Железничката пруга Куманово – Бељаковце, дел од Коридорот 8, денеска беше пуштена во употреба. Пругата е со должина од 30,8 километри и вклучува три нови железнички станици, шест стојалишта, пет мостови, еден тунел и многу други инфраструктурни објекти. Премиерот Христијан Мицкоски, на настанот по повод пуштање во употреба на пругата, изјави дека Коридорот 8 претставува подеднакво значаен и стратешки проект заедно со Коридорот 10. -Овие два ...

Општа болница со проширена дејност “Борка Талески” во врска со смртта на двете бебиња, информиаат дека блзиначињата биле недоносени, родени во 34-та гестациска недела и по барање на мајката новороденчињата биле испишани од болницата на 10 јануари 2025 година. -На 30.12.2024 година, во нашата установа, мајка родена во 2001 година, во својата четврта бременост (близначка), се породи спонтано. Близначињата се недоносени, родени во првото ...

Главниот град на САД, Вашингтон, е замрзнат поради температурите под нулата, а церемонијата на инаугурација на Доналд Трамп в понеделник би можела да остане запишана во историјата како најстудената заклетва во последните децении, јави ДПА. Иако не се очекува да биде толку студено како за време на вториот мандат на Роналд Реган во 1985 година, кога напладне живата достигна речиси минус 14 степени Целзиусови, според Националната метеоролошка ...

Неразумното расфрлање со народни пари од пратениците во име на патни трошоци продолжува. За удобно патување на претставниците во законодавниот дом од народни пари е платено 300.000 евра за изминатата 2024 година, односно околу 280.000 евра е потрошено за претходната 2023 година, се вели во соопштението на Левица . Затоа, додаваат од партијата, нашите пратеници во понеделник до Собранието ќе поднесат Закон за патни трошоци со кој драстично ќе се ...

Критична е состојбата на момчето од Волково, кое вчера качено на цистерна-вагон доживеало струен удар, изјавија попладнево за МИА од Ургентниот центар. – Пациентот примен преку Ургентниот центар вчера со изгореници е во критична состојба и хоспитализиран на интензивна нега. Медицинските тимови ја пружаат потребната здравствена заштита, согласно медицинските протоколи и прават максимални напори за спасување на неговиот живот, појаснија од ...

Да се намалат административните пречки и сите останати бариери за трговија во земјите од регионот, порачаа учесниците на меѓународната конференција што ја организира Паневропската унија на Македонија. Тие ја нагласија улогата на бизнис дипломатијата, нарекувајќи ја мост што ги поврзува економските и политичките интереси, но укажаа и дека членството во ЕУ од економски аспект носи голем број бенефиции, како и обврски. -Современата дипломатија ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска на работна средба го примил Карло Реслер, европратеник и ко-претседавач на Мешовитиот парламентарен комитет на Република Северна Македонија и Европската унија. На средбата, соопштија од МНРиНТ, се дискутирало за напредокот на државата кон европската интеграција, идните чекори во процесот, како и можностите за зајакнување на соработката. Министерот Муцунски ја потврдил ...

Кинеската воена индустриска база расте и активно го поддржува рускиот воено индустриски комплекс и Кина брзо го проширува својот воен арсенал, вклучувајќи го и нуклеарниот, без каква било форма на транспарентност, порача досегашниот претседавачот на Воениот комитет на НАТО, адмирал Роб Бауер. – НАТО е сериозно загрижен од улогата што Кина ја игра во меѓународната безбедност. НАТО експлицитно и порача на Кина: не можете да седите на две столици. ...

Неоправдан е едностран пристап што му го порекнува правото на македонскиот народ на свој јазик и идентитет и со кој се тврди дека македонската нација е создадена по вештачки пат. Според таа логика, може да се постави прашањето „која нација во Европа не е ваштачка?“. Ако се следи таквата перспектива, тоа ќе отвори бројни спорови меѓу Австрија и Германија, Белгија и Холандија, Шведска и Норвешка и тој список може да продолжи уште подлабоко во ...

Комисијата за социјална политика, демографија и млади засега нема претседател откако Собранието ја констатираше оставката на Илире Даути од функцијата, поднесена по изгласувањето на нејзината интерпелација минатиот петок, затоа што одбиваше да го стави на дневен ред законот за бранителите. Од пратеничката група на „Вреди“ оставката ја оценија како признавање на слабост и глумење жртва, но дека тоа „не може да ја спаси од каењето по обидот да ...

Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани (УПОЗ) денеска го одржува протестот пред Министерството за финансии. Како што е најавено, протестот ќе трае од 11:00 – 12:00 часот. Претседателот на Синдикатот на УПОЗ Трпе Деановски вчера, на предупредувачкиот получасовен протест пред Државниот завод за статистика, изјави дека 988 вработени се уште немаат земено плата за декември иако е истечен законскиот рок. ...

Од денеска треба да почне вонредниот инспекциски надзор на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) за смртта на деветгодишното дете од Свети Николе, кое почина во вторникот на Детската клиника во Скопје. Директорот на ДСЗИ, Кирил Лазов за МИА рече дека не може да даде изјава бидејќи има смртен случај. Неговата портпаролка не сакаше да даде детали, туку кусо одговори дека „штом заврши надзорот, ќе извести“. Извори од Инспекторатот за ...

