
Скопје
14ᴼ /
14ᴼ



„Во врска со некои натписи на медиумите дека сум задржан на граница со Грција се апсолутно невистина. Станува збор за легално пријавени средства на царинскиот службеник со извод од банка кои се внесуваат во државата, а не се изнесуваат. Ве молам како медиуми да не ширите невистини“, вели Рашковски. Како што претходно објавивме , поранешниот генерален секретар на Владата на Заев, Драги Рашкоски, е задржан на граничниот премин Ново Село, откако ...
Полска беше фаворит во овој дуел, а така беше и на теренот уште во првата минута. Пред да почнат головите, Полјаците создадоа неколку добри шанси. Резултатот беше отворен во 22. минута кога по едно нафрлување од левата страна, Зенделовски си ја погоди сопствената мрежа. Тоа беше и едниствениот гол во првото полувреме. Преостанатите два гола Полска ги постигна во второто полувреме и тоа во период од само три минути, прво Регула во 65. минута, па ...
„Каталонците“ првите три натпревари од новата сезона во Ла Лига ги играат на гости, беа освоени седум бода, но Ханси Флик не е задоволен од прикажаното. По ремито против Рајо Ваљекано, на кое голманот Жоан Гарсија беше најдобриот играч на Барселона, тренерот решил дека е време да им стави до знаење дека доста работи треба да се коригираат. Како што пренесуваат медиумите, Ханси Флик ги заклучил фудбалерите во соблекувална и им одржал лекција, и ...
Микел Артета седна на тренерското столче на Арсенал во декември 2019, го трансформираше клубот по свој мерак и „топчиите“ повторно се при врвот во Премиерлигата (три сезони по ред финишираат како вицешампиони) но им фали тој последен исчекор. Шпанецот е под притисок да испорача шампионски трофеј откако летово доби нова поддршка од управата и беа инвестирани речиси 300 милиони евра во нови засилувања. Вкупно, во изминативе шест години, Микел ...
Осомничениот 24-годишник, во неговиот дом во Волково, неколку пати извршил полови дејствија кои што не се состојат во вагинална, анална или орална пенетрација, врз оштетеното дете со кое е во роднинска врска. Тој го користел моментот додека девојчето било во неговиот дом затоа што живееле во одвоени куќи во ист двор, а потоа и се заканувал да не му кажува на татко и бидејќи ќе ја караат и ќе ја тепаат, информираат попладнево од Јавното ...
Видеото, кое трае повеќе од три и пол минути, прикажува еден заложник како на хебрејски го повикува израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да не ја спроведува планираната воена офанзива врз Газа. Заложникот, на кого кон крајот на видеото му се придружува друго киднапирано лице, тврди дека е во Газа и дека видеото е снимено на 28 август 2025 година. Агенцијата Франс прес, која објави дека Хамас го објавил видеото, не можеше да ја потврди ...
„Хамас инсталираше инфраструктура во зградата што ја користи за подготовка и извршување напади врз припадници на израелската армија во областа“, се вели во соопштението на армијата. Израелските сили претходно соопштија дека се подготвуваат да го освојат градот. „Преземени се мерки на претпазливост за ограничување на штетата врз цивилите, вклучително и предупредување на населението, користење прецизна муниција, воздушен надзор и собирање ...
„Што се однесува до мобилизацијата, можам да кажам дека е добро познат факт. Не само во Унгарија, не само во Украина, туку низ целиот свет. Добро е познато дека во Украина отворено се води лов на луѓе, дека во Украина постои присилна мобилизација“, кажа Сијарто на прес-конференција во Будимпешта. Тој додаде дека сите знаат дека за време на присилната мобилизација, луѓето се тепани, дури и до смрт во одредени случаи. „И тие можат да си го ...
„Искрена благодарност до претседателот на САД и американскиот народ за честитките по повод 34 годишнината од 8 Септември“, се наведива во објавата. „Пораките на признание, разбирање и поддршка, содржани во честиткатата, којашто ми ја предаде амбасадорката Анџела Агелер, за нас се не само потврда на цврстото американско-македонското пријателство и стратешко партнерство, толку потребни во време на обиди за ставање крај на воените конфликти, ...
На прашањето зошто ТЕГЕТ, Никола Коџабашија вели: “По созрцанието на АЛШАР-ансамбл од 80-тите и 90-тите години, фурешкум, произлезе потреба за нов еклектичен музички вознеж. Тој се манифестира апансас како нова ТЕГЕТ – варијациа на Белите мугри.” Музичарите собрани во ТЕГЕТ, веруваат дека овој настан ќе ја збогати националната музичко-културна архива, и ќе даде свој придонес за македонската музичка и културна сцена, воопшто. „За рамнодушност ...
