Најмалку 11 лица се повредени во пукање пред ноќен клуб во квартот Квинс, во Њујорк, јави телевизијата Си-Ен-Би-Си (CNBC). Според првичните информации пукањето се случило синоќа околу 23:20 часот по локално време. 🚨 #BREAKING:: MASS SHOOTING IN NEW YORK CITY, AMERICA. At least 11 people have been shot in Queens, NY at Amazura Night Club There is still an ACTIVE situation. pic.twitter.com/5yKj7peLMt — Islam (@IslamAQFJ) January 2, 2025 ...

Од 1 јануари 2025 година се затворија вратите на Света Гора. Одлуката е донесена поради тоа што бројот на посетите однадвор постојано се зголемуваше, што почна да пречи на монашкиот живот и молитвен распоред. Поради тоа, Светата заедница на Света Гора официјално објави нови мерки за пристап на аџиите, кои веќе стапија на сила од вчера. Според новите прописи, максималниот број на аџии што можат да се сместат е строго ограничен и тоа: ...

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје заедно со увидни екипи од МВР синоќа извршија увид на местото на настан кој се случи на скопската обиколница и во кој починато е едно лице. -Точните причини и околности под кои се случил настанот се утврдуваат, но според првичните сознанија, починатата е женско лице, кое или се движело пеш по автопатот или паднало од надвозникот на коловозот. Во тој момент, во ноќни услови на ...

Осомничениот за невидениот масакр во црногорскиот град Цетиње, Ацо Мартиновиќ, се самоуби откако претходно убил најмалку дванаесет лица, соопшти црногорската полиција. Мартиновиќ, кој беше во бегство, полицијата го лоцирала недалеку од неговата куќа во Цетиње. -Откако полицијата го опколи и откако виде дека е во безизлезна ситуација, тој се застрела и почина при транспортот до Клиничкиот центар, изјави ноќеска на прес-конференција директорот на ...

Министерот за внатрешни работи на Црна Гора, Данило Шарановиќ изјави дека Ацо Мартиновиќ, осомничениот за повеќекратни убиства во Цетиње, починал при транспорт во болница. Тој рече дека полициската акција во потрага по Мартиновиќ била успешно спроведена, пишува ртцг.ме. Шарановиќ изјавил дека Мартиновиќ се обидел да се самоубие, но не умрел на лице место. В,д. директорот на полициската управа, Лазар Шќепановиќ изјавил дека Мартиновиќ се наоѓал ...

Седум лица, меѓу кои две деца, се убиени, а неколку се ранети денеска во Цетиње, кога вооружен маж пукал врз нив, по што избегал и засега е недостапен за полицијата. Радио-телевија Црна Гора објави дека осомничен за убиствата е Ацо Мартиновиќ (45) од Цетиње. Според полицијата, по расправија во кафуле во цетињската населба Бајица, тој пукал и убил најмалку четири лица, од кои некои се членови на неговото семејство,. По пукањето во кафулето, ...

Православната црква и нејзините верници утре го слават Свети Игнатиј Богоносец. Многу обичаи се поврзани со овој празник, верниците треба да кажат молитва за која се верува дека носи здравје, среќа и мир. Еве ја молитвата: „Ти беше наследник на престолот на Апостолот и заеднички во духот, најдовте божествено вдахновено дело во духовниот раст: го издигна словото на вистината и заради верата страдаше до крв, свештеномаченику Игнатије: Моли се на ...

Од денеска се укинуваат контролите на патниците на копнените граници на Бугарија и Романија со земјите од Шенген зоната. Советот за правда и внатрешни работи на ЕУ одлуката за укинување на контролите ја донесе на 12 декември по што унгарски министер за внатрешни работи Шандор Пинтер рече дека тоа е „историски момент“. Бугарија и Романија беа примени во Шенген зоната на 31 март минатата година, но при тоа беа укинати само контролите на ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски ја оцени безбедносната состојба во државата за време на новогодишната ноќ како мирна и стабилна. На територија на државата се случиле вкупно 29 кривично – правни дела и приведени се 33 лица. Слушени се вкупно 28 сообраќајни незгоди од кои три со тешки телесни повреди. – Генерално, од кривично-правно аспект на територија на државата се направени 29 кривични дела и приведени се 33 лица од кои 14 се ...

