Скопје
-1ᴼ /
-1ᴼ
Сабаленка одлично го почна мечот, го доби првиот сет со 6-3 и поведе со 1-0. Драмата почна од вториот сет, Сабаленка имаше водство од 5-3 и сервираше за меч, го загуби тој сервис по што следуваше тотален потоп. Шнајдер земе дури десет гема по ред, вториот сет го доби со 7-5, а третиот со неверојатни 6-0 и обезбеди пласман во полуфиналето на Ролан Гарос. Сабаленка одлично го почна мечот, го доби првиот сет со 6-3 и поведе со 1-0. Драмата ...
Рјабков, на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург (СПИЕФ), рече дека тоа би било најлошото можно сценарио за обид за закана на руска територија, пренесува ТАСС. „Што се однесува до нас, хипотетичките екстремни ситуации во кои е можна употребата на ова оружје се детално опишани во воената доктрина на Руската Федерација и во принципите на државната политика во областа на нуклеарното одвраќање“, изјави Рјабков. Рјабков рече дека, во ...
Според заменик министерот за финансии Николче Јанкуловски, со предложеното законско решение на сеопфатен, попрецизен и посистематизиран начин ќе се уредат условите за приредување на игрите на среќа и забавните игри, правата и обврските на приредувачите, како и механизмите за надзор и контрола на нивното работење. Тоа, нагласи, ќе придонесе кон зајакнување на регулаторната рамка, подобрување на контролата и надзорот, усогласување со ...
Во петокот, пациентите изведоа на прошетка пет магариња – Нон, Питу, Оскар, Маноло и Малро – и се грижеа за нив. Многумина ја завршија сеансата со прегратка. Парот кој стои зад програмата вели дека се потребни повеќе научни истражувања за терапијата со помош на животни, која се практикува низ целиот свет. Тие би сакале психијатриската заедница формално да го признае како комплементарна форма на нега, истакнувајќи го нивното искуство со ...
-Членовите на Советот констатираа дека во последниот период е забележан пораст на бројот на корисници на овие превозни средства, но истовремено и зголемен бројот на сообраќајни незгоди и ризични ситуации, предизвикани од непочитување на сообраќајните правила, управување со несоодветна брзина и недоволно внимание во сообраќајот. Ваквите појави, наметнуваат потреба од навремена реакција и засилени активности насочени кон превенција и едукација, ...
Како што информираа од ОЈО ГОКК, постои основано сомнение дека во периодот од јули 2023 до март 2024 година осомничените ја изиграле постапката за доделување договори за јавна набавка за надворешно одржување на хигиена на гранични премини и терминали, при што преку фаворизирање на одредена фирма и ограничување на конкуренцијата ѝ овозможиле на фирмата да се стекне со противправна имотна корист во износ од 18.479.692 денари. „Според ...
Во интервју емитувано денес, Трамп одговори на прашањето дали го нарекол долгогодишниот израелски лидер „едноставно луд“ и го обвини за неблагодарност, како што претходно објави порталот Аксиос. „Да. Не би рекол дека бев лут. Бев малку вознемирен од неговите постојани конфликти со Либан, знаете“, рече Трамп. Трамп додаде дека тој и Нетанјаху инаку се сложуваат многу добро. Според извештајот на Аксиос, во телефонски разговор во понеделникот, ...
Малината е одличен избор за сите кои сакаат да го намалат консумирањето на шеќер, а притоа да не се откажат од слаткиот вкус. Една шолја малини содржи околу 5,4 грама природен шеќер, што е значително помалку во споредба со многу други видови овошје. 2. Можат да го забават процесот на стареење Малините се богати со витамин Ц и моќни антиоксиданти кои помагаат во заштитата на клетките од оштетувања предизвикани од слободните радикали. Токму ...
Рајнметал објави дека Романија ја испратила нарачката на 29 мај оваа година преку дирекцијата за вооружување и дека сите потребни договори биле потпишани на 2 јуни. Ова е најголемиот договор во поновата историја на германскиот концерн. Медиумските извештаи велат дека нарачката била дадена кај германскиот концерн само неколку часа откако руски дрон удри во станбена зграда во градот Галац, во близина на источната граница на Романија со ...
Турнирите поминаа во знакот на искрени детски насмевки, огромна љубов кон тенисот, силен спортски дух и извонредна тимска поддршка. На зелениот турнир во ТК Мондано Скопје, златни беа дечињата од Евросет, тие го освоија првото место, среброто го освои тимот на МТП. Портокаловиот турнир го освои Југ1, а со сребро си заминаа тенисерчињата од Југ2. На зелениот турнир во Прилеп победник беше Адвантико, среброто им припадна на децата од ТК Битола. ...