Актерот Силвестер Сталоне, пејачот Кид Рок и борачот Хулк Хоган се само дел од славните имиња поканети на инагурацијата на новиот американски претсдател Донал Трамп на 20 јануари, додека многу бизнис лидери од технолошкиот свет се во трка да добијат покана. На листата на поканети, нема многу државни лидери. Македонскиот претседател Христијан Мицкоски потврди дека добил покана. Шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцински најави дека со ...

По завршувањето на истражната постапка што ја водеше Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, а во која учествуваа полициски службеници од Истражниот центар на ОЈОГОКК и од Одделот за организиран и сериозен криминал на МВР на РСМ, јавниот обвинител од ова обвинителство до Основниот кривичен суд Скопје поднел обвинение против 10 лица и едно правно лице. Како што соопштија денеска од Јавното обвинтиелстов на ...

Две новороденчиња, близначиња, на околу 20-тина дена старост починале вчера околу пладне, а јавен обвинител од основното јавно обвинителство од Прилеп нареди обдукција за да се утврди причината за нивната смрт. Според јавниот обвинител Стевчо Биноски, новороденчињата, машко и женско, биле во тешка здравствена состојба. Семејството од домот во прилепското село Славеј повикало Итна помош. – Семејството во селото Славеј повикало итна помош. ...

„Државниот буџет би се преполнил доколку еден испектор во декември ревносно би се посветил на примената на Законот за заштита од пуштењето“. Ова е еден од коментарите од бројните новогодишни забави по популарните места за забава, каде чадот од цигарите е само потврда на исправноста на ставот. Во еден од десет објекти каде инспекторите влегле, утврдено е кршење на законот за заштита од пушењето и изречени се парични казни, соопшти Пазарната ...

Момче (17) од Скопје доживеал струен удар додека се качувал на вагон-цистерна во Кисела Вода. Вагонотот се запалил, а момчето е пренесено во болница, соопшти полицијата. „На 16.01.2025 година во 14:55 часот, 17-годишно момче од Волково, кое било качено на вагон-цистерна, доживеало струен удар, при што вагонот се запалил. Повреденото момче итно е пренесено во Ургентниот центар со возило на Итна помош“, соопштија од МВР. Неофицијално, овој случај ...

Новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп ги назначи актерите Силвестер Сталоне, Мел Гибсон и Џон Војт за специјални амбасадори во Холивуд, а со цел да ја направеле филмската индустрија „посилна од кога било досега“. Тројцата актери, добитници на 10 номинации за „Оскар“ и три „Оскари“, се издвоија во Холивуд со поддршката на републиканецот Трамп, за разлика од многумина нивни колеги кои традиционално ја подржуваат Демократската партија. ...

Пејачката Јелена Карлеуша денеска се огласи на Инстаграм и ги сподели тврдењата во врска со сопругот на популарна пејачка, чиј идентитет не сакаше да го открие. Јелена напиша дека сопругот на пејачката понекогаш барал да се затвори сплав и барал менаџерот задолжен за „Звезде Гранда“ да му носи пејачки, пренесува mondo.rs. „Познат сопруг на уште попозната пејачка ќе го затвореше сплавот и ќе ги замоли менаџерите кои беа задолжени за младите ...

Дизајнерката Ен стана жртва на измамници кои и изнудија 830.000 евра, лажно претставувајќи се како Бред Пит. Нејзината приказна го обиколи светот, а сега се огласи и познат актер. Тој ги предупреди своите обожаватели за ваквите измами со помош на вештачка интелигенција, пренесува еспресо.рс. „Ужасно е што измамниците ја злоупотребуваат силната врска што фановите ја имаат со познатите личности. Не одговарајте на такви пораки, особено од актери ...

Стјуардесата Неле Диала скапо го „плати“ тверкинг танцот што го направи во авион на Алјаска ерлајнс. Авиокомпанијата веднаш реагираше со отказ откако го објави соодветното видео на социјалните мрежи. Дијала го објави видеото со цел да го прослави вработувањето како стјуардеса по шесмесечниот период на обука. „Гето до смрт, не дозволувајте униформата да ве залаже“, е насловот на видеото што младата стјуардеса, го снимила видеото додека го чекала ...

Зимското издание на Мрежата на фестивали од јадранскиот регион, заеднички проект на водечките регионални филмски фестивали (ИФФК „Браќа Манаки“, Сараево филм фестивал, Фестивал на авторски филм Белград, Љубљански меѓународен филмски фестивал, Загреб филм фестивал и Филмски фестивал Херцег Нови), почнува утре (17.01.) со бесплатни проекции на регионални филмови во кината во Битола, Скопје, Сараево, Белград, Загреб и Љубљана. Во 3Д киното во ...