Министерот за здравство Арбен Таравари, неговата сопруга Нора, заменик министерот Јовица Андовски, сопругата на премиерот Рози Мицкоски, како и заменик министерот за социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковски, го посетија Јаков – првороденото бебе на Гинеколошко-акушерската клиника во Скопје. -Ако денот се познава по утрото можам да кажам дека ќе имаме навистина плодна и бериќетна година, затоа што само една секунда по Новата година ...

Во 2025 година македонските граѓани ќе имаат пет продолжени викенди. Од вкупно 11 неработни денови за сите граѓани, пет се или се во петок или понеделник и се поврзуваат со викендот, или пак се во недела и согласно Законот неработните денови се префрлаат во понеделник. Првиот продолжен викенд ќе биде за време на божикните празници, кога неработни се понеделник и вторник – 6 јануари Бадник и 7 јануари, Божик. Граѓаните на продолжен викенд ќе ...

Од денеска возачките дозволи со старото име на државата престануваат да важат. Граѓаните кои ќе бидат затекнати со стара возачка ќе бидат санкционирани со парична казна од 100 евра. Досега се издадени повеќе од 800 илјади возачки со новото уставно име на државата. Согласно Преспанскиот договор, по промената на уставното име на државата, граѓаните имаа обврска да ги промени патните исправи, личните карти и возачките дозволи. Договорот стапи на ...

На новогодишната ноќ со акутно труење од алкохол на Клиниката за токсикологија во Скопје биле примени 18 пациенти, а најмладиот има 14 години, додека 13-годишно дете се здобило со тешки повреди на раката од петарда и ќе има траен инвалидитет. Генералната оценка на здравствените институции во Скопје е дека ноќта поминала прилично мирно со помал обем на работа. – На Универзитетската клиника за токсикологија новогодишната ноќ помина прилично мирно. ...

Светот го почна своето патување во новата година. Во Њујорк 2025 година се дочека со традиционалното „паѓање на топката“ на Тајмс Сквер додека конфети и дожд паѓаа врз насобраните стотици илјади луѓе. Happy New Year from Times Square, New York City! 2025 🎉🥳 pic.twitter.com/FV83yjq0ej — NewYorkCityKopp (@newyorkcitykopp) January 1, 2025 Огромен број луѓе ја дочекаа Новата година со огномет и музика и во бразилската метропола Рио де Женеиро. ...

Првото бебе во 2025 година е машко и се роди на Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство во Скопје во една минута после полноќ. -Годинава ја почнавме со принц! Бебето е од машки пол, тешко е 3.190 грама и е долго 50 сантиметари. Прво дете е на мама и тато. На принцот му посакуваме силно здравје и среќни детски дни, реализирани сни и куп детски палавости што впрочем зборува за големи детски радости, велат од ГАК. Мајката на ...

Нека е среќна и бериќетна новата 2025 година! Нека сите ни донесе, пред се здравје и среќа, мир и благосостојба! Срцето и душата да ни бидат полни со убавини! И пејачката Мими Јовановска со чаша вино, како на фотографиите, на сите им посака СРЕЌНА НОВА 2025 ГОДИНА! -Ви посакувам новата 2025 да ви биде уште поуспешна и секој ден да ви биде исполнет со најубави моменти што ќе ги паметите. Бог да ве дари само со убавини! Ми благодарам на Бога 2024 ...

Во пресрет на новогодишната ноќ, Клиниката за ТОАРИЛУЦ информира дека е организирана со зголемен број дежурни екипи за обезбедување на потребната здравствена заштита за граѓаните. – Подготвени сме за обезбедување на неопходната здравствена услуга кај итни и неодложни пациенти, вклучувајќи и пациенти со евентуални несакани последици при прославата на новогодишната ноќ. На сите граѓани им посакуваме среќни новогодишни празници и мирно и ...