Јошко Миленковски, Хамид Бакија, Зоран Николовски, Виктор Тевчев и Кирил Манев се годинашни добитници на државната награда „8 Септември“, со која се оддава признание на спортисти, тренери и спортски работници за остварувања во спортот за 2025 година. Во една година може да се доделат најмногу до пет награди, од кои една награда е за животно дело за исклучителен придонес во развојот на спортот, афирмација и промоција на државата. Јошко ...
Во среда вечерта, од затворот ЈВА Валдхајм во германската покраина Саксонија се случи неуспешен обид за бегство. Според информациите од затворската управа, либиски затвореник успеал да се прекачи преку безбедносната ограда во затворскиот комплекс и да се искачи на внатрешната врата пред влезот. Иако чуварите реагирале веднаш, затвореникот не се откажал од својот очајнички план. И покрај опасноста, тој продолжил низ боцкавата жица и стигнал до ...
Со тоа, нагласи Азески, ќе ја поддржат македонската економија и ќе помогнат да се подигне нивото на животен стандард во државата, како и да се зголемат профитите на компаниите. „Оваа активност ќе повлече и намалување на трошоците што ги прават понеконкурентни нашите производи. Тоа ќе биде акција која ќе ги поттикне стимулативните активности и зголемување на продуктивноста, како и зголемување на бруто домашниот производ. Со тоа ќе покажеме дека ...
Оттаму информираат дека на територија на цела држава до 12 часот имало уште неколку активни пожари, во село Шутово, општина Кичево и во село Горенци, Општина Центар-Жупа. Два активни пожари има во општина Бутел, во Визбегово, пат за Горно Оризари и на улица „5“ во Визбегово. Изгаснат е пожарот на територија на општина Гевгелија, на планина Кожуф (приземен пожар). Иако читатели на МКД.мк информираат и за пожар на депонијата над скопско Арачиново, ...
Како што соопштуваат од МВР, Тошковски истакнал дека современите закани, од организиран криминал и тероризам, преку кибер-криминал, до нелегална трговија со луѓе и дрога не познаваат граници и не можат да се надминат со изолирани напори и затоа е неопходно да се делува координирано, да градиме стабилни партнерства и да развиваме механизми што ќе овозможат навремен и ефикасен одговор. „Македонија е посветена на оваа заедничка цел. Нашата полиција ...
Американските претставници минатата недела ги информираа европските дипломати за одлуката за прекин на американското финансирање за обука и опремување на војската на источноевропските земји, објави Фајненшл тајмс. Според Вашингтон пост, помошта се проценува на неколку стотици милиони долари. Официјален претставник на Белата куќа одби да потврди детали за одлуката, но рече дека потегот бил „координиран со европските земји“ во согласност со ...
„Македонија долго време работи на овој процес. Го разбирам нивното негодување. Тие го сменија Уставот, го сменија знамето, го сменија и името на земјата и секако очекуваат да се конкретизира пристапувањето. Но, она што е одобрено е одобрено, она што е договорено е договорено и тие мора да го спроведат“, додаде Кошта. Тој истакна дека лично е ангажиран и разговара со властите во Софија, и во Скопје и дека очекува по завршувањето на изборниот ...
Прашан за коментар за изјавата на премиерот дека македонската економија бележи раст од 3,4 отсто и оти државата е лидер во регионот, нагласи дека секогаш треба да се движиме кон некаква цел, која е повисока од претходната. „Нам ни е потребна цел, таа цел ја гледам во раст на бруто домашниот производ затоа што нема други индикатори кои ќе прикажат дека има плаформа и има цел кон која се движиш. Јас верувам и сум верувал цел живот во три работи: ...
Одговарајќи на новинарски прашања за откупните цени на винското грозје и критиките на лидерот на СДСМ Венко Филипче дека лозарите се изманипулирани, на прес-конфреренција во Стопанската комора, тој рече дека е некоректно да се манипулира во овој предизборен период со маката и трудот на лозарите. „МЗШВ согласно Законот за вино ги има запазено сите законски обврски и потребни активности да ја истакне производната, односно откупната цена, која ...
Пчелите предизвикаа паника, но очигледно ова не е првпат во оваа земја, па луѓето имаа начин како да го избегнат нападот. Сите присутни легнаа на теренот, фудбалерите, камерманите, резервите, тренерите…. сите лежеа и чекаа пчелите да заминат. Drama in Tanzania as the game was temporary stopped during the City FC Abuja vs JKU FC match when bees flew over the pitch in the 77th minute 🤣#FootballKE pic.twitter.com/krlzgLQibO — FootballKE🇰🇪⚽️ ...