Во следните денови ќе се задржи променливо облачно време со сончеви периоди во текот на денот. Во сабота на 6 јуни и во понеделник на 8 јуни повторно се очекуваат поинтензивни процеси со пообилен пороен дожд и локално невреме. Во Скопје, денес попладне и утре ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со интензивен пороен дожд, електрични празнења, силен ...
Целта на денешната прес-конференција, посочи премиерот, се најновите резултати објавени од Државниот завод за статистика, кои се однесуваат на растот на бруто-домашниот производ. Тој нагласи дека овие бројки покажуваат дека растот на БДП е меѓу првите пет во Европа, што претставува исклучителен резултат. „Пред да се осврнам повеќе на бројките, сакам да нагласам дека сум целосно свесен за сложеноста на работите од реалниот живот и тешките ...
Тетовска Шкендија доби најголема казна поради повеќе фактори. „Црвено-црните“ се казнува со 105.000 евра по повеќе основи. Клубот доби казни и тоа: 15.000 евра за пиротехника, уште 10.000 евра за националистички скандирања, уште 20.000 евра за истакнат транспарент и уште две казни од по 30.000 евра поради одбивањето да ги примат медалите и непочитување кон официјалните лица, противникот и свиркањето на националната химна. Уште еден голем удар ...
На денешното рочиште обвинителот продолжи со прикажување на материјалните докази, кои се однесуваат на инспекциските надзори за угостителска дејност спроведувани од Општина Кочани. Во доказниот сет беа презентирани извештаи за работа на инспекторите, овластувања на градежни инспектори, како и документација за вршење заеднички инспекциски и теренски надзори. Обвинителството приложи и решенија за вработување овластени градежни инспектори, кои ...
Директорката на Институтот, Марија Андоновска, во изјава за МИА вели дека во институцијата не била направена ревизија од 2017 година, значи за цел манадт на СДСМ/ДУИ – нема контрола на работењето. Директорката најави прес-конференција на која, напомена, ќе соопшти повеќе детали околу неправилностите во работењето на ИЈЗ. „Утврдивме и дека за прослава на 100-годишнината на ИЈЗ за еден час биле потрошени 50.000 евра. Па за што за еден час може ...
На претходното рочиште Обвинителството презентираше докази за објектот, неговата сопственост и движење на имот – целокупната фактичка, правна и сопственичка историја на објектот каде се наоѓала дискотеката „Пулс“. Во судницата беа изведени и документи за правниот статус на објектот согласно урбанистички планови, геодетски елаборати, барање за легализација од 2011 година за делот од објектот кој се третирал како бесправен објект, записници од ...
Настрадале сообраќајни знаци на подрачјето Цавтат. Полициските служби реагирале по добиена пријава и ги фатиле македонските фанови. Двајца од навивачите биле пронајдени во текот на денот по пријавите, а третото лице наредниот ден. Навивачите биле на возраст од 23, 25 и 26 години, а имале дозвола за престојн во Хрватска. Фотографии од знаците може да видите на овој ЛИНК. Настрадале сообраќајни знаци на подрачјето Цавтат. Полициските служби ...
Американскиот претседател ги отфрли тврдењата дека Иран има предност во конфликтот. „Иран нема морнарица. Нема воздухопловни сили. Има многу малку војници. Тие немаат раководство, воопшто немаат“, рече тој, осврнувајќи се на состојбата на иранската економија: „Нивната економија се распаѓа. Инфлацијата им е 250 проценти. Сè што можете лошо да замислите, тие го имаат.“ Зборувајќи за блокадата на Ормускиот теснец, Трамп рече дека не очекува таа ...
Во конкуренција од повеќе од 2.200 мониторирани лозови насади од Италија и Медитеранот, ова признание за 2025 година го добија само 11 лозја, што го позиционира Лепово меѓу најдобрите 0,25% лозови насади во регионот. Дополнително, лозовите насади на „Тиквеш“ во Барово, Бела Вода и Демир Капија добија „Златен статус на извонредност“, признание кое им е доделено на само околу 2,5% од оценуваните лозја. За „Тиквеш“, овие признанија претставуваат ...
Муцунски, како што објави на социјалните мрежи, на средбата се осврнал на приоритетите на Владата во делот на економскиот развој и инвестициите, при што ја нагласил подготвеноста на институциите да бидат силен и сигурен партнер на сите компании што сакаат да инвестираат и да придонесат кон економскиот развој на државата. „Посочив дека секоја нова странска инвестиција претставува значаен придонес кон економскиот раст, отворањето нови можности ...