Новата 2025 година е година на девет, која носи многу добри работи на годишниот план. Значи, во нумерологијата тој број го добиваме кога ќе ги собереме сите броеви поединечно од годината – 2+0+2+5=9. Го добиваме бројот 9 и тоа е крај на еден циклус и завршување на еден проект. Еден циклус од девет години завршува и се што направивте што не вроди со плод треба да се отфрли. Во деветтата година треба да ги отфрлиме лошите работи, да прекинеме ...

Светската популација во 2024 година се зголеми за речиси 82 милиони луѓе во споредба со една година порано. Овие податоци ги соопшти Германската фондација за светско население (Deutsche Stiftung Weltbev lkerung, DSW). Според организацијата, од 1 јануари 2025 година во светот ќе живеат 8,156 милијарди луѓе. Како прво, растот на населението е забележан во Африка. Во следните две децении, бројот на луѓе кои живеат на овој континент може да се ...

Јана е најчестото женско, а Лука најчестото машко име што им се давани на новороденчињата во земјава во 2024-та година. Според податоците на Управата за водење матични книги, меѓу најчестите имиња годинава кај новородените женски бебиња се и Хана, Софија, Дуа, Ана, Мила, Јована и Миа. Кај машкит деца, пак, најчести имиња покрај Лука се и Дамјан, Матеј, Марко, Јаков, Михаил, Давид, Јован, Петар, Матео, Алексеј и Андреј. Бројот на живородени деца ...

Традиционалниот метод на временска прогноза, кој, иако не е поддржан од современите научни податоци, продолжува да го привлекува интересот на многумина кои бараат алтернативни начини за предвидување на временските услови, најавува студ за првиот квартал од годината. Оваа древна практика им овозможува на многумина да се обидат да го проценат времето за наредните месеци, од првите есенски дождови до зимските снежни врнежи. Особено на село, некои ...

Шокиран е таткото на 18-годишникот кој како член на тимот на Итната помош отишол на местото на сообраќајната несреќа и го видел својот син мртов Во сообраќајка кај Преспа, Грција синоќа загинаа момчиња на возраст од 16 и 18 години а нивниот другар, 17-годишник се бори за живот, кога автомобилот со кој патувале преминал во спротивна страна и удрил во дрворед. Застрашувачки се моментите кои следеа по сообраќајната несреќа. Таткото на 18-годишната ...

Oд јануари до 20 декември годинава остварен е вкупен промет од наплата на патарина, продажба и надополнување на електронски уреди, надополнување преку веб порталот како и од наплата на патарина преку проектот Отворен Балкан во висина од 3.981.392.760 денари, или 64.738.094 евра, информираа за МИА од Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП). Учеството на електронската наплата се движи околу 33 проценти. – Наша заложба е да го зголемиме овој ...

Во просторија од куќа во Струмица пожарникарите при гаснење на пожар наишле на маж, кој во моментот кога го нашле се’ уште бил во пламен. Како што соопштија од ТППЕ Струмица, пожарот настанал на ул.„Широк дол“ во Струмица, денеска во 12.35 минути. Пожарникарите интервенирале со едно протипожарно возило и четворица пожарникари-спасители на гасење на запалена просторија од куќа. Причините за настанувањето на пожарот дополнително ќе се утврдуваат. ...

Сумираните туристички резултати годинава покажуваат континуиран раст на туризмот во земјава. Прва според реализирани посети за десет месеци, вкупно 262 404, е Турција, по што следуваат Србија, Германија, Грција, Бугарија, Холандија Полска, Романија, САД и Хрватска. Вкупниот девизен прилив од туризмот во БДП во првите три квартали е со раст од три отсто споредбено со истиот период лани. Се забележува и раст на бројот на странски туристи за 15 ...