– Георг Георгиев од партијата ГЕРБ на Бојко Борисов ќе ја извршува функцијата министер за надворешни работи во новата Влада на Бугарија, што ќе ја предводи премиерот Росен Жељазков. Георгиев беше заменик министер за надворешни работи од ноември 2014 година до јануари 2017 година, во време кога бугарската дипломатија ја водеше Екатерина Захариева. На последните парламентарни избори беше избран за пратеник во 51. Народно собрание, од редовите на ...

Дваесетгодишна студентка е тешко повредена во центарот на Белград откако во неа удри автомобил за време на протестна блокада на раскрсница. Возачот побегнал од местото, а полицијата соопшти дека е пронајден. Повредената девојка е пренесена во Ургентниот центар. Како што може да се види на снимките објавени во медиумите и на социјалните мрежи, инцидентот се случил околу пладне во близина на улицата Рузвелтова, каде студенти кои ги блокираа ...

Спектакуларната турнеја насловена „ЛАВ“ на регионалната музичка ѕвезда и една од најпопуларните пејачки на Балканот, Милица Павловиќ, започна со голем концерт во белградската Арена, по што одржа уште два подеднакво спектакуларни концерти во Нови Сад и Загреб. Секси Сенорита во изминатите дванаесет години ни покажа дека е можно да се постигнат исклучителни резултати и да се направи одлична кариера единствено и само благодарение на добрите песни, ...

Ангела Маџирова или попозната како ANGIE е млада девојка од Богданци која е артист, песнописец и композитор. Таа го издаде својот прв проект, односно мини-албумот “Bitter Blues”, а песните спаѓаат во поп-алтернатив жанрот, а имаат и големи влијанија од блуз музиката. „Песните раскажуваат приказни од секојдневниот живот сами по себе, но и формираат заедничка целина преку горчливата природа и синото, помалку мрачно чувство низ мелодиите, лирските ...

Основното јавно обвинителство Скопје, имајќи ја предвид пред се вознемиреноста што во јавноста ја предизвика видео снимка од мачење на куче во Момин Поток, веднаш по поднесувањето на кривичната пријава презеде дејствија и го прибра целокупниот доказен материјал и денеска поднесе обвинение против две лица за кривично дело – Убивање и мачење животни од член 233 став 1 од Кривичниот законик. -Двајцата соизвршители на 19.11.2024 година го изложиле ...

Деветгодишното дете кое почина на Клиниката за детски болести во Скопје, во штипската Клиничка болница било донесено на 14 јануари, информираат денеска преку пишано соопштение од Клиничка болница-Штип. – Детето е донесено на Одделот за детски болести во ЈЗУ Клиничка болница -Штип на 14 јануари во 18 часот во тешка општа состојба со засегната свест. Веднаш се реализирани биохемиски иследувања и КТ на глава и поради тешката состојба со медицинска ...

Пратеничката Илире Даути од Алијанса за Албанците на Зијадин Села, која е дел од „Европскиот фронт“ на која и беше изгласана интерпелација, денеска од собраниската говорница додека траеше 30. пленарна седница, побара од претседателот на Собранието да и дозволи во времетраење од 15 минути да ја образложи оставката од функцијата претседател на собраниската Комисија за социјална политика, демографија и млади. На ова, претседателот на Собранието ...

Штип бележи минимален раст на новозаболени од грип од само 22 случаи, што според Центарот за јавно здравје претставува низок интензитет на вирусот на грип со регистрирана спорадична активност. Според возрасни категории, од 22 заболени лица, 17 се на возраст од 15 до 64 години, четири лица се над 65 години, едно лице е дете на возраст од 5 до 14 години, а нема пријавен случај на грип кај деца на возраст од 0 до 4 години, за кои впрочем, грипот е ...

weather icon

Скопје

20ᴼ / 20ᴼ
2.57
43%
1014
weather icon

Белград

14ᴼ / 14ᴼ
2.06
63%
1017
weather icon

Загреб

17ᴼ / 16ᴼ
2.57
42%
1018
weather icon

Софија

16ᴼ / 16ᴼ
5.14
42%
1015
weather icon

Сараево

19ᴼ / 19ᴼ
6.08
45%
1015
weather icon

Љубљана

14ᴼ / 12ᴼ
2.57
62%
1018
weather icon

Атина

29ᴼ / 25ᴼ
5.36
42%
1011
weather icon

Тирана

21ᴼ / 21ᴼ
4.12
43%
1013
weather icon

Подгорица

22ᴼ / 22ᴼ
2.57
38%
1014
weather icon

Букурешт

15ᴼ / 13ᴼ
7.6
75%
1015
weather icon

Будимпешта

16ᴼ / 15ᴼ
2.06
40%
1017
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 23ᴼ
4.63
46%
1014
Currency

61.525

Currency

54.7197

Currency

72.5882

Currency

35.0525

Currency

39.3474

Currency

65.9858

Currency

7.58851

Currency

0.66459

Currency

0.37613

Currency

0.52851

Currency

1.41594

Currency

0.63798

Иридиум

134266.78

Алуминиум

2.39

Кобалт

42.99

Никел

15352.50

Рутениум

19869.16

Калај

31.47

Сребро

1050.65

Злато

107959.96

Бакар

9.23

Паладиум

31121.92

Платина

31329.90

Родиум

172810.26

Цинк

2.58