Номинациите за најпрестижната американска филмска награда, Оскарите, се поместуваат речиси една недела подоцна од првичниот датум поради пожарите во Калифорнија. Номинациите ќе бидат објавени на 23 јануари, соопшти денеска Академијата за филмски уметности и науки, што ги доделува Оскарите. Поради пожарите што се уште се активни низ Лос Анџелес, филмската академија исто така го продолжи периодот на гласање за номинации до петок. Доделувањето на ...

Легендарната фолк пејачка Лепа Лукиќ денеска го слави својот 85-ти роденден, а најблиските членови на семејството и пријателите и приредија изненадување. Лепа ја искористи можноста да се дружи со медиумите, а откако зборуваше за својата долга и успешна кариера, се осврна и на темата за приватниот живот и откри која е нејзината единствена неостварена желба, пренесува телеграф.рс. -Врапчињата знаат која е мојата неостварена желба, не сакам да го ...

Денес во Вевчани се одржува традиционалниот Вевчански карневал. Карневалот е една голема манифестација пред се од забавен, но и од општествено-политички карактер во која преку маските, игрите, движењата и однесувањето на василичарите се исмеваат, ругаат и потенцираат негативните појави и аномалии во општеството во годината која изминала. Оттаму и идејата на вевчанци да се маскираат во Артан Груби, кој под сомнение за криминал побегна од ...

Министерството за здравство информира за успешна трансплантација на Клиника за ортопедија, со имплант, односно коска од починат донор, која е имплантирана на два прста кај 13 годишно дете со брахидактилија. -За првпат кај нас е извршена ваков тип на трансплантација и детето е со уреден постоперативен тек. Изразувам посебна благодарност и честитки за целиот тим предводен од д-р Даница Поповска и доц.д-р Илир Шабани, како и сите здравствени ...

Иако и беше изгласана недоверба на претседателката на Комисија за социјална политика, Илирие Даути, претседателот на Собранието, Африм Гаши вели дека тоа не е обврска за нејзино разрешување и дека нема правно дејство, велат од СДСМ. -СДСМ нема да навлегува во фарсата којшто во македонското Собрание ја прават Левица, ЗНАМ И ДПМНЕ. Без разлика на скриените мотиви на Левица, ЗНАМ и ДПМНЕ не може интерпелација да нема никаква правна последица. ...

Утре од 11:00 часот започнува протестот на вработените во јавната администрација пред Министерството за животна средина и Министерството за европски прашања за покачување на платите на вработените во администрацијата за 30%. Надлежното Министерство за јавна администрација смета дека барањето од 30% покачување е премногу: За тоа колку треба да се покачат платите, министерот посочи дека тоа зависи од Министерството за финансии, но нагласи дека при ...

Од ноќеска поскапуваат бензините, дизелот и екстра лесното масло за домаќинство, а цената на мазутот се намалува. Според најновата Одлука на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се зголеми за 1,50 денар, а на ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство ќе се зголеми за еден денар. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, пак, ќе се намали за 0,426 денари. ...

Пратеничката на Алијансата за Албанците дел од „Европски фронт“, Илире Даути во пишана изјава до медиумите нагласува дека изгласаната интерпелација минатиот петок поднесена од Левица според донесениот заклучок значи нејзино разрешување или дејствување под диктат на Левица и ВМРО-ДПМНЕ. -Изгласаната интерпелација во Собрание, така како што е изгласан заклучокот, значи мое разрешување или мое дејствување под диктат на Левица и ВМРО. Соочена со ...

Доналд Трамп објави смешно, но многу реално монтирано видео во кое направи пародија на разговорот со поранешниот претседател Барак Обама на погребот на Џими Картер. На видеото објавено од Трамп на неговиот профил на Инстаграм, двајцата се гледа како разговараат за време на погребот на Џими Картер во националната катедрала во Вашингтон минатата недела. Трамп дури беше запрашан што е толку смешно во овој необичен приказ на пријателство меѓу нив. ...

Кривичниот суд денеска ја објави пресудата за „Тврдина“, делот од предмет за масовното прислушување на СЈО „Таргет-Тврдина“ што не застареа со измените на Кривичниот законик. За злоупотреба на службената положба и фалсификување на исправа, поврзано со уништувањето на системите за следење на комуникацијата во УБК, Судот денеска ги прогласи за виновни обвинетите Тони Јакимовски и Валентина Симоновска, кои беа присутни во судница, како и Горан ...

„ЈП „Македонија пат“ информира за состојбата на патиштата низ државата, а воедно и апелира до сите возачи да не тргнуваат на пат пред да се информираат за состојбата на патиштата. -Дежурните екипи на ЈП Македонијапат и во текот на ноќта во континуитет беа на терен и вршеа расчистување на сите државни патишта со цел да ги оддржат проодни за сообраќај. Сообраќајот се одвива во зимски услови по влажни коловози со остатоци од кашест снег на ...

