Тој потсети дека Централната банка ја донесе оваа мерка минатата година, а со важност од 1 декември. „Ние ги затегнавме на некој начин, условите, заради заштита од прекумерно задолжување кај граѓаните и на некој начин и кај банките, при стабените кредити за домаќинствата, за граѓаните, со олеснување, во спротивна насока, за семејствата, лицата коишто купуваат прв стан. Следиме секој месец, се разбира, не можеме да дадеме некоја резултна ...

Како што информираат од МВР, Исени во своето обраќање истакнал дека соработката со IOM веќе дава конкретни резултати преку реализација на значајни национални и регионални проекти насочени кон модернизација на системите за регистрација и идентификација на мигранти, јакнење на граничното управување, борба против организираниот криминал и унапредување на механизмите за заштита на ранливите категории мигранти. „Соработката со ИОМ претставува еден ...

Во прекрасна атмосфера во СЦ „Јане Сандански“, Вардар со доминантна игра го понижи својот најголем ривал, Пелистер и ја завери шампионската титула. На вардарци денеска им беше потребно само да не загубат, во мечот влегоа максимално мотивирани и му одржаа ракометна лекција на досегашниот шампион. Натпреварот почна изедначено, Вардар постојано водеше, но Пелистер беше блиску. Беше 9-8 кога црвено-црните почнаа да се одлепуваат и да прават ...

Тој појасни дека овој оглас е за вработување на помошен медицински и технички персонал. Станува збор за пополнување на работни места за болничари, акушерки, медицински сестри. Во текот на наредната недела ќе биде објавен и втор оглас за две работни позиции, од кои едната е за информатичар. Штипската Клиничка болница низ годините се соочуваше со дефицит на лекари и помошен медицински кадар, а сега со отварањето на огласите во изминатите две ...

Г.г. Стефан изрази благодарност и, како што рече, восхит кон стружани и сите што на овој светол ден дојдоа на литијата. „Ова што го правите предводени од надлежниот митрополит г. Георгиј е навистина благородно дело и живо сведоштво за вашата жива вера во вечно живиот Бог. На сите нека ни даде сила не само вечерва, туку постојано да излегуваме во светот, сведочејќи ги вистината и убавината на нашата вера. Имајќи го крстот Христов врз себе и ...

Според премиерот Мицкоски, Владата прави сè за да ги заштити интересите на граѓаните, но потребни се корекции кај поединци и нивното однесување во здравството. „Тоа што ние го правиме во здравствениот сектор е нешто што не се случувало со години, па и со децении би рекол, вклучително и проширувањето на позитивната листа. Очекуваме во месеците што следуваат нови убави вести за македонските граѓани со нови лекови што ќе бидат вклучени на ...

Овие експерти со долгогодишно искуство и кредибилитет во областа на глобалното јавно здравје и контрола на тутунот велат дека сегашните мерки веројатно нема да ги намалат стапките на пушење со потребното темпо за постигнување на глобалните цели. Во текот на нивните кариери, овие експерти биле директно вклучени во обликувањето на меѓународните здравствени политики и иницијативи, вклучително и во областите на превенција на незаразни болести и ...

Македонскиот павилјон е сместен во изложбениот простор „Ex Capella Buon Pastore“ – историски сакрален простор во Венеција, со препознатлива архитектура и автентичен амбиент, кој сведочи за неговата поранешна духовна функција. Денес е адаптиран за културни настани и изложби и нуди специфична атмосфера што овозможува силен дијалог помеѓу современата уметност и историскиот контекст. Неговата интимност и архитектонска карактерност го прават ...

„Кој ќе го прочита мојот нов роман ќе порасне во сопствените очи. Премногу долго време мислиме дека сме некое смачкано племе. Моите прекрасни херои, Сибила и Јаблон, на здрав начин ја отсликуваат нашата душа“, вели авторот на овој љубовен роман. Опусот на Божин Павловски досега опфаќа повеќе од 200 изданија на македонски јазик и повеќе од 100 изданија на други јазици. Тој освоил и 23 книжевни признанија, вклучувајќи шест меѓународни како: ...

Пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, преку објава на социјалните мрежи, повика на широка поддршка од сите парламентарни партии, нагласувајќи дека уставната определба на Македонија како социјална држава подразбира еднаква здравствена заштита за сите граѓани. „Утре во Собранието ќе се најде предлогот на Левица за целосно покривање на здравственото осигурување за хонорарци, фриленсери, луѓе на договор на дело, невработени луѓе со брачни ...

„Црвено-црните“ во СЦ „Јане Сандански“ го пречекуваат Еурофарм Пелистер и се на чекор до враќање на трофејот по три години пауза. Тимот на Иван Чупиќ во дербито влегува со предност во меѓусебните дуели и дури пораз до два гола разлика му е доволен за заверка на титулата. Вардарци зад себе имаат тежок европски натпревар против Монпелје, но домашниот терен и поддршката од „Комити“ ги ставаат во улога на фаворити. Од друга страна, битолчани ...