Во една година може да се доделат најмногу до пет награди, од кои една награда е за животно дело за исклучителен придонес во развојот на спортот, афирмација и промоција на државата. Јошко Миленковски е добитник на наградата за животно дело за 2025 година, кој е награден за неговиот исклучителен придонес во развојот на спортот, како и за афирмацијата и промоцијата на државата на меѓународен план. Признанија за значајни спортски остварувања добија ...
„Главната порака што сакам да ја упатам на оваа годишнина од независноста е сплотеноста. Ние, како млада држава, имаме потреба од многу нешта, но мислам дека пред сè и најмногу ни е потребна сплотеноста. Не униформна и погодна, туку суштинска сплотеност. Таа што ги почитува разликите и истите ги претвора во богатство, а не во поделба. Секој од нас треба да почувствува одговорност да не поттикнува поделби, туку да гради мостови, да не ја користи ...
Предлог-декларацијата ја поднесе претседателот на Собранието, Африм Гаши и координаторите на сите пратенички групи. Во Предлог-декларацијата, меѓудругото, се посочува дека во пресрет на изборите што ќе се одржат на 19-ти октомври, Собранието го изразува своето натпартиско единство за одржување на фер, слободни и демократски избори. Се посочува дека Собранието се залага за доследно почитување на уставното право, граѓанинот да го оствари своето ...
„Премиерот Христијан Мицкоски објави одлични вести за македонската економија – во месеците април, мај и јуни бруто домашниот производ порасна за 3,4% . Особено ми е драго што секторите градежништвото, транспорт и складирање силно растат! Тие се двигатели на македонската економија! Во вториот квартал секторот градежништво порасна за 7,3%, уште посилен раст од тој во првиот квартал од 7,1%, додека секторот транспорт и складирање порасна за 6%“, ...
„ЗЕВА симпозиумот е особено значаен настан затоа што служи како платформа за размена на искуства и знаење меѓу лекарските комори од повеќе држави, што помага во креирање на предлози за унапредување на здравствениот систем. Во однос на вештачката интелигенција, што е сè повеќе присутна и во медицината, сите се согласни дека лекарските комори мора да бидат инволвирани во креирањето на регулативата за нејзина примена. Позитивни искуства може да ...
– Денеска за малку ќе бевме сведок на нов скандал од страна на претседателот на Собранието, кој исто како Владата, која секојдневно ги прекршува и Уставот и законите, сакајќи да ги имитира и нив очигледно и претседателот на Собранието сакал да свика седница, без претходно да биде поднесено барање до мене како претседател на Комисијата за агенцијата за национална безбедност, рече Реџепи. Деловникот е јасен, рече Реџепи, дека тој ја свикува ...
„За да го направиме тоа, треба да ја свикаме комисијата за стручен надзор што ќе ги види документите и да процени согласно нашите правилници, кои тројца, минимум, доктори ќе ги повика за да го извршат надзорот. Тие треба да бидат од областа од која се прави надзорот. Согласно нашите правилници, мора да бидат исклучени доктори кои се вработени во институциите каде се врши вонредниот надзор“, нагласи Гривчева – Старделова. Таа подвлече дека ...
Кузеска праша дали можеби премиерот Мицкоски се плаши од декласификација на документите од АНБ затоа што ќе ги потврдат индициите за милионски криминал во случајот „Делчевски ниви“? „Да ја потсетиме јавноста дека во случајот ‘Делчевски ниви’ беа инволвирани најблиските соработници на Мицкоски меѓу кои член на неговото лично обезбедување како и тогашниот директор на Белата палата, односно Централниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ. Дали овие документи кои ...
На истанбулската публика ќе ѝ се претстави мешаниот хор „Про Арс“ од Скопје, предводен од реномираниот македонски диригент Сашо Татарчевски. Овој ансамбл, познат по својата интерпретативна зрелост и префинет израз, ќе се претстави со мозаик од најзначајните дела и остварувања на македонската хорска музика. Под наслов „Македонски мозаик“, ќе бидат изведени композиции на истакнати македонски композитори: Драган Шуплевски, Стојче Тошевски, Трајко ...
Напаѓачот, 18-годишен ученик од Косово, наводно намерно се приближил до наставничката и ја нападнал, а потоа избегал. Полицијата набрзо добила дојава за сомнително лице во паркот оддалечен околу три километри. Кога специјалната единица се обидела да го идентификува, тој веднаш се стрчал кон полицајците со нож, по што бил погоден и уапсен. Полицијата од рано наутро го опколила училиштето со помош на вооружени специјални сили, додека хеликоптер ...