Оттаму велат дека до март 2026 година ДИЖС редовно објавувал извештаи. „Тие претставуваа единствен редовен механизам преку кој јавноста можеше да добие барем минимален увид во работата на инспекциските служби: каде се вршат контроли, кои субјекти се инспектирани и дали се утврдени неправилности. Оваа практика сега е прекината. Одлуката е донесена без јавно образложение, без претходна најава и без да биде предвидена во Годишните планови за ...
На Генералното собрание, меѓу точките на дневниот ред е и разгледувањето и гласањето на резолуција поднесена од МАЕИ за заштита и унапредување на правата на Македонците во Албанија. Резолуцијата пред делегатите на ЕФА ќе ја образложи Стерјовски. „Во рамките на собранието се предвидени и билатерални средби на Стерјовски со европратеници, претставници на политички партии од повеќе европски држави, како и со претставници на меѓународни ...
Димитриевски ја започна сезоната во втор план, но по повредата на Јулен Агирезабала доби шанса која максимално ја искористи. Со сигурните настапи и важните интервенции брзо се наметна како еден од клучните играчи на Валенсија. Во завршницата од сезоната, македонскиот голман беше меѓу најзаслужните за големиот пресврт на тимот, кој по лошиот старт успеа да се искачи до деветтото место на табелата. По прикажаното, очекувањата се дека ...
Средствата за сервисирање на оваа обврска, како што информира Министерството за финансии, се обезбедени преку издавањето еврообврзница во текот на јануари 2026 година. Еден дел, односно 383,7 милиони евра биле предвремено исплатени во февруари 2026 година, додека останатиот дел од eврообврзницата кон имателите коишто не прифатиле предвремена исплата во февруари, е исплатен денеска. „Со исплата во износ од 327,9 милиони евра комплетно ја ...
Инспирирани од современите гастрономски концепти, каде што сендвичите и бургерите се подготвуваат со внимание на деталите и со слобода во комбинирањето, сè повеќе луѓе го пренесуваат тоа искуство и во домашни услови. Оброците се создаваат спонтано, според моментот, без строги правила. Во тој контекст, Жито лукс ја проширува Selection линијата со нов сендвич леб создаден како идеална основа за вакви оброци. Со меки, подебели парчиња и густа ...
Организатор е Стем-арт креативна работилница – Скопје. Изложбата опфаќа серија маски, скулптури и композиции изработени од реупотребени индустриски и природни материјали, кои преку уметничка обработка добиваат нова форма и ново значење. Наместо да завршат како отпад, старите материјали се претвораат во уникатни уметнички дела што отвораат прашања за креативноста, одржливоста и односот на современиот човек кон животната средина. Темелковски ...
Паркот во Капиштец и просторот кај ООУ Кочо Рацин вчера беа исполнети со деца и родители кои ја следеа проекцијата на македонскиот детски филм „Мали промени – големи разлики“. Градоначалникот Горан Герасимовски истакна дека ваквите настани ги оживуваат јавните простори и создаваат позитивни навики кај најмладите. „Ми е драго кога гледам дека парковите стануваат места за дружење, смеа и учење на вистински вредности“, порача тој, додавајќи дека ...
Како што информираат од ФЛУ, пред публиката ќе бидат претставени дела на студентите од сите студиски програми на Факултетот за ликовни уметности, создадени во текот на академската 2025/2026 година. Изложбите претставуваат увид во актуелните творечки практики на младите уметници и нивниот развој во различни медиуми и дисциплини. Во рамки на свеченото отворање ќе бидат доделени и награди на најуспешните студенти. По официјалниот дел од ...
Во официјални документи на Австралија и на САД без никакви резерви се употребува зборот „северномакедонски“ кога се однесува на македонската социјална политика, на македонско министерство, на плаќање, на партнерство… Досега пишувавме за такви примери на употребата на измислената придавка „северномакедонски“ и на официјалната веб-страница на француското министерство за надворешни работи, на веб-страницата на Делегацијата на ЕУ во Македонија… ...
Порталите за убавина често предупредуваат дека неправилната употреба на коректор, руменило и контури може да го направи лицето да изгледа постаро отколку што е всушност. Една од најчестите грешки е прекумерното нанесување коректор под очите. Наместо свеж и одморен изглед, вишокот производ се таложи во фините линии и брчки, ја нагласува сувоста и може да му даде на лицето уморен, тежок изглед. Ситуацијата дополнително се влошува кога се ...