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска присуствуваше на финалниот настан и ги доделила признанијата и наградите на најуспешните средношколски тимови, кои преку своите идеи понудиле конкретни решенија за одржлива иднина, енергетска ефикасност, обновливи извори на енергија и циркуларна економија. Годинава, на натпреварот учествувале 42 средношколски тимови од целата држава со свои иновативни зелени концепти, ...

Русија уништила беспилотни летала во над 20 руски региони, вклучувајќи ја и Москва, според Министерството за одбрана. Се проценува дека ова е втор најголем воздушен напад од страна на Украина од почетокот на руската инвазија пред повеќе од четири години. Најголемиот напад беше минатиот март, кога беа лансирани 389 дронови. Нападот се случи пред најважниот секуларен празник во Русија, Денот на победата, кој ја одбележува годишнината од поразот ...

УНФПА, како што истакна таа, развива регионална алатка за отпорност на демографските промени и тоа во различни подрачја како родовобазирани политики, во делот на сексуално-репродуктивните права и друго. Бауер укажа на потребата од демографска писменост која ќе им помогне на Владите за справување со овој проблем. Позитивно ја оцени изработката на национални стратегии од кои ќе произлезат визијата и политиките за справување со демографските ...

„Управниот одбор на ФЗО минатиот четврток го одобри годишниот извештај за 2025 година. Минатата година фондот се грижеше за 1.841.000 осигуреници за што вложи 51,5 милијарди денари. Бројот на осигуреници останува стабилен со неопходно свртување внимание дека на двајца активни осигуреници во работен однос има еден пензионер и едно невработено неосигурено лице. Овој тренд треба да се следи многу внимателно. Во однос на финансиите 51,5 милијарди ...

Потоа следува период на променливо облачно време со сончеви периоди, попладне ќе биде нестабилно со честа појава на локални врнежи од дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме со пороен дожд, грмежи и силен ветер. Во Скопје, утре претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Во делови од котлината ќе има услови за појава на грмежи и засилен ветер. Во следниот период ќе биде променливо облачно со ...

Најголем пораст на производството од обновливи извори (ОИ) од 32,5 отсто, како што кажа, има кај ветерните електроцентрали, додека за прв пат производството на електрична енергија од фотонапонски електроцентрали го надмина производството од комбинирани централи. Во 2025 година РКЕ измени седум лиценци за производство на електрична енергија од фотонапонски електроцентрали со кои се додадоа складишта во склоп на истите со вкупна инсталирана ...

Во своето обраќање, министерот подвлече дека јавната администрација зазема централно место во реформската агенда и има суштинска улога во обезбедувањето функционални институции и квалитетни услуги. „Ова е силна потврда дека се движиме во правилна насока, но и дополнителен мотив со уште поголема динамика да продолжиме со реформскиот процес“, истакна Минчев. Тој посочи дека имплементацијата на Стратегијата за реформа на јавната администрација ...

Оваа информација ја потврди официјалниот претставник на Хамас, Басим Наим. Тој е четвртиот син на протераниот лидер на Хамас кој е убиен во израелските напади. Халил ал-Хаја, кој има седум деца, преживеал повеќе обиди за атентат од страна на Израел. Еден од нападите се случи минатата година во главниот град на Катар, Доха, кога цел беше раководството на Хамас. Во тој напад загина еден од неговите синови, додека Халил ал-Хаја, главниот ...

Според информациите, двајцата фудбалери повторно влегле во жестока расправија, а ситуацијата била оценета како „многу сериозна“. Дел од соиграчите морале да интервенираат за да спречат поголем инцидент меѓу Валверде и Чуамени. По случувањата, раководството на Реал Мадрид одржало итен состанок во соблекувалната, а на играчите не им било дозволено да го напуштат тренинг центарот додека траел разговорот. Шпанските медиуми пишуваат дека ...

Мицкоски посочи дека Владата прави многу повеќе од нашите моментни можности имајќи ја предвид, како што посочи, испразнетата и ограбена државна каса, која е резултат на некои минати времиња. „Ние како Влада дневно ја следиме состојбата и тоа го кажа Меѓународниот монетарен фонд дека како држава сме во првите три во Европа според применетите мерки како процент од бруто-домашниот производ и добро би било за сè да сме вака во Европа како што сме ...

Мадридскиот весник во денешното издание пишува за лошата ситуација во Реал Мадрид кој завршува втора сезона по ред без освоен трофеј. „Шест играчи одбиваат да разговараат со Арбелоа. Нема контакт меѓу нив и тренерот“, објавува шпанскиот весник. Не се наведуваат имиња на играчите, но веќе е познато дека едниот од нив е Себаљос за кој претходно се пишуваше дека го замолил Арбелоа веќе да не зборува со него. Има и нетрпение меѓу самите фудбалери ...