Времето вечер на новогодишната ноќ ќе биде стабилно, суво и претежно тивко. Такво време, според УХМР не очекува и во првите денови од новата година, до петок. Утринските температури ќе бидат пониски, а по котлините ќе има услови за појава на магла. Од ноќта кон сабота од запад ќе започнат врнежи кои на планините ќе бидат од снег, а во останатите предели од врнежи од дожд кои ќе преминуваат во врнежи од повремен снег. Од сабота наутро и потоа ...

На денешната седница на Владата донесена е одлука за одобрување на 120 милиони денари за бесплатен превоз на студентите. Со тоа, студентите бесплатно ќе се возат во Скопје и во текот на 2025 година. Ова на попладневната прес конференција го објавија премиерот Христијан Мицкоски и министерката за образование и наука Весна Јаневска. -Владата на денешната редовна седница одлучи да му префрли 120 милиони денари на Градот Скопје, односно на Јавното ...

-Со грутка во грло ова го зборувам. Навистина ми е жал што се случи ова,а се радував како мало дете што Новата Година ќе ја дочекав со мои луѓе кои ја сакаат мојата музика, вели пејачката Сузана Гавазова, која требаше да замине за Америка и за дочекот да настапи во црквата „Св. Никола“. Гавазова на Фејсбук преку видео ги информираше нашинците, за жал да не ја чекаат. -Знам дека салата е преполна знаејќи дека јас ќе пеам и тоа многу го почитувам. ...

По информацијата дека автобустите на скопското ЈСП повотрно возат редуцирано и се враќаат во гаражите, премиерот Христијан Мицкоски рече дека за проблемот разбрал непосредно пред попладневната прес конференција. Претходно од сидникатот на ЈСП соопштија дека има недостиг на гориво, поради што автобусите возат редуцирано. Мандатот на в.д. директорот Драги Кушовски заврши пред два дена, а нов не е назначен. Премиерот Мицкоски беше прашан дали ќе ...

Доналд Сатерленд, Роберто Кавали, Ален Делон, Франц Бекенбауер, се дел од најпознатите личности од светот на филмот, модата, науката, спортот и музиката кои починаа во 2024 година. Можеби најголемиот од сите нив, францускиот актер Ален Делон (1935-2024), почина во август по битка со ракот, откако претходно претрпе мозочен удар во 2019 година. Доналд Сатерленд (1935-2024), холивудска легенда, почина по долго боледување, објави во јуни неговиот ...

МВР Билтен

2 минути - МИА
weather icon

Скопје

20ᴼ / 20ᴼ
2.57
49%
1011
weather icon

Белград

18ᴼ / 17ᴼ
3.6
45%
1013
weather icon

Загреб

20ᴼ / 20ᴼ
2.06
43%
1013
weather icon

Софија

18ᴼ / 18ᴼ
3.09
32%
1011
weather icon

Сараево

17ᴼ / 17ᴼ
1.02
47%
1011
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 18ᴼ
4.63
73%
1012
weather icon

Атина

22ᴼ / 20ᴼ
4.63
44%
1012
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
2.57
77%
1013
weather icon

Подгорица

21ᴼ / 21ᴼ
2.57
43%
1012
weather icon

Букурешт

19ᴼ / 17ᴼ
3.6
38%
1011
weather icon

Будимпешта

15ᴼ / 15ᴼ
3.6
57%
1015
weather icon

Истанбул

16ᴼ / 16ᴼ
3.6
51%
1013
Currency

61.535

Currency

54.6759

Currency

72.7407

Currency

35.122

Currency

39.2104

Currency

65.742

Currency

7.55433

Currency

0.66306

Currency

0.37711

Currency

0.52478

Currency

1.41051

Currency

0.64001

Иридиум

134266.78

Алуминиум

2.41

Кобалт

42.99

Никел

15460.00

Рутениум

19869.16

Калај

31.89

Сребро

1052.39

Злато

106959.53

Бакар

9.35

Паладиум

30929.02

Платина

31733.76

Родиум

172810.26

Цинк

2.62