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека е во тек координирано извлекување на заглавено постаро лице од снежни наноси, кое е во својот дом во кочанското село Полаки. РЦУК Кочани известува дека постапиле по пријавата за помош на лице во село Полаки (планинско село од разбиен тип) во маало Бабиште при што контактирани се Општина Кочани, Црвен крст Кочани, ТППЕ Кочани и ДЗС Кочани. Командирот на ТППЕ Кочани стапил во контакт со братот ...

Од 11:20 часот укината е забраната за движење на тешки товарни возила на планинскиот превој Плетвар, информира АМСМ. Од 11:00 часот е нормализиран и сообраќајот на регионалниот пат 1102, Гевгелија-Богданци, кој беше во прекин во двата правца поради излизгана машина за чистење на снег. Од АМСМ соопштија и дека од 08:00 часот сообраќајот е во целосен прекин на патниот правец Крушево – с.Пуста река, поради големи наноси на снег на коловозот. Од ...

Американската поп-ѕвезда Бијонсе донираше 2,5 милиони долари за помош на погодените од пожарите во Лос Анџелес, преку нејзината фондација „Бијгуд“ (Beygood). „Лос Анџелес, стоиме со вас“, објави кусо фондацијата на Инстаграм доцна синоќа. Парите се наменети за поддршка на семејствата во населбите Алтадена и Пасадена кои ги загубија своите домови. Помош ќе добијат и црквите и прифатилиштата што им пружаат засолниште и поддршка на погодените лица ...

Сообраќајот на регионалниот пат 1102, Гевгелија-Богданци од 09:50 часот е во прекин во двата правца поради излизгана машина за чистење на снег, информираат од Автомото сојузот на Македонија. Претходно Министерството за транспорт и врски информираше дека дежурните екипи на ЈП Македонијапат и во текот на ноќта во континуитет биле на терен и вршеле расчистување на сите државни патишта со цел да ги оддржат проодни за сообраќај. -Сообраќајот се ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Киев е подготвен да ги предаде севернокорејските војници на нивниот лидер Ким Џонг-ун доколку тој може да обезбеди нивна размена за украинските војници заробени во Русија. „Со првите заробени војници од Северна Кореја, сигурно ќе ги има повеќе. Прашање на време е кога нашите војници ќе успеат да заробат и други“, напиша Зеленски на X. In addition to the first captured soldiers from North ...

Дали 2024 година беше годината кога акциите во регионот Адрија овозможија импресивен раст и на инвеститорите им обезбедија фантастична заработка? Повеќе компании ги надминаа сите очекувања и ги изненадија дури и најискусните инвеститори. Додека глобалната економија се бореше со предизвици, пазарите во овој регион забележаа раст, со кој особено се истакна Македонската берза. Регионот Адрија во 2024 година може да се пофали со неверојатен ценовен ...

Православните христијани кои се водат според Јулијанскиот календар вечер ќе ја пречекаат Стара нова година, која почнува утре на Василица (1 / 14 јануари). Многу македонски семејства Василица ја празнуваат како домашна слава, а оние кои го носат името на Свети Василиј Велики, како Васил, Васко, Васе, Васка…, го слават својот именден. На семејната трпеза се крши погача со паричка, а се верува дека на оној што ќе му падне, годината ќе му биде ...

По упокојувањето на владиката Тимотеј, Дебарско-кичевската епархија се уште нема владика. Во емисијата „Стадион“ владиката Марко беше прашан за тоа кој ќе биде наследникот на владиката Тимотеј. Оваа епрхија особено е интересна и поради нетрпението меѓу владиците Партениј и Петар. -Се уште немаме закажано седница. Треба архиепископот Стефан треба да закаже седница, да се слушнат предлозите и да се најде најцелисходното решение. Сите опции се ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенцијата на дежурните екипи на ЈП Македонијапат. Врнежи од снег со променлив интензитет во утринските часови се бележат низ целата држава, информира АМСМ. Од 06:30 часот е нормализирано движењето за тешки товарни возила на автопатот А1 од клучка Демир Капија до клучка Смоквица. Активни забрани за движење на камиони има ...

Според резултатите на Државната изборна комисија (ДИП), врз основа на 61,64 отсто од избирачките места, актуелниот претседател на Хрватска Зоран Милановиќ во вториот круг од изборите ги добил гласовите од 523.665 гласачи, а за Драган Приморац гласале 191.284 избирачи. Процентуално, Зоран Милановиќ добил 73,25 отсто поддршка, а Драган Приморац 26,75 отсто. Според резултатите на ДИП, во вториот круг гласале 43,86 отсто од електоратот. На повеќе од ...

Камион што се излизгал а потоа и се извртел на автопатот „Пријателство“, на делницата од Демир Капија до Смоквица, целосно го прекина сообраќајот на овој патен правец од 15:50 часот, а возилата се пренасочуваат по стариот пат. Веста за МИА ја потврди Виктор Паласкаров, раководител на Секција Гевгелија при ЈП „Македонија пат“. Соред него, сообраќајот е прекинат кај местото Јаворица во близина на тунелите кај Демир Капија и надлежните органи ...

Сѐ уште трае постапката за испитување на причините за пожарот во Крива Паланка во кој животот го загубија двајца сопружници на возраст од 87 и 85 години. Од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија информираат дека ОЈО Куманово е известено и дава наредби и насоки за испитување на причините за пожарот. -Испратено е и вешто лице на лице место со цел да ја провери состојбата на електричните инсталации во куќата. Се разговара со лица и ...