По обидот на Витиња да ја расчисти опасноста, топката го погоди неговиот соиграч Жоао Невеш во раката, а фудбалерите на Баерн веднаш реагираа и побараа најстрога казна. Сепак, португалскиот судија Жоао Пинеиро остана нем и покажа играта да продолжи. Иако на прв поглед делуваше спорно, судијата постапи според правилата на ИФАБ. Според актуелните насоки, пенал не се досудува кога играч ќе го погоди свој соиграч во рака, освен ако со тоа ...

Редакцијата на МДК.мк побара одговор од директорот на затворот во Куманово, Оливер Цветковски дали овие обвинувања од одбраната се точни и зошто на обвинетиот не му е даден оној третман кој му следува. На ова ни беше образложено дека докторот кој што го оперирал Јованов дал мислење дека раната која тој ја има, а е од извршена мала хируршка интервенција треба да е отворена за да може да заздрави. „За да се изнесе притворено лице од установата, ...

„Не е само важна улогата во донесувањето на одлуките на Судот за човекови права, туку и во нивно спроведување. Во случајот што го споменавте за Бугарија, знаете дека имаме преглед на одлуките што сè уште не се извршени. И работиме на ова. Постигнавме одреден напредок, би рекол, во последниот месец, потребно е малку време, но знаете, мислам, стабилноста на процесот е исто така важна затоа што мора да биде повеќе од само симболично решение“, ...

„Реториката што ја користат СДСМ и Венко Филипче не е повик за правда, туку обид да се избрише колективното паметење на граѓаните и да се наметне една нова, удобна ‘вистина’. Движењето ЗНАМ за Наша Македонија, како одговорна државотворна сила, нема да дозволи вистината да биде извитоперена, а правдата злоупотребена за дневнополитички цели. Сведоци сме на уште еден обид за груба политичка манипулација од страна на СДСМ. СДСМ денес зборува за ...

На денот на македонската полиција, Јанев упати порака за професионализам, одговорност и бескомпромисна борба против криминалот. Тој истакна дека полициската професија не завршува со работното време и дека секој полициски службеник ја носи одговорноста да постапува чесно, професионално и во најтешките моменти. Потсети дека корените на македонската полиција се длабоко поврзани со историските стремежи за слобода, ред и заштита на народот. ...

„Мој личен став е дека се треба да се отвори и ова прашање ќе го разгледаме во наредниот период дали да има блокови или не или поинаку да се димензионираат. Ќе напраиме анализа од досегашното искуство бидејќи веќе неколку години функционираат блоковите и е важечко решение. Воедно, од искуствата од регионот ќе видиме како може да се направи нешто и дали може да се направи нешто подобро во интерес на крајните потрошувачи“, изјави Ристов во ...

Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во април 2026 година, во однос на март 2026 година, изнесува 1,3 отсто. Во април 2026 година, во однос на март 2026 година, зголемување на трошоците на животот е забележано во следните групи транспорт за 10,1 отсто, рекреација, спорт и култура за 1,4 отсто, алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 1,2 отсто, храна и безалкохолни пијалаци за 0,7 отсто, облека и обувки, лична нега, ...

Отворањето на Мега шопинг парк Парк ќе биде одбележано со музички спектакл каков што досега не е виден во овој дел од државата. Главната сцена ќе ја предводи неповторливата балканска ѕвезда Северина, чиј настап се очекува да ја разгори атмосферата на највисоко ниво. Покрај неа, гевгелискиот пулс ќе се засили со евровизиската сензација Иви Адаму, како и со виртуозот кој испиша историја на глобалните подиуми, маестралниот Кирил Џајковски. ...

weather icon

Скопје

22ᴼ / 22ᴼ
4.77
42%
1018
weather icon

Белград

22ᴼ / 21ᴼ
2.24
51%
1019
weather icon

Загреб

24ᴼ / 24ᴼ
1.4
38%
1021
weather icon

Софија

19ᴼ / 19ᴼ
2.9
58%
1017
weather icon

Сараево

23ᴼ / 23ᴼ
4.89
41%
1015
weather icon

Љубљана

24ᴼ / 21ᴼ
0.89
47%
1020
weather icon

Атина

29ᴼ / 26ᴼ
5.81
56%
1012
weather icon

Тирана

25ᴼ / 25ᴼ
4.22
49%
1014
weather icon

Подгорица

24ᴼ / 24ᴼ
5.4
39%
1016
weather icon

Букурешт

16ᴼ / 15ᴼ
5.81
94%
1017
weather icon

Будимпешта

23ᴼ / 21ᴼ
4.02
38%
1020
weather icon

Истанбул

25ᴼ / 24ᴼ
6.51
62%
1013
Currency

61.635

Currency

53.243

Currency

71.3871

Currency

37.4334

Currency

38.1635

Currency

66.9464

Currency

7.87515

Currency

0.74142

Currency

0.33337

Currency

0.52552

Currency

1.15623

Currency

0.5593

Сребро

2072.63

Рутениум

48965.59

Иридиум

253540.09

Злато

131337.93

Паладиум

39545.42

Кобалт

45.39

Платина

53756.05

Родиум

257205.97

Бакар

12.52

Алуминиум

3.48

Калај

51.97

Цинк

0.00