романтично ја запросил“. Парот кој е во врска повеќе од една година, се свршил тајно и планира да ја дочека Новата година со пријателите и семејството. Извор за The Sun изјавил дека пејачката и нејзиниот дечко се „толку вљубени, а нивното семејство и пријатели се многу среќни што се вериле“. Пејачката го ...
Периодов актуелна е темата за исплатата на регресот за одмор, народски популарен како К-15, кој како обврска го имаат фирмите до крајот на декември. Сепак, многу чести се пријавите од работниците за случаи на злоупотреба и заобиколување на законот. На темата ММС разговараше со Кристина Ампева од „Гласен Текстилец“. Пред некој ден споменавте дека имате пријави за принудно потпишување на бланко листови за к15 во приватниот сектор. За што станува ...
Умерено со алкохолот, редовна терапија за хроничните болни, воздржување од разни пиротехнички средства и оружје, препорачуваат здравствените работници, во изјава за МИА, пред новогодишните и божикните празници. – Редовно земање на терапија кај хроничните болни, умерено користење на алкохолни пијалаци за да се избегнат несаканите последици – алкохолни труења, тепачки и сообраќајни незгоди, велат од ЈЗУ Здравствен дом – Скопје. Посебно се апелира ...
Во Новата година влегуваме со ретрограден Марс. Станува збор за космички феномен кој привлекува големо внимание во астрологијата, се случува на секои две години, а овој пат ќе се случува од декември 2024 година до февруари 2025 година. За разлика од ретроградниот Меркур, кој се јавува три до четири пати годишно, ретроградноста на Марс е поретка и се јавува на секои 24 до 26 месеци. Во овој период Марс ќе ретроградира преку знаците Лав и Рак, што ...
Фолк пејачот Дарко Лазиќ конечно се смири со својата љубов, Катарина Лазиќ, со која ја доби ќерката Срна. Тие секогаш јавно на најдобар можен начин зборуваат за својата љубов, но сепак постои доза на недоверба, а доказ за тоа е и новата објава на пејачката на мрежите. Катарина решила да го израдува својот сопруг со креативен, персонализиран подарок кој е и паметен трик за побрзо и подобро да ги оддалечи сите потенцијални љубовници на нејзиниот ...
Од победата на Доналд Трамп на претседателските избори во САД, војните во Украина и на Блискиот Исток до Олимписките игри во Париз и подемот на екстремната десница во Европа – ова се настани што ја одбележаа 2024 година. Војната на Блискиот Исток И во 2024 година, Израел ја продолжи својата офанзива против Хамас во Појасот Газа како одговор на нападот на палестинското движење на израелска територија на 7 октомври 2023 година. Убиени се неколку ...
Со цел да го следат движењето, т.е. поместувањето на Северниот магнетен пол на Земјата, американски и британски научници објавија надграден модел со којшто го предвидуваат местото на магнетните полови до 2029 година. Така, за северниот сега се очекува сè повеќе „да се лизга“ кон Сибир (во Русија). Северниот магнетен пол официјално ја промени својата местоположба, тврдат научниците, кои предупредуваат дека може да има уште промени во магнетното ...
Министер за внатрешни работи Панче Тошковски одговарајќи на прашањето на пратеникот Јаулески за тоа што се е откриено во акцијата неодамна спроведена во неколку скопски населби, истакна дека се расветелни седум убиства, и тоа како што рече, не само од аспект на сторителот, туку и од аспект на нарачателот. – Се поставува прашањето што правеле оние пред нас. Дали ништо претходните не работеле биле неспособни или биле во одредени дил-ориентирани ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска од говорницата во Собранието укажа на незаконско работење на дел од агенциите и службите задолжени да се грижат за безбедноста на граѓаните и државата, истакнувајќи ја неопходноста од реформи во работењето на службите. Одговарајќи на прашање на пратеникот Јован Јаулески за нови моменти од спроведените истраги внатре во рамки на безбедносните структури, премиерот посочи дека претходната власт физички го ...
Директорот на Управата за финансиска полиција, Слободан Ивановски, за МИА потврди дека Финансиската полиција спроведува акција за апсење на лице поврзано со случајот „Државна лотарија“ кое треба да биде спроведено во обвинителство. На прашање дали има сознанија во врска со изјавата на министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочовска, која на денешната собраниска седница кажа дека поради злоупотреба на буџет е уапсено едно лице, Ивановски ...
Претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова донела одлука за составот и за именување претседател и членови на Комисијата за одликувања и признанија. Кабинетот на Сиљановска-Давкова информира дека за претседател на Комисијата е именуван проф. д-р Валентин Мирчески, а за членови на комисијата се именувани проф. д-р Гзиме Старова, д-р Самуел Садикарио, д-р Андријана Јаневска, м-р Ана Дурловски, м-р Решат Амети, Дејан Георгиевски, ...
Минималната плата да биде 500 евра, придонесите да се намалат од 47,7 на 32 отсто, а дел од администрацијата да се прераспредели во приватниот сектор, бара Стопанската комора на северозападна Македонија (СКСЗМ). Комората денеска повторно го актуелизираше и прашањето за поврат на ДДВ-то кон компаниите. Како што изјави претседателот на СКСЗМ, Менди Ќура, и претходната и сегашната Влада доцнат со враќањето на данокот. -За администрацијата, нашите ...
Дали ќе има измени на законското решение за недела неработен ден ќе се знае по следната седница на Економско-социјалниот совет (ЕСС) на која заедно гласно и јасно ќе разговараме со работодавачите и работниците, најави денеска премиерот Христијан Мицкоски. -Мое лично мислење е дека треба да им биде овозможено во недела да работат на сите оние кои ќе постигнат договор со работодавачите и ќе добијат двојно или тројно повисока дневница или, пак, ...
Жителите на Кочани вчера обвинија дека Виничани носат штетно ѓубре во нивната депонија, односно строго забранет отпад на биохемиска фабрика. ММС уште од вчера испрати прашања до Јавното претпријатие „Солидарност“ од Виница, кое го носи ѓубрето, но одговорот стаса дури денес. Од претпријатието за ММС велат дека тој отпад за кој кочанчани велат дека е опасен отпад уште од 2000-та година се депонира на депонијата во Виница и дека нема ништо спорно ...
Министерството за спорт и Сојузот на спортски федерации на Македонија, на свечена церемонија во Националната опера и балет, вчера вечерта ги прогласија најдобрите во македонскиот спорт за 2024 година. Традиционалната манифестација „Спортист на годината“ оваа година одбележува 70-годишен јубилеј. Признанието спортист на годината за 2024 му припадна на кикбоксерот Бобан Илиоски, европски шампион во категоријата до 86 кг. на ЕП во Атина, а за ...
Проблемите со кочанската депонија не стивнуват. И покрај тоа што постои активна одлука на Советот со кој се забранува да се носи отпад од другите општини,сепак, се уште со сила се носи таму, а последната и застрашувачка информација е дека виничкото ѓубре е штетно, односно кочанчани се сомневаат дека се фрла строго забранет отпад на биохемиска фабрика. Независниот советник од Кочани, Венко Крстевски на Фејсбук објави видеа во кои тврди дека за ...
Синџирите на супермеркети во капитализамот се појавуваат како најсвирепи експлоататори, особено во земјите без консолидирана пазарна економија. Тие ги злоупотребуваат и оние коишто произведуваат, и оние коишто консумираат. Земјоделците и производителите ја зголемуваат продуктивноста, а работниците сепак остануваат гладни. Македонија со Устав е социјална држава. Тоа значи дека државата е обврзана да одржува социјална еднаквост меѓу различните ...
Од денеска од 7:00 часот се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила на планинскиот премин Ѓавато, соопшти АМСМ. Оттаму потсетуваат дека се уште е активна забраната за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Тетово – Попова Шапка. Од 6:00 часот на патниот правец Гостивар-Маврово-Дебар и обратно се укинува забраната за движење на тешки товарни возила. Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни ...
Професорот Никола Пановски, кој е вљубенво велосипедите, раскажа приказна за несовесен возач, кој , како што вели, гледајќи во мобилниот ќе го прегазел. -По тоа што го доживеавме вчера, јас на велосипед и господинот во голем џип, ве преколнувам. Кога чекате на семафор, а сте сами во џип, не гледајте во мобилен, гледајте пред себе, ве преколнувам, напиша професорот и ја објасни состојбата. -Вчера, 24.12.2024, 11 часот наутро, на раскрницата на ...