Сопружници на постара возраст загинаа во пожар во Крива Паланка, а телата на двете жртви се откриени по интервенција на противпожарната единица, информираат од ЦУК. -Утрово во 08:57 часот добиена е пријава за запалена куќа на улицата „Херој Карпош“ во Крива Паланка. Во гаснењето на пожарот интервенирале девет пожарникари со две ПП возила. Пожарот е изгаснат во 10. Во пожарот имало и две жртви сопружници на постара возраст, над 80 години, ...

ЦУК информира за извлечени пет деца и возрасен човек, кои биле завеани во близина на Кочани. -Во 09.53 часот преку Единствениот телефонски повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК е добиена пријава за пет малолетни лица и едно возрасно лице дека поради обилните снежни врнежи се заглавени во селото Рајчани, Општина Кочани и не можат да се симнат во Кочани. Од ЦУК, преку Секторот за операции и координација, веднаш е контактирано со СВР Штип, ПС ...

За справување со снегот и мразот по патиштата и улиците, досега се склучени договори од 3,5 милиони евра. Оваа сума од 3,5 милиони евра допрва ќе расте бидејќи уште 13 тендери се во тек, се наведува во најновото истражување за трошоците за зимско одржување на патиштата во земјава, денеска објавено од Центарот за граѓански комуникации. Истражувањето покажало дека ЈП за одржување на патиштата сè уште нема склучено договор со фирма за зимско ...

Од 10.40 часот се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Македонски Брод – Прилеп преку планинскиот превој Барбарос, информира ЈП Македонијапат. Претходно јавното претпријатие соопшти за воведени забрани за тешки товарни возила поради снег и на други патни правци – од 9.30 часот е воведена на патниот правец Ресен – Битола преку планинскиот превој Ѓавато, од 8.05 часот – на патниот правец Тетово – Попова Шапка, ...

Времето денеска ќе биде облачно и студено, насекаде со врнежи од снег. Наместа, особено во западните делови од земјата, тие ќе бидат обилни, локално над 40 литри на квадратен метар. На повеќе места ќе се формира снежна покривка, а на планините значително ќе се зголеми, локално и над 50 сантиметри. -Позначителна снежна покривка (над 20 сантиметри) ќе се формира и во југозападните делови. Поради ниските температури и засилениот северен ветер, ќе ...

Керолин Даријан, ќерката на француската жртва на групно силување Жизел Пелико, вели дека нејзиниот татко треба да умре во затвор откако ќе биде осуден на 20 години затвор. Доминик Пелико ја дрогирал сопругата Жизел и водел мажи да ја силуваат. -Треба да умре во затвор, тој е опасен човек – рекла Каролин Даријан. Керолин рече дека верува дека и таа била жртва на нејзиниот татко. -Убедена сум дека ме дрогирале за да ме силуваат, но немам доказ. ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива без забрани и застои, во зимски услови,по влажни коловози.Снег провејува на патните правци Тетово-Попова Шапка, Гостивар-Стража и Страцин, кој во мометов не се задржува на коловозот. Мостот на река Вардар на регионалниот пат Р1312, кај Башино село е затворен за секаков вид на сообраќај. Од ЈП Македонијапат информираат дека е намалена видливост поради магла до 50 метри во Крушево и Плетвар. Додаваат дека ...

weather icon

Скопје

20ᴼ / 20ᴼ
3.09
40%
1013
weather icon

Белград

16ᴼ / 15ᴼ
0.51
62%
1016
weather icon

Загреб

17ᴼ / 17ᴼ
2.57
46%
1017
weather icon

Софија

17ᴼ / 17ᴼ
4.63
42%
1014
weather icon

Сараево

19ᴼ / 19ᴼ
5.93
46%
1014
weather icon

Љубљана

15ᴼ / 14ᴼ
2.57
59%
1017
weather icon

Атина

28ᴼ / 26ᴼ
4.02
46%
1010
weather icon

Тирана

24ᴼ / 24ᴼ
1.54
27%
1012
weather icon

Подгорица

23ᴼ / 23ᴼ
1.54
29%
1013
weather icon

Букурешт

16ᴼ / 14ᴼ
6.69
72%
1015
weather icon

Будимпешта

17ᴼ / 16ᴼ
1.34
37%
1017
weather icon

Истанбул

21ᴼ / 21ᴼ
6.69
49%
1014
Currency

61.525

Currency

54.7197

Currency

72.5882

Currency

35.0525

Currency

39.3474

Currency

65.9858

Currency

7.58851

Currency

0.66459

Currency

0.37613

Currency

0.52851

Currency

1.41594

Currency

0.63798

Иридиум

134266.78

Алуминиум

2.39

Кобалт

42.99

Никел

15352.50

Рутениум

19869.16

Калај

31.47

Сребро

1050.65

Злато

107959.96

Бакар

9.23

Паладиум

31121.92

Платина

31329.90

Родиум

172810.26

Цинк

2.58