Ги одбројуваме деновите од последниот месец од годината, а празничната еуфорија полека почнува да се чувствува во воздухот. Вистинско време е да го украсите вашиот дом и да уживате во најсреќниот месец во годината. Нека вашиот дом блесне во полн сјај оваа година. Потрудете се и внесете ја празничната магија во куќата во која ќе уживате во текот на декември. Овогодинешното правило гласи – колку пошарено, толку подобро. Заборавете на минимализмот, ...
Милош Јанковиќ (18) како 10-годишник ги изгубил сите пет прсти на левата рака поради петарда! Својата приказна ја сподели со своите следбеници на социјалната мрежа „ТикТок“ со надеж дека неговиот пример ќе убеди барем некого да не користи пиротехника, пренесува блиц.рс. Како што објасни, во левата рака држел петарда и во десната запалка. Наместо петардата ја фрлил запалка. Една секунда подоцна, петардата му експлодирала во рака. -Всушност, не ме ...
Новогодишните елки во некои домови во САД оваа година покажуваат повеќе „неконвенционалност“ во изборот на украси за елки, посочуваат испитувањата. Тие, велат познавачите, денес во поголема мера ја изразуваат личноста на домаќините и не се општ безличен симбол на божиќното расположение. И според продавачите на украси, и младите, а неретко и повозрасните лица, денес ја напуштаат досега вообичаената зелено-црвена атмосфера, користејќи на пример ...
Британка, која е веќе прабаба, со живеалиште во Лондон, сè уште, секоја година, ѝ испраќа и добива божиќни честитки од својата пријателка – Германка, напишани со пенкало. Овој своевиден обичај на допишување почнал кога овие две жени тогаш имале околу 12 години. Имено, Силвија Перкинс од југоисточен Лондон, почнала да ѝ пишува на Лиза Кул од Германија во 1948 година, додека одела во женското училиште „Моноу Роуд“, во годините по Втората светска ...
Контроверзните соопштенија од страна на власта за тоа како Артан Груби ја напуштил државата ни дава за право да мислиме дека тоа е договорено, изјави денеска претседателот на СДСМ Венко Филипче, одговарајќи на прашање зошто неговата партија смета дека има „политички договор меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ“ за напуштањето на државата од Груби. Како што рече, прво било соопштено дека заминал со дипломатско возило, па потоа дека ја поминал границата пеш и ...
Еднаш бил обвинител, а еднаш иснпектор – доволно за да измами тројца сопствнеииц на угоститлеки објекти од Гевгелија и тоа додека издржувал затворска казна во Идризово. Затвореникот не бил многу креативен, само го употребил веќе познатиот начин на измама, но сепак изепал да земе пари од угостителите, наводно за да им ги реши проблемите со институциите. СВР Струмица – ОВР Гевгелија до Основно јавно обвинителство Гевгелија поднесе кривична пријава ...
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова во своето годишно обраќање во Парламентот, истакна дека единственото можно решение би било она за уставни амандмани со одложно дејство утврдено во Уставниот закон за спроведување на амандманите и оти тоа би било вин решение и за Бугарија, зашто, како што посочи, би го остварила своето барање, а подоцна би ни помагала во евроинтеграциите. Претседателката повика на обединување во однос на евроинтеграциите ...
Биди полицаец. Биди хуман. Создај ред. Чувај ги граѓаните. Поседуваш храброст, солидарност и чесност. Висок морал, интегритет и дисциплина, повикуваат од МВР во тек на огласот за прием на 600 полициски службеници. -Ако тоа се твоите човечки квалитети тогаш полицијата е вистинскиот избор за тебе. Улогата на полицијата е клучна во едно општество бидејќи таа е гарант на безбедноста, сигурноста и владеење на законот што се основа за напредок и ...
Трговците и производителите имаат рок до крајот на неделава да ги поправат сите неправилности поврзани со „новогоишната кошничка“, посочи заменик министерот за економија и труд, Марјан Ристески. Она што можеби е неповолна ситуација за Владата е тоа што „новогодишната кошничка“ беше иницијатива на бизнисот, а не на државата. Сепак, непочитувањето на мерката е казниво според Законот за заштита на потрошувачите: Во меѓувреме, покачени се и цените ...